Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика. Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на денешната седница одлучи каматната стапка на благајничките записи да се зголеми за дополнителни 0,25 п.п. до нивото од 5,75%. На седницата на Комитетот беше донесена одлука и за зголемување и на каматните стапки на расположливите депозити, исто така за по 0,25 п.п., со што каматните стапки на депозитите преку ...

Кинескиот производител на батерии EVE Power планира да изгради фабрика за производство на батерии во Дебрецен, град лоциран во источна Унгарија. Инвестицијата вредна 1 милијарда евра ја најави унгарскиот министер за надворешни работи Питер Сијарто, кој истакна дека ова ќе биде првата европска фабрика на компанијата. Според Сијарто, фабриката ќе има цел да ја задоволи побарувачката за литиумски батерии од електричните автомобили на BMW кои ќе ...

Доста е од констатации, ќе одиме со конкретни предлози со кои треба да се постигне национален консензус за извозот, порача денеска претседателот Националниот совет за извоз и на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески. Тој денеска ја посети компанијата „Џонсон Мети“ во ТИРЗ-Скопје 1, што беше прва активност на Националниот совет, новоформираното тело во чии редови се претставници на владини институции и приватниот сектор. -Само ...

Според аналитичарите на EastFruit, и покрај водечката позиција во светот во извозот на одредени овошја и бобинки, како што се свежи јаболка или замрзнати малини, Полска останува голем нето увозник на овошје и зеленчук и може да биде многу атрактивен пазар. Во текот на изминатите пет години, Полска значително го зголеми увозот на овошје и зеленчук. Во 2022 година, увозот на производи во Полска, вклучително и сегментот на јаткасти плодови и ...

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, одржа работен состанок со Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ. На состанокот се зборуваше за прашањето за недостиг на работна сила на пазарот на труд во С.Македонија, ситуација што не го заобиколува ниту сегментот на ИКТ-индустријата, поради што од страна на претставниците на МАСИТ беше нагласена потребата од либерализација на ...

Близу две децении Живко Мукаетов е на чело на скопски „Алкалоид“. Бројни беа предизвицитe за време на близу 90-годишното постоење на компанијата, вели Мукаетов, но едно е константа – инвестициите. „Алкалоид“ денес има повеќе од 2000 вработени, од кои 600 надвор од границите на Северна Македонија. Со инвестиции поголеми од 104 милиони евра во последните пет години, Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан ја прогласи оваа компанија за ...

Уште 17 компании и државни институции во текот на април го одбраа Renewable Energy Supply – РЕС за свој снабдувач со електрична енергија. РЕС во текот на минатиот месец даде најповолни понуди за снабдување на УЈП, Државниот завод за статистика, Заводот за ревизија, Агенцијата за катастар, Општина Велес, како и на реномираните стопански субјекти ОКТА, Скопски Пазар, челичарница Железник и други компании. Со ова, балансната група на РЕС ...

Металуршкиот комбинат „Еуроникел индустри“ соопшти денеска дека се подготвува да отпочне со редовно производство. „Менаџментот и инвеститорите, посветено работат на отпочнување со редовно производство и рестартирање на сите процеси до целосна активност на комбинатот. Се прават подготовки за постепеното активирање на сите процеси, што вклучува набавка на суровини, замена на потрошни материјали, достигнување на печките до оперативна состојба, ...

Германското индустриско производство падна повеќе од очекуваното во март, делумно поради слабите перформанси на автомобилскиот сектор, што повторно ги поттикна стравувањата од рецесија во најголемата европска економија. Производството се намали за 3,4% во однос на претходниот месец по благо ревидираниот пораст од 2,1% во февруари, објави денеска федералниот завод за статистика Destatis. Во анкетата на Ројтерс, аналитичарите укажуваа на пад ...

Во првите три месеци годинава македонските компании извезле производи во вредност од 2,1 милијарди евра, што е за 9,6% повеќе во споредба со истиот период лани. Количински во првите три месеци годинава биле извезени 780 илјади тони производи, што е за 1,9% помалку во споредба со истиот период лани. Увозот, пак, во истиот период изнесувал 2,7 милијарди евра, што е намалување од 2,7% во однос на истиот период лани, главно заради намалените ...

Славејќи го својот 20 годишен јубилеј, ПроКредит Банка низ својата нова кампања „Пример за одговорност“ нѝ отвора еден нов свет во кој одговорноста се покажува низ дела! Што е она што ја прави ПроКредит банка различна од другите? Фактот што ПроКредит го гледа светот низ призмата на вистинските вредности и принципи, промовирајќи позитивна и одговорна култура на работење, но и живеење. Токму преку кампањата “Пример за одговорност“, банката низ ...

Компаниите во технолошко – индустриските развојни зони минатата 2022 година уплатиле во Буџетот на државата 2,74 милијарди денари или 44,5 милиони евра, што е за 35% повеќе средства споредено со 2021, покажува годишната анализа на ТИРЗ. Податоците во анализата направена врз база на завршните сметки од компаниите покажува и раст на профитот на компаниите, како и зголемен тренд на раст на платите споредено со државниот просек. „Имаме сериозен ...

Компанијата „Даути-ТранспортШпед“-Скопје ја купи компанијата со меѓународни транспортни дејности „The Jag Corporation“ ДОО, со седиште во Вараждин, Хрватска. Целта на купувањето на компанијата е да биде доминантна на пазарот на Европската Унија, и за таа цел Одборот на Акционери одлучи да ја купи компанијата „The Jag Corporation“ ДОО, со седиште во Вараждин, Хрватска. „Даути-ТранспортШпед“ во сопственост на македонската компнија Даути ...

Индексот на светските цени на Агенцијата за храна на Обединетите нации порасна во април за прв пат по една година, но сепак е за околу 20% повисок од рекордот во март 2022 година по руската инвазија на Украина. Индексот на цените на Организацијата за храна и земјоделство (ФАО), кој ги следи најглобалните прехранбени производи, во просек изнесуваше 127,2 поени минатиот месец наспроти 126,5 за март, објави Aгенцијата во петокот. Агенцијата со ...

Општина Велес набави две електрични возила произведени од БРАКО за одржување хигиена на градските улици. Стручните лица од нашата фабрика ги предадоа возилата и извршија обука на лицата кои ги презедоа и ќе работат со нив. “Горди сме нашата компанија имаше најдобра понуда и по квалитет и по цена и што брендот на БРАКО, Грин Машинс, ќе придонесува за почист Велес. Возилата кои ги произведуваме се со највисок квалитет, најповолна цена, и со ...

Европската централна банка денеска ја зголеми референтната каматна стапка за 25 базични поени, на 3,75 %. Каматната стапка на депозитите е зголемена на 3,25 %, се вели во соопштението на ЕЦБ. Оваа одлука, која е во согласност со претходните очекувања на пазарот, стапува на сила на 10 мај. Во соопштението се навестува дека идните одлуки на ЕЦБ ќе се водат од целта да се потисне инфлацијата во еврозоната до два отсто. Во трите претходни ...

Експертите на Coface предвидуваат дека бројот на несолвентни фирми ќе продолжи да се зголемува во 2023 година. Регионот на Централна и Источна Европа (ЦИЕ) претрпе значителни економски промени во текот на изминатите три години. Големата хетерогеност, различните мерки за поддршка и законските измени значително влијаеја на трендовите на несолвентност. Пандемијата Ковид-19 и последователниот економски пад, како и економското влијание на војната ...

Сојузот на германските индустриски и стопански комори (ДИХК) ја намали прогнозата за раст на германскиот извоз за 2023 година од 2,5% на 1% и покрај подоброто функционирање на синџирите на снабдување по пандемијата Ковид-19. ДИХК ги објави резултатите од анализата на глобалните деловни перспективи на 5.100 германски компании. Анализата покажа дека 28% од германските компании кои продаваат стоки во странство очекуваат зголемување на ...

Светскиот економски форум (СЕФ) објави дека 14 милиони работни места во светот ќе исчезнат во следните пет години. Врз основа на истражување во кое учествуваа повеќе од 800 компании, СЕФ очекува дека работодавците ќе отворат 69 милиони работни места до 2027 година, додека 83 милиони работни места ќе бидат елиминирани, пренесува CNN. Затоа, ќе исчезнат 14 милиони работни места, што претставува 2% од сите вработени, се вели во соопштението на ...

Со значително зголемување на цените на храната во текот на 2022 година, шеќерот е еден од прехранбените производи со највисоко покачување на цените. Месечните податоци укажуваат на континуиран пораст на годишните стапки на промена почнувајќи од август 2021 година, достигнувајќи 61% во февруари и март 2023 година, што значи дека цените на шеќерот во ЕУ во тие два месеци биле, во просек, 61% повисоки отколку во истите месеци на во 2022 година. ...

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја зголеми својата прогноза за регионот Азија-Пацифик, велејќи дека растот на регионот првенствено ќе биде поттикнат од закрепнувањето на Кина и „отпорниот“ раст во Индија. Ова доаѓа додека остатокот од светот се подготвува за побавен раст од заострената монетарна политика и руската инвазија на Украина. Организацијата предвидува дека бруто домашниот производ на Азија и Пацификот ќе се зголеми за 4,6% оваа ...

Германската федерална асоцијација за патен транспорт, логистика и отстранување (BGL) сподели детали за новите тарифи за патарина на на германските автопати во 2023 година. Операторите на некои постари возила ќе треба да платат дури 40% повеќе следната година. На крајот на ноември, по долга и жестока дебата, германската влада одобри зголемување на патарините за патишта за тешки телесни возила од почетокот на 2023 година. Објавени се и детални ...

БРАКО СОЗДАВА УСПЕШНИ ПРИКАЗНИ: Струга, Москва, Минхен, Велес: Никола Маркоски, директор за развој во БРАКО Никола Маркоски, директор за развој во БРАКО, е физичар, кој своето образование на полето на апликативната физика го стекнува на универзитети во Москва и Минхен, како и со работење како истражувач на реномираниот минхенски институт „Max Planck“. За серијалот “Успешни приказни“ на фондацијата „Заев – Едно општество за сите“, раскажува ...

Успешната и развојна деловна активност на „ДИМ Комерц” е пример за тоа како владините економски политики даваат реални и конкретни резултати во делот на поттикнувањето и унапредувањето на рамномерниот регионален развој, изјави заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, при посетата на компанијата „ДИМ Комерц” од Валандово која ...

Кондиторската компанија Европа објави дека во првиот квартал од 2023 година се соочила со многу предизвици заради поскапувањето на енергенсите и суровините кои ги зголемиле трошоците и значително ја намалиле профитабилноста. Извештајот објавен на Македонската берза покажува дека Европа првите три месеци годинава ги завршила со приходи од продажба од 3,4 милиони евра, кои се за 4% поголеми од истиот период лани. Но, количински, продажбата на ...

Клубот на извозници со избор на двајца потпреседатели од редовите на реномирани домашаните извозни компании ги зајакнува своите капацитети. Во функција на зајакнување на кадровските капацитети и унапредување на активностите за поддршка и промоција на македонскиот извоз на странските пазари, Клубот на извозници при Стопанската комора на Северна Македонија на седницата одржана на 28.04.2023 година избра двајца потпретседатели – Анатол Кутревски ...

„На манифестацијата беа доделени награди во вкупно 7 категории, а ’Алкалоид’ ја доби наградата како апсолутен победник, односно се закити со титулата ’Најпосакуван работодавец за 2022 – најпосакувана македонска компанија’“ Компанијата „Алкалоид“ е најатрактивен работодавец, односно најпосакувана македонска компанија за работа за 2022 година, според анкетата спроведена од веб-порталот на Агенцијата за посредување при вработување ...

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ се намалува за 2,00 денари, на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 за 1,00, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 за 1,50 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе биде 69,00 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава за 80,00, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 82,00 денари за литар. Цената на Екстра лесното масло за домажинство не се менува и останува 68,00 ...

Најголемата македонска прехранбена компанија, Витаминка од Прилеп, објави дека во првиот квартал годинава остварила поголеми приходи од продажба на странски пазари, пад на домашниот пазар и големо намалување на профитабилноста заради високите трошоци во работењето. Објавените финансиски неконсолидирани извештаи на компанијата објавени на Македонската берза покажуваат дека Витаминка во првите три месеци годинава остварила вкупни приходи од ...

Светската банка соопшти дека цените на суровините оваа година се очекува да забележат најостар пад од пандемијата на коронавирус. Цените на храната се очекува да паднат за 8%, цените на енергијата се предвидува да паднат за 26% оваа година. Падот на цените, сепак, се очекува да донесе мало олеснување за речиси 350 милиони луѓе ширум светот кои се соочуваат со несигурност во храната, се вели во соопштението. Иако цените на храната се очекува ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
59%
1026
weather icon

Белград

-6ᴼ / -8ᴼ
4.12
63%
1024
weather icon

Загреб

-5ᴼ / -10ᴼ
0.0
82%
1024
weather icon

Софија

-5ᴼ / -5ᴼ
8.75
68%
1026
weather icon

Сараево

-3ᴼ / -3ᴼ
8.02
72%
1022
weather icon

Љубљана

-7ᴼ / -8ᴼ
0.63
89%
1025
weather icon

Атина

7ᴼ / 5ᴼ
4.92
60%
1015
weather icon

Тирана

0ᴼ / 0ᴼ
4.12
47%
1023
weather icon

Подгорица

1ᴼ / 1ᴼ
7.72
32%
1024
weather icon

Букурешт

-6ᴼ / -7ᴼ
3.09
91%
1018
weather icon

Будимпешта

-5ᴼ / -6ᴼ
8.23
67%
1021
weather icon

Истанбул

2ᴼ / 2ᴼ
7.72
93%
1017
Currency

61.5417

Currency

52.8868

Currency

70.8856

Currency

35.3793

Currency

38.0127

Currency

66.0784

Currency

7.5808

Currency

0.66901

Currency

0.33445

Currency

0.52469

Currency

1.224

Currency

0.5855

Злато

144981.23

Паладиум

57935.65

Калај

44.73

Родиум

310254.70

Кобалт

59.52

Рутениум

44946.74

Иридиум

169549.30

Сребро

2569.43

Бакар

11.84

Алуминиум

3.14

Платина

72292.89

Цинк

3.10