Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Новак Ѓоковиќ својата последна грем слем титула ја освои во Њујорк пред три години и тогаш ја прослави истата со маичка посветена на својот идол Коби Брајант, сето тоа како најдобра симболика на бројот 24. Иако во тој момент се доби впечаток дека Ноле може да доминира во светскиот тенис и да нареди уште неколку грен слем титули, речиси три години подоцна реалноста е сосема поинаква, за што доказ е и вчерашното полуфинале на Вимблдон. Иако ...
Виктор Вембањама ја активираше клаузулата за продолжување на договорот со Сан Антонио во наредните пет години, но бидејќи тоа го направи една година порано од предвиденото, испушти шанса да добие таканаречен супермаксимален договор вреден 303 милиони долари. Како што јавуваат најугледните американски извори, популарниот Вемби губи 50 милиони долари со потпишаниот договор ова лето, но тоа го направил со јасна цел која и тоа како треба да ги ...
Марко Бецеки продолжува со своите малерозни изданија откако победи на домашната трка во Италија, бидејќи доскорешниот лидер во генералниот пласман ќе остане без бодови и на четврто гран при во низа. Возачот на Априлија влезе во страшна криза и денеска продолжи со тежок пад како оној во Асен, но за разлика од оној пред две недели, денешниот заврши со последици. Бецеки излета за време на квалификациите за трката за големата награда на ...
Спортската јавност во Јужна Африка се уште сумираше впечатоци од настапот кој го имаше националниот тим на Светското првенство, но пред да се носат било какви заклучоци, денеска се рашири една вест која го шокираше цело фудбалско семејство. Џејден Адамс го почна мундијалот како стартер за Јужна Африка и беше во почетните 11 на средбата против Мексико со која се отвори турнирот, потоа настапи и како резерва на следните два меча во групната ...
Тибо Куртоа уште долго ќе го има во сеќавање четвртфиналето против Шпанија на Светското првенство, бидејќи човекот кој го замени на теренот направи страшен кикс кој резултираше со елиминација на неговата Белгија. Сен Ламенс го замени повредениот Куртоа во самата завршница и му подари гол на добро поставениот Мерино, а додека младиот голман на Јунајтед ќе мора да се носи со титулата на вистински трагичар, Тибо ќе жали за уште една пропуштена ...
Спортската јавност во Јужна Африка се уште сумираше впечатоци од настапот кој го имаше националниот тим на Светското првенство, но пред да се носат било какви заклучоци, денеска се рашири една вест која го шокираше цело фудбалско семејство. Џејден Адамс го почна мундијалот како стартер за Јужна Африка и беше во почетните 11 на средбата против Мексико со која се отвори турнирот, потоа настапи и како резерва на следните два меча во групната ...
Лионел Скалони го подготвува својот тим за последното четвртфинале на ова Светско првенство, односно дуело со Швајцарија кој се игра утре во раните утрински часови. Селекторот на Аргентина влезе со одреден притисок во соочувањето со новинарите поради контроверзните ситуации кои се случија на осминафиналето со Египет, а бидејќи повторно му беше наметнатно прашањето дека „гаучосите“ добиваат надворешна помош на втор мундијал во низа, Скалони ...
Барселона веќе договори две летни засилувања во Антони Гордон и Карим Адејеми по барање на Ханси Флик, но како што стојат работите, каталонскиот гигант ќе мора да ослободи и дел од буџетот за плати за да остави простор за други засилувања. Шпанскиот првак е свесен дека ќе мора да се раздели со неколку фудбалери чиј статус не е загарантиран кај тренерот Ханси Флик, па иако во прв план тука се ставаше Марк Касадо, сега најблиску до заминување е ...
По заслужениот одмор кој беше продолжен за Столе Димитриевски поради свадбената церемонија која ја имаше, репрезентативниот голман вчера се врати во Валенсија, се со цел да почне со подготовките за новата сезона кои веќе се во тек за дел од неговиоте соиграчи. Македонскиот чувар на мрежата стапна на „лудиот камен“ и направи свадбена церемонија за време на летната пауза, а сега како новопечен во брачниот живот ќе отпочне една втора фаза од ...
Белгија остави добар впечаток против Шпанија и минути ја делеа од продолженија против европскиот шампион, но една грешка на Сен Ламенс ги урна надежите на „црвенита ѓаволи“ и означи крај на мундијалскиот сон во четвртфиналето. Младиот голман на Манчестер Јунајтед го замени повредениот Тибо Куртоа и се претвори во голем трагичар, меѓутоа Руди Гарсија не сакаше да зборува за неговата грешка и ја апострофираше лошата среќа која ги следеше уште ...
Вирџил Ван Дајк се најде во фокусот на режисерот на преносот на вчерашното полуфинале меѓу Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер, но покрај капитенот, дел од елитата во Ол Ингланд клубот беше уште еден играч на Ливерпул. Иако не му привлече внимание на главниот режисер за време на ТВ преносот, Иго Екитике се погрижи да стана вирален хит со својот аутфит, бидејќи истиот беше одбележан и од страна на официјалниот профил на Вимблдон. Водејќи се по ...
Педри самиот говореше дека е свесен за својот пад на мундијалот и нагласи дека никој не треба да му кажува дека одиграл лош натпревар против Португалија, но малку кој очекуваше дека тој ќе биде преселен на клупа за четвртфиналето против Белгија. Ѕвездата на Барселона не се најде во стартната постава и тоа беше најголемото изненадување во тимот на Луис де ла Фуенте, кој сосема очекувано, по победата над „црвените ѓаволи“ даваше објаснување и ...
Норвешка вечерва ќе игра против Англија во третото четвртфинале на Светското првенство, средба пред која интересна конверзација преку медиумите остварија Вејн Руни и Ерлинг Халанд. Славниот голгетер на Манчестер Јунајтед даде лудо ветување пред мечот кој го играа „викинзите“ против Бразил, односно најави дека ќе има лудо веслачко искуство ако Норвежаните се пласираа во четвртфиналето. Импресивната прослава при која весла цел тим на Норвешка ...
Белгија остави добар впечаток против Шпанија и минути ја делеа од продолженија против европскиот шампион, но една грешка на Сен Ламенс ги урна надежите на „црвенита ѓаволи“ и означи крај на мундијалскиот сон во четвртфиналето. Младиот голман на Манчестер Јунајтед го замени повредениот Тибо Куртоа и се претвори во голем трагичар, меѓутоа Руди Гарсија не сакаше да зборува за неговата грешка и ја апострофираше лошата среќа која ги следеше уште ...
Микел Мерино не е играч кој ужива во најголема минутажа во шпанската фудбалска репрезентација, но затоа на овој мундијал се покажа како „џокер“ кој е и тоа како важен и пресуден за европскиот шампион. По клучната улога која ја имаше на пиринејското дерби против Португалија, Мерино одлучи меч во корист на Шпанија и вчеравечер против Белгија, и тоа со нов гол во самата завршница. Непосредно откако влезе во игра, Мерино дочека еден отпадок и го ...
Измената на Тибо Куртоа се покажа како клучен фактор на натпреварот меѓу Белгија и Шпанија, бидејќи лошата интервенција на Сен Ламенс беше главна причина за вториот гол на Шпанците кој беше пресуден за триумф. „Џокерот“ Микел Мерино одново се најде на вистинско место и на втор натпревар во низа донесе победа за Шпанија, но поради фактот што на крајниот епилог директно кумуваше голманот на Манчестер Јунајтед, Куртоа беше еден од оние на кои им ...
Јаник Синер одигра перфектен меч во полуфиналето на Вимблдон и се пласираше во второ последователно финале во Ол Ингланд клубот, иако на патот до четирите најдобри не прикажа баш најдобро ниво на тенис. Кога беше најважно, светскиот рекет број еден се прикажа во вистинско светло и посебно воодушеви со агресивниот пристап, но ако треба да се бира еден елемент со кој целосно го откажа противникот, тоа е почетниот удар. Синер беше немилосрден на ...
Микел Мерино одново се покажа како златен „џокер“ за Шпанија и постигна гол вреден полуфинале на Светско првенство, овојпат против селекцијата на Белгија која исто како и Португалија, беше нокаутирана во самата завршница. Мерино дочека еден отпадок по лошата реакција на Ламенс и ја смести топката во голот, а тоа автоматски означи најава за едно мега европско дерби кое ќе го гледаме во полуфиналето. Шпанија вкрстува на Франција и двата ...
Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ не успеа да дојде до уште едно големо финале на грен слем сцената, финале на еден од неговите омилени турнири Вимблдон. Ѓоковиќ немаше свежина, брзина да одговори во соочувањето со Јаник Синер кој рутински се справи со него и тоа на сличен начин како и минатата година кога на овој ист турнир резултатот беше 3-0 за Италијанецот. Дел од критичарите на Србинот на ова ќе гледааат како уште една причина ...
Тимот кој победува не се менува, а тоа е фраза која со години наназад е поврзана за браќата Стојановски, легендите на МЗТ Скопје кои и во иднина ќе ги гледаме во бело-синиот табор. Македонскиот првак денеска излезе со официјална информација за милениците меѓу фановите, односно ја извести јавноста дека Војдан и Дамјан и во иднина ќе го носат дресот на аеродромската гордост. – Легендите остануваат во Аеродром! Обновувањето на соработката со ...
Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ ја информираше јавноста дека е во тек втората фаза од донацијата на столчиња за терените и стадионите ширум нашата земја. Во втората „операција“ ќе бидат донирани близу 9.000, а на крјаот на процесот таа бројка ќе биде над 30.000 столчиња. -Ветивме дека ќе инвестираме во подобри услови за фудбалот. И тоа го правиме. Во првата фаза дониравме 8.270 столчиња за стадионите и ...
Норвешка против Англија е третото четвртфинале на Светското првенство, меч кој е закажан за утре од 23 часот. Скандинавците се најпријатно изненадување, „гордиот албион“ секогаш има највисоки цели и сонува за титула, па има доста причини за одлична фудбалска претстава во Мајами. Ерлинг Халанд како лидер на Норвежаните се обиде фаворитската улога да им ја препушти на Англичаните и порача дека притисокот е на нивна страна, а на ова стигна ...
Репрезентацијата на Шпанија ја совлада Белгија со 2-1 и обезбеди место во полуфиналето на 23. Светско првенство каде ќе ги одмери силите со Франција. Шпанците беа многу подобар ривал од „црвените ѓаволи“ на соочувањето во Лос Анџелес, ја контролираа играта, ја имаа топката во своите нозе, се закануваат кон голот на противникот, но дури во 88 минута дојдоа до голот вреден победа, гол дело на Мерино. По шутот што го упати Кубарси, нововлезениот ...
Екипата на Милан официјално го претстави новото засилување за сезоната 2026/2027, засилување кое доаѓа од ривал од Серија А и тоа од редовите на Лацио. Нов член на „росонерите“ е дефанзивецот Марио Хила за кого ќе бидат издвоени 30 милиони евра. Марио се наметна по доаѓањето од Реал Мадрид, одигра неколку добри сезони и го привлече вниманието на повеќе екипи, но Милан беше оној кој беше најконкретен и го обезбеди стоперот до 30 јуни 2031 ...
Новак Ѓоковиќ доби тениска лекција од Јаник Синер на денешниот полуфинален меч на Вимблдон, меч во кој во ниту еден момент не беше закана за најдобриот тенисер на светот. Италијанецот беше одличен на свој сервис и притоа во трите „рунди“ направи по еден брејк што беше доволно за 3-0, трипати по 6-4. Ѓоковиќ доби можност за прва анализа и призна дека едноставно бил немоќен да направи нешто повеќе против Синер. -Не знам што можев да направам ...
Манчестер Јунајтед е во потрага по засилувања на средината на теренот во овој преоден рок, а едно од имињата за кои беше договорено дека ќе пристигнат на „Олд Трафорд“ е Едерсон од Аталанта. Двата клуба ги договорија условите за зделката, а Едерсон требаше по завршувањето на обврските со бразилската репрезентација да ги заврши медицинските прегледи и да се затвори операцијата. Меѓутоа по се изгледа Бразилецот не ги минал тестовите и ...
Македонската кошаркарска репрезентација до 20 години имаше успешен старт на Европското првенство Б-дивизија што се игра во Братислава. Во првиот меч на турнирот, избраниците на селекторот Никола Велев го совладаа домаќинот Словачка со 71:63. Ова беше соочување во кое видовме изедначена кошарка во три четвртини, ама не и во вториот период во кој нашите кошаркари комплетно го надиграа ривалот со 26:11. Ова беше клучот за триумфот кој носи ...
Франција го чека противникот во полуфиналето на Светското првенство, а тој ќе биде подобриот од вечерашното четвртфинале меѓу Шпанија и Белгија. Ова е меч кој се игра во Лос Анџелес и кој ќе го суди англискиот арбитар Мајкл Оливер, средба за која двајцата селекторот направија некои интересни потези кога се во прашање почетните постави. Предводникот на „црвената фурија“, Луис Де Ла Фуенте направи изненадување и го седна Педри на клупа, поточно ...
Најдобриот тенисер на светот, Јаник Синер оствари рутинска победа над Новак Ѓоковиќ во вечерашното полуфинале на Вимблдон. Тениските фанови очекуваа спектакл, сличен меч како на турнирот во Мелбурн одигран на почетокот на оваа календарска година, но наместо тоа видовме доминација на Италијанец, еден вид на репризан од минатата година кога на истиот овој терен исто го суреди Србинот со 3-0 во сетови. Wimbledon 2025 SF: Sinner D. Djokovic 6-3 ...
Португалија важеше за еден од топ 5 фаворитите за пехарот на Светското првенство, но не се прослави на турнирот во САД, Мексико и Канада каде забележа само две победи на петте натпревари и настапот го заврши во осминафиналната рунда. Тука воедно беше и крајот за селекторот Роберто Мартинез кој ја извршуваше оваа функција од 2023 година. Португалците или поточно нивнава федерација брзо се впушти во акција за наследникот на Шпанецот и тоа ...