Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Англија доживеа пораз од Аргентина од 2-1 и со тоа заврши сонот за уште една мундијалска титула, повторување на 1966 година кога „гордиот албион“ прв и последен пат беше најдобра селекција на светот. Англичаните, јавноста, навивачите се лути и разочарани не поради самиот пораз туку пред се поради начинот на кој селекцијата изгледаше во најголемиот дел од второто полувреме особено откако постигна гол за водство. Селекторот Томас Тухел е ...
Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Марко Ѓорѓиевски се враќа на домашната сцена и тоа по неуспешната приказна во Романија. Марко блескаше во Силекс по што си обезбеди трансфер во Клуж од каде премина во Херманштад за да сега се врати дома со потпис за вицешампионот Шкендија. Тој стави потпис на договор до 2028 година, а ќе им се приклучи на новите соиграчи овој викенд. Претходно освен во Македонија настапуваше и во соседна ...
Тимот на ГРК Тиквеш 2014 официјализираше уште едно засилување за сезоната 2026/2027, а тоа е средбиот бек Томислав Димовски. Се работи за играч кој досега беше дел од Пролет, клуб кој нема да се натпеварува во најсилната домашна конкуренција во новата кампања. Претходно клубот од Кавадарци се „освежи“ и со левите бекови Тоше Ончев и Мохамед Бен Махфуд, како и пивотот Борјан Цековски, Тиквеш е еден од клубовите кој ќе го претставува ...
Машката младинска репрезентација доживеа драматичен пораз од Полска на Европското првенство во Романија. Во мечот за разигрувањето за пласман на трунирот, нашите ракометари загубија од Полска на пенали. Немаше победниик по основниот дел кој заврши 28:28, а во пенал серијата Полјаците ги погодија сите седмерци и со вкупно 33:32 го добија ова соочуваше што значи ќе разигруваат за 17 место против победникот од дуелот меѓу Србија и Летонија, а ...
Машката кошаркарска репрезентација до 20 години забележа убедлив триумф над Грузија од 97:62 во разигрувањето за пласман на Европското првенство од Дивизијата „Б“ во Братислава. Ова беше најдобро издание на избраниците на Никола Велев на овој турнир, меч во кој го надиграа ривалот и ги добија сите четири четвртини. Нашите кошаркари ја добија првата четвртина со 22:16, втората со 31:19, а тој ритам го задржаа и по паузата. Дури петмина ...
Англиската јавност се уште го анализира огромниот пад на репрезентацијата во последните 30-тина минути од полуфиналето со Аргентина, па иако поголем дел од експертите се задржаа на Томас Тухел и го посочија како главен виновник поради кукавичката стратегија, Грем Сунес реши да им се нафрли и на двајца фудбалери. Легендарниот играч на Ливерпул во свое време важеше за еден од најдобрите везни фудбалери во светот, а во неговата анлиза, Англија е ...
Атлетико Мадрид се најде во непријатна положба да слуша понуди за Хулијан Алварез од налутите шпански ривали, но откако одби понуда од Реал Мадрид вредна 150 милиони евра, клубот од престолнината зазема уште порадикален став кон Барселона. Ниту еден вработен од Атлетико Мадрид не сака да слушне за продажба на аргентинскиот напаѓач во каталонскиот великан, а носени од фактот што Хулијан има важечки договор со „душекџиите“, извршниот директор ...
Пеп Гвардиола остави зад себе една незаборавна десетгодишната етапа во Манчестер Сити во која успеа да освои се што може да се освои, а покрај титулата во Лигата на шампиони, најголемо наследство дефинитивно му се шесте освоени трофеи во Премиер лигата, од кои четири беа во низа. Шпанскиот стручњак заокружи едно незаборавно поглавје и најави дека ќе земе подолга пауза од фудбалот, особено поради фактот што цели 19 години интензивно е дел од ...
Столе Димитриевски дочека убави денови во Валенсија и со огромна страст и ентузијазам се врати на тренинзите за новата сезона, не само поради новиот договор кој го потпиша во месец јуни, туку и поради свадбената церемонија со која ја овековечи својата љубов со сопругата Ирина Јанкуловска. Поради двата убави поводи, „Супердепорте“ одработи долго и опширно интервју со Македонецот и успеа да извлече изјави за сонот кој го живее Македонецот во ...
Аргентинската армија на навивачи е најголема и најбројна во САД и тоа беше сосема очекувана уште пред стартот на Светското првенство, но какошто се ближи турнирот до самиот крај, поддршката од трибините се повеќе добива на значење. „Гаучосите“ бодрени од своите верни навивачи се израдуваа на нов голем успех и на второ финале во низа на мундијалите, а бидејќи тоа се оствари на навистина драматичен начин против Англија, еуфоријата достигна врв ...
ФИФА направи многу остапки за да го задоволи домаќинот на Светското првенство во изминатите пет недели, а пред завршниот чин кој е закажан за Њу Џерси, се пренесува уште една вест која ги разочарува фудбалските фанови кои се држат до традицијата на овој спорт. Покрај тоа што ќе има 30-минутна пауза меѓу полувремињата поради музичко шоу во стилот на „Супербоул“, домаќинот на мундијалот имплементира уште едно американско обележје за големото ...
Гери Невил излезе со провокативна најава за полуфиналето кое се играше во Атланта и ги нарече аргентинските стопери како „најдобри меѓу најлошите“, зборови кои секако беа наменети за Кути Ромери и Лича Мартинез. Легендарниот бек на Манчестер Јунајтед ги апострофираше големите грешки кои ги прават и пропустите кои ги имаат во концентрацијата, па иако ја нагласи и нивната глад секогаш да ја поправат ситуацијата со неверојатна страст и ...
Роналдо Назарио привлече доста внимание со коментарите кои ги даде од САД поврзани за Светското првенство кое се ближи до својата завршница, па иако сега главен фокус е големото финале меѓу Аргентина и Шпанија, славниот бразилски голгетер се осврна на фудбалерот кој носи исто презиме како неговото. Кристијано Роналдо остана без толку посакуваната титула на светските првенства и го заврши шестиот мундијал во кариерата без позначаен успех, а во ...
Јувентус го промовираше Џеф Екатор како прво летно засилување кое приситгна од редовите на Џенова, а две недели подоцна, пристигна вест за ангажман на уште еден играч од ривалски клуб во Серија А. Лучијано Спалети и оперативците на Јуве режираа неочекувана „кражба“ на фудбалер кој имаше се договорено со Рома, па така во иднина Зеки Челик ќе го гледаме во црно-белиот дрес на великанот од Торино. Турскиот репрезентативец ги договори сите услови ...
Еурофарм Пелистер како вицешампион на Македонија ќе биде дел од второто по ранг европско натпреварување во ракомет, а денеска ги дозна своите ривали за настапот во Еропската лига на ЕХФ. Денеска во седиштетот на ЕХФ беше извлечена ждрепката и македонскиот тим се најде во групата Г, сегмент во кој за ривали доби ривали од двете најсилни лиги во светот, како и еден од Полска. Германски Гумерсбах, шпанска Ла Риоха и полски Вибжеже Гдањск се ...
Ждрепката која вчера се одржа во седиштетот на ФИБА посака Македонија да се најде во групата „Ф“ во втората рунда од претквалификациите за Евробаскетот, или во превод, селекцијата предводена од Жозеп Марија Берокал се најде во друштво на две селекции како Австрија и Кипар. „Возниот ред“ посака Македонија да биде слободна во првото коло кое се игра на 27-ми август, а бидејќи станува збор за два ривали кои бараат максимален ангажман и ...
Силекс покажа дека може да се надигрува со посилни европски ривали и сосема достоинствено се прикажа во првото квалификациско коло во Конференциската лига, но за жал не успеа да излезе како победник во драматичниот пенал рулет со Динамо Минск. Македонскиот претставник својата најголема шанса ја пропушти во регуларниот дел кога Велиновски излезе само пред голот на противникот, но фудбалерот на Силекс не успеа да погоди и така мечот отиде во ...
Џулијано Симеоне изненадувачки доби шанса во стартната постава во полуфиналето на Светското првенство и тоа беше втор старт за него по мечот со Јордан, а сосема очекувано, синот на легендарниот Чоло не потфрли кога е пожртвуваноста и претрчаните километри во прашање. Симеоне си ја заврши својата работа со агресивниот стил на игра и беспоштедноста, па откако неговиоте соиграчи се погрижија и за импресивен пресврт во самиот финиш од мечот, ...
Столе Димитриевски дочека одлични моменти на професионален план и тоа е сосема заслужено после импресивните шест-седум месеци кои ги остави зад себе, а шлаг на тортата за македонскиот чувар на мрежата ова лето беше „двојната венчавка“ која се случи во период од 30-тина дена. Македонскиот чувар на мрежата доби нов договор од Валенсија и стави потпист на нова двегодишна соработка, но пред да се врати на пресезонските подготовки, Столе го стави ...
Светското првенство во САД, Мексико и Канада полека влегува во својата завршна фаза, а пред последните два натпревари кои ќе ги гледаме на мундијалот, свој збор имаше и Пјерлуиџи Колина. Шефот на судиите во ФИФА ги собра сите арбитри за да ги соопшти двете најважни одлуки за крај на мундијалот, со тоа што секако во фокусот беше изговорот на името на судијата кој ќе ја дели правдата во големото финале кое се игра во Њу Џерси во недела. Голема ...
Мајкл Олисе потрфли во последните две нокаут рунди на Светското првенство и не беше на нивото од голем дел од Светското првенство, па во ситуација кога тој беше целосно изолиран на средбата против Шпанија, „триколорите“ ја загубија препознатливата креација која најчесто беше симбол за крилото кое Дешамп го играше како „десетка“. Олисе одлично се снајде и во таков систем и покажа дека станува збор за играч кој може да одговори во различни ...
Пеп Гвардиола целосно се посвети на летниот одмор и умешно ги избегнуваше медиумите до овој момент, но пред големото финале кое следи на Светското првенство, шпанскиот стручњак одработи едно интервју за „OKX“. Доскорешниот менаџер на Манчестер Сити откри дека нема изразит фаворит на Светското првенство и дека не навива за ниту една репрезентација, апострофирајќи дека помило му е да победуваат играчи со кои има изградено посебна конекција низ ...
Марк Геи беше единствениот играч од одбраната кој го одигра натпреварот од првата до последната минутат против Аргентина, па иако водеше беспоштедна битка со „гаучосите“, играчот на Манчестер Сити е еден од оние кои покажаа како треба да се однесуваат професионалци во болен пораз. За разлика од низа провокации и препукавања кои беа евидентни на теренот и по крајот на натпреварот, Геи покажа дека може да има и фер-плеј во дуелот на омразените ...
Силекс има за што да жали и тагува по елиминацијата која ја доживеа во првото квалификациско коло во Конференциската лига, бидејќи не успеа да профитира од позитивниот резултат на гостувањето (0:1), но ниту да ја искористи својата колосална шанса за пласман во второто коло. Кратовчани беа домаќини на теренот „Петар Милошевски“ во Куќата на фудбалот и во второто полувреме не искористија зицер за израмнување на 1:1, па така со важечките 0:1 од ...
Англија беше толку блиску, а во исто време толку далеку до пласман во големото финале на Светското првенство, но нивниот ѕид, бедем попушти при налетите на Аргентина во самата завршница во која прими два гола и на крајот загуби со 2-1. Селекторот Томас Тухел од вчера е постојана тема на разговор пред на островот, огромни критики трпи Германецот пред се поради неговата одлука, тактичка поставеност откако екипата дојде до предност со погодокот ...
Некогашната ѕвезда на Челси и воедно поранешен белгиски репрезентативец, Еден Азар застана во одбрана на сонародникот Сене Ламенс кој нема по добро да го памети Светското првенство. Голманот на Манчестер Јунајтед беше резерва на овој настан, но во четвртфиналето неочекувано доби шанса за настап во второто полувреме по повредата на Тибо Куртоа, меѓутоа токму во завршницата имаше слаба интервенција, грешка која придонесе Шпанија да погоди преку ...
Ливерпул агресивно го нападна пазарот минатото лето, но огромните вложувања не донесоа резултати во првата сезона, екипата остана без ниту еден освоен трофеј, а на крајот стигна информација за разделба со тренерот Арне Слот, но и две клучни имиња Мохамед Салах и Енди Робертсон. Сега премиерлигашот ќе се обиде да сврти нов лист под водство на Андони Ираола, ама кога се во прашање засилувањата, дилема е колку пари ќе добие Шпанецот за ...
Чудни ситуации знаат да се случат во преодниот рок и воопшто во фудбалот, па додека еден играч не стави потпис на договорот ништо не се знае и сите опции се отворени. Уште еден најнов пример за тоа ни доаѓа од Италија и тоа од најсилната конкуренција, а се работи за турскиот интернационалец Зеки Челик. Дефанзивецот од 2022 година е дел од „волчицата“, договорот му истече на крајот на месец јуни, но информациите беа дека тој останува на ...
Фудбалерите на Силекс го завршија настапот во Европа за оваа сезона и тоа во рамките на првото квалификациско коло во Конференциската лига. Силекс го совлада Динамо Минск со 1-0 на првиот меч во Бугарија и со предност влезе на вечерашното соочување на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ при Фудбалската федерација на Македонија. Меѓутоа избраниците на Васоски примија гол уште во раната фаза преку Малашевич (16 минута), резултат кој остана ...
Екипата на Шкендија со нов триумф над Европа го официјализираше пласманот во второт коло од квалификациите за Конференциската лига на УЕФА. Шкендија го прегази претставникот на Гибралтар на негов терен со 5-0, додека пак вечерва се избори за минимално славје од 1-0. Клучниот момент се случи во самата завршница кога нововлезениот Ване Крстевски го матираше ривалот во 86 минута. Наредниот ривал за „црвено-црните“ е далеку посериозен, Браво од ...