Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Томас Тухел уште еднаш застана во одбрана на совјата идеја и потезите кои ги повлече во полуфиналето со Аргентина, но исто така призна дека неговиот тим се уште има да надополни одреден јаз за да биде на нивото на трите најдобри селекции во светот. Германскиот стручњак верува дека Англија има потенцијал да се бори за самиот врв, но според него, Аргентина, Шпанија и Франција се за едно ниво погоре од англискиот национален тим. – Ќе повторам ...
Славко Винчиќ дочека врв на својата кариера откако беше делегиран за главен судија на големото финале на Светското првенство, момент кој го дочека со многу емоции и солзи во очите. Словенечкиот судија заврши во прегратка на Пјерлуиџи Колина откако славниот арбитар му ја соопшти убавата одлука, па во моменти кога Винчиќ испишува убава историја за својата земја и воопшто за балканските земји, медиумите почнаа да се занимаваат и со неговата ...
Иако звучи чудно, Лионел Меси и Ламин Јамал имаат врска која датира од пред од 19 години, иако и двајцата не беа свесни дека речиси две децении подоцна, токму таа заедничка слика ќе означува најлуда најава за финалето на Светско првенство. Меси како голема ѕвезда во налет во Барселона се фотографирал со новородено бебе чии родители се големи фанови на Барселона, а детето кое го држеше во рака пред 19 години, сега ќе биде негов голем ривал во ...
Базата на Шпанија се наоѓа во Њу Џерси и сите членови од актуелниот европски шампион се подготвени за тоа што следи, односно утрешното големо финале против Аргентина во завршницата на Светското првенство. Ближењето на најважниот момент сосема очекувано буди реакции од актерите кои ќе влечат важни потези на утрешниот меч на „МетЛајф“ стадионот, а во најавата за големото финале, скромниот Де ла Фуенте нагласи дека единствена нервоза му ...
Емилијано Мартинез немаше главен збор на заедничкото обраќање кое го имаа селекторите и капитените на Аргентина и Шпанија, но како еден од најважните репрезентативци во актуелниот светски шампион, популарниот Дибу одговори на прашање кое е доста „скокотливо“ и кое се повторува веќе некое време. До пласманот во полуфиналето, Аргентина не одигра ниту еден натпревар против селекцијата од топ 10 на ФИФА листата и тоа им овозможи да имаат далеку ...
Голем број спортски ѕвезди беа дел од „Фанатик фестивалот“ во Њујорк кој се одржа во пресрет на големото финале на Светското првенство, настан на кој звучни имиња од различни сфери од спортот поставуваа прашања, а одговори даваа членовите од завршниот чин на мундијалот. Лионел Скалони, Лионел Меси, Луис Де ла Фуенте и Родри имаа за задача да одговараат на прашањата кои ги поставуваа Новак Ѓоковиќ, Том Брејди, Кевин Дурент и останатите, а ...
Новак Ѓоковиќ беше една од елитните спортски мега ѕвезди кои се беа дел од елитната најава на големото финале на Светското првенство, настан кој привлече огромно внимание пред завршното сценарио на мундијалот. Настанот во Њујорк се најде во центарот на вниманието бидејќи актерите од финалето добиваа прашања од спортски ѕвезди како Ѓоковиќ, Дурент и Брејди, па иако Новак имаше за задача да биде модератор и да поставува прашања до селекторите и ...
Марко Ѓорѓиевски нема да ја памети по добро годината која ја остави зад себе во романскиот фудбал, но после сезона која ќе сака што побрзо да ја заборави, некогашниот младински репрезентативец со огромен мотиви желба се враќа во мак-фудбалот. Корпулентниот напаѓач вчера официјално беше претставен како големо засилување за Шкендија и постигна двегодишен договор со македонскиот вицешампион, со кого сега има најголеми амбиции да се врати во ...
Угледниот француски медиум „Лекип“ вчера преку својата насловна страна испорача „бомба“ од кампот на француската репрезентација, објавувајќи дека Мајкл Олисе ќе направи се што е во негова моќ да го напушти Баерн Минхен и да се пресели во клубот од соништата, Реал Мадрид. Крилниот фудбалер остави зад себе две импресивни сезони во Германија и го привлече вниманието на пошироката спортска јавност, а сега како една од најголемите ѕвезди во ...
Доналд Трамп како американски претседател имаше обраќање од Њујорк во пресрет на самата завршница на Светското првенство, а тоа е натпреварот за третото место кој се игра вечерва во Мајами, како и финалето кое е закажно за утре во Њу Џерси. Трамп привлече внимание на овој мундијал со некои контроверзни корекции на кои со позитивен одговор излегоа претставниците на ФИФА и со таквиот стави ги разлути фудбалските фанови, но сега пред завршниот ...
Лионел Меси и неговите соиграчи се подготвуваат за второ финале во низа на Светското првенство, а предизвикот не може да биде поголем за нив бидејќи за ривал ќе ја имаат разиграната Шпанија. Искуството и сите големи достигнувањата во кариерата прават аргентинскиот капитен да остане доволно мирен и да се подготвува за финалето како да е натпревар плус, а во најавата за неделниот меч кој се игра во Њу Џерси, Меси беше дел и од уникатна ...
Депортиво мина низ мала голгота во изминатите неколку години и стигна и до третиот натпреварувачки ранг во шпанскиот фудбал, но во моментите кога се допре дното, стана јасно дека ќе мора целосно да се менува курсот за да се врати клубот на старите патеки. Иако не беше лесно, Депортиво после осум години се врати во елитниот шпански фудбал, а кам-бекот во Ла Лига реши да го прослави со ребрендирање на своето име. Депортиво од Ла Коруња премина ...
Франција атакува на нова светска титула и имаше големи амбиции да стигне до завршното сценарио во Њу Џерси, но наместо тоа, „триколорите“ сега ќе се борат за бронзениот медал во „малото финале“ кое се игра вечерва во Мајами. Дидие Дешамп вечерва ќе го одработи последниот натпревар како француски селектор и тоа е доволна мотивација за него да го извади најдоброто од своите фудбалери, кои од друга страна се крајно демотивирани после болниот ...
Шпанија утре ќе игра за втора светска титула во својата историја на завршното сценарио во Њу Џерси, па иако предвидено е Аргентинците да доминираат на трибините со оглед на тоа што ги има во далеку поголем број, дефинитивно ќе има и шпански фанови кои ќе ја бодрат „фуријата“. Во изминатиот период, видовме голем број шпански легенди кои продефилираа на трибините во Америка како главни поддржувачи на националниот тим кој го предводи Де ла ...
Чави Ернандес допатува во САД во улога на голем поддржувач на шпанската фудбалска репрезентација, која утре во Њу Џерси ќе игра за втора светска титула во големото финале против Аргентина. 16 години по историската прва титула која ја освои генерацијата предводена од Висенте Дел Боске, Шпанија одново се врати на европскиот врв под тренерската палка на Луис де ла Фуенте, а истата генерација сега е на чекор од светската титула. Големото финале ...
Англиската јавноста се уште не може да се помири со поразот од Аргентина во полуфиналето на Светското првенство или пред се со изданието на нивните миленици во второто полувреме и тоа откако дојдоа до предност. „Гаучосите“ издоминираа во преостанатиот дел, го свртеа резултатот и со 2-1 отидоа во финалето каде ќе ги одмерат силите со Шпанија. Најмногу се критикува селекторот Томас Тухел и тоа веројатно ќе биде можеби уште позасилено ако ...
Селекторите имаат доста тешка задача да мотивираат фудбалери кои доживеале голем шок и болен удар пред само два-три дена, но колку и да е тешко за самите ѕвезди, Французите и Англичаните вечерва ќе мора да истрчаат на терен и да се борат за бронзата на Светско првенство. Поразените селекции од полуфиналињата ќе ги вкрстат копјата вечерва во 23:00 часот во Мајами, а сосема очекувано, во најавата за истите повеќе се говореше за лошите спомени ...
Англиската јавноста се уште не може да се помири со поразот од Аргентина во полуфиналето на Светското првенство или пред се со изданието на нивните миленици во второто полувреме и тоа откако дојдоа до предност. „Гаучосите“ издоминираа во преостанатиот дел, го свртеа резултатот и со 2-1 отидоа во финалето каде ќе ги одмерат силите со Шпанија. Најмногу се критикува селекторот Томас Тухел и тоа веројатно ќе биде можеби уште позасилено ако ...
ФИФА американизираше неколку работи во пресрет на големото финале на Светското првенство и со своите потези предизвика голем револт во јавноста, но со цел да ја намали бурата која ја предизвика со најавата за доделување на златни прстени во стилот на НБА лигата, пристигна демант за информацијата која кружеше во јавноста подолго време. Покрај задолжителната пауза за хидратација која се користи за голем комерцијален профит, за големото финале ...
Брегалница ќе игра во Првата македонска лига во новата сезона, а целта е екипата да се претстави во најдобро издание како во шампионатот така и во Купот. Клубот од Штип го составува тимот, а дел од истиот ќе бидат Анџело Николовски, Мартин Миленковски и Дарко Стојанов. Николовски беше еден од најзаслужните за кам-бекот на Брегалница во елитната домашна фудбалска конкуренција и за тие партии беше награден со нов договор. Во Брегалница воедно ...
Шпанија и Аргентина ќе ги одмерат силите во финалето на 23. Светско фудбалско првенство, соочување закажано за в недела од вечерниот термин од 21 часот. Шпанија е актуелен европски првак, Аргентина актуелен светски и воедно најдобра екипа во Јужна Америка, па само ова е сосема добра најава за супер меч за крај на мундијалот. Ова е битка за која претседателот на Барселона, Жоан Лапорта верува дека ќе и припадне на „црвената фурија“, но во исто ...
Управниот одбор на Машката и Женската регионална ракометна лига (MRHL / WRHL) ја одржа својата прва – конститутивна седница. Седницата се одржа преку видеоконференциска врска, а Управниот одбор го сочинува по еден претставник од трите сојузи основачи: Ракометниот сојуз на Србија, Ракометната федерација на Македонија и Ракометниот сојуз на Црна Гора. Сите одлуки на седницата беа донесени со консензус на сите три члена. Донесени одлуки * ...
И додека се чекаат последните натпревари на Светското првенство, топката веќе се трката во европските купови каде на еден од натпреварите беше донесена одлука која директно влијаеше врз пласманот во второто коло на Конференциската лига. На соочувањето меѓу Хамрун од Малта и Рунавик од Фарски Острови резултатот беше 1-1 до судиското продолжение, резултат кој значеше дека ќе се играат дополнителни 30 минути за да се реши вкупниот победник затоа ...
Босна и Херцеговина настапи на Светското првенство во САД, Канада и Мексико, турнир на кој се прикажа во добро издание и сосема очекувано е добар дел од играчите да бидат наградени со добри трансфери. Веќе имаме и потврда за тоа, конкретен примет затоа што дефанзивецот Тарик Мухаремовиќ го официјализираше трансферот во поранешниот тим на Џани Алиоски-Лидс Јунајтед. Тој доаѓа на „Еланд Роуд“ од редовите на Сасуоло и тоа во трансфер вреден 40 ...
Премиерлигашот Астон Вила го официјализираше првото засилување во овој преден рок, засилување со кое е испишана нова страница во историјата на клубот од Бирмингем. Нов член на составот од „Вила Парк“ е играчот кој импресионираше на Светското првенство во дресот на Швајцарија, ас кој беше прогласен за најдобар млад играч минатата сезона во Лига Европа-Жоан Манзамби. Швајцарецот требаше да заврши во Њукасл, но Астон Вила влезе во приказната и ...
Македонскиот интернационалец, Георг Стојановски на фанстастичен начин со гол од центар ја отвори новата сезона во Бугарија. Македонскиот напаѓач беше стартер за Спартак Варна и во 13 минута успеа со удар од средина на теренот да го матира голманот на ЦСКА 1948 Петар Маринов кој не се прослави во таа ситуација. Потоа внукот на легендарниот Ѓоко Хаџиевски (тренер на Спартак Варна) запиша и асистенција, го пронајде Читоку кој погоди за 2-0 во ...
Чудни работи знаат да се случат во фудбалот особено во преодниот рок каде знаат да пропаднат и договорени трансфери и тоа на највисоко ниво. Последен пример за тоа е ситуацијата со бразилскиот репрезентативец Едерсон на кого му беше потребен само потпис за да биде промовиран на „Олд Трафорд“, но Манчестер Јунајтед одлучи да се повлече од зделката во последен момент, наводно поради тоа што играчот за врска имал некој проблем на медицинските ...
Нема повеќе дилеми ако некој воопшто сметаше дека постојат, односно Доминик Собослаи и во иднина ќе го гледаме во дресот на премиерлигашот Ливерпул. Играчот кој пристигна на „Енфилд Роуд“ во 2023 година потпиша нов петгодишен договор со англискиот великан и дефинитивно ќе биде еден од лидерите на проектот и оваа екипа. Унгарецот беше далеку најдобриот играч на „црвените“ во претходната сезона и со тоа едноставно го принуди клубот да го ...
Јувентус остави зад себе турбулетна сезона, сезона во која не успеа да обезбеди топ 4 пласман во Серија А и со тоа остана без место во Лигата на шампионите. Меѓутоа тоа е веќе миното, фокусот е на сегашноста, а проектот останува да го води искусниот Лучијано Спалети. Иако едно време се најавуваа доста засилувања, звучни имиња засега „старата дама“ не е премногу активна или не може да затвори некои зделки поради финансиски причини и доведени ...
Актуелниот македонски ракометен шампион ЖРК Ѓорче Петров доби уште едно ново име, засилување од Романија. Се работи за Сабрина Џулија Лазеа, ракометарка која игра квалитетно во двата правци. Таа игра добро во одбраната, а во нападот може да одговори на трите бековски позиции. Пред неа како засилувања беа доведени Катарина Шубериќ, Ана Марија Коларовска, Аника Јовановиќ, Анѓела Губериниќ, Нина Вуксановиќ и Кристина Наумовска која дојде од ...