Светската музичка ѕвезда Кети Пери и поранешниот канадски премиер Џастин Трудо официјално ја потврдија својата љубовна врска со првото заедничко појавување на црвениот тепих. Двојката присуствуваше на светската премиера на концертниот документарец „Кети Пери: Доживотната турнеја – Во живо од Париз“, која се одржа во рамките на филмскиот фестивал „Трајбека“ во Њујорк. Пери се појави во бел винтиџ фустан, додека Трудо носеше класичен смокинг. ...

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, утре во Софија ќе учествува на Состанокот на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), кој се одржува во рамки на бугарското претседавање со иницијативата. Состанокот ќе биде посветен на одбележувањето на 30-годишнината од формирањето на ПСЈИЕ и ќе се одржи под мотото „Заеднички компас за стабилен, безбеден и одржлив регион – 30 години регионална ...

По повеќегодишни неуспешни тендери и пропаднати обиди за пронаоѓање стратешки партнер, Владата сериозно ја разгледува можноста хидроенергетскиот комплекс Чебрен и Галиште да биде изграден исклучиво со државни средства. Премиерот Христијан Мицкоски најави дека се прават завршни анализи и дека државата е блиску до конечна одлука за самостојна реализација на еден од најголемите инфраструктурни и енергетски проекти во Македонија. Според ...

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеност на Националната установа Албански театар – Скопје за 2024 година на сметката на основен буџет. Во конечниот извештај, ревизорите изразиле неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи за 2024 година и мислење со резерва за усогласеноста со законската регулатива, упатствата и воспоставените политики. Ревизијата утврдила ...

Во конкуренција со Унгарија, Австрија и Швајцарија, Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) одлучи спротивно на сите логики и правила, според критериуми што никому не му се јасни, да им додели посебни покани за настап наСветското првенство во Германија следната година на Турција и Саудиска Арабија. Ракометот во овие земји ниту се шири, ниту има тенденција да расте, но сепак челниците на ИХФ, на состанокот во Базел, предводен од ...

Аријана Гранде и Итан Слејтер ставија крај на својата тригодишна љубовна врска, потврди извор близок до поранешната двојка, откривајќи дека разделбата се случила пред неколку месеци. Иако повеќе не се заедно како пар, според истиот извор, двајцата останале во добри односи и продолжуваат да негуваат меѓусебно почитување и пријателство. „Раскинувањето не беше лесна одлука. По долго размислување сфатија дека подобро функционираат како пријатели ...

Легендарната плажа Навагио на грчкиот остров Закинтос ќе остане затворена за посетители најмалку до 31 октомври 2026 година. Грчките власти ја продолжија забраната поради опасност од одрони и лизгање на земјиштето од стрмните карпи што ја опкружуваат. На туристите нема да им биде дозволено да се симнат на плажата ниту да се капат, а бродовите не смеат да се приближат на помалку од 50 метри од брегот. За прекршување на правилата се ...

Еден од најпознатите природни феномени во Македонија, локалитетот Куклица или „Камените кукли“, кај Кратово, повторно е во центарот на вниманието, откако граѓани објавија сведоштва за незаконска наплата за влез во локалитетот. Според Левица, овој локалитет, заштитен како природна реткост и препознатлив симбол на македонското природно наследство со години е оставен на милост и немилост на самоволие, узурпација и институционална негрижа. „За ...

Поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини, покрена кривична и граѓанска постапка во француските судови против претседателот на ФИФА, Џани Инфантино. Француската легенда, тврди дека Инфантино бил вмешан во неговото отстранување од трката за највисоката функција во светскиот фудбал. Платини, еден од најдобрите фудбалери на својата генерација и некогаш прв фаворит да го наследи Сеп Блатер на чело на ФИФА, беше испитан во 2015 година од ...

Постојат неколку рани предупредувачки знаци на дијабетес тип 2 кои можат да се појават уште во првите часови од денот, но многу луѓе ги занемаруваат бидејќи не предизвикуваат силна непријатност или болка. Според фармацевтот Абас Канани, токму овие симптоми често остануваат незабележани, поради што голем број луѓе не се свесни дека развиваат дијабетес. Канани посочува дека три телесни сигнали особено се издвојуваат наутро по будењето – ...

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на одбележувањето на 20-годишнината од основањето на Стопанската комора на Северозападна Македонија, при што го истакна нејзиниот значаен придонес во економскиот развој на државата во изминатите две децении. Во своето обраќање, Сали нагласи дека Комората претставува силен глас на бизнис-заедницата, важен партнер на институциите и активен промотор на ...

Апелациониот суд во Москва денеска ја потврди казната затвор од осум и пол години што му беше изречена на германскиот сатиричар, скулптор и илустратор Жак Тили за неговиот карневалски плотун. Судијата Владимир Усов ја прочита одлуката на тричлениот судски совет, наведувајќи дека жалбата на одбраната против пресудата е одбиена и казната е потврдена. Во април, московскиот суд го прогласи познатиот уметник Тили за виновен во отсуство за ...

Орце Георгиевски го гази деловникот и ја замолкнува опозицијата, наместо дебата – монолог во Советот, обвини координаторката на советничката група на СДСМ во Град Скопје, Катерина Цаневска – Арсовска. „Она на што не сакаше да одговори Орце Георгиевски е од каде го најде Марјан Цветковски за нов директор на Фондацијата ‘Скопје – Град на културата’. Се работи за вечниот директор во Македонската радио-телевизија, кој 15 години беше директор и ...

Едни го нарекуваат најважното книжевно дело во последната деценија. Други велат дека отвора болни прашања за кои општеството не е подготвено. Новото книжевно дело „Љубов и Смрт“ од авторот Зоран Спасов Sоф веќе предизвика силни реакции. Причината, вели авторот, не е во тоа како историјата се раскажува, туку во начинот на кој се чита. Во романот, Гоце Делчев не е претставен како недопирлив симбол, туку како човек со сомнежи, стравови и ...

Албанскиот премиер, Еди Рама, се најде во центарот на сериозна политичка криза, бидејќи протестите низ целата земја продолжуваат поради контроверзниот туристички проект од 1,4 милијарди евра поврзан со Иванка Трамп и Џаред Кушнер. Наместо да се осврне на незадоволството на јавноста, Рама одлучи да го обвини Иран за немирите. Протестите, кои сега се во деветтиот ден, се наречени „револуција на фламинго“ бидејќи проектот е планиран во ...

Државата е блиску до одлука самостојно да го гради проектот Чебрен и Галиште како државен, изјави премиерот, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за тоа како ќе се финансира проектот за хидроцентралата Чебрен и од каде би се обезбедиле околу 1,5 милијарди евра, колку што, според проценките, би чинела неговата реализација. „Па јас вчера, во текот на брифингот, реков дека една од иницијативите која што ја имаме е сами, како ...

На денешен ден во 2009 година, битолската рок-група „Паркети“ го објави својот петти студиски албум „Мамо немукажвај на тато“, издание кое и денес се смета за едно од најпрепознатливите и најомилените во богатата дискографија на бендот. Албумот беше промовиран на 9 јуни 2009 година како самостојно издание на групата под етикетата „Parketi 007“, а до публиката стигна на несекојдневен начин – како бесплатно издание дистрибуирано со дневниот ...

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, е оптимист и верува дека, по повеќе од четири години од почетокот на руската инвазија, текот на најголемата европска војна од 1945 година полека се врти во корист на Украина. Во опширно интервју од Лондон, Зеленски оцени дека воената ситуација за Киев е најповолна во последните две и пол години. „Не можеме да кажеме дека Русија ја губи оваа војна, но можеме да кажеме дека ја губат иницијативата од ...

Премиерот Христијан Мицскоки се осврна на плановите на Владата за изградба на нов клинички центар, коментирајќи дека може да се привлечат пациенти и од соседните држави. „Сега сме фокусирани на завршување на процедурата на Клиничката болница Штип, студентскиот дом и Факултетот за медицински науки, Здравствениот дом во Кичево со проширена дејност и Клиничката болница во Тетово. Тука веќе имавме меѓународен повик за да најдеме финансиери и ...

Чистењето на рерната е меѓу најнеомилените домашни обврски, особено кога на стаклото од вратата и во внатрешноста ќе се наталожат тврдокорни наслаги од маснотии и загорена храна. Иако сода бикарбоната и белиот оцет со години важат за најпопуларно домашно решение, сè повеќе корисници и експерти тврдат дека постои поефикасна и подеднакво достапна алтернатива. Приказната стана вирална откако една жена во Фејсбук група посветена на совети за ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на церемонијата за примопредавање на возила и специјализирана опрема за Министерството за внатрешни работи, обезбедени во рамки на регионалниот ИПА проект „Поддршка на ЕУ за зајакнување на борбата против криумчарењето мигранти и трговијата со луѓе во Западен Балкан (EU4FAST)“. Во рамки на донацијата беа предадени 30 алатки за проверка на документи, два детектори за срцебиење, ...

Репрезентативците на Франција и Шпанија, едни од фаворитите на Светското првенство, забележаа победи во генералните проби пре стартот на турнирот. Со идентични 3:1 славеа Фрнцузите против Северна Ирска и Шпанија против Перу. Со три гола на Михаел Олисе од Баерн Минхен, Французите ја победија Северна Ирска со 3:1 во Лил. Франција, највисоко рангираната репрезентација на ранг-листата на ФИФА и еден од фаворитите за титулата во САД, загуби ...

Во петок во Истанбул ќе се одржи бизнис форум посветен на јакнење на економските врски и промоција на инвестициските потенцијали на Република Северна Македонија пред турската деловна заедница. Форумот има за цел да ги поврзе институциите и бизнис секторот од двете земји преку директни контакти и разговори насочени кон отворање нови можности за соработка и заеднички инвестиции. На настанот е најавено учество на премиерот Христијан Мицкоски, ...

Снимка од француски борбен авион „Рафал“ кој соборува дрон над Латвија покажува како војната со беспилотни летала предизвикана од руската инвазија на Украина сè повеќе се прелева преку границите и ја истакнува растечката закана што дроновите ја претставуваат за НАТО. Француските воздухопловни сили потврдија дека нивните авиони „Рафал“, кои моментално се распоредени во соседна Литванија, биле испратени како одговор на упадот со беспилотни ...

Општина Центар информира дека на 11.06.2026 година ЕВН започнува со реконструкција на мрежата за улично осветлување и електроенергетската мрежа за напојување на корисниците. Првата фаза од активностите ќе се реализира на потегот од ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ до Романската амбасада, по што ќе следуваат и други фази од реконструкцијата. „Во рамки на активностите, секаде каде што е можно, старите дрвени бандери ќе бидат демонтирани, а ...

Репрезентативците на Сенегал и Узбекистан преживеаја вистинска тортура во Соединетите Американски Држави. Узбекистанците, пред пријателскиот меч со Холандија, на Менхетн, имаа непријатно искуство. Имено, сите играчи, членови на тренерскиот штаб, службени лица и помошен персонал мораа да поминат низ ригорозна безбедносна проверка штом излегоа од автобусот пред стадионот „Икан“. Постапка што ретко се гледа пред пријателски натпревар. ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американската дипломатија прави „последен притисок“ за постигнување договор со Иран, еден ден по невидените реципрочни напади од страна на Израел и Иран по договореното примирје пред два месеци. „Правиме последен притисок за она што ќе биде многу, многу добар договор“, рече Трамп, наведувајќи временска рамка од „два до три дена“ за договор. Тој исто така рече дека договорот „нема да дозволи ...

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 36-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1, како и Предизвикување општа опасност од член 288 став 1 од Кривичниот законик. Синоќа околу полноќ, во семејниот дом во Скопје, осомничениот вршел семејно насилство и телесно ги ...

Спортскиот медиум „Атлетик“, објави ранг-листа на дресовите на сите 48 репрезентации учеснички на Светското првенство. Дресовите се рангирани од најубавите до најгрдите, а хрватските навивачи нема да бидат воодушевени бидејќи дресот на репрезентацијата е на последното, 48-мо место. Погледнете ја целата листа ТУКА. „Атлетик“, понуди кратко објаснување за секоја репрезентација, а американскиот медиум пишува дека „Најки“, овој пат утнал со ...

Сончевото време и пријатните температури веќе ги привлекоа првите туристи на црногорскиот брег. Закупците на плажите во Улцињ велат дека одењето на море оваа година не треба значително да го оптовари семејниот буџет и најавуваат дека цените, и покрај инфлацијата, ќе останат на нивото од минатото лето. Цената за изнајмување сет лежалки ќе се движи од 12 до 20 евра. Закупецот на плажа Арти Режа за RTCG изјави дека нема да има зголемување на ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
1.45
58%
1018
weather icon

Белград

21ᴼ / 21ᴼ
2.19
71%
1018
weather icon

Загреб

25ᴼ / 25ᴼ
1.06
66%
1016
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
2.35
66%
1018
weather icon

Сараево

21ᴼ / 21ᴼ
3.74
62%
1016
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 19ᴼ
1.82
89%
1017
weather icon

Атина

23ᴼ / 22ᴼ
2.68
56%
1016
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
2.37
75%
1017
weather icon

Подгорица

21ᴼ / 21ᴼ
0.45
66%
1018
weather icon

Букурешт

22ᴼ / 21ᴼ
2.68
57%
1015
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 21ᴼ
2.24
56%
1015
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 16ᴼ
4.41
93%
1016
Currency

61.6317

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0838

Currency

66.8246

Currency

7.86334

Currency

0.73441

Currency

0.33232

Currency

0.52507

Currency

1.15091

Currency

0.56002

Алуминиум

3.54

Родиум

257205.97

Злато

135639.33

Калај

53.60

Бакар

13.01

Рутениум

48965.59

Платина

55170.68

Цинк

0.00

Сребро

2186.28

Иридиум

253540.09

Паладиум

40767.15

Кобалт

45.39