„За Путин, долгата војна во Иран е плус. Покрај цените на енергенсите, тоа значи и исцрпување на американските резерви и исцрпување на производителите на воздушна одбрана. Значи, ние (Украина) се соочуваме со исцрпување на ресурсите“, вели украинскиот претседател во интервју за Би-би-си Украинскиот претседател, Володимир Зеленски вели дека неговата земја ќе се соочи со недостиг од ракети што ги користи во борбата против Русија поради ...

Од МААЕ велат дека во информацијата за нападот добиена од иранските власти немало пријава за штети врз самиот објект ниту повредени меѓу персоналот Проектил синоќа ја погодил нуклеарната централа „Бушер“ во Иран, соопшти Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ). Агенцијата, што е тело за контрола и безбедност на нуклеарната енергија на Обединетите нации, преку објава на платформата „Икс“ соопшти дека во информацијата за нападот ...

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, во интервју за Ал Џезеира изјави дека глобалните ризици од војната на Блискиот Исток „ќе ги погодат сите“, сугерирајќи дека повеќе западни држави треба да се спротивстават на конфликтот Израел продолжува да напаѓа цели на Хезболах во Либан, каде во текот на ноќта бил погоден центарот на главниот град Бејрут, при што загинале најмалку 20 лица, пренесоа светските медиуми. Во исто време, ...

Црногорскиот премиер Милојко Спајиќ порача дека со ова се затворени 14 од вкупно 33 поглавја во преговорите меѓу Црна Гора и Европската Унија, со што земјата е сè поблиску до целосно поврзување со Унијата. Станува збор за Поглавјето 21 за трансевропските мрежи, кое, како што рече Спајиќ, создава услови за подобрување на развојот на транспортните, енергетските и телекомуникациските системи согласно со европските стандарди На вчерашната ...

Ненад Савески, кој моментално е судија во Основниот кривичен суд Скопје, минатиот вторник беше избран од Владата како кандидат за шеф на Јавното обвинителство на РСМ Владиниот предлог Ненад Савески да биде избран за нов државен јавен обвинител денеска ќе се најде пред пратениците во Собранието. Според агендата за активностите во парламентот, седницата е закажана во 11 часот. За избор на државен јавен обвинител потребно е апсолутно мнозинство ...

Минималните температури ќе се движат во интервал од 0 до 6 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 4 до 14 степени Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска најавува променливо облачно и посвежо време. Главно во западните делови од земјава ќе има повремени локални врнежи од дожд, на планините повремен снег, а на некои од повисоките места и од дожд и од снег. Ќе дува умерен источен и југоисточен ветер. Минималните ...

Во соопштението од Врховниот совет за национална безбедност се велид ека Лариџани бил убиен во раните утрински часови, заедно со неговиот син Мортеза, Алиреза Бајат кој е заменик-безбедносниот совет на администрацијата и голем број телохранители Техеран потврди дека е убиен неговиот највисок функционер за безбедност, Али Лариџани, секретар на Врховниот совет за национална безбедност на Иран. Советот соопшти дека Лариџани, кој се појави како ...

Од полицијата велат дека се испрашуваат сведоците, вклучувајќи ги и градежните работници кои ја преживеале несреќата Четири лица се загинати, а едно е повредено откако се урна скеле на градилиште во дворот на станбена зграда во луксузниот деветти округ на Виена, изјави портпаролот на полицијата. Според него, причината за уривањето и точната природа на работата што се одвивала не се јасни. Тој додава дека зградата била стара, типична за ...

Украинскиот претседател вели дека ги испратил овие воени експерти „на барање на нашите партнери, вклучувајќи ги и САД“ Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека 200 украински експерти за воздушна одбрана моментално се на Блискиот Исток, помагајќи во спротивставувањето на иранските напади со беспилотни летала. Зборувајќи во британскиот парламент како дел од неговата посета на Велика Британија, Зеленски рече дека беспилотните летала ...

Макрон вели дека Франција продолжува со своите напори да состави коалиција за обезбедување на Ормускиот теснец откако ќе се стабилизира безбедносната ситуација Претседателот Емануел Макрон вели дека Франција никогаш нема да учествува во операции за деблокирање на Ормускиот Теснец, отфрлајќи ги коментарите на американскиот претседател Доналд Трамп дека Париз е подготвен да помогне. Трамп, вчера зборувајќи на настан во Белата куќа, рече дека ...

„Неприфатливо е работник кој работи со полно работно време да не може да ги плати своите сметки поради тоа што платата му е под прагот на сиромаштија. Владата и општеството мора да преземат активност“, вели Триангл Време е да престанеме да зборуваме само за минимална плата, туку за плата која овозможува достоинствен живот, порача денеска генералниот секретар на Меѓународната конфедерација на синдикати (ITUC), Лук Триангл, по средбата со ...

Во писмо објавено на неговиот профил на Икс, директорот на Националниот центар за борба против тероризмот, Џо Кент, рече дека Иран „не претставува непосредна закана“ за САД и тврди дека администрацијата „ја започнала оваа војна поради притисок од Израел и неговото моќно американско лоби“ Високиот функционер за борба против тероризмот во администрацијата на Трамп поднесе оставка поради војната во Иран и го повика претседателот да „го смени ...

Од Царина велат дека при увозно царинење на возилото, наместо 3,9 милиони денари се наплатени два милиони денари и со посредство на тројца царински и еден полициски службеник возилото со фалсификувани документи е пуштено во слободен промет и е регистрирано Луксузно употребувано возило марка „мерцедес-мајбах“ во 2023 година е пуштено во слободен промет и со помош на фалсификувани документи е успешно регистрирано, со што државниот буџет е ...

Деановска – Трендафилова нагласи дека изработката на законот била тешка задача поради комплексноста на материјата, различните ставови и уставните ограничувања, но и поради потребата да се исполнат меѓународните препораки Според јавната обвинителка Лидија Раичевиќ, недоволно дефинираните гаранции за платите на јавните обвинители, ограничувањето на надоместокот за дежурства, изоставениот пристап до работно место, како и нејасната ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека убиството на Лариџани е дел од напорите да им се даде шанса на Иранците да ги отстранат своите владетели Израел го нападна Али Лариџани, шефот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, во напад врз Техеран доцна синоќа. Израелскиот министер за одбрана Израел Кац тврди дека Лариџани е убиен. Потврда дека Израелските одбранбени сили (ИДФ) го убиле Лариџани за Би-би-си дава и ...

Како што велат од компанијата, иницијативата е доброволна и им овозможува на трговците да ја пренесат придобивката на крајните потрошувачи Компанијата ОКТА денеска информира дека најавениот попуст е применет за сите клиенти на големо и мало кои набавуваат горива од кај нив. „Сите наши клиенти добија попуст и истиот соодветно е пресметан во фактурите“, се вели во соопштението од компанијата. Ова следи откако компанијата „Макпетрол“ вчера ...

„Поранешниот градоначалник од ВМРО, Ацо Ристов, чија сопруга Данка Ристова е избрана за членка на Судскиот совет, е предлог за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика“, коментираат од опозициската партија откако собраниската Комисија за избори и именувања денеска го предложи Ристов за нов претседател на РКЕ Своите луѓе Мицкоски ги става во клучните институции, а сега и во Регулаторната комисија за енергетика – телото кое ...

Врз основа на анализите, утврдено е намалување на цените кај 156 оригинаторни лека, 174 генерички лека и 13 лека од интервентен увоз. Според најавите, новите цени ќе почнат да се применуваат од 1 мај годинава, по периодот во кој фармацевтските компании ќе ги усогласат цените во прометот на големо и на мало Министерството за здравство информира дека со годишното усогласување на максималните цени на лековите за 2026 година се намалуваат цените ...

Во однос на тоа кој дава налог за редовен и вонреден инспекциски надзор, Тимовска денеска рече оти не ѝ познато бидејќи не е во нејзиниот сектор, додека во исказот даден во истрага, според обвинителката, кажала дека налозите ги даваат генералниот инспектор во ДЗС и директорот Маја Тимовска, вработена во секторот за планирање, превенција и развој во Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), денеска одговарајќи на прашања на Обвинителството ...

Според пријавата, сторителите се стекнале со противправна имотна корист од над 150 000 денари Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) вчера попладне во полиција пријавила дека е одземен бакарен лим од покривот на црквата „Свети Великомаченик Ѓорѓи“ во скопски Чаир. Според пријавеното, кражбата се случила во периодот од февруари годинава до денот на пријавата, а сторителите се стекнале со противправна имотна корист од ...

Според пријавата, сторителите се стекнале со противправна имотна корист од над 150 000 денари Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) вчера попладне во полиција пријавила дека е одземен бакарен лим од кровот на црквата „Свети Великомаченик Ѓорѓи“ во скопски Чаир. Според пријавеното, кражбата се случила во периодот од февруари годинава до денот на пријавата, а сторителите се стекнале со противправна имотна корист од ...

Ристов, кој по потекло е од Радовиш, во периодот од ноември 2021 година до октомври 2025 година, ја извршувал функцијата градоначалник на Радовиш Ќленовите на собраниската Комисија за избори и именувања, на денешната седница, со седум гласа „за“, два „против“ и ниту еден воздржан, одлучија Ацо Ристов да биде предложен за нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), по оставката на досегашниот претседател Марко Бислимоски. ...

Се работи се четири предлог-закони со кои се предложува намалување на ДДВ за горивата од 18 на 5 отсто, намалување на акцизата за четири денари, третиот предлог-закон се однесува на укинување на ДДВ за основните прехранбени производи, а четвртиот е за преполовување на цените на патарините во државата Лидерот на опозицискиот СДСМ, Венко Филипче, објави дека партијата до Собранието ќе поднесе пакет законски решенија со кои предлага намалување ...

Според ексградоначалникот на Скопје, иницијативата за негово исклучување од СДСМ е донесена спротивно на Статутот на партијата. Го повика лидерот на СДСМ да дојде во Оштинската организација на партијата во Карпош и таму заедно со членството да разговараат за неговото исклучување, но и за, како што додаде, заминувањето на Филипче Со иницирањето на постапка за негово исклучување од СДСМ, ексградоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, вели дека се ...

Новите рисови се забележани на дел од територијата кој ѝ припаѓа на Општина Врапчиште Националниот парк „Шар Планина“ е побогат за уште два риса, со што бројот на рисови кои живеат на територијата на паркот од три се зголемува на пет, информираат од Паркот, од каде што додаваат дека двете нови единки биле забележани на камерите при вршење редовен мониторинг. Новите рисови се забележани на дел од територијата кој ѝ припаѓа на Општина ...

Лидерот на СДСМ вели дека како партија секогаш го почитувале туѓото мислење внатре во членството, додавајќи дека иницијативата за исклучување на Петре Шилегов не е резултат на несогласување со неговото мислење како член на СДСМ, туку, како што рече, за процес на одработување за ВМРО-ДПМНЕ и внатрешна поделба на партијата Нема да дозволам ВМРО-ДПМНЕ преку разни поединци да ја ситни и да ја дели оваа партија – изјави лидерот на опозицискиот ...

Одбраната го прашуваше сведокот и во однос на легитимирањето малолетници, при што повтори дека малолетниците не се безбедносна закана, но ако е јасно означено дека нивното присуство е забрането во објектот, обезбедувањето треба да реагира Доколку во објект каде што се одржува настан е забрането присуство на лица под 18 години и тоа е истакнато на табли, обезбедувањето е должно да реагира и за тоа да го извести сопственикот на објектот, ...

Документот, како што претходно изјави премиерот Еди Рама, предвидува дека по одобрувањето во парламентот, албанската влада ќе преземе итни чекори за да ги прогласи Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) и движењето Хезболах за терористички организации Албанскиот парламент, со 79 гласа „за“ од владејачкото мнозинство и еден воздржан, на пленарна седница ја усвои Резолуцијата со која Иран се прогласува за „спонзор на тероризмот“ со што, како што ...

Погледнете го новото издание на емисијата „360 степени”, емитувано на 16 март 2026 г. на МРТ 1, посветено на едногодишнината од трагедијата во Кочани Сведоштво за кобната ноќ, анализа на досегашниот тек на кривично-правниот процес, предизвиците пред кои се исправени повредените, напорите да се врати надежта во градот – се дел од темите што ги отвораме со нашите соговорници во новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1, посветено на ...

ДУИ потсетува на пакетот предлози презентиран пред една недела, кој има за цел да ублажи нов ценовен шок. Оттаму ја повикуваат Владата сериозно да ги разгледа тие предлози, кои велат дека ќе ја имаат нивната поддршка доколку истите се процесуираат и усвојат во Собранието Демократската унија за интеграција (ДУИ) вели дека по новиот бран на поскапувања на нафтените деривати, Владата не прави ништо за да го заштити животниот стандард на ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
0.66
34%
1013
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
4.34
81%
1015
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
2.98
82%
1015
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
2.54
43%
1013
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
6.56
37%
1013
weather icon

Љубљана

17ᴼ / 16ᴼ
1.34
79%
1015
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
4.92
49%
1014
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
2.78
36%
1014
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
2.49
47%
1014
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 25ᴼ
3.58
54%
1012
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 19ᴼ
3.58
49%
1014
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 23ᴼ
3.61
54%
1014
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Калај

53.60

Бакар

13.10

Сребро

2269.46

Цинк

0.00

Алуминиум

3.46

Паладиум

42535.44

Кобалт

45.39

Злато

139690.59

Рутениум

48965.59

Платина

57324.78

Иридиум

253540.09

Родиум

257205.97