Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Утре во 10:00 часот поради одржување на атлетска трка во централното градско подрачје на Скопје, со траса на движење од паркот „Жена борец“ преку Камен мост, ул. „Иљо Војвода“, тротоарот на мостот „Гоце Делчев“ и по кејот на реката Вардар и обратно, за сообраќај ќе биде затворена ул.„Иљо Војвода“, пешачките површини и делот од кејот по кој ќе се движат учесниците во трката. Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе ...
Лигата на шампионите ни донесе вистински спектакл синоќа со 43 постигнати голови на деветте натпревари, но имаше и еден сосема бизарен црвен картон во Ајндховен. Во холандскиот град ПСВ го пречека Наполи и го победи со нереални 6:2, а во последните дваесетина минути Наполи играше со играч помалку. Имено, во 76. минута, Лоренцо Лука, напаѓачот на Наполи, беше исклучен добивајќи директен црвен картон, а на сите не им беше јасно зошто, особено ...
Рибата е важен дел од балансираната исхрана бидејќи е богата со протеини, здрави масти, витамини и минерали. Освен што е богата со омега-3 масни киселини и витамин Д, рибата е добар извор на јод и селен. Сепак, некои видови може да содржат покачени нивоа на жива, тежок метал што може да биде штетен за здравјето во големи количини. Затоа е најдобро да изберете видови што нудат многу хранливи материи, а во исто време имаат ниски нивоа на жива. ...
На листата доминираат градови исполнети со сонце, заедништво и позитивна енергија, а изненадувањето е што среќата повеќе не престојува на север, туку на југот на Европа. Погледнете кои десет градови водат во однос на задоволството на нивните жители. Што го прави еден град навистина добро место за живеење? Дали е тоа ефикасен јавен превоз, многу зеленило, богата културна содржина и возбудлив ноќен живот? Или е поважно чувството на заедништво, ...
OpenAI го објави лансирањето на свој пребарувач базиран на вештачка интелигенција наречен ChatGPT Atlas. Ова е голем чекор за компанијата во нејзиниот обид да го симне од контрола Google како доминантен пребарувач и начинот на кој луѓето наоѓаат информации преку интернет. Компанијата вели дека Atlas прво ќе биде достапен на macOS, а наскоро ќе биде достапна и поддршка за Windows, iOS и Android. OpenAI вели дека производот ќе биде достапен за ...
СДСМ ја продолжува изборната кампања за вториот круг, во кој се бориме за 17 градоначалнички места. СДСМ докажа дека на овие избори има одлични кандидати кои ја добија довербата од граѓаните. Тие освоија повеќе од 155.000 гласа, и ги повикуваме сите кои ја препознаа чесната понуда на СДСМ и чесните кандидати да излезат во вториот круг, велат од СДСМ. „СДСМ ги повикува сите граѓани кои гласаа за другите кандидати што не влегоа во вториот круг, ...
Откако сите фудбалери во шпанската Ла Лига минатата недела организираа масовен бунт против одлуката натпреварот помеѓу Виљареал и Барселона да се игра во САД во декември, челниците на лигата одлучија да го откажат и наместо тоа да го играат во Шпанија. Раководството на Ла Лига одлучи натпреварот Виљареал - Барселона да се игра во Мајами на 20 декември, а причината е, секако, финансиска, но оваа одлука не наиде на одобрување од навивачите, ...
Македонската женска репрезентација на 24 и 27 октомври во Струмица ќе одигра два пријателски натпревари против силната селекцијата на Русија. Селекторот на нашата репрезентација, Александар Андов, за овие контролки повика 23 фудбалерки. Голманки: Кристина Павловска - Машинац (Србија) Викторија Пачурова - Тиверија Брера Одбрана: Слаѓана Ѓорѓиева - Тиверија Брера Ане Бошевска - Тиверија Брера Павлинка Николовска - Тиверија Брера Ива Јовановска ...
Популарниот водич за храна Taste Atlas објави листа на 100-те најдобри чоколади во светот. Чоколадото е една од најомилените намирници во светот, позната по својот богат вкус и способност да обезбеди вистинско гастрономско задоволство. Се добива со преработка на зрна какао и доаѓа во различни форми, од темно и млечно до бело чоколадо. Многу луѓе го консумираат како десерт, но и како состојка во бројни десерти и пијалаци. Освен што го ...
Европскиот парламент ја поддржа одлуката за започнување преговори со данското претседателство на Советот на ЕУ за забрана за увоз на руски гас и нафта, како што предложија Комисиите за меѓународна трговија и индустрија, истражување и енергетика минатата недела. Двете парламентарни комисии одобрија нацрт-план за суспендирање на увозот на руски природен гас преку цевки и течен гас од 1 јануари, со мали исклучоци за краткорочни договори склучени ...
Синоќа, во хотел „Холидеј Ин“ се одржа премиерата на документарниот филм „Вратете ни го чаламот“, посветен на најголемите успеси на најтрофејниот македонски кошаркарски клуб – Работнички. На премиерата присуствуваа градоначалникот Горан Герасимовски, кошаркарски легенди, членови на тимот на Работнички и претставници од спортските федерации. Во своето излагање, градоначалникот Горан Герасимовски потенцираше дека филмот е потсетник на славните ...
Веќе некое време сте во врска и сè изгледа одлично. Сепак, работите почнуваат да се влошуваат. Ова најдобро може да се опише како „бавно исчезнување“. Што всушност значи тоа? „Личноста не исчезнува целосно од вашиот живот. Наместо тоа, нивните пораки стануваат сè пократки и пократки, се гледате сè помалку и помалку, а нивниот ентузијазам значително се намалува. Тие сè уште се таму, но нивното присуство изгледа попразно“, изјави експертката за ...
Европската ракометна федерација (ЕХФ) потврди дека почнувајќи од следната сезона, форматот на ракометната Лига на шампиони и Европската лига ќе биде променет. Бројот на екипи во Лигата на шампиони ќе се зголеми од сегашните 16 на 24, и тие ќе играат според сосема нов систем на натпреварување, сличен на оној што го гледаме на репрезентативните настани. Почнувајќи од следната сезона, најелитното клупско натпреварување во Европа ќе го играат 24 ...
Кандидатот за градоначалник на Скопје од Левица, Амар Мециновиќ, на првата прес-конференција по почетокот на вториот изборен круг обвини дека Левица е неправедно исклучена од медиумскиот простор, откако АВМУ не ѝ дозволи политичко рекламирање. Според него, со тоа, нанесен е удар врз демократијата, но најавува позитивна и проактивна кампања, иако, како што рече, условите не се рамноправни. „Јас не сум најпаметен, ниту најдобар од сите ...
Во натпреварот на отворањето на сезоната, бранителот на титулата Оклахома и Хјустон се соочија еден против друг, а резултатот беше решен по две продолженија, 125:124. Брилијантниот Шеј Гилџс-Александер беше херој на Оклахома Сити Тандер, постигнувајќи ги поените во последните секунди за да го запечати првото продолжение, а потоа и победата. Шеј го заврши натпреварот со 35 поени, 5 скокови и 5 асистенции, а имаше одлична помош од Чет Холмгрен ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени. Во Скопје, променливо облачно со услови за повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 19 степени, јавува УХМР. Во наредните ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не сакал да одржи бескорисен состанок со рускиот лидер Владимир Путин, откако планот за нивни директни разговори за Украина бил ставен на пауза. Американскиот претседател во вторникот во Белата куќа стави до знаење дека клучната пречка останува одбивањето на Москва да престане со борбите по сегашната линија на фронтот, пишува BBC. Белата куќа претходно потврди дека нема планови за нов ...
Во тек е голема акција на финансиската полиција во Прилеп, поврзана со сомнежи за криминал во работењето на прилепската болница. Според информациите за Макфакс, приведени се повеќе лица кои раководеле со болницата. Од Основното јавно обвинителство, попладнево, соопштија дека Финансиската полиција постапува по нивна наредба. „Се преземаат дејствија во врска со постапка за наводи против повеќе лица за злоупотреби во работењето на прилепската ...
Кога било потопено, малкуте жители на селото биле принудени да се преселат во Лидорики или Атина. Калио - познато и како „потонатото село“ од поранешната покраина Дорис - се наоѓа на местото каде што е создадено вештачкото езеро Морнос во 1980 година. Овој резервоар снабдува вода до главниот град преку најдолгата мрежа на аквадукти во Европа, која се протега на приближно 192 километра. Сместено помеѓу планината Гиона и венецот Вардусија, ...
Кривичниот суд во Скопје донесе одлука за продолжување на притворот на поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, за дополнителни 30 дена. Адвокатот на Васев, Боби Спирковски, најави дека ќе поднесе жалба на решението, оценувајќи дека голем дел од сведоците кои се повикуваат на судењето се непотребни, бидејќи предметот, како што рече, треба да се темели на стручни вештачења. Спирковски изјави дека одбраната доставила нови ...
Во наредните три недели на плажата Зрќе во Новалија ќе бидат урнати 124 бесправно изградени објекти, соопшти Државниот инспекторат на Хрватска, пренесе Jutarnji list. Од нив, 119 се наоѓаат во камп, а 5 се угостителски објекти изградени без дозвола надвор од градежната зона. Инспекторатот соопшти дека отстранувањето ќе се врши на трошок на сопствениците и е проценето на околу 720 илјади евра. Акции за уривање на нелегални градби ќе има и во ...
Марио Балотели раскажа интригантна приказна од неговото минато како момче со црна кожа кое белите девојки го избегнувале, дури и проститутките. „Пред да станам богат и славен, италијанските девојки не ме сакаа, дури ни некои од моите соученички. Велат дека не ги сакаат црнците; беше тешко да се најде бела девојка. Па така со малкуте пари што ги имав се обидов да одам во еден кварт со проституција, но тие постојано ме одбиваа затоа што сум ...
Климатските промени, исто така, играат значајна улога, бидејќи ги зголемуваат екстремните временски настани што можат да ги загрозат живеалиштата на инсектите и да ги нарушат нивните животни циклуси. Соларните електрани би можеле да обезбедат живеалиште за бумбарите, покажуваат истражувањата. Бумбарите се клучни за благосостојбата на екосистемите. Тие ги опрашуваат растенијата и посевите, одржувајќи ги здрави. Сепак, многу популации во Европа ...
Бананите се познати по својот краток рок на траење и честопати можат да потемнат и да омекнат во рок од неколку дена по купувањето, па за да го спречите ова, одделете ги и завиткајте го секое стебло во проѕирна или алуминиумска фолија. Бананите произведуваат голема количина етилен, што го подобрува нивниот вкус, но исто така го забрзува процесот на зреење. Експертите препорачуваат едно нешто за да се спречи омекнувањето на бананите. ...
Планираниот самит меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, кој требаше да се одржи во Будимпешта до крајот на месецот, е одложен на неопределено време. Висок функционер од Белата куќа изјави дека „во блиска иднина нема планови за средба меѓу претседателите Трамп и Путин“, пренесе Reuters. Истата информација ја потврди и дописникот на Axios, Барак Равид. Според него, телефонскиот разговор меѓу ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека неколку блискоисточни земји и држави од поширокиот регион му понудиле да испратат војска во Појасот Газа за, како што рече, да го средат Хамас, доколку организацијата го прекрши договорот постигнат со американската администрација. „Многу од нашите сојузници на Блискиот Исток со ентузијазам ми порачаа дека би влегле во Газа со силни трупи и би го средиле Хамас ако продолжи да делува лошо. ...
Струга, Силекс, Работнички и Шкендија 77 се екипите кои по денешните натпревари обезбедија пласман во четвртфиналето од Купот на Македонија. Стружани премногу лесно ги скротија „Лавовите“ среде Ѓорче Петров и со петарда го прославија пласманот во наредната фаза. Силекс успеа да победи на тешкото гостување кај Башкими во Куманово и го продолжи патот во Купот. Не е тајна дека кратовци атакуваат на пехарот. Интересно беше во скопската населба ...
Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ја прифати поканата за телевизиска дебата со својот противкандидат Амар Мециновиќ од Левица, која ќе се одржи на Канал 5 телевизија. „Граѓаните заслужуваат отворена и аргументирана дебата, во која секој кандидат ќе ги претстави своите визии, програми и решенија за иднината на Скопје“, изјави Ѓорѓиевски, нагласувајќи дека транспарентноста и почитта кон граѓаните се ...
Во ноќта меѓу 21 и 22 октомври ќе започне 80-тата сезона во НБА лигата. Шампионатот ќе го отворат актуелните шампиони Оклахома Сити Тандер против Хјустон Рокитс, засилен со Кевин Дурант, а нешто подоцна ќе се сретнат Голден Стејт Вориорс и Лос Анџелес Лејкерс. Првиот дел од 80-тата НБА сезона ќе биде на програмата до 12 април, а во меѓувреме ќе се игра и НБА купот. Започнува за десет дена и ќе трае до средината на декември. Ол-стар ...
Кандидатот за градоначалник на Скопје од партијата Левица, Амар Мециновиќ, денеска ја одржа својата прва прес-конфренција пред вториот круг од локалните избори. Тој повика на масовна излезност и рече дека очекува поддршка од независните и гласачите на Каја Шукова (СДСМ) која не влезе во вториот изборен круг. „Статус-квото е секогаш како избор на четири години, но овој пат не е така. Ги живееме првите денови каде што ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ не се ...