Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Необично откритие во амазонската прашума повторно го привлече вниманието на научната јавност кон едно од најбогатите природни подрачја на планетата. За време на снимањето на документарната серија „Од пол до пол“ со холивудската ѕвезда Вил Смит, истражувачите пронашле огромна зелена анаконда долга околу 7,5 метри. Истражувањето го предводел научникот Брајан Фрај од Универзитетот во Квинсленд, во соработка со припадници на домородниот народ ...
На 60-годишна возраст, утрово почина Арсим Зеколи, политички аналитичар и поранешен амбасадор на земјава при меѓународните организации во Виена и на ОБСЕ во Туркменистан. Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговиот брат, Шефкет Зеколи. „Со длабока болка и голема тага, ве известуваме дека денеска, на 8 јуни 2026 година, во раните утрински часови, ненадејно почина нашиот брат, Арсим Сулејман Зеколи (1966-2026)“, стои во ...
До синоќа, Александар Зверев ја имаше етикетата на најдобар тенисер во историјата кој не освоил ниту еден Гренд слем. Имаше три порази во финалните мечеви, исто како и Каспер Руд, но за разлика од Норвежанецот, има и олимписки златен медал и две титули од завршниот Мастерс и повеќе трофеи од Мастерс 1.000. Свесен дека му ја „лепат“ таа етикета, Зверев се пошегува триумфот на Ролан Гарос. „Сега можете да ме наречете најлошиот тенисер во ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, се огласи по најновата ескалација на Блискиот Исток и ги повика Израел и Иран веднаш да ја прекинат размената на оган. Во објава на неговата социјална мрежа Truth Social, Трамп рече дека двете земји мора веднаш да го прекинат огнот. „Иран и Израел мора веднаш да престанат со ‘пукање’“, пишува во кратката објава на Трамп. Неговата реакција дојде по новите напади меѓу Израел и Иран, кои повторно ги разгореа ...
Питер Филипс, син на принцезата Ана и внук на британскиот крал Чарлс, викендов стапи во брак со Хариет Сперлинг на интимна свадбена церемонија одржана во црквата „Ол Сејнтс“ во Глостершир. Свадбата се одржа помалку од една година по нивната свршувачка и собра бројни членови на британското кралско семејство. Двојката јавно ја потврди својата врска во 2024 година. Според британските медиуми, тие се запознале на спортски настан на кој ...
Митото од 2.000 евра кое Богац го земал од Џемо е само почетокот на аферата во Царина вредна 18 милиони денари. Според информациите добиени од свиркачи, Богац преку вибер со Џемо го договарал тендерот вреден 18 милиони денари, а 2.000 евра биле првата од повеќето исплати кои требало да ги добие токму Богац како награда од Џемо, истакна на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Петрушевски е дециден дека ЈО мора да ...
Кога ќе заврши Светското првенство за Франција, ќе заврши и улогата на Дидие Дешан како селектор. Во 1998 година, Дидие Дешан стана светски шампион како капитен на Франција, а потоа во 2018 година стана третиот човек во историјата кој го достигна врвот на светот и како играч и како тренер. Претходно тоа им успеа на Марио Загало (Бразил) и Франц Бејкенбауер (Германија). Кога Франција ќе го одигра последниот натпревар на овогодинешното Светско ...
Претседателот на грузискиот парламент, Шалва Папуашвили, изјави дека во Европа постојат политички кругови кои, како што изјави, работат против развојот на Грузија и директно ѝ штетат на таа земја. „За жал, имаме непријатели во Европа кои се против развојот на нашата земја. Тие директно сакаат да ѝ наштетат на нашата земја. Брисел мора да ја запре оваа непријателска политика, тоа е во нивна моќ“, изјави Папуашвили за новинарите, коментирајќи ...
Недостатокот на железо е еден од најчестите нутритивни проблеми во светот, а особено често се јавува кај жени во репродуктивен период и кај деца. Многу луѓе се соочуваат со исто искуство – вредностите на железото привремено се подобруваат, но по кратко време повторно паѓаат, што укажува дека причината не секогаш е само во исхраната. Проф. д-р Светлана Станишиќ, професор по исхрана и физичка хемија, објаснува дека анемијата не мора секогаш да ...
Под покровителство на општина Ѓорче Петров, а во организација на ЕФЗ „Седум Осмини“, на 10 јуни 2026 година, со почеток во 10:00 часот, во реонскиот парк во Ѓорче Петров, за првпат ќе се одржи „Полуматурска парада 2026“. Овој настан има за цел да ги обедини полуматурантите од шесте основни училишта на територијата на општината и на достоинствен, радосен и свечен начин да го одбележи нивниот значаен образовен чекор, велат од Општината. ...
Доколку референдумот за Брегзит беше организиран денес, мнозинството Британци не би гласале за излегување на Велика Британија од Европската Унија, според резултатите од анкетата објавена денес. На референдумот одржан во 2016 година, граѓаните на Велика Британија гласаа за Брегзит. Резултатите од анкетата спроведена од Ипсос на примерок од 1.137 возрасни Британци покажаа дека 52 проценти од Британците сметаат дека Велика Британија треба ...
Флорентино Перез убедливо го победи против кандидатот Енрике Рикелме на претседателските избори. Тој ќе го предводи Реал Мадрид до 2030 година. Перез, во првото обраќање на навивачите им ја вети 16-та титула европски првак и потврди дека Жозе Мурињо ќе го предводи тимот наредната сезона. Сега, Перез треба да исполни уште едно ветување. Да донесе голема ѕвезда во клубот. Пред изборите се шпекулираше дека клубот ќе потроши 150 милиони евра, за ...
Чешањето на дланките е појава со која речиси секој се соочил барем еднаш во животот. Додека во народните верувања ова чувство најчесто се поврзува со доаѓање или трошење пари, лекарите предупредуваат дека зад чешањето на рацете понекогаш може да се кријат и одредени здравствени состојби кои не треба да се игнорираат. На прв поглед станува збор за безопасна и секојдневна појава, но медицински познатото палмарно чешање или палмарен пруритус ...
Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, им додели пофалници и парични награди во износ од 20.000 денари на првенците на генерацијата од сите осум општински училишта. Вкупно се издвоени 160.000 денари за најуспешните ученици. Наградените ученици во текот на своето деветгодишно образование покажале континуиран одличен успех, освоиле бројни признанија на државни и меѓународни натпревари и активно учествувале во вонучилишни ...
Вооружените сили на Латвија денес издадоа предупредување за воздушна закана за нејзините региони што граничат со Русија и Белорусија, барајќи од жителите да останат во своите домови. Потврдено е дека најмалку еден дрон влегол во латвискиот воздушен простор од Русија, изјави портпарол на војската за „Ројтерс“. Авиони на НАТО соборија дрон во латвискиот воздушен простор, соопшти војската. Воените дронови што залутаа во воздушниот простор на ...
Селекторот на Бразил, Карло Анчелоти, направи промена во листата за Мундијалот, поради повредата на Весли, тој го повика играчот од средниот ред на Аталанта, Едерсон. На последниот тест пред почетокот на Светското првенство, Бразил го победи Египет со 2:1, но Карло Анчелоти, но тој натпревар му донесе само грижи на Анчелоти. Десниот бек на Бразил, Весли, беше заменет во 17-та минута од натпреварот поради повреда на глуждот. Повредата е таква ...
Општина Битола распиша јавен повик за обезбедување услуги за рехабилитација и поддршка на лица со попреченост преку здруженија на граѓани, со цел подобрување на квалитетот на животот и социјалната вклученост на оваа категорија граѓани и нивните семејства. Со повикот се бараат понуди од здруженија на граѓани за реализација на повеќе видови услуги, меѓу кои логопедски третмани, психо-социјална поддршка, рехабилитациони услуги, едукативни ...
Општина Центар ги поканува граѓаните во сабота, 13 јуни, со почеток во 19:30 часот, на „Плочник“ во Градски Ѕид (Клуб на новинари), на „Центарска симфонија“, музички спектакл под отворено небо во срцето на Скопје. „Ќе имате можност да уживате во македонски шлагери инспирирани од домашната кинематографија од седумдесеттите години до денес, како и во безвременски мелодии од светските филмски класици, претставени во моќно и современо симфониско ...
Најмалку 15 лица загинаа во силен земјотрес со магнитуда од 7,8 степени во јужните Филипини, а спасувачките операции се во тек откако се урнаа неколку згради. Епицентарот на земјотресот беше југозападно од Масим во покраината Сарангани на јужниот остров Минданао, објави Институтот за вулканологија и сеизмологија (Phivolcs). Земјотресот беше силно почувствуван и во градот Генерал Сантос, дом на околу 70.000 жители. Најмалку 15 лица загинаа, ...
Светското првенство во фудбал ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули во Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико. На планетарната смотра прв пат ќе учествуваат 48 репрезентации, поради што првата фаза ќе трае до 28 јуни. Погледнете го распоредот на натпреварите во групната фаза, со сатницата и местата на одигрување: 11 јуни: Мексико – Јужна Африка (21.00, Мексико Сити) 12 јуни: Јужна Кореја – Чешка (4.00, Гвадалахара) Канада – Босна и ...
„СДСМ започнува нова етапа на политичко дејствување, заснована на вредностите на социјалдемократијата, борбата за подобар животен стадард, борба против корупцијата и за европската иднина. Со усвојувањето на програмската платформа „Твоја држава, твоја шанса“, СДСМ ја претстави својата визија за модерна, напредна, праведна и европска Македонија – држава во која трудот се вреднува, институциите работат за граѓаните, а младите ја гледаат својата ...
Грчкиот остров Евија утрово беше погоден од земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од четири километри и на 78 километри од градот Перистери. Земјотресот се случил во 5:13 часот наутро по локално време и предизвикал вознемиреност кај жителите на областа, особено имајќи предвид дека Евија вчера беше погодена од серија ...
Робин ван Перси, поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед и Арсенал, е отпуштен од тренерската позиција во Феенорд. На клупата тој мина 18 месеци. Ван Перси се врати во својот матичен клуб во февруари 2025 година, и покрај тоа што обезбеди место во Лигата на шампионите, си замина по сезона без освоен трофеј. 42-годишниот стручњак го водеше клубот во 58 натпревари, забележувајќи 30 победи и 19 порази. Тој беше унапреден на позицијата главен ...
Бројот на жртви од силниот земјотрес со магнитуда од 7,8 степени што ги погоди јужните Филипини се искачи на 15, соопшти филипинската Канцеларија за цивилна одбрана. Според Родриго Сосмења, директор на локалната канцеларија за цивилна одбрана, 12 смртни случаи се пријавени во регионот Сокссарген, кој ги вклучува провинциите Јужен Котабато, Султан Кударат и Сарангани, како и градот Генерал Сантос. Major Philippines Earthquake an hour or so ...
Синоќа, во 22.00 часот, во селото Пиперево, ТППЕ Струмица со едно противпожарно возило и три пожарникари-спасители интервенираше на гаснење на импровизирана штала. Како што извести ТППЕ Струмица, пожарот е целосно изгаснат за кратко време откако на лице место пристигнале струмичките пожарникари. Текстот (Фото) Гореше импровизирана штала: интервенираа струмичките пожарникари е превземен од МАКФАКС. Би можело да ве интересира Синоќа, во ...
Флорентино Перез убедливо победи на претседателските избори и ќе остане на чело на Реал Мадрид до 2030 година. Гласовите се пребројуваа до доцна во ноќта, а како што објави кралскиот клуб, актуелниот претседател доби поддршка од 65 проценти од членовите (21.741), додека 35 проценти (11.814) гласаа за противникот Енрике Рикелме. Ова беа првите избори за претседател на Реал од 2006 година на кои членовите гласаа помеѓу двајца кандидати – тогаш ...
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави дека иако „големиот договор“ со Иран се чини неизбежен, Вашингтон останува подготвен да дејствува доколку дипломатијата не успее. „Подготвени сме да направиме сè што е потребно за да се осигураме дека Иран никогаш нема да добие нуклеарно оружје“, изјави Хегсет за новинарите додека го напушташе Париз. Американците тврдат дека договорот е неизбежен Тој рече дека американскиот претседател ...
Во руски напад врз југоисточниот дел од регионот Запорожје во Украина загинаа пет лица, а 14 се повредени. Гувернерот на регионот го објави ова денес на Телеграм. Иван Федоров рече дека Русија го нападнала регионот со воздушни удари, беспилотни летала и гранатирање. Инфраструктурата, станбените згради и автомобилите се оштетени. Текстот Русите го нападнаа регионот Запорожје: Петмина мртви, 14 повредени е превземен од МАКФАКС. Би можело да ...
Политичката партија Левица вчера ја одржа својата 30-та редовна сесија на Централниот комитет, на која се дискутираше за актуелната општествено-политичка состојба, „во услови кога ДПМНЕ има воведено комплетна десничарска, регресивна и деструктивна политика на централно и на локално ниво“. „Пред сè поизвесните предвремени парламентарни избори, Левица настапува како единствена опозициска парламентарна партија која има моќ и знаење да ги ...
Најмалку десет лица загинаа откако брод со мигранти се преврте во близина на Малта, потврди италијанската крајбрежна стража. Според властите, бродот испловил од либискиот брег и во времето на несреќата превезувал околу 60 лица, објавува Би-Би-Си. Опасна медитеранска рута Во соопштението на крајбрежната стража се вели дека Малта побарала помош во операцијата за пребарување и спасување „откако се превртел брод со пријавени мигранти на него и ...