Нова студија, објавена неодамна во списанието „Екологија и еволуција на природата“, покажува дека волкот е главниот природен фактор што ја ограничува експанзијата на чакалот низ Европа, но и дека неговото влијание го сузбива човекот со своите активности. Како резултат на тоа, чакалите би можеле да населат до 75 % од европскиот континент, површина речиси шест пати поголема од таа што моментално ја заземаат, се предвидува во студијата која ...

Франција и Германија се откажаа од заедничкиот проект за изградба на европски борбен авион откако вклучените компании не можеа да се договорат за понатамошниот пат, што претставува голем удар врз напорите на Европа за заедничка одбрана. Францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц „постигнаа заедничка проценка дека компаниите нема да можат да се договорат“, изјави официјален претставник во Берлин за агенцијата ...

Бразилецот Вилтон Сампајо е назначен од ФИФА да го суди првиот натпревар од Светското првенство, кој ќе се игра во четврток, во кој ќе се сретнат Мексико и Јужна Африка. Колумбиецот Николас Гало ќе биде ВАР судија. Вилтон има 44 години, тој е на листата на ФИФА од 2013 година. Тој беше ВАР судија на Светското првенство во 2018 година, а судеше и на Арапскиот куп во 2021 година и на Светското првенство во Катар во 2022 година. Интересно е што ...

Додека криминалната група ВМРО и Мицковски ја водат земјата во изолација, секојдневно ја задолжуваат и го блокираат патот кон Европа, ЗНАМ го напаѓа СДСМ, реагираат од опозицијата на соопштението од Движењето ЗНАМ. „Исто како што прават и нивните нарачани анкети – кога немаат што да покажат, ја напаѓаат единствена реална опозиција. Исто така и Орбан нарачуваше анкети. Еве и Вучиќ сега го прави тоа. Она што им е јасно на сите е дека по падот ...

Во многу земји, бројот на деца по жена се намалува, и додека истражувачите продолжуваат да се обидуваат да ги утврдат причините за овој пад, две неодамнешни американски студии укажуваат на истиот можен виновник: паметните телефони. Сопствениците на паметни телефони имаат помалку социјални интеракции и затоа помалку сексуални средби во реалниот живот, сугерираат истражувачите. Стапката на плодност се намали за 22 проценти во Соединетите Држави ...

Дури и ако САД и Иран избегнат нова ескалација, енергетската криза и прекините во синџирите на снабдување нема брзо да исчезнат. Нормализацијата на пловидбата низ Ормутскиот теснец може да трае со месеци или години, пишува „Дојче веле“. Многу политичари, компании и инвеститори веруваат дека повторното отворање на Ормутскиот теснец брзо ќе ги сруши цените на енергијата, штом танкерите за нафта и гас, кои моментално се заробени во Персискиот ...

Манчестер Сити и Челзи водат интензивни преговори во врска со ангажирањето на тренерот Енцо Мареска, кој е главен кандидат да го наследи Пеп Гвардиола на клупата на Сити, објавија англиските медиуми. Пеп Гвардиола на 22 мај, објави дека ќе го напушти Манчестер Сити. Мареска набрзо беше идентификуван како прв избор, а преговорите меѓу двата клуба во моментов се во напредна фаза. Главната тема на дискусија е износот на надоместокот што ...

Во рамките на 29. Семинар на Работната група на словенските малцинства во Европа, кој се одржува во организација на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) и Македонското друштво „Илинден“ – Тирана, претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај ја врачи почесната награда „Илинден“ на д-р Хартмут Лајпнер, претседател на Работната група на словенските малцинства (АГСМ) и потпретседател на ФУЕН. На свеченоста признанието му беше врачено ...

„Најголемите национални предавства и порази се случија токму додека СДС беше власт, промена на името, промена на знамето, уставни измени, и сите овие оставија последици врз националното достоинство. Од СДС повторно, дури и во опозиција, испраќаат пораки дека се подготвени на нови отстапки. Јавноста се изнаслуша изјави дека СДС се подготвени да ја редефинираат македонската историја, а Филипче гордо вели дека тој ќе ги спроведел уставните ...

Илјадници луѓе се собраа во неколку француски градови за да го осудат она што го нарекуваат неуспех на правдата во смртта на 11-годишната Лихана, која беше пронајдена мртва минатата недела, а мораше да биде сместена во дом, но таа одлука никогаш не беше спроведена. Белиот марш беше името на поворката што ги собра жителите, семејствата, роднините и граѓаните кои носеа бели цвеќиња, свеќи или транспаренти во тивко заедничко оддавање почит на ...

Фабио Гросо е новиот тренер на Фиорентина, објави денес клубот од Фиренца. Во соопштението за медиумите се наведува дека Гросо потпишал договор со Фиорентина до 30 јуни 2028 година. Тој го замени Паоло Ваноли, кој ја напушти Фиорентина пред три дена. Гросо (48) го тренираше Сасуоло во претходните две сезони, а пред тоа ги водеше Олимпик Лион, Фрозиноне, Сион, Бреша, Верона и Бари. Фудбалерите на Фиорентина ја завршија сезоната во Серија А ...

Вторник, 9 јуни 2026 година, носи исклучително динамична енергија која ги поттикнува сите хороскопски знаци на храброст, иницијатива и побрзо носење одлуки. Месечината во Овен ја засилува потребата за акција, независност и јасен став, па денот најмногу ќе им одговара на оние кои се подготвени да преземат одговорност и да не чекаат идеални услови. Ова е ден во кој двоумењето може да значи пропуштена шанса, додека одлучноста, јасната ...

„Стефан Богоев- Богац, поранешен директор на Царинска управа од СДС, наместил тендер за одржување на хигиена на граничните премини и терминали во вредност од 18 милиони евра. Од свиркачи дознаваме дека Богац ќе добиел 10% од тендерот кој самиот го наместил“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Инаку, тендерот бил во вредност од 18 милиони денари, па ако на Богац му биле ветени 10%, тоа значи дека тој ќе инаксирал 1,8 милиони денари. Според ова, се ...

САД додадоа неколку големи кинески компании, вклучувајќи ги технолошкиот гигант Alibaba и производителот на електрични автомобили BYD, на списокот на компании за кои велат дека се поврзани со кинеската војска. Списокот, составен од Министерството за одбрана, има за цел да ги предупреди американските организации за ризиците од водење бизнис со компаниите, но не води автоматски кон санкции, објавува Би-Би-Си. Список што ги затегнува односите ...

Кошаркарите на Сан Антонио Спарс ги победија Њујорк Никс со 115:111 во третиот натпревар од финалето на НБА. Со овој пораз заврши серијата од 13 последовни победи на Никс во плејофот. Во драматичен натпревар, Сан Антонио Спарс ги победија Њујорк Никс и го намалија дефицитот на 2-1 во серијата. Никс беа многу лути на судиите кои им дозволија на Виктор Вембањама и неговите соиграчи груба игра, додека во второто полувреме доделија 22 слободни ...

Македонија денес ќе биде под влијание на топла воздушна маса која ќе донесе сончево и многу топло време во претпладневните часови, со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринските температури се движат од 8 до 17 степени, додека максималните дневни температури ќе достигнат од 27 до 34 степени, што ќе го направи денот еден од потоплите во овој период од годината. Сепак, од пладневните и ...

Оваа година, Русија планира да одобри две вакцини против глиобластом, еден од најагресивните тумори на мозокот. Веста ја потврди Вероника Скворцова, директорка на Федералната медицинска и биолошка агенција (FMBA), во интервју за државната новинска агенција РИА Новости. Скворцова објави дека се надева дека наскоро ќе дојде одобрение за првата онколошка вакцина. „Се надевам дека во 2026 година ќе добиеме одобрение за употреба на онколошка ...

Американски воен јуришен хеликоптер се урна вчера во Ормускиот теснец, а неговите двајца членови на екипажот беа безбедно спасени, објави „Њујорк тајмс“. Весникот, повикувајќи се на две лица запознаени со инцидентот, наведува дека сè уште не е јасно дали хеликоптерот „Апачи“ бил соборен, дали претрпел технички дефект или се урнал од некоја друга причина. Белата куќа и Централната команда на САД (CENTCOM) сè уште не го коментирале ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера разговараше по телефон со американските претставници Стив Виткоф и Џаред Кушнер во обид да ги оживеат разговорите за ставање крај на војната во Украина. „Благодарен сум им за нивната подготвеност да се посветат што е можно повеќе во наредните недели на оживување на дипломатијата насочена кон ставање крај на војната на Русија против Украина“, објави Зеленски на социјалните мрежи по повикот. ...

Доналд Трамп беше исвиркан на кошаркарски натпревар во Њујорк. Негодувањето дојде откако незадоволните навивачи чекаа со часови во редици што се протегаа повеќе од два градски блока пред Медисон Сквер Гарден поради екстремно строгите безбедносни мерки преземени за пристигнувањето на претседателот, објави Би-Би-Си. HOLY SHIT: The boos just happened AGAIN and Trump stops clapping as they get even LOUDER by the end of the clip. This is ...

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност ...

Шведскиот стриминг гигант Spotify официјално лансираше нова опција за аудио-статии (narrated articles), продолжувајќи ја диверзификацијата на својата содржина. Корисниците на платформата можат да слушаат аудио верзии на ексклузивни текстови од некои од најпрестижните списанија во светот, вклучувајќи ги Vogue, The Atlantic и Variety, објави Ројтерс. Во првата фаза, Spotify ќе им понуди на корисниците, кои веќе имаат пристап до аудиокниги, база ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека рускиот милијардер Роман Абрамович имал улога на посредник во контактите меѓу Киев и Москва поврзани со можни мировни преговори. Во интервју за Скај њуз, Зеленски изјави дека Абрамович се сретнал со него во Киев и понудил директно да му пренесе порака на рускиот претседател Владимир Путин. „Му реков дека нема да си заминеме и нема да се повлечеме од нашата територија. Нема да ви ...

Просечната брзина на дронот во двата правци го надмина моменталниот официјален рекорд, но Гинис сè уште не го потврдил обидот. Рекордот за брзина на дронови е повторно соборен – иако неофицијално. Бен Бигс и Ајдан Кели ја вратија круната од тимот татко и син, туркајќи го својот дрон до неверојатни 730 км/ч, надминувајќи го претходниот официјален рекорд за околу 72 км/ч. Дронот, наречен Blackbird, изграден од дуото Drone Pro Hub, достигна 730 ...

Третиот ден од 29-от Семинар на Работната група на словенските малцинства во Европа беше посветен на запознавање со културното, верското и историското наследство на Тирана. Учесниците најпрво го посетија Националниот музеј на државната безбедност и прислушувањето „Куќа со лисја“, каде што се запознаа со еден значаен дел од поновата историја на Албанија. Во продолжение ја посетија Катедралната православна црква „Воскресение Христово“ во Тирана ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека го предупредил израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да не дозволи конфликтот со Иран да прерасне во целосна војна. „Му реков на Биби да внимава што прави бидејќи многу брзо може да остане сам против Иран“, изјавил Трамп за израелскиот Канал 12. Трамп тврди дека Нетанјаху го известил Вашингтон во последен момент за одлуката да изврши напад врз Иран и дека успеал да ги намали размерите на ...

Јуриен Тимбер ќе го пропушти Светското првенство. Дефанзивецот на холандската репрезентација и на Арсенал не успеа соодветно да се опорави од повредата на препоните, па тренерот Роналд Куман одлучи наместо него да го повика Лутшарел Гертруида, дефанзивецот на Сандерленд. Повредата на Тимбер е тежок удар за Холандија, со оглед на тоа што тој е нивниот втор највреден играч. „Трансфермаркт“, ја проценува вредноста на Тимбер на 70 милиони евра, ...

Големите количини на дожд кои попладнево паднаа во Битола предизвикаа проблеми во нормалното функционирање во делови од градот. Веднаш на терен излегоа екипи на ЈП „Нискоградба“ Битола при што интеренираа и интервенираат на следните места: населба „Стрелиште“ на улицата „8 септемрври“ кај бензинската станица на „Лук оил“, населба Карпош-Кланица на потегот кој излегува на улицата „Железничка“, на улицата „Железничка“ на потегот кај ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, го прекина интервјуто со Кристен Велкер и „NBC News“, обвинувајќи ја новинарката дека е „или корумпирана или глупава“. Интервјуто беше емитувано во емисијата „Meet the Press“, а американскиот претседател се налути од коментарот на новинарката дека претседателот нема докази за обвинувањата дека прелиминарните избори за гувернер на Калифорнија биле наместени, исто како што нема докази дека претседателските ...

Поранешниот напаѓач на Ливерпул, Дивок Ориги, официјално стави крај на својата кариера. Ориги припаѓа на оние важни, но не премногу експонирани играчи, кои имаа големо влијание врз тој клуб. Белгискиот фудбалер со Ливерпул ги освои речиси сите титули: во Премиер лигата, Лигата на шампионите и ФА Купот… Одигра 175 натпревари за „Црвените“, постигнувајќи 41 гол. Играше и за тимови како Лил, Волфсбург, Милан и Нотингем Форест, додека за ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.45
58%
1018
weather icon

Белград

21ᴼ / 21ᴼ
2.19
71%
1018
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
1.06
66%
1016
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
2.35
66%
1018
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
3.74
62%
1016
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 19ᴼ
1.82
89%
1017
weather icon

Атина

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
56%
1016
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
2.37
75%
1017
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
0.45
66%
1018
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
2.68
57%
1015
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 21ᴼ
2.24
56%
1015
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 16ᴼ
4.41
93%
1016
Currency

61.6317

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Иридиум

253540.09

Бакар

13.01

Калај

53.60

Алуминиум

3.54

Злато

135639.33

Рутениум

48965.59

Кобалт

45.39

Родиум

257205.97

Паладиум

40767.15

Сребро

2186.28

Цинк

0.00

Платина

55170.68