Европската централна банка (ЕЦБ) по шести пат ги зголеми каматните стапки за 50 базични поени, или 0,5%, на 3,5%. Сега каматните стапки на девизните средства ќе изнесуваат 3%, на операциите за главно рефинансирање 3,5 % и на маргиналните кредитни капацитети 3,75 % Порастот на клучните каматни стапки на ЕЦБ се одразува и на трошоците за задолжување. Имено, поради оваа одлука ќе се зголемат стапките на Еурибор, што автоматски влијае на ...

Западните санкции за руската и иранската нафта го насочија евтиното гориво кон Азија и ја намалија разликата во цените што досега „работеше“ за Европа, а најголеми добитници во оваа промена се Кина и Индија, според аналитичарите и податоците на Refinitiv Eicon. Со децении, азиските увозници плаќаа повеќе за нафта од големите извозници, како што се членовите на Организацијата на земјите извознички на нафта, што го доведе до името „азиски ...

Индустриското производство во еврозоната и ЕУ се стабилизираше на почетокот на годината, покажуваат најновите податоци на Европскиот завод за статистика. Според Евростат, индустриското производство во еврозоната е зголемено за 0,7% во јануари во однос на декември, кога имаше пад од 1,3%, покажуваат сезонски приспособените податоци. Индустриското производство, пак, во ЕУ во јануари е зголемено за 0,3% во однос на крајот на минатата година ...

Германска економска делегација, составена од претставници на Министерството за економија на СР Германија и на германски компании, од потпретседателот на групацијата „BASF Централна и Југоисточна Европа“ и од високи претставници на Aмбасадата на СР Германија во Скопје, оствари работна посета на „Алкалоид“ АД Скопје. На средбата претставниците на германската економска делегација, чиј домаќин беше Генералниот директор и Претседател на УО на ...

НБ: Банкарскиот сектор е стабилен, пропаѓањето на СВБ нема директни ефекти Пропаѓањето на американската Банка на Силиконската долина (СВБ) нема никакви директни последици за нашиот банкарски систем, имајќи ја предвид малата изложеност кон нерезидентите, но и традиционалниот деловен модел заснован врз кредитирање на фирмите и граѓаните при стабилни извори на финансирање. Билансите на нашите банки се исклучително солидни, високо капитализирани ...

Volkswagen планира да инвестира 180 милијарди евра во текот на следните пет години во производство на батерии и набавка на суровини, во обид да ги намали трошоците за електричните возила и да го заштити својот удел на пазарот, соопштија денеска од Volkswagen. Над две третини од петгодишниот инвестициски буџет на компанијата е наменет за електрификација и дигитализација, вклучително и за батерии и суровини. Volkswagen, најголемиот европски ...

За сите германски фирми тука, Северна Македонија е одлично место за производство. Руската агресија доведе до тоа да се префрли производството на други места. Северна Македонија е преферирано место за префрлање на производството, а една од причините е што е членка на НАТО и има одредена предност во однос на безбедноста, порача Граф по средбата на германската бизнис делегација со вицепремиерот Фатмир Битиќи во Владата. Германските компании ја ...

Раководителот на Секторот за истражување и развој во БРАКО, Никола Маркоски, единствен од Северна Македонија и регионот учествуваше на Конференцијата за електрични и батериски системи за непатнички возила и машини, која што се одржа во Дизелдорф. Маркоски ги запозна присутните со предизвиците со кои се соочи тимот на БРАКО при преминот од електрично возило кон возило на водород, како и иновативните инженерски и технички решенија кои беа ...

„Почнувајќи од тековниот месец, минималната плата во Северна Македонија ќе биде повисока за 2.175 денари и ќе изнесува 20.175 денари“, изјави Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, кој заедно со ресорните министри ја информираше јавноста за усвојувањето на новиот износ на минималната плата кој денеска беше усвоен на седница на Економско социјалниот совет. Премиерот Ковачевски во изјавата за медиуми после ...

Групацијата Hudong-Zhonghua Shipbuilding со седиште во Шангај го изгради и го испорача најголемиот контејнерски брод во светот на Mediterranean Shipping Company (MSC). MSC Tessa има капацитет на на носивост од 24.116 стандардни TEU контејнери или товар од над 240 илјади тони и е првиот од четирите контејнерски бродови со иста големина купени од најголемата компанија за контејнерски транспорт во светот. Мега контејнерскиот брод е со должина ...

Најголемата македонска прехранбена компанија, Витаминка од Прилеп, изминатата 2022 година ја заврши со раст на продажбите дома и во странство, но и со големо намалување на профитабилноста заради високите трошоци во работењето. Објавените финансиски неконсолидирани извештаи на компанијата објавени на Македонската берза покажуваат дека Витаминка изминатата 2022 година година остварила вкупни приходи од продажба од 61,4 милиони евра, што е раст ...

Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи денес ја посети компанијата „СОКО Горица” ДООЕЛ Скопје. При посетата,вицепремиерот Битиќи рече дека е горд за средбата со госпоѓа Горица која е сопственичка на компанијата која успешно работи веќе скоро три децении, и претставува инспирација и мотив за сите жени претприемачки во нашата земја. „Соко Горица е ...

Македонското индустриско производство во јануари годинава бележи пад од 2,3%, во споредба со јануари 2022 година покажуваат најновите податоци од Државниот завод за статистика. Ова е петти месец по ред како индустриското производство во Македонија се намалува, што само ја одразува тешката ситуација во која се наоѓа индустријата и целото стопанство. Во декември 2022 година македонската индустрија забележа пад од 1,3%, во ноември 3,7%, во ...

Извозот на зелка од Македонија мината година достигна вредност од 25 милиони евра, што е раст од 23% во споредба со 2021 година. Количински извозот се зголемил за 11,4%, одосно во текот на изминатата година од земјава биле извезени 59,8 илјади тони зелка. Најголем извозен пазар за македонската зелка лани била Украина, каде е остварен извоз на 16,5 илјади тони зелка во вредност од 6,7 милиони евра. Извозот на зелка од Македонија во Украина ...

Во Стопанската комора на Северна Македонија се одржа конститутивна седница на Националниот совет за извоз, кој ќе биде главен механизам за јавно-приватен дијалог каде ќе се третираат сите прашања поврзани со промоција и поддршка на извозот. Советот ќе биде раководен од страна на Комората, во рамки на проектот за поддршка на приватниот сектор за регионална економска интеграција што Стопанската комора го имплементира во партнерство со ...

Министерството за земјоделство и шумарство на Турција во петокот донесе одлука за ограничување на извозот на домати до 14 април 2023 година. Одлуката е донесена за да се обезбеди сигурност во снабдувањето со храна и стабилност на цените на домашниот пазар, бидејќи цените на доматите се зголемуваат, а неодамнешните земјотреси што го погодија југоисточниот дел на земјата и зафатија 11 провинции дополнително ја влошија ситуацијата. ...

Основната инфлација во еврозоната ќе остане висока во блиска иднина, така што зголемувањето на каматните стапки на Европската централна банка (ECB) за 50 базични поени подоцна овој месец е сè поизвесно, изјави претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард, за шпанската медиумска групација Воченто. ЕЦБ веќе ги зголеми стапките за 3 процентни поени од јули и во суштина вети уште половина процентен поен зголемување на 16 март, но инвеститорите ...

Пазарот за производи со приватни брендови во европскиот прехранбен сектор достигна 302 милијарди евра минатата година, покажаа новите податоци од PLMA и NielsenIQ, при што вредноста на уделот на брендовите на продавниците порасна за 1,2% годишно. Приватните или сопствените брендови сега сочинуваат 37% од продажбата во европскиот пазар за намирници, покажаа податоците. Приватните брендови се брендови во сопственост на трговците кои ангажираат ...

Двете водечки хрватски производствени компании од прехранбената индустрија, Атлантик Група и Подравка, се договорија да соработуваат за поуспешен настап на странските пазари, поточно во САД и Австрија. Двете компании воведоа единствена практика на меѓусебна извозна поддршка, која подразбира дистрибутивната компанија на Атлантик во Австрија да обезбеди поддршка за пласман на производите на Подравка на австрискиот пазар, а во исто време ...

Во промотивниот период до 31 март, ПроКредит Банка нуди атрактивна фиксна каматна стапка за депозити. Поттикнување на културата за штедење, инвестирање во финансиска едукација и одговорно банкарство, се главните постулати кон кои безусловно е посветено работењето на ПроКредит Банка. Имајќи го предвид фактот дека ПроКредит Банка е единствената банка на пазарот која поседува кредитен рејтинг од меѓународната рејтинг агенција Fitch Ratings, ...

Глобалните цени на храната паднаа за 0,6 отсто во февруари, што е 11-ти последователен месечен пад, објави во петокот Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО). Индексот на светските цени на храна на Агенцијата за храна на Обединетите нации падна во февруари 11-ти последователен месец и сега е намален за 19 % од рекордното високо ниво минатиот март по руската инвазија на Украина. Индексот на цените на Организацијата за храна и ...

Дизел горивото од ноќеска на полноќ поскапува за два денара за литар, а цените на останатите горива остануваат исти, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,53 отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 78 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 95 и понатаму ќе се продава за 81,5, ЕУРОСУПЕР БС – 98 за ...

И покрај проблемите кои ги предизвикаа енергетската криза и војната во Украина, вредноста на извозот на македонската индустрија за преработки од овошје и зеленчук продолжува да расте. Според податоците на Државниот завод за статистика во изминатата 2022 година од Македонија биле извезени преработки од овошје и зеленчук во вредност од 79,3 милиони евра, што е раст од 17,3% или за 11,7 милиони евра повеќе во споредба со 2021 година. ...

Согласно програмата за финансирање на микро земјоделски производители на вино и алкохолни пијалаци за 2023 година („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 32/23), Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска соопшти дека е објавен јавниот повик за прибирање на барања за финансиска поддршка за мали производители на вино со капацитет до 50.000 литри. Како што соопштија преку овој повик на заинтересираните што ...

АЛКАЛОИД АД Скопје објави дека седницата на годишното Собрание на акционери на Друштвото ќе се одржи на ден 03.04.2023 година со почеток во 08:00 часот во деловните простории на Друштвото, Бул. Александар Македонски бр. 12, Скопје, Република Северна Македонија. Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје на седницата одржана на ден 02.03.2023 година донесе Предлог-Одлука со која му предлага на Собранието на акционери исплата на дивиденда за 2022 ...

Пишува: Бранко Азески, претседател на Стопанска комора на Северна Македонија Сакам да го најавам конституирањето и започнувањето со работа на Националниот совет за извоз кој ќе биде составен од претставници на извозните компании од различни сектори и претставници на Владата и надлежните државни институции кои третираат прашања поврзани со извозот. Конституирањето на Советот ќе биде во понеделник во Стопанската Комора на Северна Македонија. ...

Стопанството би бележело подобри резултати ако реализацијата и динамиката на инфраструктурните проекти се финализира во зацртаните временски рамки. Со ова сакаме да ја мотивираме Владата да стави поголем фокус на инфраструктурата на сите нивоа. Истовремено да се побара и поднесе одговорност за доцнењето, односно нерелизацијата на проектите кои се клучни за македонската економија, а стопанството премногу долго чека на нивна целосна завршница, ...

Производителот на топловалани лимови Макстил објави дека минатата 2022 година остварил приходи од продажба од 180 милиони евра, што е за дури 57% повеќе во споредба со приходите од продажба остварени во 2021 година. Неревидираните финансиски извештаи на компанијата објавени на Македонската берза покажуваат дека 90% од приходите од продажба се остварени од извоз, односно од продажба на странски пазари. Вредноста на извозот на Макстил во 2022 ...

Американскиот производител на електрични автомобили Tesla ќе гради фабрика во северно Мексико, потврди вчера претседателот на Мексико, Андрес Мануел Лопез Обрадор. Tesla ќе инвестира 5 милијарди долари во изградба на нова фабрика во Мексико, која се очекува да биде најголемата фабрика за производство на електрични возила во светот. Според неофицијални извори планот на Tesla е во Мексико да изгради гига фабрика во која ќе може да се ...

Најголемата македонска винарница Тиквеш зад себe има уште една успешна деловна година. Податоците од објaвениот неревидиран финансиски извештај за работењето покажуваат дека Тиквеш минатата 2022 година успеал да ги зголеми продажбите на домашнот пазар, но далeку повеќе продажбите на странските пазари, како и да оствари подобар финансиски резултат и покрај бројните економски предизвици. Од компанијата објавуваат дека во текот на изминатата ...

Известување

25 минути - МРТ
weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
2.06
47%
1025
weather icon

Белград

-2ᴼ / -5ᴼ
3.6
61%
1024
weather icon

Загреб

-3ᴼ / -5ᴼ
0.51
78%
1023
weather icon

Софија

-2ᴼ / -5ᴼ
8.23
62%
1025
weather icon

Сараево

-1ᴼ / -1ᴼ
8.63
70%
1022
weather icon

Љубљана

-9ᴼ / -9ᴼ
0.51
85%
1025
weather icon

Атина

7ᴼ / 5ᴼ
6.71
60%
1017
weather icon

Тирана

3ᴼ / 3ᴼ
6.69
38%
1024
weather icon

Подгорица

2ᴼ / 2ᴼ
5.66
28%
1025
weather icon

Букурешт

-3ᴼ / -4ᴼ
4.63
73%
1019
weather icon

Будимпешта

-2ᴼ / -5ᴼ
4.12
58%
1021
weather icon

Истанбул

2ᴼ / 2ᴼ
9.26
87%
1017
Currency

61.5417

Currency

52.8868

Currency

70.8856

Currency

35.3793

Currency

38.0127

Currency

66.0784

Currency

7.5808

Currency

0.66901

Currency

0.33445

Currency

0.52469

Currency

1.224

Currency

0.5855

Иридиум

169549.30

Паладиум

59575.33

Цинк

3.10

Злато

147759.41

Бакар

12.08

Алуминиум

3.14

Рутениум

44946.74

Родиум

313469.78

Платина

75300.49

Калај

44.71

Кобалт

59.52

Сребро

2703.41