Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Норвешка имаше одличен настап на Светското првенство, турнир на кој се уште оваа репрезентација можеше да биде активна со оглед на тоа што прикажа подобра игра од Англија, но на крајот загуби со 2-1. На вакви натпревари важно е да ги искористите вашите моменти, да реализирате во вистинско време, да го матирате противникот, а токму таква моожност имаа Норвежаните при резултат 1-0 за нив. Се отвори идеална можност, Александер Серлот не претвори ...
Јан Зомер во изминативе три години беше дел од калчолигашот Интер, тим со кој во тој период успеа да ги освои сите пехари во Италија, но и да игра во финалето на Лигата на шампионите. Меѓутоа таа приказна е завршена и Зомер како слободен фудбалер си замина од Милано, а иако на негова адреса пристигнале понуди од Шпанија, Англија и Италија тој се реши да ја прифати понудата од Белгија на Клуб Бриж. Тој сакал да биде поблиски до родната ...
Влеговме во завршницата седмица на Светското првенство, турнир по кој се очекува да имаме големо, сериозно раздвижување на трансфер пазарот. И досега одредени клубови влечеа потези, но допрва да очекува да влеземе во фаза каде екипите ќе биде супер активни. Токму еден интересен трансфер е пред реализација и тоа на еден од играчите кој беше откритие на мундијалот во САД, Мексико и Канада. Станува збор за Жоан Манзамби кој беше најдобар играч ...
Селекцијата на Аргентина забележа уште една драматична победа во нокаут фазата на Светското првенство, овојпат над Швајцарија од 3-1 по продолженијата. Светските шампиони се мачеа против Зеленортски Острови (триумф по дополнителни 30 минути), потоа направија чудесен пресврт против Египет, а во неделата мораа одново да „копаат длабоко“ и да ја добијат Швајцарија со два гола во екстра времето на Алварез и Мартинез. Не е лесно да се биде ...
Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа направи огромен успех со пласманот во главната фаза на Вимблдон, еден од најпрестижните турнири во светот на белиот спорт. Ѓорческа мина три рунди во квалификациите пред да дојде до главниот ждреб во кој на стартот на налета на една од најдобрите тенисерки на светот Аманда Анаимова, дуел во кој имаше добри и лоши моменти и на крајот загуби со 2-0 во сетови. Овој настап во Лондон и носи одличен ...
Арсими влече потези и го составува тимот за натпреварувачката 2026/2027, тим од кој дел ќе биде и младинскиот репрезентативец на Македонија, Матео Софијаноски. Софијаноски во последнава сезона беше дел од Македонија Ѓорче Петров за која одигра 34 средби во Првата лига со учинок од 2 гола и 4 асистенции. Играчот од средината на теренот претходно беше дел од младите категории на Њу Старс и Вардар, а потоа и од Воска, Брегалница и Тетекс од ...
Бајката на Норвешка на Светското првенство во САД, Мексико и Канада заврши во четвртфиналната фаза, па иако тоа се случи во услови кои беа и доста контроверзни, скандинавците знаеја како да покажат големина и во поразот. Ерлинг Халанд како главна ѕвезда на тимот одвои дел од своето време за различни медиуми по болната елиминација во продолженијата, а откако ги сумираше впечатоците за големата шанса која ја пропуштија тој и неговите соиграчи, ...
Јаник Синер покажа неверојатна ментална стабилност во тешки услови на централниот терен на Вимблдон, бидејќи Александер Зверев цели два часа изгледаше како непогрешлива сервис машина без ниту една мана. Германскиот тенисер имаше 80-постотна успешност на прв сервис и изгледаше навистина импресивно, па откако го доби првиот сет во тајбрејкот, товарот целосно се префрли кај италијанскиот тенисер. Причина за тоа беше и фактот што Синер цело време ...
Аргентина ја оправда фаворитската улога против Швајцарија иако мораше да игра дополнителни 30 минути, но победата од 3-1 им донесе пласман во следната фаза и полуфинална битка со селекцијата на Англија. Ова ќе биде посебно соочување поради повеќе причини, влогот ќе биде голем и тоа место во финалето на Светското првенство. За Лионел Меси ова ќе биде прв натпревар против Англија, натпревар на кој му се радува и за кого верува дека тие како ...
Кошаркарската секеција на Барселона е најслабо водена од оние ударните кога е во прашање шпанскиот великан, веќе некое време се случуваат чудни работи, еден куп играчи си заминаа, оние кои беа договорени како Џејмс и Рајт на крајот завршија во други тимови и останува да се види како на крајот ќе изгледа составот од Каталонија. Последната вест која е поврзана со тимот од „Палау Блауграна“ е дека Барса конечно ќе затвори клучно прашање и тоа ...
Уругвај беше едно од двете најголеми разочарувања во групната фаза на Светското првенство, а после големиот неуспех, беше јасно дека се става крај на соработката со Марсело Биелса. Искусниот стручњак презема одговорност и ја прифати разделбата со уругвајската Федерација, која две недели подоцна, носи важна одлука за иднината на националниот тим. „Ла Селесте“ смета дека во наредниот период од клучна важност е тимот да биде воден од човек кој ...
Норвежаните можат да бидат горди на мундијалското патување кое го имаа во САД, Мексико и Канада, а ако имаа малку повеќе среќа и клинички добра реализација, денеска можевме да говорима за нова сезнација. Евроголот на Шелдруп донесе предност за Норвешка против Англија, но во периодот кога „гордиот албион“ изгледаше раздрмано, Александер Серлот не претвори во гол една извонредна контра. Наместо да му додаде на Халанд кој во еден момент беше ...
Мурат Јакин не го криеше незадоволство и испорача низа забелешки за арбитражата на четвртфиналето против Аргентина, особено поради фактот што лошата проценка на судијата Жоао Пинеиро на крајот заврши кобно за неговиот тим. Судијата непотребно покажа жолт картон на Паредес и по проверката ја исправи неправдата, но тоа автоматски донесе втор жолт картон за Емболо и голем шок меѓу швајцарските фудбалери. Јакин по средбата призна дека не бил ...
Томас Тухел излезе со низа критики за своите фудбалери и порача дека среќно се пласирале во полуфиналето на Светско првенство, но за разлика од него, Џуд Белингам излезе со целосно поинаков став. На Џуд не му се допадна заклучокот на Германецот и нагласи дека тој очигледно не знае како е да се игра против силни фудбалери како Халанд, Одегард, Нуса и останатите, одговор кој отвори еден неоченуван дуел во англискиот табор по четвртфиналето. За ...
Александер Зверев покажа завидно ниво на тенис во своето прво финале на Вимблдон, но германскиот тенисер сепак немаше доволно оружја за целосно да го неутрализира расположениот Јаник Синер. Италијанецот влезе како фаворит во финалето поради искуството на централниот терен и добрата историја на резултати против Зверев, па иако го загуби првиот сет, во продолжение одговори со три сета во низа. Јаник ја преживеа револверашката пресметка во ...
Јаник Синер и Александер Зверев понудија спектакуларна завршница на Вимблдон, а во големото финале кое траеше речиси четири часа, на крајот видовме нова победа на светскиот рекет број еден. Синер имаше страшна доминација во светскиот тенис во периодот од февруари до месец мај, но фактот што пристигна на Вимблдон без ниту една грен слем титула оваа сезона, дополнително го зголеми притисокот врз него. Јаник не играше најдобар тенис во воведните ...
Големиот УФЦ настан во Лас Вегас заврши доста поразлично од очекуваното, бидејќи наместо спектакл, гледавме вистинско разочарување кое траеше само 69 секунди. Конор МекГрегор уште во воедната фаза на борбата изгледаше како повреден борец и не можеше да му парира на Макс Холовеј, па неговиот кам-бек во окатогонот по пауза од пет години траеше неполни две минути. Големиот шампион од минатото добива големи критики и дел од експертите и фановите ...
Брил Емболо со солзи во очите го дочека црвениот картон од судијата Пинеиро и мораше да биде тешен од своите соиграчи, кои во продолжение од средбата скапо ја продадоа кожата, но сепак потклекнаа во дополнителните 30 минути игра. Швајцарија беше подобра селекција во вториот дел и заслужено се врати со голот на Ендоје, но кога се чинеше дека фаќаат моментум за втор гол, пристигна контроверзниот момент на средбата. Првично му беше покажан жолт ...
Џуд Белингам направи клучна разлика во нападот на Англија и постигна два гола кој го однесоа фаворитот во полуфинале на Светско првенство, па иако ѕвездата на Реал Мадрид сосема заслужено ги собра речиси сите пофалби, дел од јавноста издвојува уште еден играч. Рио Фердинанд е еден од оние легенди кои се заљубени во најавеното засилување на Манчестер Сити, трудољубивиот работник Елиот Андерсон кој одново одигра беспрекорна партија во средниот ...
Ламин Јамал го разжести полуфиналето против Франција уште пред да дојде ред за офиицјална најава на големата европска пресметка, бидејќи младиот шпански репрезентативец испорача мала провокација веднаш по победата над Белгија. Ѕвездата на Барса потсети на последните два дуели на Шпанија и Франција и посочи дека „триколорите“ се тие кои треба да се плашат пред полуфиналето на мундијалот, изјава која сосема очекувано стана составен дел од ...
Швајцарските фудаблери во неверица гледаа како судијата Жоао Пиениро ја менува одлука и му покажува втор жолт картон на Брил Емболо во клучната фаза од второто полувреме против Аргентина, момент кој дефинитивно го одреди натамошниот тек од мечот. Пинеиро првично му покажа жолт картон на Паредес поради агресивен старт, но откако беше очигледно дека нема такво нешто, настана голем проблем за швајцарскиот напаѓач. Ситуацијата се прегледуваше од ...
Златан Ибрахимовиќ како стручен експерт за „Фокс Спортс“ стана составен дел од секој натпревар на мундијалот, а како што се ближи завршната фаза, така Ибра го чува најдоброто од својот репертоар на зборови. Легендарниот напаѓач се истакнуваше по своите изјави уште за време на својата кариера, па секако како стручен аналитичар важи за еден од најдобрите на Светското првенство. Во друштво на Тјери Анри, Златан режираше неколку незаборавни ...
Лионел Меси и неговите соиграчи повторно мораа да се мачат и да страдаат за пласман во следната фаза на Светското првенство, но и покрај сите потешкотии, на крајот стигнаа до посакуваното полуфинале. Актуелните шампиони ќе го бранат ваквиот примат и во фазата меѓу четирите најдобри, а Лео и пријателите мораа да минуваат низ уште една драма која траеше 120 минути. Швајцарците се покажаа како навистина незгодни за избраниците на Лионел Скалони, ...
Марк Маркез значително го подигна нивото по двојната операција во месец мај, а неполни два месеци подоцна, изгледот во генералниот пласман изгледа многу подобро за славниот деветкратен шампион. Со помош од ривалите кои направија низа грешки во изминатите четири-пет трки, Маркез успеа да дојде на навистина мала разлика од првото место во генералниот пласман, од кое денеска го делат само 18 бодови. Како што најави по трката во Асен на која ...
Веќе сме при самиот крај на Светското првенство, турнир кој нема по добро да го паметат доста селектори кои заработија откази. Последен на таа листа е досегашниот предводник на Сенегал, 45-годишниот Пап Чау. Сенегал важаше за една од репрезентациите која може да направи изненадување од втор план, од сенка, но не се истакна со своите настапи иако успеа некако да ја мине групната фаза и тоа со само три освоени бода. Во првата нокаут рунда ...
Норвешка го заврши настапот на Светското првенство и тоа во четвртфиналната фаза во која им пресуди селекцијата на Англија која славеше по дополнителните 30 минути со 2-1. Кобен за викинзите беше фудбалерот на Реал Мадрид, Џуд Белингам кој ги матираше во завршницата на првото полувреме и на стартот на првото продолжение. Овој резултат ги растажи Норвежаните, но истиот може да послужи и како добра основа за уште поквалитетни изданија на ...
Битката меѓу Конор Мекгрегор и Макс Холовеј требаше да донесе вистински спектакл во Лас Вегас, борба на „стари пријатели“, но наместо настан што ќе се памети истиот заврши по само 69 секунди. Ова за Конор беше враќање во УФЦ, во октагонот по пауза од пет години или поточно од 2021 година кога ја скрши ногата во борбата со Дастин Поарие, а сега по едно слично сценарио заработи тешка повреда на коленото. МекГрегор се обиде да му зададе удар на ...
Се случуваат значајни промени во италијанскиот фудбал, па така дел од тимот на новиот претседател на федерација Џовани Малаго ќе бидат две големи имиња Паоло Малдини и Леонардо. Малдини се враќа на сцената како технички директор, а Леонардо ќе биде негова десна рака, советник. Фабио Капело со внимание ги следи сите случувања и даде зелено светло и го поздрави промените. -Никој подобар од него не би можел да го направи тоа. Навистина сум ...
Македонската ракометна репрезентација до 20 години забележа три порази во првата фаза на Европското првенство во Романија, порази од скандинавските претставници Норвешка и Данска како и од Хрватска. Меѓутоа тука не завршува овој предизвик за избраниците на Игор Илиевски, среди разигрувањето за пласман, а наредни ривали за нашите ракометни таленти се Австрија и Летонија. Утре од 11 часот ќе ги одмериме силите со Австрија, додека ден подоцна во ...
Англија успешно ја мина четвртфиналната пречка на Светското првенство, но за една ситуација се зборува и ќе се зборува во наредниве денови. Се работи за изедначувачкиот гол на Англичаните против Норвешка, дали истиот требаше да биде поништен поради тоа што топката го допрела кабелот од подвижната камера. ФИФА понатаму тврди дека тоа не се случило или поточно сензорот тоа не го детектирал, но снимките кои се појавуваат, модерните алатки кои ...