Ливерпул агресивно го нападна пазарот минатото лето, но огромните вложувања не донесоа резултати во првата сезона, екипата остана без ниту еден освоен трофеј, а на крајот стигна информација за разделба со тренерот Арне Слот, но и две клучни имиња Мохамед Салах и Енди Робертсон. Сега премиерлигашот ќе се обиде да сврти нов лист под водство на Андони Ираола, ама кога се во прашање засилувањата, дилема е колку пари ќе добие Шпанецот за ...

Чудни ситуации знаат да се случат во преодниот рок и воопшто во фудбалот, па додека еден играч не стави потпис на договорот ништо не се знае и сите опции се отворени. Уште еден најнов пример за тоа ни доаѓа од Италија и тоа од најсилната конкуренција, а се работи за турскиот интернационалец Зеки Челик. Дефанзивецот од 2022 година е дел од „волчицата“, договорот му истече на крајот на месец јуни, но информациите беа дека тој останува на ...

Фудбалерите на Силекс го завршија настапот во Европа за оваа сезона и тоа во рамките на првото квалификациско коло во Конференциската лига. Силекс го совлада Динамо Минск со 1-0 на првиот меч во Бугарија и со предност влезе на вечерашното соочување на тренинг-центарот „Петар Милошевски“ при Фудбалската федерација на Македонија. Меѓутоа избраниците на Васоски примија гол уште во раната фаза преку Малашевич (16 минута), резултат кој остана ...

Екипата на Шкендија со нов триумф над Европа го официјализираше пласманот во второт коло од квалификациите за Конференциската лига на УЕФА. Шкендија го прегази претставникот на Гибралтар на негов терен со 5-0, додека пак вечерва се избори за минимално славје од 1-0. Клучниот момент се случи во самата завршница кога нововлезениот Ване Крстевски го матираше ривалот во 86 минута. Наредниот ривал за „црвено-црните“ е далеку посериозен, Браво од ...

Астон Вила по се изгледа ќе направи сериозни промени во играчкиот кадар и за тоа потврда се заминувањата на играчи како Јури Тилеманс и Лука Дињ, но и најавите за нови засилувања. Медиумите веќе известија дека клубот од „Вила Парк“ го договорил еден од играчите кој беше откритие на СП, Жоан Манзамби од Фрајбург. Најновата вест е дека премиерлигашот успеал да му го „украде“ посакуваното засилување на Атлетико Мадрид, Жоао Гомеш. Долго време ...

Паоло Малдини од неодамна беше назначен за технички директор, а Леонардо за негов советник и прва задача на ова дуо е да избере идеален кандидат за италиански селектор. Малдини и Леонардо веќе го информирале првиот човек на федерацијата Џовани Малаго дека имаат фаворит за одговорната позиција-тоа е легендарниот Андре Пирло. Ова дуо верува дека Пирло е добро решение и сега на потег е Малаго кој се очекува да оствари состанок со некогашниот ...

Франција имаше силни и доминантни настапи на Светското првенство и за многумина оваа селекција стана прв фаворит за титулата, но „триколорите“ во полуфиналето наидоа на Шпанија која комплетно ги неутрализираше и им одржа лекција совладувајќи со 2-0. Со ова Франција остана без можност третапат во низа да игра финале на мундијалите, да се бори за титула, поточно сега опција е само „бронзата“ под услов да се совлада Англија. Соочувањето на ...

Англија не успеа да дојде до целта и по долго време да стигне до финале на Светските првенства, односно нивниот план го расипа Аргентина која ги доби во Атланта со 2-1. „Гаучосите“ примија гол во раната фаза на второто полувреме, но ова како дополнително да ги мотивираше и во продолжението комплетно го надиграа противникот и беше само прашање на време кога ќе го матираат. Нивната иницијатива вроди со плод во 85 и 92 минута кога Меси испорача ...

Уште еден македонски кошаркар си заминува од домашната сцена и се сели во Соединетите Американски Држави. Имено по Теодор Симиќ и Андреј Митревски, ангажман надвор од нашите граници договори репрезентативецот Марин Петков. Плејмејкерот кој досега беше дел од МЗТ Скопје се обврза на верност со Охајо Универзитетот за кого ќе игра во НЦАА лигата. Марин на сениорско ниво беше дел од Вардар, Феникс 2010 од каде се пресели во редовите на ...

Македонскиот репрезентативец, Љупче Дориев со атрактивен погодок ја одбележа победата на Согдиана над Хоразм Урганч од 2-0 во првенството на Узбекистан. Се вратија возбудувањата во овој шампионат по паузата поради Светското првенство, а токму нашиот Дориев со мајсторија се истакна, поточно веројатно го даде голот на колото, можеби и мајсторија со која ќе влезе во потесен круг за погодок на сезоната. Се играше 50 минута кога Дориев се најде во ...

Арсенал одлучи да не му застане на патот на Леандро Тросар и за сума од 20 милиони евра го пушти во турскиот прволигаш Бешикташ. Ова значи дека „топчиите“ се подготвени да направат одредени промени во играчкиот кадар и покрај успешната сезона (освоена титула во Премиер лигата, финале во Лигата на шампионите), а за брзо време како што стојат работите ќе донесат замена за Белгиецот. Имено повеќе англиски медиуми пренесуваат дека во северен ...

Македонската младинска репрезентација ја запиша втората победа на Европското првенство кое се одржува во Романија. Во разигрувањето за пласман, нашите надежи ја суредија селекцијата на Турција со 41:24. Ова беше најдоброто издание на избраниците на Игор Илиевски на турнирот, партија во која одиграа ефикасно како во првиот (20:11) така и во вториот дел (21:13). Мики Лазов беше најдобар стрелец со девет погодоци, Нареден ривал на ЕП ни е ...

Веќе зад нас е полуфиналната фаза на Светското првенство, фаза во која како победници излегоа репрезентациите на Шпанија и Аргентина кои во недела ќе се борат за најпрестижниот трофеј во светот на фудбалот. Пред тоа финале кое се игра во Њујорк, во сабота ќе имаме соочување за „бронза“ меѓу Франција и Англија, меч кој е навистина знак прашање дали е потребен, но победникот ќе ја освои бронзата како утешна награда. Од двете полуфиналиња ги ...

Македонскиот кошаркарски прволигаш Пелистер почнува нова ера, ера во која е избрано ново ракодвоство, но и назначен нов тренер. За нов претседател е избран Бојан Давков, улогата на спортски директор му е доделена на Предраг Созовски, а пак за предводник на „зелено-белите“ од Битола е незначен Тане Спасев. Се работи за етаблиран стратег кој се враќа на домашната кошаркарска сцена. Тој работеше со успех во украински Кривбас, како асистент во ...

Македонската кошаркарка репрезентација ги доби ривалите за вториот круг од претквалификациите за Европското првенство во 2029. Нашата селекција се најде во групата Ф каде ќе ги одмери силите со Австрија и Кипар, селекции кои можат да се добијат и да се дојде до целта, пласман во квалификациската фаза за Евробаскетот. -Би рекол дека, пред сè, најважно е да бидеме сите здрави, а уште поважно е да бидеме комплетни. Селекторот да ги има на ...

Емилијано Мартинез уште еднаш го дочека последниот судиски свиреж со солзи во очите, овојпат за победа на неговата Аргентина против омразениот ривал Англија. „Гаучосите“ ја добија големата битка на теренот на доста драматичен начин, односно со постигнати два гола во завршницата во која бркаа негатива од 1:0. Бедемот кој го постави Тухел пред голот на Пикфорд попушти во одлучувачките моменти и клучна разлика направија две асистенции на ...

Вардар не успеа да ја елиминира екипата на Купс и го заврши своето патување во Лигата на шампиони уште во првото квалификациско коло, но тука не прекинуваат предизвиците за македонскиот првак ова лето. Тимот на Кристијан Фабијани се пресели во Конференциската лига на УЕФА и пред вардарци е двомеч во второто квалификациско коло, а поради евро-обврските кои бараат поголема посветеност, Вардар побара одложување на натперварот од првото коло. ...

Џуд Белингам се најде во центарот на вниманието по крајот на натпреварот во Атланта и беше посочен како лош губитник, од едноставна причина што ѕвездата на Реал Мадрид реши да удри аргентински фудбалер кој се радуваше пред него. Англискиот фудбалер му удри заушка на Валентин Барко и наиде на жестоки критики во јавноста за својот потег, па иако не сакаше да навлегува во детали и да открива зошто го направил тоа, медиумите од Островот ...

Мајка Ричардс е еден од најпопуларните и најхаризматични фудаблски експерти кои се појавуваат во светските студија, а како аналитичар кој ова Светско првенство го работи за „Би-Би-Си“, славниот дефанзивец на Манчестер Сити останал доследен на своите обврски и покрај големата семејна трагедија. Ричардс се вклучи во живо и ја водеше мундијалската програма во друштво на Вејн Руни и Џо Харт, но откако заврши целата програма резервирана зап ...

Англија пропушти голема шанса да се најде во едно финале на Светско првенство после цели шест децении, па иако беше на дофат на завршницата во Њу Џерси, на крајот сосема заслужено доби тежок нокаут од Аргентина и остана на дофат на второ финале. Аргентина наметна страшно темпо во завршницата и тоа беше потпомогнато од Томас Тухел кој играше со шест дефанзивци во клучната фаза од мечот, па откако „гаучосите“ постигнаа два златни гола вредни ...

Дербито меѓу Англија и Аргентина секогаш е едно од најжестоките на Светските првенства, а така беше случајот и вчера во Атланта, натпревар на кој видовме жестока борба, многу дуели и провокативни потези, како и завршна победа на „гаучосите“. Иако двете страни го најавуваат овој дуел како натпревар плус, реалноста е далеку од таква, а најдобар доказ за тоа е и политичката порака која ја испратија аргентинските фудбалери по крајот на мечот. ...

Шесте победи на шесте одиграни натпревари беа најдобра увертира за втората рунда од претквалификациите за Европско првенство, а нашата најдобра селекција денеска ги дозна ривалите со кои ќе се соочи во оваа фаза. Според денешната ждрепка која ја одржа ФИБА, Македонија се најде во групата Ф заедно со селекциите на Кипар и Австрија, а бидејќи и овојпат актуелен ќе биде двокружниот систем, нашиот национален тим ќе одигра по два натпревари со ...

Македонскиот првак МЗТ Скопје во новата сезона ќе биде дел од ФИБА Еврокупот, а денеска во седиштето на светската кошаркарска организација беше направена ждрепка за изгледот на групната фаза. Судбината посака тимот од Аеродром да се најде во групата Е, во која уште се и екипите на АЕК Ларнака од Кипар, германски Вурзбург, Тарту од Естонија, грчки Ираклис и Варшава од Полска. Станува збор за сериозни ривали кои сигурно ќе ги тестираат силите ...

Гери Невил беше убеден во победа на Англија против Аргентина и прогнозираше дека тимот на Томас Тухел ќе постигне најмалку два гола во мрежата на „гаучосите“, не поради голманот Дибу Мартинез, туку поради стоперскиот двоец кој тој го нарече „најдобар меѓу најлошите“. Невил ги потцени Лисандро Мартинез и Кристијан Ромеро и ги посочи како играчи кои даваат многу олеснувања за противничките напаѓачи во фаза на одбрана, а фактот што ги нарече ...

Аргентина стави во „шеста брзина“ во завршната фаза од полуфиналнето во Атланта и со пеколен финиш режираше кошмарна вечер за Англичаните, кои иако беа блиску до прво финале после 1966-та година, на крајот останаа на дофат на такво достигнување. „Гаучосите“ покажаа шампионски менталитет и со два гола во самата завршница ги шокираа избраниците на Томас Тухел, а по последниот судиски свиреж, дел од аргентинските фудбалери пронајдоа и едно шише ...

Златан Ибрахимовиќ дава едни од најуникатните коментари за време на Светското првенство кое се одржува во САД, а како стручен аналитичар за „Фокс Спортс“, се најде во фокусот и пред второто полуфинале на мундијалот. Ибракадабра како голем поддржувач на Меси не штедеше пофалби за големиот Лео по големиот пресврт кој го направија Аргентинците вчеравечер во Атланта, но посебно вирален стана моментот кој претходеше на овој натпревар. Легендарниот ...

Лионел Скалони е доста емотивна личност и доста често не знае да ги крие солзите крај клупата за резерви, па иако му беше доста тешко, успеа во намерата да се воздржи по новиот голем потфат на неговата Аргентина. „Гаучосите“ беа пред пораз во полуфиналето со Англија и до доцната фаза од мечот губеа со 1:0, но Аргентинците покажаа шампионски карактер по којзнае кој пат на овој мундијал и успеаја да постигнат два гола за пресврт во завршницата. ...

Лаутаро Мартинез беше во втор план пред четири години кога Аргентина ја освои Светската титула во Катар, па иако стана резерва на Хулијан Алварез и во добар дел од овој мундијал, судбината посака популарниот „Торо“ да биде херојот на „гаучосите“ за второ финале во низа. Капитенот на Интер влезе во самата завршница кога Аргентина бркаше пресврт против Англија, а откако Енцо Фернандез погоди за 1:1, Лаутаро беше оној кој се најде на вистинско ...

Хари Кејн како лидер и капитен на Англија ја водеше селекцијата до уште една завршница на голем турнир, но како и многупати претходно, „Гордиот албион“ се сопна на последниот или претпоследниот чекор. Англија водеше против Аргентина и се предодреди за стратегија грчевито да ја брани минималната предност, а таквиот пристап на Тухел и неговите избраници на крајот брутално им се удри од глава. Брановитите напади на Аргентина резултираа со два ...

Џуд Белингам добива многу критики во аргентинската јавност поради заушката која му ја подели на Валаентин Барко по последниот судиски свиреж, но реалноста е дека Англичанецот влезе во дискусии и со неколку аргентински ривали за време на мечот, меѓу кои и Лионел Меси. Капитенот на Аргентина имаше мало недоразбирање со Џуд уште во раната фаза на натпреварот кога резултатот беше 0:0, а мора да се признае и дека не остана премногу воодушевен од ...

weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
45%
1006
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
85%
1011
weather icon

Загреб

7ᴼ / 6ᴼ
4.63
73%
1014
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
5.66
48%
1006
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
5.02
86%
1005
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
2.6
97%
1014
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
7.15
78%
1015
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
6.69
52%
1008
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
3.09
94%
1007
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
2.57
79%
1003
weather icon

Будимпешта

7ᴼ / 5ᴼ
6.69
72%
1012
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 19ᴼ
9.26
92%
1013
Currency

61.751

Currency

55.711

Currency

73.925

Currency

37.972

Currency

39.133

Currency

66.814

Currency

8.3594

Currency

0.6732

Currency

0.34864

Currency

0.52443

Currency

1.1078

Currency

0.59265

Платина

48804.83

Рутениум

61086.42

Бакар

12.40

Кобалт

33.53

Сребро

1611.91

Злато

125211.08

Цинк

3.76

Алуминиум

3.02

Родиум

293375.56

Калај

46.87

Паладиум

31893.54

Иридиум

326330.08