Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Ајмерик Лапорт даде една провокативна најава на големото финале и порача дека на последните натпревари на Аргентина се случиле чудни и изненадувачки работи, заклучок кој секако предизвика доста голем интерес во Аргентина, но донесе и коментар од Кун Агуеро кој потоа мораше да биде дообјаснет. Легендарниот напаѓач го прозва својот поранешен соиграч од Манчестер Сити и му порача да биде појасен во изјавите кои ги дава, или во спротивно, ќе има ...
Жерард Пике беше член на златната генерација на Шпанија која ги достигна светските височини во фудбалот, а 16 години по првата и историска светска титула за „фуријата“, генерацијата на Луис де ла Фуенте е на еден чекор од повторување на овој успех. Шпанија вечерва ќе го предизвика актуелниот светски шампион Аргентина во големото финале во Њу Џерси, па откако актерите од двата табори направија џентлменска најава за тоа што следи, во јавноста ...
Пјрерлуиџи Колина како шеф на судиите на ФИФА му ја додели одговорноста на Славко Винчиќ да го суди големото финале на Светското првенство, но покрај тоа што говореше за извонредната кариера на словенечкиот арбитар кој го доживува врвот со денешниот меч, во пресрет на завршницата, славниот Италијанец ги искоментира и двата најконтроверзни моменти на мундијалот. Детекцијата на допирот со коса од Матановиќ поништи гол на Хрватска за ...
Големото финале на Светското првенство е настан кој за момент ги сопира сите останатите случувања за голем дел од популацијата на оваа планета, а иако Германија разочара на трет мундијал во низа, еуфоријата од завршното сценарио дефинитивно е актуелна и во оваа земја. Низа спортски аналитичари се редовен украс од овој мундијал кој денеска се ближи до својата завршница, а иако Тони Крос се задржува да коментира само преку платформата која ја ...
Жерард Пике беше член на златната генерација на Шпанија која ги достигна светските височини во фудбалот, а 16 години по првата и историска светска титула за „фуријата“, генерацијата на Луис де ла Фуенте е на еден чекор од повторување на овој успех. Шпанија вечерва ќе го предизвика актуелниот светски шампион Аргентина во големото финале во Њу Џерси, па откако актерите од двата табори направија џентлменска најава за тоа што следи, во јавноста ...
Мајкл Олисе беше главен креатор на играта на Франција на цел турнир, но иако воодушеви со низа потези и асистенции, ѕвездата на Баерн Минхен го заврши мундијалот без постигнат гол. Олисе ја презема улогата на трагичар во „малото финале“ поради фактот што не реализираше две големи шанси за 4:4 во завршната фаза од мечот со Англија, па поради големото разочарување, Мајкл морал да биде тешен и од селекторот во соблекувалната. Дешамп им откри на ...
Жоан Капдевила јавно побара помош и се пожали дека има проблеми со системот „ЕСТА“ кој не му овозможува да добие електронска патна дозвола за САД, а откако неговиот апел беше јавно споделен во цела јавност, очигледно пристигна реакција која ги решавата неговите главоболки. Легендарниот лев бек кој беше дел од шпанската репрезентација која освои прва светска титула, искажа жалење што ќе биде урнат неговиот сон и оние на неговите синови, но ...
Шпанија и Аргентина не го одиграа „Финалисима“ натпреварот кој требаше да се одржи во Катар, но судбината посака да ги одмерат силите на уште поважна фудаблска сцена, односно во големото финале на Светско првенство. Европската и јужноамериканската велесила вечерва ќе ги вкрстат копјата во големото финале кое се игра во Њу Џерси, а додека поголем дел од јавноста очекува неизвесен и тврд натпревар, Роналдо Назарио има сосема различни очекувања. ...
Џуд Белингам доби одмор во „малото финале“ на Светското првенство и не беше внесен од Томас Тухел се до самата завршница, но токму ѕвездата на Реал Мадрид беше таа која стави крај на неизвесноста во лудиот натпревар со десет голови. Офанзивниот играч за врска украде топка на средината на теренот и претрча 50-тина метри до голот на Франција, но пред да постигне еден од најубавите голови на овој мундијал, Џуд го „измести“ Лакроа. Стоперот на ...
Поразот од Англија во „малото финале“ означи и крај на еден циклус во француската репрезентација, односно крај на една успешна ера во која главен диригент од клупата беше Дидие Дешамп. Искусниот стручњак го презема националниот тим во доста сложена ситуација во 2012-та година, а 14 години подоцна, Франција е една од најголемите фудбалски велесили која секогаш се бори за најважните трофеи. Без оглед на тоа што Франција вчера не успеа да ...
Томас Тухел ги измеша картите и им даде шанса на играчи кои поретко добиваа шанса на ова Светско првенство, а тоа се покажа како одлична стратегија за натпреварот за третото место. Таканаречените резерви на германскиот стручњак истрчаа со голем мотив на теренот и постигнаа четири голови уште во првото полувреме, па иако работата се закомплицира во турбулентниот втор дел, на крајот Англичаните пронајдоа пат до победа и прва бронза во ...
Лионел Меси се подготвува за своето трето мундијалско финале во кариерата, второ во низа по она во Катар на кое заедно со соиграчите ја освоија историската светска титула. Аргентинскиот капитен се стави на располагање на 39-годишна возраст и покажа зошто е еден од најголемите на сите времиња и во оваа фаза од кариерата, па како лидер на „гаучосите“ одново се погрижи актуелниот шампион да стигне до големото финале. Головите и асистенциите на ...
Дидие Дешамп направи четири измени на стартот на вториот дел, но ако правилата дозволуваа да направи повеќе, искусниот стручњак сигурно ќе сакаше да го промени цел тим на паузата меѓу двете полувремиња. Светскиот вицешампион се посрамоти во воведните 45 минути и дозволи да биде целосно надигран од Англија, па иако остави далеку поинаков впечаток во вториот дел и беше на работ да се врати, реакцијата се покажа како задоцнета. Франција постигна ...
Килијан Мбапе направи исчекор во трката за „Златната копачка“ на овој мундијал и сега има два погодоци повеќе од Лионел Меси, но и севкупно гледано, францускиот капитен во моментов е најдобар голгетер во историјата на Светските првенства. Десеттиот гол на овој мундијал всушност е 22-ри за него на мундијалите и со тоа изби на првото место на вечната листа, па по двата гола кои ги постигна во мрежата на Англија, ѕвездата на Реал Мадрид излезе и ...
Остана само уште еден меч до крајот на Светското првенство и тоа оној за титулата во кој ќе видиме селекциите на Шпанија и Аргентина. Финалето е закажано за вечерва од 21 часот, а пред истиот легендарниот Чави Ернандез доби интересен предизвик од страна на „Дејли Мејл“. Преку систем на елиминации имаше можност да го избере најдобриот играч на турнирот, осум имиња, опции му беа понудени на Чави, па преку четвртфиналето, полуфиналето и финалето ...
Македонската младинска репрезентација ја надигра Холандија со 89:60, резултат кој значи дека нашите надежи ќе се борат за деветтото место на Европското првенство од Дивизијата „Б“ во Братислава. Ова беше соочување во кое првата четвртина им припадна на „лалињата“ со 23:16, ситуација која како да им потребна на избраниците на Никола Велев кои во преостанатиот дел им одржаа лекција на врсниците од Холандија. Вторите десет минути Македонија ги ...
Репрезентациите на Франција и Англија понудија вистински спектакл во „малото финале“ на Светското првенство во САД, Мексико и Канада, а покрај тоа што се погрижија за ревија од голови за сите фудбалски фанови, поставија и нов апсолутен рекорд кога е во прашање натпреварот за трето место на мундијалите. За првпат во историјата на овие натпревари, видовме десет голови во регуларен дел, а во еден неверојатен натпервар во кој имаше и голема ...
Соединетите Американски Држави имаат добар настап на Светското првенство, турнир на кој како ко-организатори стигнаа до осминафиналето каде беа совладани од Белгија. Американците имаа сигурни настапи пред тој меч, но тука потфрлија, не го дадоа максиумот и едноставно како на нив да влијаеше целата ситуација со напаѓачот Балогун, црвениот картон, казната и потоа поништувањето на суспензијата. Сега останува отворено прашањето дали Маурисио ...
За утре од 21 часот е закажано финалето на Светското првенство каде во борба за најпрестижната титула ќе ги видиме Шпанија и Аргентина. Шпанците и Аргентинците ги минаа сите пречки и успеаа да стигнат до самиот крај, па дилемата е дали „црвената фурија“ ќе ги обедени европската и светската титула или пак „гаучосите“ по втор пат во низа ќе бидат најдобра репрезентација на планетава. Легендарниот Мајкл Овен има свој фаворит во финалето и тоа е ...
Франција и Англија ќе се борат за третото место на Светското првенство, соочување закажано за вечерва од 23 часот во Мајами. Ако се суди по почетните постави, да се дојде до бронзата дефинитивно е позначајно за Французините кои започнуваат со моќен тим. „Триколорите“ почнуваат со формација 4-2-3-1 во која главниот збор ќе го има Мбапе, а најголема помош треба да му бидат Олисе, Шерки и Дуе. На средината се Рабио и Заир Емери, дефанзивата ја ...
Шпанија и Аргентина ќе го имаат „последниот танц“ на 23. Светско првенство, меч за пехарот, меч за тронот во светот на фудбалот во наредните четири години. Се очекува да имаме доста интересни битки, соочувања на теренот, а меѓу оние на кои треба да се внимава е Марк Кукурелја. Новиот член на Реал Мадрид игра перфектен мундијал, имаа фантастично во одбраната, но и одлично се уфрла во нападот и ќе биде занимливо како Аргентина ќе се справи со ...
Кадетската машка репрезентација на Македонија ја очекува настап на Европското првенство, но пред тој голем турнир како загревање беа договорени два пријателски натпревари со Грција. Првиот се одигра денеска и нашите ракометни надежи славеа со 31:29. Со истиот овој ривал ќе се соочиме и утре од 12 часот во СЦ Јане Сандански во Скопје. Само за потсетување, македонската репрезентација на ЕП ќе има тешка задача во првата фаза затоа што за ...
Трансфер пазарот веќе некое време ги поместува границите, а за тоа највиновни се англиските клубови, тимовите од Премиер лигата кои слободно може да се каже дека ги „пумпаат“ цените на играчите. Како што стојат работите за кратко време во овој преоден рок ќе бидеме сведови на нов британски рекорд, поточно ќе биде надмината сума која Манчестер Сити ја издвои за Елиот Андерсон (116 милиони фунти). Реномираниот „Атлетик“ пренесува дека Челси ...
Хрватската фудбалска легенда, Давор Шукер жестоко го нападна или поточно му одговори на англискиот селектор Томас Тухел кој по поразот од Аргентина порача дека битката за третото место на Светското првенство е бесмислена и дека никој не сака да игра таков натпревар. Има и други имиња, фудбалери од „високото друштво“ кои го имаат ваквио став што за некогашниот напаѓач на Реал Мадрид и Арсенал е погрешен. -Мислам дека само богатите не сакаат да ...
Манчестер Јунајтед доживеа пораз од Рексам од 1-0 во првиот подготвителен меч за новата сезона. Ова беше дуел кој се одигра во Хелсинки, дуел на кој Мајкл Карик не можеше да смета на доста играчи кои беа или се уште се на Светското првенство, а тоа дефинитивно придонесе за славјето на клубот од Чемпиошип лигата. За Јунајтед дебитираше летното засилување Андреј Сантош кој пристигна од Челси, беше стартер и го одигра првиот дел во кој се случи ...
Норвешка веројатно ја имаше најубавата приказна на ова Светско првенство, репрезентација која по долго време обезбеди место на мундијалите, но во исто време селекција која покажа дека има одлична генерација која може да биде и вистински хит на големите турнири. Норвежаните стигнаа до четвртфиналето на СП, фаза во која несреќно беа елиминирани од Англија и тоа по дополнителните 30 минути. Скандинавците претходно во нокаут фазата се справија со ...
Возачот на Мерцедес, Кими Антонели се избори за нова пол позиција во Ф1 шампионатот, овојпат во квалификациите за трката за Големата награда на Белгија. Антонели потврди зошто е најдобриот возач во тековната сезона и по шести пати ќе тргне од позицијата број еден со тоа што во првиот ред друштво ќе му прави поранешниот шампион Макс Ферстапен. Третата и четвртата позиција ја освоија Ландо Норис и Џорџ Расел со тоа што овој првиот ќе ја започне ...
Шкендија внимателно ги бира потезите во овој летен преоден рок, а изминативе два дене доведе две засилувања, засилувања кои сигурно ќе го кренат квалитетот на екипата за предизвиците на домашната и меѓународната сцена. Прво беше доведен напаѓачот Марко Ѓорѓиевски кој пристигна по епизодата во Романија за да денеска потпис со „црвено-црните“ стави и репрезентативецот Јован Манев. Манев од 2022 година настапуваше надвор од Македонија откако ...
Андрес Иниеста е човекот кој и ја донесе првата светска титула на Шпанија во нејзината историја, а 16 години подоцна, избраниците на Луис де Ла Фуенте ќе имаат шанса да стигнат до втор најголем успех. Шпанија на доминантен начин се пласираше во големото финале и прикажа фудбал кој цела спортска јавност ја остави без зборови, па водејќи се по тие најави, „црвената фурија“ влегува и како благ фаворит за златниот трофеј. Шпанците одбиваат да ја ...
Односите на Рома и Јувентус значително ќе се заладат во наредниот период и причина за тоа е „кражбата“ која ја режираше клубот од Торино со Зеки Челик, играч кој наместо во Рим, по крајот на својот летен одмор заврши во Торино. Иако ги имаше договорено сите услови со Рома за продолжување на соработката, турскиот фудбалер на крајот заврши во редовите на Јувентус и вчера беше потврден како второ летно засилување, вест која дефинитивно ...