Тестаторите да ја спроведат сериозно работата и во корист на учениците, а тие да не се обидуваат да препишуваат и испитот да го сфатат како дел од нивното образование кој не треба да претставува никаков проблем – порача денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска, пред утрешното полагање на првиот екстерен испит од годинашната матура за која се пријавени над 15 000 средношколци. -Тестаторите да си ја спроведат сериозно работата ...

Министерството за социјална политика, демографија и млади ги информира граѓаните дека во тек е исплата на образовниот додаток за третиот мерен период за учебната 2024/2025 година. Исплатата на додатокот за образование се врши во четири мерни периоди, и тоа: за првиот мерен период во текот на месец декември во тековната календарска година, за вториот мерен период во текот на месец февруари во наредната календарска година, за третиот мерен ...

СВР Тетово информира дека вчера (29.05.2025 година) во 19.45 часот полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода А.С.(53) од Гостивар, постапувајќи по пријава од неговата 38- годишна вонбрачна сопруга дека претходниот ден околу 02.00 часот по полноќ, во нејзиниот стан агресивно се однесувал кон неа и ја нападнал со метален предмет, по што извршил и полов напад врз неа. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на ...

Над 15 000 ученици во завршна година од средното образование утре ќе го полагаат првиот од двата екстерни испита од годинашната државна матура – мајчин јазик и литература, кој е задолжителен за сите матуранти. Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), за државна матура годинава се пријавени 15 004 кандидати. Од нив, 8816 ученици се од средните стручни училишта, 5966 од гимназиите и 222 од училиштата за уметничко образование. За ...

ОСТУ „Гостивар“ од Гостивар организираше отворен ден за сите полуматуранти, при што беа претставени насоките што ги подготвуваат учениците за современи и перспективни професии. Настанот понуди увид во можностите што ги нуди училиштето, со јасна насока кон квалитетно образование и практична настава. Присутните имаа можност да се запознаат со следниве струки: Учениците на училиштето преку презентации и демонстрации ги прикажаа своите проекти, ...

Времето денес (петок) ќе биде променливо облачно и посвежо со слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Температурата во гостиварскиот регион ќе се движи од 9 до 19 степени. Утре (сабота) според метеоролошките прогнози ќе владее сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен дожд. ...

За справување со пожарите во летниот период, Владата со Оперативниот план за 2025 година предвидува вработување на 400 пожарникари. Како што соопштија од владината прес – служба, со оваа мерка Владата сака да постигне навремена и брза реакција на спречување на пожарите кои се најприсутни во летниот период. – Пожарникарите даваат натчовечки напори за борба со огнената стихија, ризикувајќи ги сопствените животи за да спасат други човечки ...

Претседателот на македонската Влада Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања ги повика пратениците од опозицијата да поддржат измени на Изборниот законик за една изборна единица, со што како што нагласи ќе се овозможи и дијаспората да гласа. Премиерот Мицкоски потврди дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коaлицијата ќе поддржат Закон за една изборна единица. -Ве повикувам заедно сите да го ...

СВР Тетово соопшти дека вчера (28.05.2025) во 13.45 часот, по добиена судска наредба, полициски службеници од ОВР Гостивар извршиле претрес во дом и други простории на Р.А. (66) во Равен, гостиварско, поради основано сомнение за сторено кривично дело ,,недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ предвидено и казниво по член 396 од КЗ. „При претресот е пронајдена една пушка и седум куршуми, за кои не ...

Луѓето прекумерно ги користат некои од вообичаените предмети за домаќинство – без да се земе во обѕир дека можат да му наштетат на своето здравје. Во врска со ова, гастроентерологот Саураб Сети од Сан Франциско, Калифорнија, САД, открива три од најштетните предмети што мнозина ги имаат дома. Така, први на неговата листа се миризливите свеќи. Во овој поглед, освен обични, немиризливи свеќи, или оние направени од природни состојки, како соја ...

Во првото тримесечје од 2025 година бројот на живородените деца е 3 526, и во споредба со истиот период од 2024 е намален за 2.9 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Бројот на умрените лица во првото тримесечје од 2025 година бележи зголемување од 3.8 % во споредба со истото тримесечје од 2024 и изнесува 5 398 лица, а од нив 15 се умрени доенчиња. Природниот прираст е негативен и изнесува -1 872, што значи дека за толку ...

Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ објави Конкурс за запишување питомци и студенти на прв циклус студии и Конкурс за запишување на студенти на втор циклус на студии во студиската 2025 /2026 година. Конкурсот за запишување питомци и студенти на прв циклус студии, соопштија денеска од Министерството за одбрана, се објавува за потребите на Министерството и Армијата, како и за потребите за управување со кризи и заштита и спасување. – ...

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го победи Полјакот Хуберт Хуркач во финалето на турнирот во Женева со 2:1, по сетови 5:7, 7:6 (7:2) и 7:6 (7:2). Мечот траеше 3 часа и 8 минути. За Ѓоковиќ ова беше 100-та АТП титула во кариерата. Вкупно, тој има 143 финалиња. Триесет и осумгодишниот Србин стана третиот тенисер во Отворената ера со 100 победи во финалињата на АТП турнирите. Тој има 24 Грен слем титули, седум титули на АТП финалињата, 40 титули ...

Национален парк Шар Планина бара граѓаните да помогнат со донирање на јаболки и пченка со цел да се изврши прихрана на мечките поради намалени природни извори на храна во подрачјата кои се нивно природно живеалиште. Се бараат доброволни донации на јаболки и пченка од домашно потекло, со цел хранењето да биде што е можно послично на природната исхрана на мечката (Ursus arctos), која претежно е растително базирана. Дистрибуцијата на храната ќе ...

Древниот Бигорски манастир, по третпат, вчера беше домаќин на еден несекојдневен културно-уметнички настан-уникатната детска ликовна колонија „Мал Битолски Монмартр“, што ова познато светилиште го преобрази во тивка, вдaхновена уметничка сцена. – Под синиот покров на мајското небо, светилиштето на Свети Јован Крстител, по благослов на нашиот старец и игумен, епископот Антаниски г. Партениј, ги отвори широко вратите за новата генерација млади ...

Неколку минути пред полноќ, во Собранеито на РСМ, Трајко Славески е именуван за гувернер на Народната банка на Република Северна Македонија. За Славески 68 пратеници гласаа „за“, а 16 беа против. Во рамки на општата расправа и низа реплики и контрареплики пратениците изнесоа различни ставови при што пратениците од власта се фокусираа на неговата стручност и компетентност, додека, опозицијата на политичката припадност на Славески и визијата за ...

Оперативниот план за вработување за 2025 година е вреден 40 милиони евра, и опфаќа над 16 илјади невработени, од овие лица се очекува 65 проценти да се млади до 29 години, информира на денешната прес-конференција претседателот на Владата Христијан Мицкоски. Мицкоски посочи дека оперативниот план за вработување, мерки и програми кои ќе понудат работа и поддршка на пазарот на трудот бил срочен на последната седница на Владата. -Еден од главните ...

Претседателот на Русија, Владимир Путин за завршување на војната во Украина бара писмени гаранции од поголемите европски држави дека ќе бидат исполнети неговите пет услови, објави „Киев индепендент“, повикувајќи се на Ројтерс. Тројца руски неименувани извори тврдат дека условите на Путин се: – Ветување дека НАТО нема да се шири на исток; – Украина да биде неутрална држава; – Укинување на дел од западните санкции; – Решавање на прашањето за ...

Стартапот xAI на Елон Маск ѝ плаќа на платформата за пораки Telegram со седиште во Дубаи 300 милиони долари за да го лансира својот чет-бот за вештачка интелигенција Grok, објави извршниот директор на Telegram, Павел Дуров. Дуров рече дека тој и Маск склучиле едногодишно партнерство кое „ја зајакнува финансиската позиција на Telegram“. Покрај исплатата од 300 милиони долари од xAI, Telegram ќе заработи и 50% од приходите од претплатите на xAI ...

Раниот појадок и раната вечера може да имаат важна улога во контролата на тежината, според истражување на Институтот за глобално здравје во Барселона. Резултатите од шпанската установа се објавени во „Меѓународниот журнал за бихевиорална исхрана и физичка активност“ (International Journal of Behavioral Nutrition and Physical Activity). Според наводите на научниците, луѓето кои го почнуваат денот со ран оброк и оставаат повеќе време меѓу ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио објави суспензија на обработката на студентски визи, јавија американски медиуми. Деписот, во кој имаа увид американски медиуми, им наредува на амбасадите и конзулатите да не дозволуваат „дополнителен капацитет за закажување на студентски или визи за размена на студенти… додека не се издадат дополнителни упатства“. Tој потег доаѓа во време кога администрацијата на Трамп се обидува да ги засили ...

СВР Тетово информира дека вчера (27.05.2025 година) во 11.50 часот полициски службеници од ОВР Гостивар на улица ,,Панче Попоски“ во Гостивар го лишиле од слобода Д.М. (60) од Скопје, кој бил пријавен од П.Ѓ.(37) од Беловиште, дека околу 10.20 часот во градскиот пазар во Гостивар, се обидел да го нападне со нож, но бил спречен во намерата од присутните во пазарот. Кај Д.М. бил пронајден и одземен нож и истиот е задржан во полициска станица, а ...

Археолозите во Турција пронајдоа леб стар 5.000 години во Турција, по што околните пекари почнаа да го месат. Како што објави „Ал Арабија“, ова откритие предизвика интерес за повторно одгледување на оние древни сорти пченица коишто се подобро прилагодени на сушата. Анализата покажа дека лебот бил направен од крупно мелена мешавина од посебна древна сорта пченица, булгур (сушена пченица) и зрна од леќа, а како квасец се користел лист од засега ...

Околу 12 илјади граѓани нема повеќе да чекаат потврда за ослободување од партиципација преку поврзување на системите на социјална и здравствена заштита. Министерството за социјална политика, демографија и млади ја известува јавноста дека граѓаните – корисници на права од системот на социјална заштита кои се ослободени од партиципација за користење на здравствена заштита, можат непречено да ги остваруваат своите права без притоа тоа да го ...

Во рамки на одбележувањето на јубилејот, 75 години постоење на Градското аматерско културно уметничко друштво „Браќа Ѓиноски“ од Гостивар, на свечено Собрание денеска беа доделени благодарници на истакнати членови, соработници и поддржувачи. Настанот почна со едноминутно молчење во слава и чест на починатиот долгогодишен секретар и двигател на друштвото, Анте Тодоровски, кому постхумно ќе му биде посветена и награда за животно дело. „Честа ...

Просечната нето плата (без даноци и придонеси) во Србија во март годинава изнесувала 108.013 динари (920 евра), додека просечната бруто плата била 148.652 динари (1.268 евра), објави денеска српскиот Завод за статистика. Средната нето заработка изнесувала 81.793 динари, што значи дека 50 отсто од вработените оствариле заработка до тој износ. Растот на бруто платите во периодот јануари-март 2025 година во споредба со истиот период лани ...

Солопатувањето е сè попопуларно во светот, па затоа поранешниот фоторепортер Ли Томпсон, кој посетил повеќе од 100 земји низ целиот свет, објаснува дека ваквиот начин на патување и одмор може да биде и еден од „подруштвените“ видови патувања. Безбедноста е, можеби, најголема грижа за многу од луѓето кои се решаваат да патуваат сами со себе, но дури и најхрабрите авантуристи може да се соочат и со друг проблем – осаменоста. Ли го споделува ...

Управата за јавни приходи започна постапка на обнова на јавниот клуч, кој се користи во постапката на декриптирање на МПИН пресметките поднесени преку клиентскиот софтвер при нивната обработка. Најавува дека ќе има одреден краток прекин во обработката на МПИН пресметките кои се изготвени преку клиентскиот софтвер, кој ќе трае до завршување на процесот на обнова на јавниот клуч и ги повикува даночните обврзници и вршителите на сметководствена ...

По повод Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј-24 Мај, градоначалникот на Општина Гостивар, Ваљбон Лимани организираше средба и заеднички ручек со пензионирани просветни работници од македонска националност од подрачјето на Гостивар. На неформалното дружење се споделија размислувања, ставови околу образованието и просветната дејност, а наставниците си споделија и по некој спомен од времето кога образувале ученици ...

Верниот чувар на македонскиот фолклор и традиција, Градското аматерско културно уметничко друштво „Браќа Ѓиноски“ од Гостивар одбележува 75 години од формирањето. Веќе се заокружени подготовките за прославувањето на значајниот јубилеј, со акцент на големиот концерт што ќе се одржи во петок (30 мај). „На целовечерниот спектакуларен концерт ќе се претстават сите активни членови на друштвото. За прв пат ќе настапат и групата Ветерани, старите ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
62%
1026
weather icon

Белград

15ᴼ / 12ᴼ
1.54
52%
1027
weather icon

Загреб

14ᴼ / 11ᴼ
0.51
51%
1027
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
55%
1027
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
3.94
54%
1029
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 11ᴼ
0.45
67%
1027
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
6.26
57%
1025
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
0.0
36%
1025
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
48%
1026
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 9ᴼ
3.58
56%
1031
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 13ᴼ
1.54
39%
1028
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 8ᴼ
6.17
48%
1029
Currency

61.6238

Currency

53.0259

Currency

70.9869

Currency

37.3197

Currency

39.0543

Currency

68.3788

Currency

7.68854

Currency

0.66899

Currency

0.33609

Currency

0.52519

Currency

1.20315

Currency

0.57679

Цинк

3.24

Платина

68963.35

Иридиум

231355.22

Бакар

11.73

Родиум

372948.66

Паладиум

51794.85

Кобалт

66.14

Сребро

2711.59

Калај

50.64

Алуминиум

3.42

Рутениум

47358.05

Злато

166253.76