Во една спектакуларна тимска претстава во сите фудаблски елементи, тешко е да се издвои само еден играч кој посебно отскокна против Франција, но добар дел од шпанските медиуми му даваат посебно признание на Марк Кукурелј за играта која ја понуди во одбрана. Новиот лев бек на Реал Мадрид одигра енергично и пожртвувано во свој препознатлив стил, па покрај тоа што доби посебни комплименти од Тјери Анри, се најде во фокусот и поради еден коментар ...

Андре Агаси беше човекот кој се обидуваше да му помогне на Новак Ѓоковиќ додека Србинот минуваше низ најголемата криза во својата кариера, односно во периодот од 2017-та до 2018-та година кога се опоравуваше од тешката повреда на лактот. Ноле го ангажираше прославениот американски тенисер и имаа меѓусебна соработка околу една година, а како човек кој ги познава сите движења и дневните рутини на Србинот, Агаси сега даде една загрижувачка ...

Дидие Дешамп полека ја заокружува својата извонредна етапа како селектор на француската фудбалска репрезентација, а вчера стана јасно дека нема да може да се бори за уште еден трофеј на Светските првенства. Шпанија го оневозможи да стане првиот селектор кој ја одвел својата селекција на три последователни финалиња на мундијалите, па иако неговиот тим беше целосно надигран од „црвената фурија“, Дешамп постави и едно прашање кое предизвика ...

Наивниот потег на Лукас Дињ беше најава за лошата вечер која ја имаа француските фудбалери во Далас, бидејќи главните фаворити за трофејот мораа да гледаат уште еден меч во кој целосно се надиграни од Шпанија. Трет пат во низа, Французите доживеаја пораз од „црвената фурија“ на големо натпреварување и полека станува јасно дека „фуријата“ е најнепосакуван ривал за „галските петли“, на кои сега им преостанува само да се утешат во битката за ...

„Касинос Аустриа Интернатионал Македонија“ инвестира во проекти што оставаат трајна вредност за локалната заедница. Со донација од 6.690.600 денари, компанијата целосно го реконструираше мултифункционалното спортско игралиште во рамките на ООУ „Гоце Делчев“во Виница, создавајќи современ, безбеден и функционален простор за спорт и рекреација. Во рамки на реконструкцијата, дотраената асфалтна подлога беше заменета со современа гумирана тартан ...

Прес-конференциите кои ги одработија актерите за второто полуфинале на Светското првенство се поклопија со завршницата на првото полуфинале меѓу Шпанија и Франција, па така членовите на Англија и Аргентина веќе дознаа кој би бил нивниот ривал во финалето доколку успеат да победат на вечерашниот меч. Предност да говори пред новинарите доби Томас Тухел како селектор на англиската фудбалска репрезентација, а покрај тоа што Германецот ги нагласи ...

Шпанија одигра перфектен натпревар во полуфиналето против Франција и заслужено се пласираше во второ мундијалско финале во својата историја, натпревар на кој ќе брка и втора титула во недела во Њу Џерси. „Црвената фурија“ одигра по нотите на извонредниот Родри кој го диктираше темпото на играта во средниот ред, а после неверојатниот мастерклас кој го понуди, Шпанецот само ја потсети јавноста зошто своевремено беше „Златна топка“. Ѕвездата на ...

Килијан Мбапе доживеа уште едно големо разочарување во 2026-та година, бидејќи откако остана без ниту еден трофеј на клупски план, сега остана и без оној за кој мечтаеше како капитен на француската репрезентација. „Триколорите“ имаат перфектен пат до полуфиналето и со прикажаната игра се издвоија како главни фаворити за трофејот, но дуелот со Шпанија им донесе нови големи проблеми и нова елиминација во претпоследната фаза на едно големо ...

Рајан Шерки остана во сенка на другите четири француски ѕвезди во нападот во голем дел на Светското првенство, но кога Францијата остана без идеи да и нанесе било каква штета на Шпанија, Дидие Дешамп побара помош од ѕвездата на Манчестер Сити. Шерки успеа малку да ги живне „триколорите“ и Франција беше доста поопасна во последните 20 минути, меѓутоа ова се покажа како презадоцнето будење од „галските петли“ кои претходно беа целосно надиграни ...

Тјери Анри сосема очекувано не беше расположен за детални анализи откако Франција доживеа вистински фудбалски потоп во полуфиналето со Шпанија, но како експерт за „Фокс Спортс“, спортски и професионално го прифати поразот кој беше заслужен. „Црвената фурија“ одржа фудаблски час во Далас и покажа дека не случајно е актуелен европски шампион, а со победата од 2:0, ќе има шанса да ги обедини титулите на Европското и Светско првенство како што ...

Шпанија скромно го отвори мундијалот во САД, Мексико и Канада и многумина ја оптишаа откако ремизираше против Зеленортски Острови, но идентично како на Светското првенство пред 16 години, „фуријата“ во продолжение испорача шест победи за пласман во големото финале. Тимот на Луис де ла Фуенте направи моќниот тим на Франција да изгледа крајно немоќно и неинвентивно, а бидејќи главна заслуга за тоа имаат неговите фудаблери, дел од нив сосема ...

Шпанија го спречи Дидие Дешамп да стане првиот селектор кој ја одвел својата земја на три последователни финалиња на Светски првенства, и тоа во последниот обид кој го имаше искусниот стручњак да стигне до втората божица како преводник на тимот. „Црвената фурија“ ја оддува анемичната Франција и сосема заслужено завери втор билет во едно мундијалско финале, а иако ја призна надмоќноста на ривалот во текот на сите 90 минути, Дешамп испорача и ...

Нејмар доби шанса да биде дел од бразилската репрезентација на Светското првенство, шанса која прашање е дали ја заслужи со оглед на тоа што имаше играчи со подобра форма и ритам од него. На крајот не успеа да му помогне на Бразил да оствари голем резултат, односно „кариоките“ го завршија настапот во осминафиналето каде им пресуди селекцијата на Норвешка. Сега е навистина голем знак прашалник дали Неј воопшто во иднина ќе го видиме во ...

Вардар покажа карактер и успеа да го совлада Купс на негов терен во Финска, но ова не беше доволно за пласман во второто квалификациско коло на Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ славеа со 3-2 по 120 минути игра, меѓутоа пораз во Скопје од 2-0 беше пресуден за да противникот се пласира во наредната фаза. Тренерот Кристијан Фабијани е задоволен од тоа како неговиот тим се претстави и потенцираше дека единствената разлика меѓу нив и Купс е ...

Мејсон Гринвуд го доби статусот на „лошо момче“ и поради непријатен судски процес прерано ја заврши својата авантура во Манчестер Јунајтед, без оглед на тоа што сите судски тужби на крајот беа оценети како нерелевантни. И покрај тоа што го доби спорот на суд, Манчестер Јунајтед не сакаше да има ништо со играч кој беше дел од скандал за силување, па откако се пресели во Хетафе, авантурата на англискиот напаѓач продолжи во Марсеј. Мејсон го ...

Шпанија влезе во мундијалот како актуелен европски шампион, па иако разочара на премиерата во САД со реми против Зеленортските Острови, шест меча подоцна „црвената фурија“ е прв патник во големото финале. По вторпат во својата фудбалска историја, Шпанија ќе биде дел од еден завршен натпревар на Светско првенство, а тоа го осигура на начин на кој ја воодушеви цела нација на Пиринеите. Тимот на Де ла Фуенте ги анулираше сите силни оружја на ...

Фоларин Балогун заработи директен црвен картон на натпреварот против Босна и Херцеговина и требаше да го пропушти осминафиналето против Белгија, но наместо да видиме автоматска суспензија, цел свет беше сведок на преседан кој го режираше ФИФА. По интервенција на американскиот претседател Доналд Трамп, дисциплинското тело на ФИФА го помилува Балогун и му ја избриша суспензијата, па најдобриот напаѓач на САД се најде во комбинација за настап во ...

Ленадро Тросар се претвори во незаменлив стартер во првиот тим на Микел Артета и ги одигра сите најважни натпревари во клучниот дел од сезоната, па иако беше играчот кој постигна гол кој беше вреден титула во Премиер лигата (оној фамозниот против Вест Хем), сега е првиот кој си оди од шампионскиот тим. Белгискиот репрезентативец влезе во последната година од договорот со „топчиите“, па пред да добие избор да бира нов клуб како слободен агент, ...

Во воведни 20 минути во кои двете европски репрезентации ги испитуваа силите на теренот, беше јасно дека преовладува тактичкото надмудрување меѓу двајцата селектори, но на крајот една грешка беше доволна за да видиме барем еден гол во првото полувреме. Како и секое полуфинале, актерите на двата тима режираа борба за секоја топка, но во една таква ситуација, Лукас Дис изреагира максимално наивно. Левиот бек на Франција го собори снаодливиот ...

Вардар не ја доби битката на прваците од Македонија и Финска во двомечот во Лигата на шампиони, а откако испадна од првата рунда во најелитното натпреварување, европското лето за вардарци продолжува во Конференциската лига. Раната елиминација значи дека Вардар се сели во квалификациите од третото по ранг европско натпреварување, а таму ќе игра против ривал кој исто така испадна во првото коло. Вардар денеска се прикажа во најдобро светло и ...

Лука Модриќ се оддалечи од клупските шпекулации и максимално се фокусираше на мундијалот во изминатите 30 дена, а иако во меѓувреме му истече договорот со Милан, работата сега посебно станува „врела“ во ситуација кога се вклучија и директорите и новиот тренер Рубен Аморим. По крајот на натпреварувачката сезона која донесе огромно разочарување кај сите во Милан, медиумите пренесоа дека Модриќ е блиску до пензија и дека мундијалот ќе биде негов ...

Манчестер Јунајтед експресно договори второто големо летно засилување, откако на крајот на минатата седмица го откажа ангажманот на Едерсон од редовите на Аталанта. Откако Бразилецот не ги мина медицинските прегледи, Јунајтед ја започна новата работна седмица со промоција на Андреј Сантош од Челси, а веќе денеска го потврди и второто летно засилување. Јури Тилеманс се покажа како еден од подобрите играчи за врска во Премиер лигата во ...

Полуфиналната пресметка меѓу Шпанија и Франција ќе се игра во Далас со почеток од 21:00 часот, а на еден час пред стартот на натпреварот, Дидие Дешамп конечно ги отвори картите. Луис Де Ла Фуенте ја извади стартната постава речиси два часа пред стартот на натпреварот, но на неговиот колега му требаше повеќе време за да одлучи кои ќе почне од првата минута. Шпанскиот стручњак се одлучи за иста варијанта од четвртфиналето против Белгија и на ...

Вардар покажа најдобро можно лице на гостувањето во Куопио и избраниците на Кристијан Фабијани целосно ги вознемирија домашните фудбалски фанови во Финска, но за жал, вложениот труд не беше награден со изборено второ коло во квалификациите во Лигата на шампиони. По разочарувачкото издание на домашен терен и поразот од Купс со резултат 2:0, малку кој веруваше дека Вардар може да оствари било каков позитивен резултат, но македонскиот првак ги ...

Андер Ерера е елитно шпанско име кое своевремено беше едно од најзвучните на трансфер пазарот, играч кој покрај етапата која ја имаше во Манчестер Јунајтед, се докажа како врвен фудбалер и во ПСЖ и Атлетик Билбао. Ерара во изминативе 18 месеци си ја исполни животната желба и заигра фудбал во Аргентина како член на Бока Јуниорс, но по незаборавното искуство на „Ла Бомбонера“, реши да се врати онаму кадешто почна се. Љубота кон матичниот клуб ...

Македонскиот првак Вардар најави дека ќе го поправи впечатокот во Куопио и целосно ја избриша лошата слика која ја остави во Скопје, па по повеќе од 100 минути игра во Финска, успеа да се избори за продолженија од по 15 минути, Купс имаше навидум комотна предност од 0:2 по првиот меч кој се одигра на националната арена „Тодор Проески“, но финскиот шампион очигледно целосно се опушти и повеќе од потребното го потцени Вардар. Тренерот Фабијани ...

Дербито меѓу Англија и Аргентина е едно од најтензичните во светот поради Фолкландскиот конфликт од пред четири децении, но иако тоа нема никаква врска со спортот, нетрпението секогаш преовладува на теренот. Така се очекува да биде и утре во второто полуфинале на Светското првенство, а во кое медиумите очекуваат еден од главните зборови да ги има Лионел Меси. Аргентинскиот капитен за првпат во својата кариера ќе игра против Англија, но истото ...

Новак Ѓоковиќ со години наназад го подготвуваше проектот наречен „докуменатарен филм“, а после низа одложувања и променети дејствија, најуспешниот грен слем шампион со големо задоволство ја најави премиерата на докоментарецот кој ќе се емитува на „Амазон Прајм“. Српскиот тенисер се одлучи за оваа платформа после неколку неуспешни преговори со други компании, а режисер на филмот е човекот кој имаше потпис и на документарецот во чест на Мајкл ...

Првото полуфинале на Светското првенство носи битка на две фудбалски велесили кои секогаш стремат да стигнат до златното одличје, но вечерва некаде околу полноќ ќе дознаеме дали прв финалист на мундијалот ќе биде Франција или Шпанија. Европските ривали имаат свое минато и двете екипи навистина добро се познаваат, па после двата натпревари кои ги одиграа во изминатите две години, сега следи и трет кој дефинитивно е најважен. Светското ...

Голем дел од играчите на Барселона кои немаат репрезентативни обврски денеска се појавија на првата прозивка на Ханси Флик, а пред да дојде до официјалниот прв тренинг, беа направените потребните медицински испитувања. По одработените тестови, на тренинг комплексот во Барса се појавиле сите прозвани фудбалери од германскиот стручњак, со исклучок на еден за кого се стравува дека има тешка повреда. Угледните каталонски медиуми информираат дека ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
45%
1006
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
85%
1011
weather icon

Загреб

7ᴼ / 6ᴼ
4.63
73%
1014
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
5.66
48%
1006
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
5.02
86%
1005
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
2.6
97%
1014
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
7.15
78%
1015
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
6.69
52%
1008
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
3.09
94%
1007
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
2.57
79%
1003
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
6.69
72%
1012
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
9.26
92%
1013
Currency

61.751

Currency

55.711

Currency

73.925

Currency

37.972

Currency

39.133

Currency

66.814

Currency

8.3594

Currency

0.6732

Currency

0.34864

Currency

0.52443

Currency

1.1078

Currency

0.59265

Калај

46.87

Бакар

12.40

Рутениум

61086.42

Родиум

293375.56

Иридиум

326330.08

Злато

125211.08

Платина

48804.83

Сребро

1611.91

Паладиум

31893.54

Алуминиум

3.02

Цинк

3.76

Кобалт

33.53