Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Ирански супертанкер за превоз на сурова нафта пристигна во иранските води по преминувањето низ Ормуската Теснина, и покрај американските закани за поморска блокада, пренесоа иранските медиуми, додека од Вашингтон засега нема официјален коментар. Иранската новинска агенција Фарс објави дека големиот танкер, кој наводно може да превезе околу два милиони барели сурова нафта, впловил во иранските води откако минал низ меѓународни води и Ормуската ...
Премиерот на Бугарија, Андреј Ѓуров денеска изјави дека Министерството за внатрешни работи досега заплени еден милион евра во операција против купување гласови на претстојните вонредни парламентарни избори, што се одржуваат на 19 април. Додека генералниот секретар на МВР, Георги Кандев изјави дека купувањето гласови ќе биде во фокусот на полицијата, дури и по изборите. Тој го извести привремениот премиер Ѓуров дека досега пристигнале 1.740 ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не е загрижен поради изборниот пораз на неговиот долгогодишен сојузник Виктор Орбан во Унгарија и изрази позитивно мислење за новоизбраниот премиер Петер Маѓар. Во изјава за „Еј-би-си њуз“, Трамп истакна дека верува оти Маѓар успешно ќе ја извршува функцијата. – Мислам дека новиот човек ќе заврши добра работа – тој е добар човек – рече Трамп. Тој додаде дека не е сигурен дали неговото лично ...
СДС и Филипче наместо да бидат кредибилна опозиција и коректив на власта, се занимаваат со избори во друга држава на кои сестринските партии им освојуваат 1% од гласовите. Наместо реформи, аргументирани критики и издржани предлози, од СДС и Филипче гледаме само ширење на лаги, демагогии и празни флоскули, посочи Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. -СДС и Филипче, овој фокус којшто го имаат во изборниот процес во Унгарија, треба да го ...
Во периодот од 2020 до 2026 година, Управата за јавни приходи евидентирала десетици илјади случаи на приливи од странство кај физички лица, при што за 2020 година биле испратени 11.527 известувања за можен оданочив доход, а за 2025 година биле регистрирани 70.869 лица со приливи од странство во вкупен износ од 577 милиони евра, беше истакнато на денешниот брифинг со новинарите што го одржа директорката на УЈП Елена Петрова. Како што беше ...
Дозволете денеска да кажам многу битни работи што СДСМ ги смета за актуелностите коишто се случуваат, како на домашен, така и на меѓународен план. Падот на авторитарниот режим на Виктор Орбан има директни последици не само врз целиот регион, туку и врз оние политичари коишто беа под негова директна заштита. Тука секако спаѓа и Христијан Мицкоски, наречен „Орбан Џуниор“, се вели во соопштението на СДСМ од денешната прес-конференција на Андреј ...
Министерот за одбрана Владо Мисајловски денес присуствуваше на одбележувањето на Денот на Командата за обука и доктрини (КОД). Министерот истакна дека КОД се клучен сегмент во системот на македонската Армија од кој зависи нејзината подготвеност, развој и оперативна способност. -Тука се поставува и развива доктрината, се насочува обуката и се гради професионалниот кадар. Преку јасни стандарди, континуирано усовршување и усогласеност со НАТО ...
На свечена церемонија во Скопје, претседателката Гордана Сиљановска – Давкова постхумно го одликува д-р Анастас Коцарев со Орденот „Илинден 1903“ за неговиот исклучителен придонес во медицината и борбата за независна Македонија. Коцарев, роден во Охрид во 1890 година, бил еден од пионерите на радиотерапијата и радиографијата, соработувал со нобеловката Марија Кири и истовремено активно се залагал за македонската кауза преку студентските и ...
Со прикажување на видео-снимки од безбедносни камери, денеска продолжи судењето против Стојанче Јовановски, кој е обвинет за семејно насилство што, според обвинението, довело до трагичниот исход во кој неговата сопруга го загубила животот. Обвинителството презентираше снимки направени во близина на судскиот комплекс во Скопје, каде што, според наводите, се случи дел од насилството. На видеото се гледа како обвинетиот во два наврати ја удира ...
Обидот на опожарување на објектот на Еврејската заедница и синагогата „Бет Јаков“ претставува удар врз мирот, стабилноста и соживотот, кои со векови се негуваат на македонска почва и врз кои се темели нашето општество. Секое посегнување по туѓата светиња, без оглед на која верска заедница ѝ припаѓа, значи нарушување на основните вредности на почит, слобода и човечко достоинство. Непочитувањето на светињата на другиот е и непочитување на ...
После долго време доаѓаат добри вести за „Македонска Пошта“, да потсетам, ова беше институција од која претходната Влада беше откажана, ова беше институција за која се спремаа физибилити студии за продажба и приватизација, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Николоски вели дека во „Македонски Пошти“ работите се менуваат, со поддршката од владата и набавените 100 возила ќе се подобри функционирањето на АД ...
Во државата мора да имаме еднакви услови за сите, без разлика кој бил, дали е сегашен или поранешен висок функционер. И тука не треба да има никаква дилема, барем додека е оваа Влада и додека сум јас претседател на Владата. Тоа го истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање за пораките на СДСМ дека поранешниот премиер Никола Груевски треба да одговара, а по промоцијата на новиот возен парк за потребите на АД ...
Состојбата со нафтените деривати е стабилна и непроменета. Нафтените резерви се такви какви што беа пред почетокот на кризата, не е потрошен ниеден литар – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Следејќи ги цените на берзите на нафтените деривати, рече дека најверојатно цените на горивата во земјата ќе останат исти или ќе бидат намалени. Во однос на продуктоводот за транспорт на нафтени деривати, рече дека и во него има проток на нафта. ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека специјалниот пратеник на САД, Стив Виткоф, и зетот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп – Џаред Кушнер, планираат да ја посетат Украина, но точниот датум се уште не е утврден. Зеленски тоа го соопшти на прес-конференција по средбата со норвешкиот премиер, Јонас Гар Стере, во Осло, посочувајќи дека американските претставници намерата да ја посетат Украина ја истакнале при ...
Во периодот од 1 март до 9 април годинава надлежната грчка служба за азил отповика 1.203 бегалски статуси на државјани на Сирија, по темелна повторна проверка и во согласност со новиот закон, соопштија од Министерството за миграција и азил на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството посочија дека се забележува значителен напредок во управувањето со статусите на меѓународна заштита, a официјалните податоци „ја потврдуваат ...
Папата Лав XIV денеска пристигна во Камерун, каде ќе се сретне со претседателот Пол Бија во Јаунде, во втората етапа од неговата африканска турнеја. Бија (93) е претседател на оваа западноафриканска земја од 1982 година, а претходно беше премиер. Повеќе од половина од 30-милионското население на Камерун се христијани, од кои една четвртина се католици, според Светската база на податоци за религии. Независните цркви се во подем, додека околу ...
Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, изјави дека Северна Кореја го засилува својот нуклеарен капацитет. Гроси пред новинарите во Сеул изјави дека нуклеарното набљудувачко тело на ОН утврдило брзо зголемување на активноста во Центарот за нуклеарни истражувања „Јонбјон“, вклучувајќи го петмегаватниот реактор, инсталацијата за преработка, реактор со лесна вода и други постројки. Генералниот ...
Американскиот потпретседател, Џеј Ди Венс, изјави дека примирјето меѓу САД и Иран се одржува, додавајќи дека претседателот Доналд Трамп не сака „мало“ примирје туку „сеопфатен договор“ со Техеран. „Во моментов примирјето се почитува“, изјави Венс додавајќи дека разговорите меѓу двете земји одржани викендот во Пакистан донеле „значителен напредок“, но оти целосен договор не бил постигнат поради инсистирањата на Вашингтон Иран да не поседува ...
Поради скината цевка во сегмент од котел, ТЕ Битола 3 е исклучен од електроенергетската мрежа. Од АД ЕСМ информираа дека термоблокот Битола 3 бил исклучен вчера во 18 часот, и преземени се активности за вклучување на термоблокот Битола 1, што се очекува да биде синхронизиран на мрежа во текот на денов. Поради поволната хидролошка состојба и намалениот конзум, РЕК Битола и во изминатиот период работеше со еден блок, а истиот режим на работа ќе ...
Велика Британија издвојува нов милионски пакет поддршка за Украина, вклучувајќи и испорака на 120 илјади дронови за потребите на украинската армија. Се очекува британската министерка за финансии, Рејчел Ривс, денеска од Вашинтон да ја потврди траншата од 752 милиони фунти како дел од кредитот за Украина вреден 3,36 милијарди фунти, наменет за финансирање воена опрема, вклучително ракети со долг дострел, системи за противвоздушна одбрана и ...
Петер Маѓар, лидерот на партијата „Тиса“ што победи на парламентарните избори во неделата, соопшти дека разговарал со претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен, за деблокирање на замрзнатите европски средства за Унгарија. Маѓар во статус на својот фејсбук-профил посочува дека во телефонскиот разговор била постигната согласност дека ослободувањето на средствата е еден од приоритетите, со цел граѓаните на Унгарија што поскоро ...
Премиерот Христијан Мицкоски, вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на АД Македонска пошта, Орхан Куртиши, денеска ќе присуствуваат на промоција на 100 нови возила, за потребите на АД „Пошта на С. Македонија“. Настанот, како што информираат од Министерство за транспорт, ќе се одржи на паркинг просторот пред СРЦ Борис Трајковски. По настанот предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиуми. Премиерот ...
Американскиот медиум „Си-ен-ен“ пишува за Македонија, како европска туристичка дестинација, што, според медиумот, е една од оние кои неправедно остануваат во сенка на најпопуларните туристички центри. Во најновото издание на туристичкиот билтен на „Си-ен-ен Травел“, Македонија е опишана како „драматично планинска дестинација“, со природни пејзажи што комбинираат зелени долини и врвови покриени со снег, со сончева клима и разновидна ...
Најмалку 11 лица се повредени во голем пожар што вчера го зафати станбено-деловниот комплекс „Арлис“ во Тирана, а пожарникарските екипи успеаја да го локализираат огнот и да го спречат неговото ширење на околните згради, соопштија локалните надлежни служби. Директорот на Службата за вонредни состојби на Албанија, Арбен Кара, изјави дека пожарот е ставен под контрола и оти е спречено негово понатамошно ширење на блиските станбени кули. Тој, ...
Министерот за надворешни работи, европски прашања и развојна соработка на Кралството Белгија, Максим Прево од денеска ќе престојува во дводневна посета на земјава, на покана на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. Како што соопшти МНРиНТ, во рамки на својата прва посета на земјава, министерот Прево ќе оствари тет-а-тет средба со својот хомолог, министерот Тимчо Муцунски, по што е предвидена и пленарна средба ...
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе се движи во интервал од 5 до 16 степени, додека максималната ќе достигне од 12 до 23 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти војната во Иран се приближува кон својот крај, според извадоци од интервју за „Фокс Њуз“ објавени однапред. – Мислам дека е блиску до крајот. Да. Мислам, јас го гледам тоа како нешто што е многу блиску до завршување – рекол Трамп, според коментарите што синоќа на Х ги објави водителката на „Фокс“, Марија Бартиромо. Трамп изјави дека доколку САД се повлечат сега, на Иран би му биле ...
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, денеска повика на продолжување на сериозните преговори за завршување на војната на Блискиот Исток и ги повика Израел и Либан да „работат заедно“. „Нема воено решение за оваа криза. Мировните договори бараат постојана политичка посветеност и волја. Сериозните преговори треба да продолжат“, изјави Гутереш пред новинарите во седиштето на ОН во Њујорк, осврнувајќи се на разговорите одржани минатиот ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека е шокиран затоа што италијанската премиерка Џорџа Мелони не сака да му помогне во војната со Иран, односно да им помогне на САД да се ослободат од нуклеарното оружје. „Дали вам, Италијанци, ви се допаѓа фактот што вашата премиерка не прави ништо за да добие нафта? Дали луѓето ја сакаат? Не можам ни да замислам. Шокиран сум од неа. Мислев дека има храброст, но грешев“, рече Трамп во ...
Повеќе од 10.000 американски морнари, војници и пилоти, со десетина воени бродови и десетици авиони, извршуваат мисија за блокирање на бродовите што влегуваат и излегуваат од иранските пристаништа во Заливот, објави вечерва Централната команда на американската армија (CentCom) на социјалната мрежа Икс. „Во првите 24 часа, ниту еден брод не ја прекршил блокадата на САД, а шест трговски бродови ги исполниле упатствата на американските сили со ...