Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Халкбанк ја доби наградата за одржлив развој во категоријата „Животна средина“, за проекти и иницијативи во областа на климатската акција и зачувувањето на природата, која ја доделуваат Министерството за економија и Клубот на одговорни бизниси – Конект. Признанието е доделено за иницијативата „Милион садници“, еден од најзначајните проекти во рамките на платформата ХалкЕко, преку која банката веќе години наназад активно придонесува кон ...
Министерството за здравство информира дека со поддршка од Светската здравствена организација, Канцеларијата на СЗО во Северна Македонија и Канцеларијата на СЗО за квалитет на здравствена заштита и безбедност на пациентите во Атина, започна значајна национална иницијатива за зајакнување на квалитетот на здравствената заштита и безбедноста на пациентите во земјата. Иницијативата, како што е соопштено, ја одразува заложбата на Владата за ...
Ден по убедлива победа на изборите за претседател на Реал Мадрид, Флорентино Перез јасно стави до знаење кои ќе бидат неговите први потези. Иако фокусот е на новиот тренер Жозе Мурињо и засилувањата како Конате и Дамфрис, главната цел на Перез е насочена кон најголемиот ривал, Барселона и „случајот Негреира“. Претседателот на Реал Мадрид објави дека ќе достави обемно досие од 500 страници до УЕФА, опишувајќи го случајот како „најголемиот ...
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во рамки на редовната консултација по член IV за 2026 година оцени дека економијата на земјата покажува отпорност и стабилност и покрај предизвиците од глобалното економско окружување, при што економскиот раст е забрзан, јавниот долг е стабилизиран, а финансискиот сектор останува силен и ликвиден, Во Извештајот на ММФ, објавен денеска се наведува дека економскиот раст во 2025 година достигна 3,5%, поттикнат ...
Две лица загинаа во недела кога приватен авион се урна на пистата на меѓународниот аеродром Ла Романа во источна Доминиканска Република, соопшти националната служба за цивилно воздухопловство. Пилотот и копилотот загинаа во несреќата, а во авионот немаше патници, објави CNBCTV18. Снимките објавени на социјалните мрежи покажаа густ облак од чад што се издига над аеродромот додека пожарникарите се бореа со пожарот што избувна по несреќата. Се ...
Кога ВМРО-ДПМНЕ беше во опозиција, проектот со „Бехтел и Енка“ беше претставуван како симбол на криминал, нетранспарентност и штетно трошење на народните пари. Граѓаните слушаа ветувања дека договорот ќе биде репреговаран, дека ќе се утврди одговорност и дека ќе се стави крај на практиките кои ја чинат државата милијарди евра, велат од Левица. Денес, реагираат од оваа партија, наместо репреговарање, гледаме нешто сосема спротивно. „Истата ...
Извршниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја заврши редовната консултација со Република Северна Македонија согласно член IV од Статутот на ММФ, при што даде позитивна оцена за спроведувањето на монетарната политика и за состојбите во финансискиот систем, соопштија од НБРМ. Во својата оцена, директорите на ММФ истакнуваат дека домашната економија се соочува со неповолни влијанија од светскиот енергетски шок, што претставува ризик ...
Техеран го обвини Вашингтон дека е директно одговорен за континуираниот конфликт на Блискиот Исток откако претходно Иран и Израел разменија оган за прв пат од прекинот на огнот на 8 април, а проиранските Хути повторно го нападнаа Израел за неколку недели. „Никој не верува дека ционистичкиот режим (Израел) би презел какви било чекори без претходна координација и соработка со Соединетите Американски Држави“, изјави портпаролот на иранското ...
Ослободителна пресуда за З.Ј. со чие возило беше предизвикана кобната сообраќајна несреќа на Булеварот Партизански одреди, а за која веќе е осуден неговиот син, соопшти Основниот кривичен суд Скопје. „Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предметот со К.бр. 655/25 против З.Ј. за кривичното дело Загрозување на безбедноста на сообраќајот по чл. 298 ст.2 вв ст.1 од КЗ, по внимателна анализа на обвинението, изведените докази и ...
Роберто Манчини е блиску до враќање на клупата на италијанската репрезентација, пишуваат италијанските инсајдери Џанлука Ди Марцио и Николо Скира. Според Скира, Италијанската фудбалска федерација подготвила договор за Манчини до 2030 година, вреден два милиони евра по сезона. Скира наведува дека Манчини е „на чекор“ од враќање на клупата на четирикратниот светски шампион. Според тие информации, планот е Манчини да ја предводи Италија до ...
Општина Битола организира јавна расправа со јавна презентација по Нацрт план за Измени и дополнувања на дел од ГУП Четврт И 02, Блок И.02.04 и Блок И.02.05 и Детален урбанистички план за Четврт Исток 2, Блок И.02.05 и Блок И.02.04 – (обединета постапка), КО Битола 5, Општина Битола. Вкупната површина на планскиот опфат, што се применува при изработка на Нацрт план за Измени и дополнувања на дел од ГУП Четврт И 02, Блок И.02.04 и Блок И.02.05 ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски почна да го користи молдавскиот воздушен простор за летови кон Европа, објави украинскиот портал „Strana.ua“ на својот Телеграм канал. Според тој медиум, Зеленски претходно го користел полскиот аеродром Жешов-Јасионка за меѓународни патувања, кој од почетокот на конфликтот во Украина игра важна логистичка улога за Киев и неговите западни сојузници. Сепак, на 7 јуни, како што е наведено, тој ...
Под мотото „Спремни за средно!“, оваа среда деветтоодделенците од Општина Кисела Вода ќе имаат своја голема и бесплатна полуматурска забава. Настанот е во организација на Општина Кисела Вода, овозможувајќи им на сите 560 ученици кои го завршуваат основното образование заеднички да го прослават крајот на деветте изминати училишни години. Забавата ќе се одржи на 10 јуни со почеток во 20 часот во спортската сала „Независна Македонија“ при ...
Жозе Мурињо, повторно ќе б иде тренер на Реал. Ова синоќа го потврди Флорентино Перез, по победата на претседателските избори. Португалецот започна да го комплетира тренерскиот штаб за својот втор мандат во Реал Мадрид. Португалскиот тренер е познат по тоа што сака да има поранешен играч на клубот до себе, а според информациите на Рамон Алварез де Мон, избраниот кандидат за таа улога би можел да биде Пепе, пишува „Марка“. Пепе помина десет ...
Жителите на населбата „Стрелиште“ во Битола по повеќе од две децении ќе добијат нови и современи спортски терени, откако Општина Битола започнува реализација на значаен инфраструктурен проект за реконструкција и модернизација на постојните игралишта. Во рамките на проектот ќе е изградено ракометно игралиште со димензии 40 на 20 метри, како и кошаркарско игралиште со димензии 30 на 15 метри. Предвидена е и мини атлетска патека во рамките на ...
Во едно од своите најобемни политички обраќања, папата Лав го предупреди шпанскиот парламент дека ескалацијата на конфликтите, продлабочувањето на поларизацијата и широко распространетото непочитување на човековите права го турнаа светот во длабока криза. Лав силно го повтори своето противење на зголемените воени трошоци на Европа, повикувајќи ги политичарите наместо тоа, да ги прекинат војните што го уништуваат светот и да им помогнат на ...
Владата ќе направи сé што може да им помогне на бизнисите чие производство е наменето за извоз, изјави премиерот, Христијан Мицкоски, кој присуствуваше на пуштање во работа на новата фабрика на „Винчини“ за производство на вафли, вредна 8,5 милиони евра. „Јас би сакал да кажам дека сум исклучително импресиониран за тоа што од еден скромен семеен бизнис ‘Винчини’, односно ‘Макрпогрес’ во случајов, прераснува во, би рекол, регионален гигант. ...
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, оцени дека одредени европски лидери, вклучувајќи го францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер Кир Стармер и германскиот канцелар Фридрих Мерц, истовремено зборуваат за мир, но преземаат и чекори што, според Москва, го поттикнуваат продолжувањето на конфликтот во Украина. „И Макрон, и Стармер, и Мерц од една страна зборуваат за мир, а од друга страна ја нагласуваат својата намера да ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Сараево оствари средба со министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина, Елмедин Конаковиќ. На средбата беа потврдени одличните билатерални односи и континуираната соработка меѓу двете држави, како и конструктивниот политички дијалог што се одвива на сите нивоа. „Одржуваме редовен и содржаен политички дијалог на сите нивоа и немаме отворени ...
Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел во интервју се осврна на клучните политички актери и случувања на денешницата, од Доналд Трамп и подемот на национализмот до домашните германски прашања. Во интервју за „Франкфуртер алгемајне зонтагсцајтунг“, Меркел призна дека нејзината одлука да прифати бегалци во 2015 година придонела за растот на десничарската Алтернатива за Германија (АфД). Таа, исто така, издаде остро предупредување за ...
Во Собранието денеска беше презентиран двогодишниот извештај за работата на претседателот на Собранието, Африм Гаши, кој ги опфаќа активностите во периодот од мај 2024 до мај 2026 година. Извештајот е структуриран во три клучни столба: законодавна и надзорна функција, претставничка функција и парламентарна дипломатија, како и транспарентност, комуникација и близина со граѓаните. На 160 страници се претставени резултатите од работата на ...
Шпанската фудбалска асоцијација објави дека Ламин Јамал и Нико Вилијамс ќе бидат подготвени да се стават на располагање на репрезентацијата од првиот ден на Светското првенство. Селекторот Луис де ла Фуенте потврди дека двајцата играчи кои се опоравуваа од повреди ќе бидат подготвени од почетокот на турнирот, односно од натпреварот против Зеленортските острови на 16 јуни. Де ла Фуенте објави дека речиси сигурно ќе биде подготвен и Виктор ...
Понеделникот, 8 јуни 2026 година, носи динамична енергија и силен поттик за нови почетоци, деловни иницијативи и поодлучно настапување во секојдневните обврски. Месечината во Овен ја засилува потребата за брза акција, јасен став и преземање иницијатива, па овој ден најмногу ќе им одговара на оние кои се подготвени да излезат од зоната на удобност и да преземат одговорност за своите планови. Во професионалната сфера ќе доминираат директни ...
Големиот интерес на жителите покажа дека грижата за животната средина станува секојдневна навика во Општина Аеродром. Затоа, потпишавме нови 50 договори со домаќинства од населба Лисиче кои активно ќе се вклучат во системската селекција на пластичен отпад, а на семејствата им беа поделени и специјални канти, соопштија од Општина Аеродром. Одтаму велат дека проектот веќе дава одлични резултати, а собирањето на отпадот се одвива редовно и ...
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, денес изјави дека „на кревкиот ционистички режим му остануваат само неколку дена“, во услови на ескалација на тензиите меѓу Иран и Израел. Доцна синоќа, Иран лансираше неколку серии ракети кон северен Израел, по израелскиот воздушен напад врз јужните предградија на Бејрут. Потоа Израел започна напади врз западен и централен Иран, при што беа пријавени експлозии во неколку ирански градови, ...
Необично откритие во амазонската прашума повторно го привлече вниманието на научната јавност кон едно од најбогатите природни подрачја на планетата. За време на снимањето на документарната серија „Од пол до пол“ со холивудската ѕвезда Вил Смит, истражувачите пронашле огромна зелена анаконда долга околу 7,5 метри. Истражувањето го предводел научникот Брајан Фрај од Универзитетот во Квинсленд, во соработка со припадници на домородниот народ ...
На 60-годишна возраст, утрово почина Арсим Зеколи, политички аналитичар и поранешен амбасадор на земјава при меѓународните организации во Виена и на ОБСЕ во Туркменистан. Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговиот брат, Шефкет Зеколи. „Со длабока болка и голема тага, ве известуваме дека денеска, на 8 јуни 2026 година, во раните утрински часови, ненадејно почина нашиот брат, Арсим Сулејман Зеколи (1966-2026)“, стои во ...
До синоќа, Александар Зверев ја имаше етикетата на најдобар тенисер во историјата кој не освоил ниту еден Гренд слем. Имаше три порази во финалните мечеви, исто како и Каспер Руд, но за разлика од Норвежанецот, има и олимписки златен медал и две титули од завршниот Мастерс и повеќе трофеи од Мастерс 1.000. Свесен дека му ја „лепат“ таа етикета, Зверев се пошегува триумфот на Ролан Гарос. „Сега можете да ме наречете најлошиот тенисер во ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, се огласи по најновата ескалација на Блискиот Исток и ги повика Израел и Иран веднаш да ја прекинат размената на оган. Во објава на неговата социјална мрежа Truth Social, Трамп рече дека двете земји мора веднаш да го прекинат огнот. „Иран и Израел мора веднаш да престанат со ‘пукање’“, пишува во кратката објава на Трамп. Неговата реакција дојде по новите напади меѓу Израел и Иран, кои повторно ги разгореа ...
Питер Филипс, син на принцезата Ана и внук на британскиот крал Чарлс, викендов стапи во брак со Хариет Сперлинг на интимна свадбена церемонија одржана во црквата „Ол Сејнтс“ во Глостершир. Свадбата се одржа помалку од една година по нивната свршувачка и собра бројни членови на британското кралско семејство. Двојката јавно ја потврди својата врска во 2024 година. Според британските медиуми, тие се запознале на спортски настан на кој ...