Олександар Урбановиќ од здружението „Лесја Украинка“, во гостувањето на 4TV.mk по повод четиригодишнината од почетокот на војната во Украина, упати емотивна благодарност до македонскиот народ и бизнис секторот за несебичната поддршка пружена уште од првите денови на конфликтот. Според Урбановиќ, иако секогаш може да се дебатира дали можело да се направи повеќе, заедницата на Украинците во Македонија никогаш нема да ја заборави солидарноста ...

Олександар Урбаноиќ од здружението „Леска Украинка“ во гостување на 4TV.mk, во емисијата „4 години од војната во Украина“, изјави дека граѓаните на Украина веќе четири години живеат под постојан стрес, бомбардирања и сирени, но сепак успеваат да се прилагодат и да зачуваат оптимизам. „Искрено, се чудам и се гордам на луѓето во Украина. Тие веќе четири години живеат под гранатирање, сирени и стрес. Навикнати се на тие звуци и, иако често нема ...

Олександар Урбаноиќ од здружението „Леска Украинка“ во гостување на 4TV.mk, во емисијата „4 години од војната во Украина“, изјави дека најитно за украинските граѓани во време на војната е обезбедувањето струја. „Најпотребно беше кога Украина целосно остана без струја. Имаше најголема потреба за генератори и за обновување на станиците кои произведуваат електрична енергија, за делови кои беа уништени“, рече Урбаноиќ. Тој потенцира дека многу ...

Поранешната министерка за одбрана Славјанка Петровска во гостување на 4TV.mk, во емисијата „4 години од војната во Украина“, изјави дека комуникацијата околу донирањето воена опрема за Украина се одвивала првенствено на билатерално ниво. Таа посочи дека координацијата се реализирала преку украинската амбасада, од каде биле доставувани информациите за потребите на украинската армија. „Комуникацијата одеше на билатерална основа, преку ...

Поранешната министерка за одбрана Славјанка Петровска во гостување на 4TV.mk, во емисијата „4 години од војната во Украина“, предупреди дека хибридните напади имаат за цел да го вознемират населението и да создадат впечаток дека институциите не се способни да одговорат на безбедносните предизвици. „Крајната цел на хибридните напади е вознемирување на населението и создавање впечаток дека институциите, без оглед која влада е на власт, не се ...

Поранешната министерка за одбрана, Славјанка Петровска, во гостување на 4TV.mk се осврна на нападите со кои се соочуваше одбранбениот систем во периодот кога Македонија донесуваше одлуки за воена помош на Украина. Таа оцени дека тогашните бурни реакции и тврдењата дека се нанесува штета на македонската армија биле дел од добро смислено хибридно дејствување. Според Петровска, овие напади доаѓале од проруски структури кои биле присутни и во ...

Поранешната министерка за одбрана, Славјанка Петровска, вечерва во емисија на 4TV.mk посветена на „4 години војна во Украина“ направи ретроспектива за почетокот на војната во Украина. Петровска истакна дека државата донела правилна и стратешка одлука уште во првите моменти од конфликтот. Таа потсети дека инвазијата на 24 февруари 2022 година се случи само еден месец по нејзиното назначување на функцијата, но дека институциите биле подготвени ...

Голема полициска операција е спроведена во складиштето на фирмата „Грин лајф“ во селото Јосифово, каде е запленет еден тон марихуана, јавува МИА. Оваа акција доаѓа непосредно откако Министерството за здравство официјално ја одзеде лиценцата за работа на оваа компанија, како дел од пошироката контрола на пазарот со канабис за медицински цели. Претресот бил извршен од страна на полициски службеници од Струмица и Валандово, по налог на Основното ...

Поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој една година и два месеци беше баран со меѓународна потерница, наместо во затворот во Скопје, притворот ќе го издржува во својот дом во Чаир. Пред зградата е присутна полиција, а Груби е под 24-часовен надзор, откако ефективниот притвор му беше заменет со куќен во траење од 30 дена. Од Обвинителството велат дека одлуката е донесена по проценка на Министерство за внатрешни работи на Македонија и Агенција ...

Малолетник бил нападнат физички од двајца малолетници. При нападот едниот од нив снимал со мобилен телефон. Според пријавата, тие меѓусебно се знаеле. Мајката на нападнатиот го пријавила случајот вчера во 18:30 часот во СВР Скопје. Нападот според пријавата се случил околу 14:45 во Карпош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Малолетник бил нападнат физички од двајца малолетници. При нападот едниот од нив снимал со мобилен телефон. ...

Македонската кошаркарска федерација официјално ја започна продажбата на билетите за претстојниот дуел на нашата репрезентација против селекцијата на Луксембург. Натпреварот е дел од патот кон Евробаскетот 2029 година, а влезниците веќе се достапни за јавноста преку продажната мрежа на „МКТикетс“. Кошаркарската еуфорија се враќа во реновираната сала „Градски парк“. За овој натпревар се утврдени достапни цени за сите навивачи: билетот за ...

Состојбата со приватните превозници во јавниот градски превоз е стабилизирана, а сите проблеми кои беа евидентирани во изминатиот период се успешно надминати. Застојот на одредени автобуски линии беше предизвикан исклучиво од технички пречки со АВЛ опремата и ГПС валидаторите во автобусите, што оневозможи дел од возилата навремено да бидат вклучени во сообраќај. Овој дефект е целосно отстранет, со што се овозможува редовно и навремено ...

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, на денешниот состанок на Владиниот совет за економска политика, најави ново усогласување и зголемување на минималната плата. Конечната одлука за износот на покачувањето се очекува да биде донесена на владина седница кон крајот на март. Мицотакис истакна дека Грција мора да ја задржи динамиката на економски раст над европскиот просек, истовремено фокусирајќи се на рекордно намалување на невработеноста. ...

По серијата лажни дојави за поставени експлозивни направи кои два дена го парализираа образовниот процес во Тетово, локалната самоуправа воведува нови насоки за постапување. Назми Даути од Секторот за јавни дејности при Општина Тетово, на денешната прес-конференција порача дека наставата веќе нема автоматски да се прекинува за целиот ден. Крај за предвременото одење дома Главната промена во протоколот се однесува на движењето на учениците и ...

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, упати остра критика до судските власти по одлуката за одредување куќен притвор на поранешниот прв вицепремиер Артан Груби. Димитриевски оцени дека овој случај, каде лице по 14-месечно бегство се враќа во државата и по само еден распит заминува дома, претставува потврда за нефункционалноста на правосудниот систем. Димитриевски, кој себеси се дефинира како легалист, посочи дека е недозволиво ...

По повод четиригодишнината од почетокот на воената агресија во Украина, вечерва со почеток во 20:00 часот, 4TV.mk емитува специјално отворено студио. Низ призмата на безбедносните експерти, дипломатијата и автентичните сведоштва на луѓето кои ги почувствуваа воените ужаси, емисијата ќе направи детална ретроспектива на конфликтот кој го промени светот. Јовица Пауноски во студиото ќе дебатира со своите гости за геополитичките поместувања, ...

Владата одлучи да им излезе во пресрет на угостителите и да ја одложи примената на строгите правила за пушење на отворените тераси затворени од три страни. Ова е дел од измените на Законот за заштита од пушењето, за кои денеска информираше министерот за здравство, Азир Алиу. Целта на одложувањето е да се остави доволно време за инфраструктурно приспособување на објектите кон новите законски норми. Министерот појасни дека по широките ...

На патот Охрид – Ресен, односно кај с. Буково утрово во 6 часот е пронајден угинат балкански рис. Се работи за возрасна женка. „Надлежните служби извршија теренски увид во соработка со Македонско еколошко друштво и Државен Инспекторат за животна средина. Угинатата рисица ќе биде однесена на обдукција во Скопје на Факултетот за ветеринарна медицина при УКИМ, Скопје“. Инаку, Балканскиот рис е строго заштитен и критично загрозен вид на ...

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска одржа прес конференција, со цел да информира за акцијата која е во тек кај компаниите што поседуваат одобрение за одгледување канабис за медицински цели, која доби и дополнителна институционална тежина по денешната седница на Владата. – Денес упатуваме порака дека државата повеќе нема да гледа настрана таму каде што има сомнеж за злоупотреба на дозволи, пропусти во институционалниот надзор и ризик за ...

СВР Битола поднесе кривична пријава против В.Ф.(42) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „убиство” во обид, „загрозување на сигурноста” и „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста”. На 18.02.2026 во семејниот дом во Битола каде живеат неговите деца, пријавениот со остри предмети ги нападнал неговиот 21-годишен син и неговата 16-годишна ќерка. Додека, на 19.02.2026 во Полициската станица Битола, ...

Најмалку 14 лица загинаа, а 440 се раселени откако обилни дождови го погодија југоисточниот бразилски град Јуиз де Фора, соопштија од локалниот градски совет. Дождовите предизвикале поплави и активирале свлечишта, а наставата во општинските училишта е прекината, информираа локалните власти. Мобилизирани се специјализирани тимови за помош и потрага по исчезнати лица. Повикани се федерални и државни агенции да му дадат поддршка на градот во ...

Предлог-измените на Законот за минималната плата, со кои се бараше таа да изнесува 36.960 денари (600 евра) во периодот од март 2026 до март 2027 година, не добија поддршка на собраниската Комисија за економски прашања, труд и енергетска политика. Законот беше поднесен од пратеници на СДСМ и Левица, а во расправата главно учествуваа опозициските пратеници. Од претставниците на власта на говорницата се обрати само пратеникот Миле Цеков од ...

„Со континуираниот раст на минималната плата, државата го штити и вреднува трудот на работниците. Предлог-законот за минимална плата, во износ од 36.960 денари, претставува продолжение на континуираниот раст на минималната плата, што започна системски во 2017 година и кој во изминатите години значително го подобри животниот стандард на работниците со најниски примања“, рече пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната комисиска расправа ...

Министерството за здравство одзеде лиценци за одгледување канабис за медицински цели на шест компании, по спроведени контроли во кои биле утврдени низа неправилности. На прес-конференција во Владата, министерот за здравство Азир Алиу информираше дека одлуките се донесени врз основа на наодите од инспекциските надзори. Лиценците им се одземени на „Алфафам“, „Грин лајф“, „ЦБД медплант“, „Лајф плант“, „Атафарм“ и „Канабидоис“. Според министерот, ...

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода 15 возачи, од кои 10 за возење без возачка дозвола, тројца со забрана за управување возило од Б категорија, еден под дејство на алкохол, додека еден возач управувал возило без возачка дозвола и под дејство на алкохол. Двајца возачи во Скопје и по еден возач во Пробиштип, општина Старо Нагоричане, Куманово, Радовиш, Гевгелија, Гостивар, Тетово и ...

Министерството за правда ќе побара детално образложение за одлуката со која мерката притвор е заменета со куќен притвор во предмет поврзан со истрага за проневера тешка над осум милиони евра. На прес-конференција, министерот за правда Игор Филков порача дека институцијата нема да остане пасивна кога, како што рече, се отвораат сериозни дилеми што ја нарушуваат довербата на граѓаните во правниот систем. Тој нагласи дека досега се воздржувал од ...

Селанец од кичевско ќе добие 300 илјади денари надомест за претрпени физички и психички последици откако бил нападнат и гризнат од мечка, објави Слободен печат. Според информациите, настанот се случил во август 2022 година, кога мажот пеш се враќал од својата нива кон домот. Без никаква провокација бил нападнат од мечка, која го совладала и го гризнала, нанесувајќи му повреди на десната страна од челото и слепоочницата, како и нагмечувања на ...

-Зголемувањето на минималната плата на 600 евра не е никаков каприц, туку барање за социјална нормалност, а без оваа законска интервенција, оваа нормалност може да биде само политичка привилегија. Кога велиме 600 евра минимална плата, ние не велиме државата да продолжи да биде пасивен набљудувач и работите во економијата да се движат по инерција. Бараме платата да се зголеми, а Владата да си ја преземе одговорноста, рече пратеникот на СДСМ, ...

На 23.02.2026 во периодот од 14:30 до 15:30 часот во с.Јеловјане, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово извршиле увид по претходна пријава од вработен во Национален парк „Шар Планина“ дека бесправно биле исечени 20 метри кубни огревни букови дрва. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 23.02.2026 во периодот од 14:30 до 15:30 часот во с.Јеловјане, тетовско, полициски службеници од СВР Тетово извршиле увид по претходна ...

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Б.(20) од с.Горна Речица, Н.М.(66) од с.Мала Речица, И.И.(51) од Тетово, А.Р.(58) од Тетово, И.Р.(38) од с.Градец, гостиварско и Н.М.(23) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“ и против А.Б.(47) од Тетово поради постоење основи на сомнение за „помагање“ во врска со кривично дело „измама“. На 03.06.2025, прво и второпријавениот, по случена сообраќајна незгода ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
4.63
32%
1014
weather icon

Белград

19ᴼ / 18ᴼ
4.63
41%
1014
weather icon

Загреб

22ᴼ / 21ᴼ
2.06
27%
1015
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
5.66
32%
1014
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
5.7
54%
1013
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 20ᴼ
4.63
35%
1014
weather icon

Атина

17ᴼ / 16ᴼ
2.24
41%
1012
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
4.63
42%
1014
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
5.14
32%
1014
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 20ᴼ
5.14
32%
1010
weather icon

Будимпешта

20ᴼ / 19ᴼ
8.23
35%
1013
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
3.09
58%
1013
Currency

61.6317

Currency

52.6828

Currency

71.0562

Currency

37.583

Currency

38.4534

Currency

66.9932

Currency

7.7178

Currency

0.69429

Currency

0.32976

Currency

0.52422

Currency

1.17288

Currency

0.55935

Платина

63947.83

Рутениум

53788.20

Родиум

326330.08

Паладиум

47416.53

Бакар

12.07

Сребро

2840.84

Злато

166450.52

Кобалт

45.39

Калај

50.49

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.62

Цинк

3.45