Скопје
11ᴼ /
11ᴼ
Македонија вечерва се бори со последиците од обилните врнежи. Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али, информираше дека дежурните екипи на 112 и Секторот за операции континуирано ја следат состојбата. Најдраматично е во Кичево каде имало евакуација на население, а проблеми со излевање на реми и одрони се регистрирани низ целата држава. Според официјалниот извештај на ЦУК за состојбата до 21:00 часот на 07.01.2026, ...
По обилните врнежи од дожд кои вечерва предизвикаа поплави и хаос во Битола, Општината официјално информираше дека е започната голема акција за санирање на штетите. Сите расположливи екипи на јавните претпријатија се на терен. Од Општината потврдуваат дека каналот на реката „Курделес“ е излеан, што ја прави состојбата најкритична во тој дел од градот. Каде е најкритично? Според информациите од локалната самоуправа, жариштата во моментов се: ...
Градот кој ја носи лузната на сопствената трагедија, оваа сабота ќе замолчи во знак на почит кон жртвите од Швајцарија. Организаторите од Кочани соопштија дека планираниот „Марш на Ангелите“ нема да се одржи. Наместо тоа, граѓаните се повикуваат на мирна и достоинствена средба за да испратат порака на сочувство до Кранс-Монтана. Под мотото „Од Кочани до Кранс-Монтана: Тивка почит за загинатите“, жителите на овој град, кој најдобро ја разбира ...
Обилните врнежи од дожд вечерва предизвикаа хаос во Битола. Реката Курделес се излеа од своето корито, предизвикувајќи поплави во делот кај „Император“. Екипата на 4news.mk е на лице место и сведочи за критичната состојба. Нивото на водата на улиците веќе надминува 30 сантиметри и го прави движењето речиси невозможно. Автомобил заробен во водата Ситуацијата е драматична бидејќи во надојдената вода има заглавен еден патнички автомобил. Во овој ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) и општинските служби испратија итно предупредување до граѓаните. Поради обилните врнежи од дожд, повторно се активирало свлечиште на патниот правец кон тетовска Бања, што претставува сериозна опасност за учесниците во сообраќајот. Информацијата е потврдена по добиена пријава на единствениот број за итни повици 112. Апел: Не тргнувајте на пат! Надлежните упатуваат силен апел до сите граѓани и возачи: „Се ...
На свет дојде првото новороденче во новата година во Кочани.Утрово, 7 јануари, во 2:45 часот, токму на големиот христијански празник Божик, на свет дојде Миха. Станува збор за машко бебе, родено на Акушерското одделение при Општата болница во Кочани. Мајката е од Гостивар, но живее во Оризари и ова е нејзина втора рожба, што ќе го носи името Миха. Првото новороденче во 2026 година во Кочани е тешко 3, 5 килограми и долго 53 сантиметри. ...
Празнична радост во Скопје! Денеска на Божиќ во Зоолошката градина се роди мало јагне. Од ЗОО велат дека малечкото е здраво и полно со енергија, а мајката внимателно се грижи за него. Вработените додаваат дека ваквите „празнични бебиња“ секогаш носат посебна магија и убавина на празниците. Посетителите деновиве ќе можат да го видат новиот жител на ЗОО, кој веќе предизвикува насмевки и убаво расположение кај најмалите. Празнична радост во ...
Силен земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала ги погоди делови од јужните филипински острови, покажуваат податоците на Американскиот геолошки завод (USGS). Првично беше соопштено дека земјотресот бил со магнитуда од 6,7 степени, по што е ревидиран на 6,4 степени според Рихтер, пренесува Анадолија. Од USGS информираат дека потресот се случил со епицентар на 27 километри источно од Сантијаго, во долината Кагајан на ...
Укинувањето на техничката влада и постигнувањето поширок политички договор за реформските закони што се клучни за европскиот пат на државата се наметнаа како централна политичка тема на неделата. Во интервју за телевизија Алфа, премиерот Христијан Мицкоски најави дека од утрешниот ден ќе упати покани до политичките лидери во земјава за лидерска средба, која би требало да се одржи во рок од седум до десет дена, пред неговото заминување на ...
Од 17:00 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во целосен прекин за сите видови возила, информираат од надлежните служби. На останатите државни патишта, сообраќајот се одвива непречено, и покрај влажните коловози. Врнежи од снег се бележат на Попова Шапка, но засега не претставуваат пречка за движење на возилата. Министерството за внатрешни работи потсетува дека од 15 ноември 2025 година започна законската обврска за ...
Општина Битола и оваа зима за време на зимскиот распуст обезбеди бесплатен превоз до ски центрите на планината Баба, за учениците, но и за сите граѓани кои сакаат да уживаат во зимските спортови. Според информациите од локалната самоуправа, утре, 8 јануари, и в петок, 9 јануари, граѓаните ќе можат да користат две автобуските линии. Линијата број 1 ќе превезува до ски центар „Нижо Поле“ со поаѓање во 8:00 часот од паркингот кај Спортската ...
Обилните врнежи од дожд денеска предизвикаа поплави на неколку локации во земјава, особено во Кичево, Охрид и Ресен. Според информациите од регионалните центри за управување со кризи, состојбата на поголемиот дел од територијата на Република Северна Македонија е стабилна и без нарушување на редовната состојба. Во северниот регион, Куманово, Липково, Старо Нагоричане, Крива Паланка, Ранковце и Кратово – нема пријавено излевање на реки, ниту ...
72-годишната Марика Илиевска исчезна во раните утрински часови. Последен пат е видена околу 08:30 часот во близина на ТЦ Лептокарија, Карпош 3. Илиевска била облечена во сива јакна и, најверојатно, носела шешир. Станува збор за дементна личност, поради што е особено важно да се реагира брзо. Сите кои имаат информации за нејзината локација се молат да контактираат на телефонскиот број 070 781 111. Граѓаните се повикуваат на внимателност и ...
Според информациите од регионалните центри за управување со кризи, состојбата на поголемиот дел од територијата на Република Северна Македонија е стабилна, без нарушување на редовната состојба, велат од ЦУК. Куманово, Липково, Старо Нагоричане, Крива Паланка, Ранковце и Кратово – нема излевање на реки, ниту евидентирани последици од врнежите. Надлежните општински служби ја следат состојбата. Скопје, Струмица, Велес, Кавадарци, Неготино, Свети ...
САД запленија нафтен танкер под руска знаме, кој бил следен од руска подморница, по повеќе од две недели потера преку Атлантикот, како дел од напорите на Вашингтон да го блокира извозот на венецуелска нафта, соопштија американски официјални лица. Танкерот „Marinera“, претходно познат како „Bella-1“, претходно избегал од американската морска блокада на санкционирани танкери во Карибите и одбил да биде влезен од Обалската гарда на САД. ...
Балканот, често нарекуван „барутна бомба“ поради својата богата, драматична историја, разновидни култури и впечатливи обичаи, тешко може да се опише како здодевен. Сепак, една земја неодамна во онлајн гласање ја доби токму оваа не многу пофалбена титула. На популарниот форум Reddit се појави карта на Балканот со едноставно, но провокативно прашање: „Според вас, која е најздодевната балканска земја?“ Иако очекувањата беа различни, коментарите ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод одбележувањето на Христовото раѓање – Божиќ, присуствуваше на Архиерејската Златоустова литургија во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, со којашто чиноначалствуваше архиепископот охридски и македонски, г. г. Стефан. Сиљановска-Давкова по завршувањето на божествената литургија, во разговорот со присутните верници го упати радосниот поздрав „Христос се роди, навистина се роди!“, ...
Интензивните врнежи од дожд деновиве го полнат коритото на големата река во близина на Ресен, што ги загрижи жителите и локалните власти. Според информации од терен, најважно е што плоштадот во градот засега е безбеден, но се забележува дека дел од коритото е покриено со дрва за огрев, што може да го отежни одвлекувањето на водата. Надлежните служби се на терен и го следат водостојот, а граѓаните се предупредуваат да бидат внимателни и да ги ...
Претседателот на Романија, Никушор Дан, остана завеан од снег во Франција, откако поради снежна бура неговиот авион не можеше да полета ниту синоќа ниту утрово од Париз. Воениот авион со кој првиот човек на Романија отпатува во Париз не можеше да полета ниту во вторник на полноќ, како што првично беше планирано, ниту во среда наутро, поради обилните снежни врнежи што ја прекрија пистата на аеродромот. Како што пренесуваат локалните медиуми, ...
Силните врнежи од дожд што ја зафатија Албанија во последните 24 часа предизвикаа сериозни поплави низ повеќе региони на земјата. Најкритична е ситуацијата во пристанишниот град Драч, како и во северните делови Лежа и Кукс, каде што водата влезе во домови и предизвика евакуации. Министерот за одбрана, Пиро Венгу, свика Комитет за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч за да се координираат напорите за справување со поплавите. Тој изјави ...
Аеродромот Шипхол во Амстердам повторно се соочува со сериозни нарушувања во работењето, откако обилните снежни врнежи и силниот ветер предизвикаа големи проблеми низ цела Холандија. Според информации од локалните медиуми, денеска дополнително се откажани 718 летови, а метеоролошките најави укажуваат дека во одредени делови од земјата можно е да наврнат уште до 10 сантиметри снег. Од аеродромот Шипхол информираат дека и натаму се применуваат ...
На 06.01.2026 во 22:20 часот во СВР Скопје А.Ј.Е.(27) од Р.Турција пријави дека околу 19:15 часот, пред трговски центар на подрачјето на Гази Баба, заедно со неговата сопруга се качиле во такси возило со крајна дестинација на подрачјето на Бит Пазар и откако пристигнале, пријавителот извадил 2000 денари и 50 евра и го прашал такси возачот колку треба да плати за услугата, а тој му ги одзел парите и ги избркал од возилото. Се преземаат мерки ...
На 06.01.2026 во 21:35 часот на автопатот Гостивар-Тетово, кај с. Жеровјане, полициски службеници од СВР Тетово, поради основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на пари“ ги лишиле од слобода С.С.(31) од Гостивар и Ч.Ј.Б.(24) од Р. Турција. Тие во 17:15 часот во ПО Жеровјане биле пријавени од А.Р.(22) од с. Жеровјане, вработен во бензинска пумпа во с. Жеровјане, дека околу 15:40 часот, во патничко моторно возило „цитроен“ со ...
Претежно облачно, а наместа и магловито со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени. Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта . Ќе дува ...
Министерството за внатрешни работи (МВР) експресно реагираше по објавувањето на фотографиите на социјалните мрежи, на кои се гледа како свештено лице врши верски обред – осветување на службени полициски возила. Случајот кој предизвика бурни реакции и потсмев во јавноста, сега е во рацете на Внатрешна контрола. Од МВР за јавноста потврдија дека се проверува кој и зошто го дозволил овој чин во државна и секуларна институција. Внатрешна контрола ...
„Бог станува Човек, за човекот да стане бог по благодат. О, несфатлива тајно!“ Со овие зборови Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски, г. Петар, им го честиташе Рождеството Христово – Божик на верниците. Во своето Божикно послание, владиката Петар потсетува на суштината на овој голем празник, нарекувајќи го „настан кој ги разделува вековите“, каде сè пред Него е очекување, а сè после Него е остварување. ...
Прагматизмот се среќава со интуицијата во средината на неделата Оваа среда, енергијата на небесните тела нè насочува кон деталите и конкретните резултати. Со влегувањето на Месечината во знакот на Девица, се формира силен земјен тригон со Сонцето во Јарец. Ова е астролошки аспект што го претвора хаосот во ред. Денот е исклучително погоден за анализа, средување сметки и организирање на работниот простор. Емоционалните испади отстапуваат место ...
Православните христијани во Македонија и ширум светот го празнуваат најрадосниот христијански празник – Рождеството Христово. Кога се исполни времето, Бог го испрати својот Единороден Син за да го спаси човечкиот род, настан кој ја промени историјата на човештвото и донесе надеж за вечен живот. Според Светото Писмо, настанот се случил во деновите кога кесарот Август издал заповед да се направи попис на целото население во Римското царство. ...
Променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h). Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта . Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено ...
Православните христијани денеска го слават Божиќ, празникот на Христовото раѓање, еден од најголемите христијански празници. Во храмовите ширум земјата се одржуваат божиќни литургии, а верниците со молитва и традиционални обичаи го одбележуваат денот кој симболизира љубов, мир и надеж. Божиќ е празник на семејството, солидарноста и духовната радост, со порака за меѓусебно почитување и човечност. Од Македонската православна црква упатија ...