Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат за 1,5 до два денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,06 отсто. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,5 денари за литар, додека цените на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е ...
На 20-годишнината, ПроКредит Банка слави две децении одговорно банкарство, одржливост и дигитализација „ Дали твојата банка го гледа светот на ист начин како и ти?“ е прашањето кое ПроКредит Банка го поставува во новата кампања по повод 20 години постоење на македонскиот пазар, и кое отвора нови хоризонти. Преку слоганот „Пример за одговорност“, ПроКредит преку лични примери покажува дека општествената одговорноста не е само една голема ...
Вложувањата во осигурување живот пораснале за 14 % во 2022 година, а најголемо учество во нив имаат инвестициите во животно осигурување со штедна компонента кои изнесуваат 20,1 милиони евра. Истовремено вкупните исплати на осигурителите кон осигурениците пораснале за 18,5%, изнесуваат 14,5 милиони евра и вклучуваат: доживување, прекин на осигурување или смрт на осигуреник. Петте друштва за осигурување живот се солидно капитализирани и ...
Сојузот на стопански комори на Македонија и институтот „Prime Point Partners“ потпишаа Договор за стратешка соработка со цел обезбедување на поддршка на реалниот сектор за имплементација на Глобалните целите за одржлив развој на ООН (Sustainable Development Goals – SDGs) и ESG стандардите кои се однесуваат на еколошките, социјалните и управувачките аспекти на корпоративниот менаџмент и раст. Договорот го потпишаа претседателот на Сојузот, ...
Натпреварот Balkans International Wine Competition 12та година по ред ќе се одржи од 1ви до 3ти јуни во Бистрита Насауд, Трансилванија, Романија под покровителството на оптина Бистрита Насауд, додека отворениот саем Balkans Wine Festival ќе се одржува во Софија, Бугарија од 15ти до 17ти јуни 2023. „Balkans International Wine Competition е најдобар доказ за динамичноста на Балканската винска сцена како и за квалитетот на вината од овој ...
Поцелосен, транспарентен и посеопфатен ЦЕФТА механизам за решавање на спорови Сигурен механизам за решавање спорови е од суштинско значење за успешна економска соработка и зголемување на трговијата меѓу ЦЕФТА страните и нивниот последователен влез на единствениот пазар на ЕУ. Во Подгорица се одржаа дводневни преговори за Дополнителниот протокол 7, со што се постигна напредок во формирањето на поефикасен Механизам за решавање спорови. ...
Германскиот извоз порасна значително повеќе од очекуваното во февруари поради силната побарувачка од САД и Кина, покажаа податоците кои денеска ги објави Федералниот завод за статистика Дестатис. Извозот на германските компании во февруари изнесувал 136,7 милијарди евра и е поголем за 4% во однос на претходниот месец, односно 7,6% во однос на истиот месец минатата година, соопшти Федералниот завод за статистика. Анкетата на Ројтерс предвиде ...
Министерството за транспорт и врски информира дека денеска во просториите на Министерството се отворија барањата за финансиска поддршка за воведување на нови авиолинии од двата аеродроми, Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид. “На јавниот повик кој што траеше од 1 март 2023 година до 31 март 2023 година документација доставија две авиокомпании и тоа Визер и Луфтханза”, информираат од Министерството за ...
Грчкиот национален авиопревозник Aegean Airlines ги зголемува фреквенциите на летови меѓу Атина и Скопје. Авиокомпанијата првично ќе ги зголеми летовите од два на три неделно, почнувајќи од 1 јуни, по што фреквенциите ќе се зголемат на шест неделно од 29 септември, објавува Еxyuaviation. Сите услуги ќе се одржуваат со турбопроптивниот авион ATR72 управуван од регионалната подружница на Aegean, Olympic Air. Aegean Airlines беше една од трите ...
Македонската компанија Микросам од Прилеп, заедно со гигантот GKN Fokker изработија делови кои ќе се вградуваат во труповите на новата генерација на авиони. Од Микросам објаснуваат дека за изработка на овие делови била користена нивната уникатна технологија за автоматско или роботско полагање на влакна. “Во текот на овој двегодишен проект во GKN Fokker, испорачавме три машини кои ќе се користат за производство на термопластични композити за ...
Бугарија е втор најголем извозен пазар за македонските компании, после Германија, каде минатата година е остварен извоз вреден 414 милиони евра. Иако поголемиот дел од извозот отпаѓа на суровини и полупроизводи, Бугарија е важен пазар за македонската прехранбена индустрија. Во 2022 година на бугарскиот пазар биле продадени прехранбени производи во вредност од близу 21 милиони евра, меѓу нив најмногу кондиторски производи, зеленчук, овошје, ...
Македонското индустриско производство во февруари годинава бележи раст од 1% во споредба со февруари 2022 година покажуваат најновите податоци од Државниот завод за статистика. Со тоа е сопрен петмесечниот континуиран пад во индустриското производство. Но, податоците покажуваат дека производството продолжува да паѓа во преработувачката индустрија, каде се создава дури 82% од целото индустриско производство. Подетална анализа на податоци ...
Цените на нафтата се зголемија за повеќе од 5% на отворањето на тргувањето, откако ОПЕК + вчера објави дека го намалува производството за 1,16 милиони барели дневно. Фјучерсите на суровата нафта „брент“ последен пат скокнаа за 5,07% на 83,95 долари за барел, а фјучерсите на американската „Вест Тексас интермедијт“ поскапеа за 5,17% на 79,59 долари за барел. Зголемувањето дојде откако Саудиска Арабија, Ирак и неколку земји од Персискиот залив ...
14 македонски винарии ќе го претстават македонското вино на еден од најпрестижниот Саем за вино VinItaly, Верона, во рамки на регионалната иницијативата Отворен Балкан. Македонскиот премиер Димитар Ковачевски заедно со премиерите на Србија и Албанија, Александар Вучиќ и Еди Рама во рамки на иницијативата за соработка Отворен Балкан денеска ќе го посетат Меѓународниот саем за вино „VinItaly 2023“, еден од најатрактивните саемски настани за ...
Компанијата Брако од Велес и нејзината фирма ќерка Грин Машинс (Green Machines) објавија дека возилото за урбана хигиена, моделот 636, е сертифицирано за меѓународен квалитет од страна на германскиот институт TUV, ,,TÜV SÜD INDUSTRIE SERVICE GMBH” од Минхен. Возилото 636 на БРАКО е единствен производ од Македонија кој е сертифициран директно од TUV Германија и прв сертификат од TUV добиен откако БРАКО во 2019 година ја купи фабриката за ...
Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, ја посети компанијата ТЕЦУП од Тетово, која се занимава со производство на хартија и картон, и која Владата ја поддржува преку законот за финансиска поддршка. Во неговата изјава, вицепремиерот Битиќи рече дека се работи за компанија која работи со квалитативни и биоразградливи ...
Како економска сила на Европа, не е изненадувачки што Германија може да се пофали со некои од најголемите трговци на континентот, како што се Edeka, REWE, и секако дисконтерите Aldi и Lidl кои имаат десетици милијарди евра годишен обрт. Сепак, пазарот е силно погоден од инфлацијата, особено кога станува збор за енергијата, во текот на изминатата година. Во поново време, иако цените на енергијата стивнаа, инфлацијата остана тврдоглаво висока. ...
Возилото за урбана хигиена на БРАКО, моделот 636, е сертифицирано за меѓународен квалитет од страна на германскиот институт TUV, ,,TÜV SÜD INDUSTRIE SERVICE GMBH” од Минхен. Возилото 636 на БРАКО е единствен производ од Македонија кој е сертифициран директно од TUV Германија и чија инспекција и тестирања се извршени во лабораторијата во Германија. Ова е прв сертификат од TUV добиен откако БРАКО во 2019 година ја купи фабриката за возила Грин ...
Трговијата помеѓу Македонија и Србија во изминатата 2022 година надмина 1,1 милијарди евра, што е највисока вредност во последните 17 години, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика. Србија е традиционален пазар со кој имаме добра соработка, поради географската положба и добрата патна инфраструктура. Србија е четврт најголем трговски партнер на Македонија, зад Германија, Велика Британија и Грција. Кога станува збор за извозот, ...
Машинскиот и извршниот персонал на МЖ Транспорт денеска од 12 часот почна бојкот, а во 14:30 часот, како што најавуваат, нема да тргне ниту возот за Битола. Бараат зголемување на вредноста на бодот за 30 проценти, исплата на вториот дел од платата за февруари, исплата на ноќна работа за кондуктерите и исплата на намален број на извршители согласно член 168 од колективниот договор. Од синдикатот бараат и вработување на 40 машиновозачи за што, ...
Бразил и Кина објавија дека постигнале договор за да го отфрлат американскиот долар во корист на нивните сопствени валути во трговските трансакции. Договорот, објавен во средата, ќе им овозможи на Кина и Бразил директно да вршат трговски и финансиски трансакции, разменувајќи јуани за реали – или обратно – наместо прво да ги конвертираат своите валути во американски долари. Бразилската агенција за промоција и трговија и инвестиции ...
Комората организираше регионална конференција на тема: „Како да се обезбеди поголема соработка помеѓу економиите од ЗБ – предизвици и можности“, во рамки на Проектот “Поддршка на приватниот сектор за регионална интеграција”, во партнерство со УСАИД. Нејзината екселенција Анџела Прајс Агелер, Амбасадор на САД во Северна Македонија, Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија и Фатмир Битиќи, заменик на претседателот ...
Менаџерите и директорите на сите компании на Нелт Група се собраа на еднодневна конференција на која беше презентиран статусот на стратешките проекти, беа разгледани досегашните резултати и претставени плановите, една година по лансирањето на бизнис стратегијата „Accelarate 2025“. Извршниот директор на Нелт Група, Милош Јелиќ, ги потсети присутните на триесетгодишниот развој на Нелт, од мал семеен бизнис до меѓународен организациски систем ...
Бизнис платформата ЕУ-Западен Балкан денеска на едно место во Скопје ги собра бизнис заедницата од регионот, претставена преку Бизнис советот на Коморскиот инвестициски форум и креаторите на политики од Европската Унија. На настанот учествуваа високи претставници од Европската Унија и различните директорати, регионалните институции кои работат на економската агенда во регионот и претставници на бизнис-секторот кои дискутираа за клучни прашања ...
По повод петгодишнината од формирањето, Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан (WB6CIF), кооснован од Европската Унија, на почетокот на 2023 година објави повик за учество во регионалниот натпревар отворен за компании од шесте земји членки. Рангирањето на апликациите, поделени во 6 категории, беше направено од комисија составена од по еден претставник од шесте стопански комори на Западен Балкан и претставник од канцеларијата на ...
Стопанските комори на Македонија и на Австрија организираа Македонско-австриски бизнис- средби, со цел поттикнување на соработката меѓу компаниите од двете земји (29.03.2023 година). – Посетата на австриските бизнисмени во земјава е одговор на зголемениот интерес за соработка што бизнисмените ја иницираат, а ние како стопански комори ја поддржуваме. Република Северна Македонија и регионот имаат потреба од соработка на економски план особено ...
Вештачката интелигенција (AI) би можела да замени еквивалент на 300 милиони работни места со полно работно време, се вели во извештајот на инвестициската банка Голдман Сакс. Тоа би можело да замени четвртина од работните места во САД и Европа, но може да донесе нов квалитет и бум на продуктивноста што на крајот може да ја зголеми вкупната годишна вредност на стоките и услугите произведени на глобално ниво за 7%, се заклучува во извештајот. ...
Коморскиот инвестициски форум, асоцијација на Стопанските комори од регионот на Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Србија и Црна Гора), ќе додели награди на 16 компании од регионот на Западен Балкан. Наградите, како што информираат организаторите, се во вкупно шест категории и тоа за најголем раст на извозот во регионот во 2022 година, дигитализација, заштита на животната средина, иновативност, ...
Стопанската комора на Северна Македонија во рамки на Проектот: “Поддршка на приватниот сектор за регионална интеграција”, кој се спроведува во партнерство со Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД), организира регионална конференција на тема: „Како да се обезбеди поголема соработка помеѓу економиите од Западен Балкан – предизвици и можности“. Целта на конференцијата е да се презентираат можностите за интензивирање на трговската ...
Фирмата за трговијата со електрична енергија РЕС (Renewable Energy Supply), во следниот период ќе го прошири своето работење со дел од државните и локалните институции, каде ќе даде поволни понуди за снабдување со електрична енергија. РЕС досега снабдуваше исклучиво компании од приватниот сектор, но со оглед на тешката ситуација во која се најдоа институциите поради високите сметки за електрична енергија, дел од нив упатија повици за учество ...