Претседателот на Левица, проф. д-р Димитар Апасиев, се обрати кон т.н. независни новинари кои со погрешна математика ја искривуваат сликата за резултатите од изборите. „Зошто 'независните новинари' шират ЛАЖНА ТЕЗА во јавноста дека сите партии имаат пад од Парламентарните избори 2024 до Локалните избори 2025!? Исклучок е само ЛЕВИЦА и тоа треба ферски да се каже... - На ланските Парламентарни избори 2024 ние освоивме нешто над 67.000 гласови ...

Alaska Airlines ги приземји сите свои летови низ САД во четвртокот поради технички проблеми што влијаат на нејзините компјутерски системи. Одлуката за привремено суспендирање на полетувањата е донесена откако компанијата открила грешка, објави BBC News. Во официјално соопштение, американскиот превозник изјави дека „се соочува со ИТ-дефект што влијае на работењето и затоа издал привремено заземјување“. Компанијата не прецизираше колку долго ...

Во текот на вчерашниот ден, како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1.065 издадени платни налози дури 716 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење, извести МВР. „Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, евидентирани се 50 прекршоци за неправилно ...

Во текот на вчерашниот ден и минатата ноќ, ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје спроведе активности за собирање и транспорт на комуналниот отпад од контејнерите поставени на булеварот „Гоце Делчев“ до хотел „ВИП“, булеварот „Партизански Одреди“, булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, улиците „Даме Груев“ и „Џон Кенеди“, како и на повеќе локации во скопската општина Аеродром. Во рамките на вчерашните активности беа подигнати вкупно 350 тони ...

Македонскиот шампион Шкендија вечерва дебитира на домашен терен во Конференциската лига, но за жал пред празни трибини. По гостувањето кај Рајо Ваљекано во првото коло (пораз 2:0), дојде на ред и натпревар на домашен терен. Но, скапите карти од 500 до 750 денари донесоа едвај 2 илјади гледачи на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, иако Шкендија игра историски прв натпревар на домашен терен во лигашката фаза од Конференциската лига. ...

Деветкратниот светски шампион Марк Маркес ќе се врати на патеката дури следната сезона, потврди Дукати. Во инцидентот на Големата награда на Индонезија, кога Марко Бецеки го исфрли од патеката, Маркес се здоби со фрактура на клучната коска и ги оштетети лигаментите. Шпанецот, една недела пред трката во Индонезија, во Јапонија, ја обезбеди својата деветта светска титула. Тестовите што ги спроведе Маркес во Мадрид оваа недела потврдија дека тој ...

Независниот кандидат за градоначалник на Општина Македонски Брод, Милосим Војнески, објави дека се повлекува од изборната трка пред вториот круг од локалните избори. Војнески, кој во првиот круг освои 20,38% од гласовите, својата одлука ја соопшти преку објава на социјалните мрежи. „По бројните разговори со вас, мои сограѓани, одлучив да ја повлечам својата кандидатура. Не би сакал дополнително да ги продлабочувам поделбите меѓу граѓаните. ...

Различни видови на картични игри Картичните игри постојат со векови и сè уште нудат едноставна, но длабока забава. Слот машините често ги привлекуваат играчите кон online casino каде, по неколку вртења, покерот повторно го буди нивното внимание. Сепак, не секој знае колку многу картични жанрови постојат и колку различни правила и цели можат да имаат. Некои игри се осмислени за опуштени семејни вечери, други за сериозни турнири, а трети се ...

Хрватскиот тренер Игор Тудор беше поразен со Јувентус на гостувањето кај Реал Мадрид со резултат од 1:0 во третото коло од Лигата на шампионите. Единствениот гол на натпреварот го постигна Џуд Белингам во 57-та минута. Поразот во Мадрид ја продолжи црната серија на италијанскиот тим. Јувентус е 7 натпревари без победа во сите натпреварувања. Сè започна со нерешениот резултат 4:4 против Борусија Дортмунд во Лигата на шампионите, а продолжи со ...

Наредната недела двајцата кандидати за градоначалник на Град Скопје ќе имаат и втора ТВ дебата. Откако двајцата ја прифатија поканата на Канал 5 за ТВ дебата (најверојатно) во вторник, денеска се потврди уште една дебата за на 30 октомври (четврток) на Телма. „Добро утро Скопје, дебата на Телма за следниот четврток. Со задоволство ја прифаќам поканата на телевизијата Телма за учество во дебатата за главниот град со мојот противкандидат. Во ...

Отворените конзерви често остануваат како остатоци во домаќинствата, но многу луѓе не знаат колку долго можат безбедно да се чуваат во фрижидер. Ако не се складираат правилно, нивната содржина може брзо да се расипе и да стане небезбедна за јадење. Откако ќе се отвори, поголемиот дел од конзервираната храна може да се чува во фрижидер до четири дена. Сепак, се препорачува храната да не се остава во оригиналната конзерва, туку да се префрли во ...

Мозочниот удар е поверојатно да се случи како што стареете, но може да се случи на која било возраст. Но, покрај вообичаените симптоми, постојат и предупредувачки знаци што можат да се појават неколку дена пред тоа. Д-р Ерик Берг наведе три клучни предупредувачки знаци што би можеле да сигнализираат дека сте изложени на ризик од мозочен удар. „Постојат три рани предупредувачки знаци за мозочен удар. Овие три рани знаци не се вистински знаци ...

Градоначалничката Данела Арсовска во објава на социјалните мрежи утрово пишува дека одговорноста за состојбата во ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје е во рацете на Советот на градот и Управниот одбор, кои, како што наведува, се составени од кадри на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН. „Ако не ви е јасно дека кадрите на Мицковски се одговорни за ѓубрето низ Скопје, ќе се обидам да ви појаснам уште еднаш“, напиша Арсовска на социјалните мрежи. Таа наведе дека ...

Неверојатниот Виктор Вембанјама одигра спектакуларен натпревар постигнувајќи 40 поени и 15 скокови, водејќи ги Сан Антонио Спарс до убедлива победа од 125:92 над Далас Маверикс. Тоа беше негов прв настап во регуларната сезона по операцијата на рамото поради венска тромбоза, која го исфрли од теренот уште во февруари минатата сезона. и тоа на каков начин се врати! Човекот висок 226 см доминираше во секој сегмент. Ја земаше топката, финтираше, ...

„Со длабоко разбирање за состојбата во која се наоѓа и за предизвиците од лична природа на кои е изложена, нема да ја коментираме Данела Арсовска. Ѝ посакуваме добро здравје и брзо опоравување. Јасно ни е, а и сите експерти кои ги консултиравме тоа ни го потврдија дека ова нејзино однесување е надвор од нејзината волја и е посилно од нејзе“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Се надеваме дека ќе се избори со работите кои ја оптоваруваат, и иако ова ...

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски преку социјалните мрежи соопшти дека општината, во соработка со Институтот за јавно здравје Скопје, веќе пет дена спроведува вонредна есенска дератизација, со која се опфатени 1.980 шахти. „Акцијата има за цел уништување на штетни глодари и превенција од заразни болести, како дел од мерките за заштита на здравјето на жителите“, вели тој и додава дека препаратот што се користи е сертифициран ...

Европската Унија официјално ја потврди одлуката за постепено укинување на увозот на руски гас и нафта до 1 јануари 2028 година, со цел да стави крај на зависноста од Москва и финансирањето на нејзината војна. Еврокомесарот за енергетика Дан Јоргенсен изјави во Европскиот парламент дека Европа никогаш повеќе нема да дозволи енергијата да се користи како оружје и дека Унијата нема да биде предмет на уцена ниту ќе го финансира, како што велат, ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена, јавува УХМР. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а ...

Да се појавувате на работа и да работите осум часа не се доволни за унапредување. Тоа е минимумот што се бара од вас. Она што е потребно за да се истакнете е да направите нешто поразлично, да давате придонес на начин што не се очекува, да работите за доброто на компанијата, не само за платата. Експертот за менаџирање на човечки ресурси Јан Зигел, главен и извршен директор на ZipRecruiter, го објаснува процесот на „наградување“. „Работете си ...

Појадокот отсекогаш се сметал за најважен оброк во денот, но современиот начин на живот, забрзаното темпо и желбата за слабеење доведуваат до сè почеста навика да го прескокнуваме. Нови научни анализи, сепак, предупредуваат дека оваа навика може да има сериозни последици по здравјето. Зголемен ризик за дијабетес и срцеви болести Истражување објавено во реномираното списание Nutrients уште еднаш потврди колку навиката да појадуваме е битна за ...

Списанието Psychology Today, врз основа на научни истражувања, дошло до неколку заклучоци за тоа што всушност се крие зад „психологијата на привлечност“ или како ги избираме романтичните партнери, а резултатите покажале значително влијание на сличноста, блискоста, но и важноста на освојувањето. Иако старата поговорка вели дека спротивностите се привлекуваат, истражувањата покажаа дека сличноста е многу поважна. Исто така, друг фактор кој ...

Прашина од далечната страна на Месечината, собрана од кинеската мисија Chang'e-6, откри неочекувано микроскопско богатство. Деталната анализа на материјалот откри присуство на честички од екстремно редок метеорит богат со вода, толку кршлив што речиси никогаш не го преживува патувањето низ Земјината атмосфера, пишува Science Alert. Ова е првиот потврден фрагмент од метеорит познат како карбонатен хондрит од типот Ивуна - или CI хондрит - ...

Според неврологот д-р Судир Кумар, способноста за изведување четириесет склекови по ред може да укажува на значително помал ризик од срцев удар и мозочен удар. Една студија спроведена врз група пожарникари покажа дека оние кои можеле да направат повеќе од 40 имале 96 проценти помал ризик од сериозни кардиоваскуларни заболувања. Иако срцевите удари и мозочните удари остануваат меѓу водечките причини за смрт во светот, се чини дека едноставна ...

Подадена рака. Денес остварив средба со новиот градоначалник на Чаир, Изет Меџити, Организациониот секретар на Алтернатива, Башким Муртези, и пратеникот Даниел Стојчевски, објави на социјалните мрежи лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски. „Во топлиот и искрен разговор од претставниците на Коалициониот партнер Влен добив искрена и силна поддршка за вториот круг во Куманово, поддршка која ја отсликува мултиетничката и мултикултурната реалност на ...

Најновото ажурирање на Windows 11 донесе сериозен проблем што изненади многу корисници. Environment (WinRE) повеќе не ги препознава USB тастатурите и глувците, што прави да биде практично невозможно да се користат опциите за поправка на системот ако компјутерот не може нормално да се стартува. Багот се појави по ажурирањето KB5066835, објавено во октомври, и влијае на верзијата 25H2 на оперативниот систем, како и на некои постари верзии и ...

Нема да има присуство на турски трупи во Појасот Газа, објави кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Ова беше објавено по обвинувањата дека за време на вчерашниот состанок меѓу Нетанјаху и шефот на египетската разузнавачка служба, Хасан Рашад, имало несогласување по ова прашање. „Нема недоразбирање. Нема да има турско вклучување“, изјави канцеларијата на Нетанјаху за Times of Israel. Телевизијата Sky News Arabia, повикувајќи се ...

Главниот виновник што доведе до пад на посетите на Wikipedia за осум проценти е познат. Бројот на посети на глобалната онлајн енциклопедија Wikipedia се намали за осум проценти на годишно ниво, според блогот на вишиот директор за производи и основни искуства на Фондацијата Wikimedia, Маршал Милер. Падот на посетите на Wikipedia беше забележан по ажурирањето на системот за откривање ботови, кое откри дека дел од претходно „многу високиот“ ...

Русија работи на проект вреден повеќе милијарди долари за извлекување на две нуклеарни подморници од своите „гробишта“ на арктичкото морско дно. Проектот е планиран со децении откако потонаа подморниците и има за цел да ги реши стравувањата дека тие би можеле да доведат до радиоактивен отпад во водата. Подморниците се К-27 и К-159. Минатата година, норвешката фондација Bellona изрази загриженост за заканата што двете нуклеарни подморници ја ...

Првиот круг од локалните избори се одржа во неделата и граѓаните на Општина Аеродром одлучија во вториот круг да се соочат кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Митески, и кандидатот на СДСМ, Александар Трајановски. Веќе направивме астро анализа за изборот на градоначалник на Град Скопје, па во очекување на вториот круг што ќе се одржи на 2 ноември 2025 година, се консултиравме со планетите и ѕвездите за да видиме кои се астролошките аспекти на ...

Испрати го ова видео до сите што те задеваат за погрешно напишани пораки. Ако сте забележале дека во последно време правите повеќе грешки додека пишувате пораки на вашиот iPhone, не сте сами - и веројатно не е ваша вина. Вирално видео што кружи на X покажа дека iOS има грешка што предизвикува тастатурата случајно да вметнува неточни букви додека пишувате, дури и кога корисникот го притиска точното копче. Сè започна кога еден корисник објави ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
87%
1028
weather icon

Белград

8ᴼ / 7ᴼ
10.29
56%
1029
weather icon

Загреб

1ᴼ / 1ᴼ
1.03
87%
1027
weather icon

Софија

5ᴼ / 2ᴼ
6.17
57%
1032
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
5.01
75%
1033
weather icon

Љубљана

10ᴼ / 1ᴼ
0.0
62%
1027
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
7.2
61%
1027
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
82%
1026
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 3ᴼ
2.68
75%
1034
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
2.24
60%
1030
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 6ᴼ
8.23
61%
1031
Currency

61.6238

Currency

53.0259

Currency

71.0056

Currency

36.9694

Currency

38.9897

Currency

67.8896

Currency

7.68854

Currency

0.66331

Currency

0.33476

Currency

0.52519

Currency

1.20282

Currency

0.57679

Платина

68963.35

Цинк

3.24

Бакар

11.73

Рутениум

47358.05

Паладиум

51794.85

Родиум

372948.66

Кобалт

66.14

Алуминиум

3.42

Злато

166253.76

Иридиум

231355.22

Сребро

2711.59

Калај

50.64