Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Влегуваме во завршната фаза на 23. Светското првенство, останаа уште четири репрезентации или поточно само уште четири натпревари пред да се спушти завесата на турнирот што се игра во САД, Мексико и Канада. Франција, Шпанија, Англија и Аргентина се селекциите кои дојдоа до самиот крај, а една од нив на крајот ќе го има статусот на шампион во следните четири години. Франција-Шпанија и Англија-Аргентина се паровите и суперкомпјутерот на Опта ...
Премиерлигашот Арсенал е мирен на трансфер пазарот со тоа што се очекува да биде поактивен по завршувањето на Светското првенство. „Топчиите“ имаат тим кој минатата сезона дојде до пехарот во Премиер лигата и финалето на Лигата на шампионите, па не се очекуваат некои драстични промени, меѓутоа ќе има одредени освежувања. Се повеќе се говори за таа лева страна на екипата и тоа во офанзивната линија, неизвесна е иднината на Тросард, прашање е и ...
Швајцарија е елиминирана од Светското првенство, но кој знае што можеше да се случи ако Брил Емболо реагираше сосема поинаку во 72 минута по дуелот со Леандро Паредес. Напаѓачот се одлучи да побара прекршок и во прв момент го измами судијата кој му додели жолт картон на Паредес, но потоа сигна повик од ВАР собата по што судијата Жоао Пињеиро ја виде снимката и ја смени одлуката и го санкционираше Емболо со картон за симулација, негов втор што ...
Лионел Меси дојде до уште еден импресивен рекорд на Светските првенства, првак играч со двоцифрен број на асистенции. Лео го намести погодокот на Мекалистер против Швајцарија, меч кој актуелниот првак го доби со 3-1 по продолженијата. Ова за ѕвездата на Интер Мајами беше десетто успешно додавање на мундијалите, а интересно е тоа што секоја од овие асистенции беше за различен соиграч. На листата на играчи кои прифитирале од неговите топки се ...
Селекцијата на Норвешка нема повеќе да ја гледаме на Светското првенство, турнир на кој успеа да дојде до четвртфиналето каде налета на Англија. Англичаните не беа подобри од скандинавците, меѓутоа ги искористија шансите, издржаа кога противникот беше во налет, офанзива и одат во полуфинале каде ги чека шампионот Аргентина. Норвежаните имаат за што да жалат пред се затоа што го имаа и еден од најдобрите стрелци на турнирот Ерлинг Халанд. ...
Англија се извлече против Норвешка и преку продолженијата избори пласман во полуфиналето на Светското првенство. „Трите лава“ ги искористија своите шанса и дојдоа до славје од 2-1 кое ги носи на битката со актуелниот шампион и бранител на пехарот Аргентина. Ќе биде доста интересно во наредниве денови, ќе има реакции, коментари, Англичаните се познати по тоа сакаат да се однесуваат надмено, па така легендарниот Вејн Руни посочи дека Аргентина ...
Македонскиот ракометен прволигаш Бутел официјализираше уште еден потег, а тој е новиот договор за Стефан Зенговски. Зенговски и клубот од Скопје пронајдоа заеднички јазик, па десното крило ќе биде дел од актуелната средина до летото 2028 година. Пред Стефан ново договори потпишаа Теодор Тодески, Бојан Спасовски, Дејан Михајловиќ, Марко Каевски и Давид Јаневски. Кога се во прашање пак засилувањата, ангажирани беа голманите Градимир Чаневски и ...
Норвешка не успеа да го продолжи мундијалскиот сон кој заврши во четвртфиналето, фаза во која им пресуди Англија. Скандинавците загубија по продолженијата со 2-1 и тоа во меч во кој имаше неколку дискутабилни одлуки, одлуки кои фрлаат сенка на триумфот на „гордиот албион“. Таткото на Ерлинг Халанд, Алфи беше најотворен, најдиректен и го посочи судијата Турпан како виновник за елиминацијата. -Браво за Белингам и за судијата-, порача Халанд ...
Англија ја оправда улогата на фаворит и излезе како победник од битката со Норвешка во четвртфиналната рунда на Светското првенство. Англичаните имаа проблеми, среќа во некои ситуации, но конечниот резултат е во нивна полза, победа од 2-1 по продолженијата и место во полуфиналето во кое ќе ги одмерат силите со Аргентина. Селекторот Томас Тухел воопшто не беше задоволен и покрај пласманот во следната фаза, испрати критики кои не поминаа добро ...
Аргентина се мачеше во уште еден меч од нокаут фазата на Светското првенство, но и овојпат пронајде начин да излезе како победик и тоа во соочувањето со Швајцарија. Актуелниот светски шампион славеше со 3-1 по продолженијата, фаза во која постигна два гола преку Хулијан Алварез и Лаутаро Мартинез. Капитенот Лионел Меси не се запиша во листата на стрелци на овој меч, но запиша асистенција за првиот погодок кој беше дело на Мек Алистер. Меси ...
Англија успеа да направи пресврт и да избори ново полуфинале на Светско првенство, а додека Томас Тухел говореше за тоа колку неговиот тим имаше среќа против Норвешка, скандинавците имаат за што да се жалат. Норвешка беше тимот кој повеќе ја сакаше победата во регуларниот дел и беше поблиску до гол за победа во 90-те минути, но болката ќе биде уште поголема за „викинзите“ ако се знае дека првиот гол на Англија не требаше да биде впишан на ...
Селекцијата на Аргентина ја совлада Швајцарија со 3-1 во последниот натпревар од четвртфиналната фаза на 23. Светско првенство. Средбата во Канзас Сити донесе голема драма, трилер кој на крајот беше одлучен со погодоци во дополнителните 30 минути. „Гаучосите“ го отворија резултатот во 10 минута со погодокот на Мек Алистер со глава на асистенција на Меси. Швајцарците се разбудија во второто полувреме и нивната иницијатива вроди со плод во 67 ...
Англија во добар дел од мечот беше надиграна од Норвешка и успеа да профитира од големата грешка која ја направи голманот Ниланд, но и од умешноста и снаодливоста на Џуд Белингам кој успеа да постигне два гола за победа. „Гордиот Албион“ ја оправда улогата на фаворит на далеку потежок начин од очекуваното, меѓутоа сепак успеа да ја оствари зацртаната цел и да се пласира во полуфинале на Светско првенство. Овој успех донесе големи насмевки на ...
Поранешните италијански репрезентативци, Марио Балотели и Чиро Имобиле дадоа прогноза за трката за титулата во Серија А за натпреварувачката 2026/2027. Има уште доста време до почетокот на кампањата, можат да се променат доста работи кога се во прашање составите на клубовите, но некогашните напаѓачи ги издвоија екипите кои ќе се борат за врвот. -Наполи, Милан и Јувентус се кандидати, но сакам да додадам изненадување-Рома. Интер останува тимот ...
Кевин Де Брујне не се прослави со своите настапи на Светското првенство, но неговата Белгија на крајот дојде до четвртфиналето што е добар резултат за селекцијата која имаше подеми и падови на овој турнир. Де Брујне на шесте средби постигна еден гол и тоа против аутсајдерот Нов Зеланд што е прескромен учинок, ама се поклопува со она што го одигра во Наполи во кампањата 2025/2026. Иако е под договор со калчолигашот до 2027 година имаше ...
Норвешка може да биде горда на своето мундијалско патување кое го имаше во САД, Мексико и Канада, без оглед на тоа што доживеа елиминација од Англија во четвртфиналето кое на крајот беше пресудено со еден голем кикс. „Викинзите“ предводени од селекторот Солбакен докажаа дека неслучајно се меѓу осумте најдобри и во нов дуел со силна репрезентација како Англија, а ако се суди реално, Норвежаните беа тие кои повеќе ја сакаа победата во ...
Легендарниот Паоло Малдини се враќа на големата сцена и тоа со одговорна функција во италијанската федерација која ќе ја предводи Џовани Малаго. Славниот ас на Милан прифатил да биде нов технички директор, позиција преку која ќе се обиде да му помогне на италијанскиот фудбал, националниот тим. Тој прифатил четиргодишен договор и ќе има сеопфатна одговорност што се протега од назначувањето на следниот селектор до надгледувањето на целиот пат ...
Англија против Норвешка е уште едно европско соочување во четвртфиналето на Светското првенство, битка од која победникот ќе оди на подобриот од Аргентина и Швајцарија. Мечот се игра во Мајами од 23 часот и двајцата селектори ги избраа играчите со кои ќе ја започнат борбата за влез во полуфиналето. Томас Тухел се реши за една необична одбрана во која стоперот Конса ќе игра како десен бек, во средината ќе бидат Стоунс и Геји кои ќе имаат ...
Шпанија има нова шампионска генерација, генерација која го освои Европското првенство за играчи до 19 години. „Црвената фурија“ издоминира на турнирот што се одржа во Велс, турнир кој беше заокружен со победа над Германија од 2-0 во големото финале. Младите Шпанци во групната фаза го потопија домаќинот со 7-0, Данска со 3-0 и Германија со 4-0, во полуфиналето ја разбија Хрватска со резултат 3-0, а вечерва уште еднаш им земаа мерка на ...
Лионел Меси игра фантастичен турнир и ја води Аргентина во досегашниот тек на Светското првенство со осум постигнати голови и една асистенција. Единствен минус во играта на ветеранот се пеналите, промаши против против Австрија и Египет, односно реализираше само четири од последните седум за националниот тим почнувајќи од Светското првенство во Катар. Токму поради ова почнаа да се поставуваат прашалници, дилеми пред се во јавноста дали Лео ...
Шкендија Арачиново ќе биде дел од Првата македонска лига во новата сезона, а со цел да оствари што подобри резултати се обидува да состави конкурентен состав. Скопскиот тим денеска промовираше пет засилувања и тоа Мартин Тодоров, Хадис Велии, Аритон Мехмед, Есмин Личина и Сумер Хасан. Ова се пет имиња на кои и тоа како им е позната домашната фудбалска сцена, Хасан и Личина доаѓаат од Башкими, Тодоров во последнава сезона настапуваше за ...
Линда Носкова ја доби пресметката со сонародничката Каролина Мухова и ја освои титулата на третиот грен слем за оваа календарска година Вимблдон. Ова беше фантастично финале во Лондон, битка на две тенисерки од Чешка, битка која траеше два ипол часа, битка која Носкова можеше многу порано да ја добие и слободно може да се каже дека мораше двапати да ја нокаутира Мухова. Имено Линда го доби првиот сет со 6-2, а во вториот водеше со 5-2, ...
Чави Ернандес се уште го немаме видено во акција од тренерската епизода во неговиот матичен клуб Барселона, клуб со кој успеа да освои титули пред да се раздели. Ернандес се обиде со лимитирани ресурси да го извлече најдоброто од екипата, а еден од играчите на кој им даде шанса, ги промовираше во првата екипа е Ламин Јамал. Шпанецот се одлучи да му даде шанса на талентираниот ас, шанса кој Јамал ја искористи и сега е еден од најважните играчи ...
Втората акција на женскиот сениорски национален тим летово е настапот на 20. Медитерански игри, кои од 21 август до 3 септември ќе се одржат во Таранто, Италија. Селекторот на Македонија, Милош Гавриловиќ објави список од 16 одбојкарки кои ќе конкурираат за настапот на Игрите. Новиот список носи одредени промени, споредено со оној за Европската лига 2026, а една од причините е што дел од помладите репрезентативки во истиот период ќе имаат ...
Италијанскиот прволигаш Милан го комплетираше второто засилување во овој преоден рок, засилување кое треба да ја подобри дефанзивната линија на екипата, а тоа е Марио Хила. Хила тивко пристигна во Лацио од Реал Мадрид во 2022 година, но од сезона во сезона напредуваше, го привлекуваше вниманието за да сега се избори за трансфер во поранешниот европски шампион, клуб кој за неговиот услуги плата 30 милиони евра. -Го избрав Милан затоа што е ...
Екипата на Скопје по повеќегодишна пауза се врати во Првата македонска лига, резултат за кој огромна заслуга има стратегот Александар Таневски. Таневски успеа преку баражот да му овозможи на Скопје камбек во елитната домашна фудбалска конкуренција, но тој нема да го води тимот во сезоната 2026/2027. -Некои одлуки во фудбалот се најтешки токму кога има почит и заеднички успех. Не си заминувам од ФК Скопје затоа што не го сакам клубот, ...
Машката младинска репрезентација на Македонија доживеа изненадувачки пораз од Република Ирска од 69:56 во вториот натпревар на Европското првенство од Дивизијата „Б“ во Братислава. Вчера остваривме одличен резултат и победа над домаќинот Словачка, па наместо таа енергија да ја искористиме и дојдеме до нова славје, избраниците на Никола Велев не успеаа да пронајдат решение за Ирска. Веќе во првата четвртина се виде дека тешко ќе ни оди, ...
Македонската ракометна репрезентација до 20 години не успеа да направи изненадување и претрпе пораз од Данска во третиот натпревар на Европското првенство во Романија. Ова беше меч на кој најмалку покажавме, бевме надиграни од репрезентацијата која одигра без грешка во оваа групна фаза. Данците тримфираа со 34:20 и тоа во соочување во кое водеа со седум разлика во првиот дел (15:8), разлика која за уште толку ја зголемија во вторите 30 ...
Тибо Куртоа со неверица гледаше како Сен Ламенс прави голем кикс кој обезбеди победа за Шпанија во четвртфиналето на Светско првенство, но за јавноста уште поинтересна беше изјавата која ја даде искусниот голман по крајот на мечот. Ѕвездата на Реал Мадрид нагласи дека била подготвена да остане на теренот и со повреда на задната ложа, а со својата изјава, Куртоа целосно ја префрли топката кај Руди Гарсија кој одлучи да не ризикува со повреден ...
Хари Кејн е вистински лидер и капитен на англиската фудбалска репрезентација, а како човек кој имаше можност да го најави четвртфиналето против Норвешка, доби прашање кое беше сосема очекувано. Вечерва ќе гледаме битка на две импресивни „9-ки“ кои рушат рекорди со постигнатите голови за своите клубови, но иако станува збор за играчи кои често се споредувани во јавноста, Кејн сега порача дека не постојат сличности меѓу него и Ерлинг. Иако ...