Изминатата 2022 година македонската економија ја заврши со извоз во вредност од 8,3 милијарди евра, кој е поголем за 19,9% во споредба со 2021 година. Увозот, пак, во изминатата година се зголемил за 25,8% и достигна 12,1 милијарди евра. Инфлацијата и повисоките цени предизвикаа поголем раст на вредноста на извозот, но уште повеќе и на увозот, како последица на рекордното поскапување на енергенсите, но и на храната од кои Македонија. Со тоа ...

Од денеска, Европа воведе забрана за увоз на руски дизел гориво и други нафтени деривати, дополнително намалувајќи ја нејзината зависност од Москва во обид да ја казни Русија за воената акција во Украина. Забраната е воведена заедно со ограничување на цената на нафтените деривати, што е резултат на договорот меѓу групата седум демократски земји. Целта е да се дозволи дизелот да продолжи да се испорачува во земји како Кина и Индија и да се ...

ТИРЗ ја започнува годинава со позитивен тренд на извоз и зголемување на бројот на работни места, покажува редовната месечна анализа. Компаниите во ТИРЗ во јануари реализирале извоз од 275,4 милиони евра што е највисоко ниво во последниве пет години. Споредено со јануари 2022 извозот е зголемен за 11%, односно е за 9% повисок од 2021, и за 45% и 15% повисок споредено со 2020 односно 2019 година. Позитивниот тренд на раст продолжува и во однос ...

БРАКО почна да произведува медицински паравани со целосно нов дизајн. Параваните се изработени за потребите на партнерите на БРАКО од индустријата за медицинска опрема „Станува збор за испорака на повеќе од 200 медицински алуминиумски паравани со нов современ дизајн. Комплетниот дизајн и развој на овие медицински паравани е направен од инженери во БРАКО. Досега параваните се произведуваа од челик, а сега за првпат БРАКО ги произведе од ...

Околу 200 компании кои оствариле над 10 милиони евра профит ќе бидат опфатени со т.н. данок на солидарност, а сумата што се предвидува да се добие од овој придонес е 80 милиони евра, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски. Законското решение е веќе во собраниска процедура, а Ковачевски очекува да биде поддржано од пратениците. Тој воедно не смета, како што изјави, дека ќе има какво било затајување на овој солидарен данок зашто се работи за ...

Светските цени на храната паднаа во јануари, 10-ти последователен месец и сега се помали за околу 18% од рекордното високо ниво од минатиот март по руската инвазија на Украина, објави денеска Агенцијата за храна на Обединетите нации. Индексот на цените на Организацијата за храна и земјоделство (ФАО), кој ги следи глобално најтргуваните прехранбени производи, минатиот месец во просек изнесуваше 131,2 поени наспроти 132,2 во декември. Тоа беше ...

Европската комисија ги одобри новите прописи и регулативи за пакување кои ќе стапат на сила од 2025 година. Целата амбалажа во ЕУ ќе мора да биде со можност да се рециклира до 2030 година. Барањата, кои ја заменуваат регулативата на блокот за пакување и отпад од пакување од 1994 година, ќе воведат и единствен систем за етикетирање за рециклирање за цела ЕУ, цели за рециклирана содржина за пластична амбалажа и ќе бараат етикетите на свежите ...

Администрацијата на Бајден се свртува кон Њу Делхи додека се обидува да ги оддалечи критичните технологии од Пекинг Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден се врти кон Индија додека САД работат на префрлање на критичните синџири за снабдување со технологија подалеку од Кина и другите земји за кои тврдат дека ја користат таа технологија за да ја дестабилизираат глобалната безбедност. Претставниците на администрацијата оваа ...

Со Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија од почетокот на годинава како врштител на должност управува Герт Рабов. Тој доаѓа на местото на долгогодишниот директор на Делегацијата во земјава, Патрик Мартенс. „Јас сум вработен во мрежата на Германските стопански комори повеќе од 20 години, и повеќето од нив ги поминав работејќи во Азија. Се надевам дека со моето долгогодишно искуство и компетентност која ја стекнав ...

Македонскиот снабдувач со електрична енергија РЕС (Reneweble Energy Supply), заклучно со 1 февруари, снабдува 250 компании со електрична енергија обезбедувајќи им најповолни услови, односно најниски цени со најквалитетна испорака и пакети според потребите на клиентите. Од февруари 2023 година уште 15 нови реномирани фирми донесоа одлука да се снабдуваат преку РЕС, искористувајќи ја можноста да добијат електрична енергија по најниски цени и во ...

Членките на ЦЕФТА од денеска, 1 февруари 2023 година, почнуваат да ги спроведуваат преодните правила за потеклото на стоките што значи помалку администрација и поедноставна трговија за компаниите. Членките на Централноевропскиот договор за слободна трговија (ЦЕФТА) од денеска почнуваат да ги спроведуваат преодните правила за преференцијалното потекло на стоките, заедно со правилата на Пан-евро-медитеранската (ПЕМ) конвенција. „Со примена на ...

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), донесе одлука за нови цени на горивата од вечерва на полноќ. – Малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) се намалува за 2,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 30.01.2023 година и со тоа малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) изнесува 82,00 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра ...

Цените на контејнерскиот товарен транспорт ќе продолжат да се намалуваат во тековното преуредување на побарувачката и понудата за превоз, смета Ролф Хабен Јансен, главен извршен директор на германската компанија Хапаг Лојд ( Hapag Lloyd), петта по големина во светот според транспортниот капацитет. „Забавата заврши. Се вративме на нормален бизнис со превозот“, изјави извршниот директор Ролф Хабен Јансен за време на вчерашниот брифинг за ...

Заинтересираните за изградба на електрани од обновливи извори треба да инвестираат во различни извори, а не само во фотоволтаици, порача претседателот на Македонската енергетска асоцијација, Кочо Анѓушев, на дебатата за енергетика што се одржа за време на годишната конференцијата во организација на Владата на Република Северна Македонија. ,,Треба да се водиме според ,,Стратегијата за енергетика до 2040-та година”. Во неа стои дека во ...

Во период на криза успеавме умешно развојната банка да ја направиме најдобрата алатка во финансискиот систем којшто воведе нови механизми, инструменти за поддршка и развој на нашата економија. Ова произлезе како констатација на заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и главниот директор на Развојна Банка, Кире Наумов, кои на владината конференција ...

Последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека продолжува големото намалување на производството на метали во домашната индустрија. Само во декември 2022 година индустриското производство во секторот Производство на бележи пад од 51,8% во споредба со декември 2021 година. За целата 2022 година, пак, индустриското производство во македонската индустрија за производство на метали бележи пад од 25,4%. Главната причина за ...

Македонското индустриско производство во декември бележи пад од 1,2%, во споредба со декември 2021 година покажуваат најновите податоци од Државниот завод за статистика. Ова е четврт месец по ред како индустриското производство во Македонија се намалува, што само ги одразува тешката ситуација во која се наоѓа индустријата и целото стопанство. Во текот на целата 2022 година индустриското производство бележи пад од 0,3%, додека падот од ...

Во рамките на проектот за Поддршка на приватниот сектор за регионална интеграција/ Private Sector Regional Integration Support Activity поддржан од Агенцијата за меѓународен развој на САД (УСАИД), Стопанската комора на Р.С.Македонија објавува пет активни повици. Целта на повиците е зголемување на конкурентноста на македонските компаниии и поддршка во процесот на развивање на нивните извозни капацитети. Повеќе информации за секој одделен повик ...

Toyota Motor Corp продала 10,5 милиони возила во 2022 година, со што ја одбрани титулата најголем продавач на автомобили во светот трета година по ред. Глобалните продажби за групата, вклучувајќи ја и единицата за камиони Хино Моторс (7205.T) и производителот на мали автомобили Даихатсу, се намалија за 0,1%, бидејќи рекордната продажба во странство од 8,6 милиони возила помогна да се компензира падот од 9,6% на нејзиниот домашен пазар на 1,9 ...

Германската економија неочекувано падна во четвртиот квартал, покажаа најновите податоци, знак дека најголемата европска економија можеби влегува во многу предвидувана рецесија како последица на војната во Украина. Бруто домашниот производ се намали за 0,2% квартално , објави федералниот завод за статистика. Во претходниот квартал, германската економија порасна благо за 0,5% квартално. Намалувањето во четвртиот квартал значи дека рецесијата ...

Колумна на Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Северна Македонија 1. Започнавме со спротивставени мислења околу Законот за работни односи, со кој недела се прогласува за неработен ден. Завршивме на Уставен суд. Во образложението на решението со кое се отфрла нашата иницијатива, а кое, впрочем, го добивме година дена по поднесувањето на иницијативата, Уставниот суд елаборираше дека една од причините е тоа дека здравјето на ...

Деновиве е реализирана првата пратка во 2023 година, од 7 возила за одржување на хигиена од БРАКО, кои се испорачани во соседна Грција, во Унгарија и во Обединетото Кралство. Стручните инженери и техничари од БРАКО, по завршување на колективниот одмор, активно пристапија кон реализација на порачките од странство и комплетираа 5 електрични компактни камиончиња GM 500ze, едно возило GM 636 со најново инсталираниот систем за издувни гасови и ...

Седум македонски агро бизниси, производители и трговци со свежо овошје, ќе се претстават на најголемиот саем за свежо овошје и зеленчук во светот – FRUIT LOGISTICA, кој ќе се одржи во Берлин од 8-ми до 10-ти февруари. Хортена, Туран, Виториа Фруит, Фреш Лајн, Невада, Румко и Флора Фреш се компаниите кои ќе изложуваат на националниот штанд кој го резервираше Министерството за земјоделство и шумарство. Increasing Market Employability – IME го ...

Стабилизирање на цените на примарните производи, натамошното намалување на застојот во снабдувањето, но и на затегнатите меѓународни финансиски услови коишто ќе ја намалуваат побарувачката би требало да придонесат за стабилизирање на стапките на инфлација годинава. Во интервју за „Дојче веле“, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, вели дека намалувањето на притисокот од увозните цени, особено на енергентите и на храната, ...

Македонската енергетска асоцијација (МЕА) при Стопанската комора на Северна Македонија одржа седница на ден 24.1.2023. На седницата водена од проф. д-р Кочо Анѓушев, претседател на МЕА и заменик-претседател на Комората се разговарало за енергетската криза, а поконкретно за количините на резервите на природен гас во Европа, цената на електрична енергија на слободниот пазар и непредвидливоста на нејзиното движење во следниот период, како и ...

Стопанската комора на Северна Македонија во согласност со својата стратешка определба продолжува со промоција на активностите за поддршка на извозните капацитети и конкурентност на македонските компании, кои се остваруваат во рамки на проектот „Поддршка на приватниот сектор за регионална интеграција“, во партнерство со Американсата агенција за меѓународен развој – УСАИД, кој се реализира три години, до крајот на јуни 2025 година. За таа цел ...

Новиот извештај на Capgemini откри дека околу 61% од потрошувачите се загрижени за нивната финансиска состојба, при што милениумците (66%) и генерацијата X (64%) се најзагрижени, а најмалку бумeрите (55%). Второто издание на годишниот извештај за трендовите на потрошувачите на Capgemini Research Institute наречено “Што е важно за денешниот потрошувач”, го открива влијанието на зголемените трошоци за живот врз навиките и преференциите за ...

Со просечно годишно производство на јаболка од 550.000 тони и повеќе од 225.000 тони извезени јаболка, Молдавија е рангирана меѓу првите десет извозници на јаболка во светот во 2021 година. Минатата 2022 година, молдавските јаболка биле извезувани во 32 земји, за разлика од 2021 година кога имало 18 извозни пазари. Молдавија е мала и една од најсиромашните држави во Источна Европа која се простира на површина од 33.851 км2 и има 2,6 милиони ...

Вчера започна со работа новиот објект на „Течна фарбара“ во БРАКО, како една од седумте инфраструктурни единици од комплексот „Фарбара“ на БРАКО, за чија целосна реконструкција инвестирани се околу 150 илјади евра. Со пуштање во функција на новата течна фарбара се заокружува процесот на инвестиции од над 250 илјади евра во погони на Одделот за финална обработка на метал кои вклучуваат механичка подготовка и површинско чистење, пескарење, ...

Земјите-членки на ЕУ ќе треба да наметнуваат казни за компаниите кои даваат непроверени еколошки тврдења за нивните производи, објави порталот Еурактив. Предлог-законот треба да биде претставен на Европската комисија во наредните недели, а целта на предлог-законот е да им помогне на потрошувачите да бидат подобро информирани за производите што ги купуваат. Како што објави Еурактив, во нацртот се наведува дека речиси половина, односно 40% од ...

Известување

25 минути - МРТ
weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
2.06
47%
1025
weather icon

Белград

-2ᴼ / -5ᴼ
3.6
61%
1024
weather icon

Загреб

-3ᴼ / -5ᴼ
0.51
78%
1023
weather icon

Софија

-2ᴼ / -5ᴼ
8.23
62%
1025
weather icon

Сараево

-1ᴼ / -1ᴼ
8.63
70%
1022
weather icon

Љубљана

-9ᴼ / -9ᴼ
0.51
85%
1025
weather icon

Атина

7ᴼ / 5ᴼ
6.71
60%
1017
weather icon

Тирана

3ᴼ / 3ᴼ
6.69
38%
1024
weather icon

Подгорица

2ᴼ / 2ᴼ
5.66
28%
1025
weather icon

Букурешт

-3ᴼ / -4ᴼ
4.63
73%
1019
weather icon

Будимпешта

-2ᴼ / -5ᴼ
4.12
58%
1021
weather icon

Истанбул

2ᴼ / 2ᴼ
9.26
87%
1017
Currency

61.5417

Currency

52.8868

Currency

70.8856

Currency

35.3793

Currency

38.0127

Currency

66.0784

Currency

7.5808

Currency

0.66901

Currency

0.33445

Currency

0.52469

Currency

1.224

Currency

0.5855

Бакар

12.08

Паладиум

59575.33

Платина

75300.49

Рутениум

44946.74

Родиум

313469.78

Иридиум

169549.30

Злато

147759.41

Цинк

3.10

Сребро

2703.41

Алуминиум

3.14

Кобалт

59.52

Калај

44.71