Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа денеска остварил средба со амбасадорот на Република Албанија во земјава, Денион Мејдани, на која ги оценил како одлични односите меѓу двете земји и ја истакнал важноста од блиска регионална соработка за спроведување на зелените политики и постигнување на европските стандарди. Како што информираат од МЖСПП, посебен фокус во разговорите бил ставен на размената на искуства и добри ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево оствари телефонски разговор со еврокомесарката за проширување, Марта Кос, во кој фокусот на разговорот бил ставен на актуелните економски предизвици и евроинтегративниот процес. Како што соопшти МНРиНТ, соговорниците размениле мислења за изнаоѓање конкретно и одржливо решение за предизвиците со кои се соочуваат професионалните превозници, како и за прашањето ...
Претседателот на Собранието Африм Гаши, на денешната средба со амбасадорот на Република Австрија Мартин Памер ги истакнал пријателските односи помеѓу двете земји и се заблагодарил за подршката на Австрија на интегративниот пат на нашата земја во Европската Унија. Како што стои во соопштението од собраниската прес-служба, амбасадорот Памер, во контекст на одличните односи помеѓу двете држави, го информирал претседателот за проект кој ќе го ...
екој човек може да се најде во ситуација да му биде потребен орган за продолжување на животот или да се соочи со ситуација да треба да одлучи дали да се донира орган од некој негов близок…Подигнувањето на свеста кај јавноста за поддршка на органодаристелството беше темата на расправа на панел-дискусијата „Органодаристелството во Македонија“ што во организација на Младинскиот центар вечерва се одржа во Охрид. Како што беше истакнато на ...
Изградените два километра од автопатот Скопје-Блаце не почнуваат од никаде и не завршуваат никаде, затоа и не можат да се пуштат и по нив да има безбеден сообраќај, рече министерот за транспорт и врски Александар Николоски кој денеска од говорницата на македонското Собрание одговараше на пратенички прашања на Илир Хасани, пратеник од Европскиот фронт. Николоски посочи дека двата километра завршуваат буквално во провалија и затоа не можат да ...
Апсолутно се води сметка за правичната застапеност. Јас сум личен гарант за тоа. Ниту како човек, ниту како политичар, ниту како претседател на Владата нема да дозволам никој никого да минимизира или мајоризира. Квалитетот на луѓето, без разлика од која етничка припадност доаѓаат, треба да биде клучен и да биде приоритет. Тоа е темел на уставната вредност и дел од меѓународните резолуции и конвенции – порача денеска премиерот Христијан ...
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска информира за најобемната инвестиција во јавната чистота во изминатата деценија, со официјален почеток на постапката за набавка на повеќе од 40 нови, современи и специјализирани возила за потребите на ЈП „Комунална хигиена“. Со оваа одлука Град Скопје прави суштински исчекор кон трајно и системско решавање на проблемот со одржувањето на јавната чистота, подобрување на хигиенските услови ...
Анализите што се спроведуваат врз основа на Стратегијата за развој на воспитно-образовниот систем во Штип ќе бидат завршени до крајот на учебната година. По нивното комплетирање ќе се донесе и конечната одлука за идната организација на основното образование во градот, најави градоначалникот на Штип, Иван Јорданов. Во опција се две решенија – фузија на одредени образовни институции со други училишта или намалување на бројот на паралелки во ...
Платата не е работа на желби, туку на економски критеруми кај кои нема зголемување за износ на кој ќе се темели барањето за минимална плата од 36 илјади денари. Износот од 57 проценти на минималната плата кај нас во однос на просечната е највисока заштита што ја има кој било работник во Европа, вели Ангел Димитров од Организацијата на работодавачите на Македонија. Димитров потсетува дека кај нас со закон е предвидено дека минималната плата не ...
Градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити, вчера, во емисијата „Клик плус“ на ТВ „21“, информира дека изградбата на булеварот Цветан Димов веќе е вклучена во буџетот на Град Скопје и дека процесот ќе продолжи без одложувања, се наведува во соопштението од „Вреди“. Според Меџити, се работи со висок интензитет за да се обезбеди целата потребна документација и да се најдат решенија што нема да ги оспорат градежните работи. Тој нагласи дека ...
Агенцијата за аудио и аудиовизуелните медиумски услуги, во согласност со обврската од член 76-д став 8 од Изборниот законик, до Државната изборна комисија го достави извештајот за емитуваното платено политичко рекламирање за време на изборната кампања за повторните избори за градоначалник на општина Гостивар, општина Врапчиште, општина Маврово и Ростуша и општина Центар Жупа во периодот од 22 декември 2025 година до 9 јануари 2026 година. ...
Владата е одлучна проектот „Безбеден град“ да го стави во функција, а по неговата имплементација, веќе нема да има толкав број жртви од сообраќајни незгоди, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски одговорајќи на пратенички прашања. Целта е, нагласи тој, да се спасат што е можно повеќе човечки животи, без притоа да се води сметка кој од која етничка припадност е. -Во 2025 година во Скопје имало 28 сообраќајни несреќи, во кои настрадале 32 ...
Речиси воопшто нема реакции од судството и од Обвинителството во однос на дивоградбите. Јас до денес не сум слушнал дека некое лице или компанија е правосилно осудена за бесправно градање, а знам многу добро дека МВР ревносно постапува секогаш кога општините ќе пријават ваков случај, оцени денеска вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. Одговорајќи на пратеничко прашање, Николоски рече дека МВР излегува на терен, ...
Принципиелно ја поддржувам секоја иницијатива на секој работник што излегува демократски и си го бара своето право за повисока плата. И тука треба да сме сите натпартиски сложни дека секој работник што сака повисока плата треба да се поддржи, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски. Одговарајќи на прашање на пратеничката Драгана Арсова од ВМРО-ДПМНЕ во македонското Собрание, нагласи дека Владата е таа што посредува во оној бипартитен ...
Никогаш нема да дозволам да се загрози безбедноста во ниеден град во Македонија со поставување, разрешување, додавање, одземање или какво било друго реорганизирање на внатрешните структури на МВР, порача денеска министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Одговорајќи на пратеничко прашање, Тошковски истакна дека во изминатите речиси две години безбедноста на граѓаните е многу подобрена, особено ако се земат предвид бројките за вкупен ...
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска истакна дека не верува оти без да има некој начелен договор помеѓу партиите, Владата да предложи законски измени за укинување на техничката влада. – Можам да кажам дека сè уште нема никаков предлог од Владата во однос на оваа тема. Се согласувам дека за закони што се од поголема важност, особено за Законот за работата на Владата, мислам дека треба да се договраме повеќе пред да ги донесеме ...
Министерството за култура и туризам своите обврски си ги завршува во предвидениот законски рок. Навреме до Собранието ја има доставено одлуката и за наградата „Мито Хаџивасилев-Јасмин“, истакна ресорниот министер Зоран Љутков одговарајќи на пратеничко прашање на Соња Мираковска од СДСМ за недоделувањето на оваа награда за 2025 година. Тој појасни дека причина за доцнењето било тоа што Собранието немало избрано одбор за доделување на ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оствари серија билатерални средби со претставниците на дипломатскиот кор во земјата, на кои истакна дека меѓународната соработка и партнерствата со пријателските земји се клучни за обезбедување безбедна и одржлива енергетска иднина за нашата земја. Како што информираат од Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини, продлабочувањето на енергетската ...
Против осум физички лица, меѓу кои и екс-директорката на прилепската болница, како и против едно правно лице, ОЈО поднесе обвинение. Според обвинителниот акт, директорката на болницата и уште тројца вработени, во периодот од почетокот на 2022 до јули 2024 година, противправно присвоиле пари доверени во службата и прибавиле значителна имотна корист во вкупен износ од 9.605.081 денари. „Преку фиктивни налози за работа и обрасци/каси-исплати, со ...
Нашата Армија е компатибилна, нашата Армија е компарабилна, нашата Армија е почитувана не само дома туку и надвор. И ние можеме со сигурност да кажеме дека состојбата е за поздравување. И мислам дека Армијата заслужува понатамошно разбирање и поддршка и од Владата, но и од сите нас. Ја имаат, се разбира, и мојата поддршка. Јас имам што да бранам, што да фалам, што да заштитувам и имам во што да верувам – истакна денеска претседателката и ...
Авион на колумбиската авиокомпанија „Сатена“, со вкупно 15 лица на летот, се урна во планинската област Кататумбо во североисточниот дел на Колумбија, во близина на границата со Венецуела. Според официјалните информации на властите, нема преживеани. Во авионот се наоѓале 13 патници и двајца членови на екипажот, а меѓу загинатите се и пратеник на колумбискиот Конгрес и еден кандидат за т.н. „мировна столица“ во Претставничкиот дом. Истрагата ...
Москва ја условува можната директна средба меѓу украинскиот и рускиот претседател со патување на Володимир Зеленски во руската престолнина, објави „Киев Индепендент“. Помошникот на Кремљ, Јуриј Ушаков, изјави дека доколку украинскиот лидер сака разговор лице в лице со Владимир Путин, тоа треба да се случи во Москва, при што, како што нагласи, руската страна е подготвена да му гарантира безбедност и соодветни услови за работа. Во меѓувреме, ...
Државниот секретар на САД, Марко Рубио, не ја исклучи американската поддршка за потенцијална промена на режимот во Куба, велејќи дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп сака промена на владата во земјата. Коментарите на Рубио доаѓаат во услови на засилена контрола на потезите на администрацијата на Трамп во Западната хемисфера по воената операција на САД на 3 јануари, што резултираше со заробување и отстранување на венецуелскиот ...
Иранскиот адмирал Сајари упати остра закана до американскиот претседател Доналд Трамп поради зголемувањето на силите на американската морнарица во близина на иранскиот брег, објави Скај њуз. Бидејќи САД испраќаат носачи на авиони и придружна флота во близина на иранскиот брег, Сајари вели дека Иран е подготвен да одговори на секоја закана. Трамп претходно изјави дека испраќа „голема армада“ во Иран. Протестите избувнаа во Иран кон крајот на ...
Социјалдемократскиот сојуз подготвува законски измени со кои ќе бара зголемување на минималната плата на 600 евра и замрзнување на функционерските плати. Лидерот на партијата Венко Филипче се надева дека сега законот ќе биде поддржан од власта за разлика од 2024 година кога беше одбиен нивниот предлог-закон за зголемување на минималната плата. – Наше е да предложиме, власта е таа што го има последниот збор. Имаат две третини мнозинство во ...
МВР апелира до граѓаните да ги ажурираат своите податоци за „Безбеден град“. Ги потсетуваат граѓаните дека на посебниот шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје), кој работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот, можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни ...
Да се развие и имплементира интегриран и долгорочен национален пристап кон миграцијата согласно европските регулативи, предлага Работната група за правда, слобода и безбедност. Според нив, Македонија треба да ги зајакне институционалните, човечките и финансиските капацитети како транзитна земја на Западнобалканската рута, со поддршка од ЕУ за поефикасно спроведување на миграциските политики. Да се развие и имплементира интегриран и ...
Скопјани повеќе нема да лутаат по околните планини, во потрага по соодветна локација, за да ги погребаат своите миленици. Наскоро главниот град ќе добие јавни гробишта за милениците, односно секоја општина одделно ќе си изгради гробишта на јавна површина. Ова го договориле министерот за локална самоуправа Златко Перински, градоначалникот Орце Ѓоргиевски и Агенцијата за храна и ветеринарство. Во периодот што следува ќе се дефинираат локациите ...
Нова кривична пријава за контроверзниот поранешен градоначалник на Кичево, Фатмир Дехари. Се товари дека во периодот од 2021 до 2025 година незаконски склучувал договори за вработување и им дозволувал на вработените да не одат на работа, а сепак да земаат плата и други надоместоци од општинскиот буџет. Иако им истекол законскиот рок, тој не им го прекинал работниот однос. Со ваквото постапување, Дехари го оштетил општинскиот буџет за 130 ...
Работниците ќе останат без 600 евра минимална плата во 2028 година поради ССМ, Слободан Трендафилов и Трпе Деаноски. Политичката заробеност на ССМ од страна на СДСM се покажува на дело. Дека на Слободан Трендафилов и Трпе Деаноски, како и ССМ како синдикат, не им е грижа за работниците, се докажува со тоа што одбиваат 40 отсто зголемување на платите за административните службеници или минимум во бројка – над 10.000 денари за две години од ...