Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Европа се соочува со нов бран социјални немири, откако во изминатите денови илјадници граѓани излегоа на улиците во повеќе земји, барајќи подобри животни услови, поквалитетни јавни услуги и решенија за растечките економски проблеми. Протестите во дел од градовите прераснаа во насилни судири со полицијата, палење објекти, вандализам и ограбување продавници. Најсериозна е ситуацијата во Франција и Италија, каде што властите се соочуваат со ...
Менопаузата е дел од животот на секоја жена, но промените што ги носи овој период често отвораат многу прашања и дилеми. Нередовниот менструален циклус и топлите бранови, промените во расположението и интимното здравје, се симптоми кои се различни кај секоја жена, затоа е важно оние кои се наоѓаат во овој период да се информираат за тоа што ги очекува и како полесно да се справат со истите. По повод 18 октомври, Светскиот ден на менопаузата, ...
Во новото издание на „Chamber Talks“, проект инициран од претседателот на Комората, Бранко Азески, темата е извозот преку акцент на извозна инфраструктура во Комората, кои мерки се потребни за поддршка на компаниите, какви механизми за поддршка на извозот се потребни, како до подобри извозни перформанси, важноста на извозната диверзификација и индустриска ре-индустријализација, улогата и важноста на државата во креирање на извозната политика, ...
Во пресрет на новото издание на „Макфест“, кое на 30 и 31 октомври ќе се одржи во Штип, се потсетуваме на песните што оставија белег на фестивалската сцена. Една од нив е „Нема утеха“ на Александра Пилева, со која пејачката во 2004 година ја освои највисоката фестивалска награда и ги освои симпатиите на публиката. Повеќе од две децении подоцна, песната сè уште има посебно место во нејзината кариера, а самата Александра се потсети на нејзиниот ...
Бугарскиот премиер Румен Радев денеска свика вонреден состанок на безбедносните служби по нападот со дронови врз два цивилни брода во Црното Море. Инцидентот се случил околу три часот по полноќ во бугарската исклучителна економска зона, на околу 70 милји источно од крајбрежниот град Бјала. Едниот брод под знамето на Того веднаш потонал, додека вториот претрпел пожар, по што следела итна спасувачка операција за морнарите. Нападот се случил на ...
Цените на храната во Европа повторно почнуваат да растат, особено на свежите намирници, додека зголемените трошоци за енергија и транспорт дополнително ги оптоваруваат потрошувачите. Според податоците за септември, цените на храната и безалхохолните пијалаци во Европската Унија пораснале за 0,6 отсто на годишно ниво, но меѓу државите постојат значителни разлики, покажува анализата на „Еуроњуз“ (Euronews) заснована на податоците од Евростат ...
Центарот на Сан Антонио спарс, Виктор Вембањама, објасни како го избира својот стил на игра на натпреварите. – Тоа е како препознавање на шеми. По толку многу одиграни натпревари – буквално стотици НБА натпревари – мојот мозок сега знае кон каков стил на игра да се стреми за да се забавува. Бидејќи секој пат кога ќе промашиме, тоа е како негативна повратна информација. Кога постигнуваме поени и имаме добри резултати, тоа е позитивна повратна ...
Македонската модна дизајнерка Олгица Ѓоргиева со „KINTSUGI“, колекција за убавината на времето и трагите што тоа ги остава го затвори 33. издание на Моден викенд Скопје кое се одржа во Музејот на современа уметност (МСУ) Скопје. Јапонската филозофија на кинцуги и античките мозаици се појдовни точки за приказна во која несовршеноста, грижата и занаетот добиваат посебна вредност. Различните фрагменти создаваат нова целина, а минатото останува ...
На 4 ноември од 20 часот, во „Салон 19/19“ на Културно-информативниот центар во Скопје ќе се одржи солистички рецитал „Ехо на несвесното“ на пијанистката Дуња Иванова. Ќе се изведат дела од различни стилски и временски периоди од автори како Владимир Ребиков и Бела Барток, како и композицијата „Кругови“ од Дино Имери, инспирирана од истоимениот роман на Тина Иванова. На програмата се и делата „Живот во кутија“ и „Џанго“ од Ана Пандевска ...
Апелацискиот суд во Скопје ги потврди доживотните затворски казни за Љупчо Палевски – Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски и Влатко Кешишев, но ја укина ослободителната пресуда за Александар Ѓорчевски, таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Судиите од Апелацискиот суд оцениле дека Основниот кривичен суд Скопје не ги разгледал во доволна мера доказите што Јавното обвинителство ги изнело против Ѓорчевски. Поради тоа, предметот во делот што се ...
text size „Наградите можат да ја зголемат заинтересираноста на издавачите и да го олеснат пристапот до нови пазари, но сами по себе не гарантираат ниту подобри договори ниту долгорочна присутност на тие пазари“, вели во разговор за „Блумберг Адрија“ македонската писателка и поетеса Кристина Краличин која беше прогласена за победничка на четвртиот Меѓународен фестивал на поезијата „Most pjesnika 2026“ (Мост на поетите 2026) во Сараево. ...
Вечерва во Штип започнува новото издание на фестивалот „Макфест“, кој и по четири децении продолжува да ја негува македонската забавна музика, Четири децении музика, фестивалски вечери, хитови и песни што станале дел од колективната меморија. Историјата на „Макфест“ започна во 1986 година во Штип, а првата победничка песна беше „Кога те нема“, во изведба на словенечката пејачка Хелена Благне. Композицијата на Кире Костов, со текст на Васил ...
На 14. октомври во DoubleTree by Hilton Skopje ќе се одржи „Бизнис Арена 2026“, деловна конференција посветена на пазарна експанзија, иновации и меѓународен раст на македонските компании. Покрај програмата со домашни и меѓународни говорници, годинашното издание носи и нов формат, Brand Export Competition, натпревар преку кој македонски брендови добиваат можност да направат конкретен чекор кон странски пазар. Од пристигнатите апликации, ...
Иницијативата „Заедно знаеме повеќе“ во организација на Скопје Сити Мол и во соработка со киното Синеплекс, обединува бесплатни едукативни, информативни и инспиративни предавања во рамките на „Платформата за нови сознанија“ и интерактивни работилници за деца „Клуб на истражувачи“, создавајќи простор за учење, истражување, креативност и споделување знаења. Преку програмата „Заедно знаеме повеќе“, се отвора простор за предавања и разговори ...
Жителите на Лозово се загрижени и револтирани, бидејќи како што самите велат „со багери им ја раструаат винаријата“. Тие велат дека „жално е тоа што се случува во нивната општина“, а за винаријата велат дека некогаш била сериозен произведувач на квалитетно вино, ама сега ѝ е дојден крајот. Граѓаните велат и дека голем дел од нив работеле своевремено во винаријата и дека „децата си ги подигнале со работата“. Погледнете го прилогот на ...
Според информациите на локалните медиуми и неофицијалните информации на „Блиц“, компанијата Дрекслмаер, по 18 години, сепак донела одлука да го затвори фабриката во Зрењанин. Наводно, таа одлука била објавена за време на вчерашниот состанок со претставници од Германија. Покрај тоа што се обидувале и имале намера да обезбедат нов проект, со оглед на големите нарушувања во европската автомобилска индустрија, не успеале да се справат со ...
Вечерва се играат натпреварите од четвртото коло во Лига Европа и третото во Лигата на конференции. Програмата почнува во 18:45 часот, а вториот термин е од 21 часот. Европскиот клупски фудбал вечерва, 5 ноември, продолжува со Лига Европа и Лигата на конференции. Милан го пречекува Ференцварош, Јувентус гостува кај АЗ Алкмар, додека регионалното внимание ќе биде насочено кон настапите на Динамо Загреб, Црвена звезда, Хајдук и Борац. ...
Кога е вистинското време за прва интимна средба со нов партнер? Одговорот на ова прашање е различен за секој човек. Некои парови не чекаат долго и се препуштаат на привлечноста уште на почетокот, додека други сакаат прво подобро да ја запознаат личноста и да изградат доверба. Токму оваа тема била предмет на истражување спроведено меѓу повеќе од 5.500 самци, кои биле прашани за своите навики при запознавање и за тоа по колку состаноци најчесто ...
Добивај вести на Viber Влезот на Lidl на македонскиот пазар е проследен со голем интерес и очекувања. За многумина, ова е почеток на ново поглавје во малопродажбата во нашата земја, а за компанијата е можност да ги запознае македонските потрошувачи со начинот на работа што го развива со децении. За да функционира малопродажниот систем, потребно е да се поврзат голем број процеси - од изборот и контролата на производите, преку логистиката и ...
И по повеќе од три децении, првите стихови на „Ѕвона ѕвонат“ се препознатливи за многу љубители на македонската забавна музика. Песната во изведба на Љупка Димитровска остави посебен белег, а нејзиниот настап на фестивалот „Макфест“ во 1990 година ѝ донесе победа и уште една потврда за нејзината популарност. Музиката и аранжманот се дело на хрватскиот композитор Рајко Дујмиќ, додека текстот го напишале Ѓоко Георгиев и Марио Михајлевиќ. ...
Теа Трајковска го објави спотот за новата песна „Рано е“, со која настапи на 41. издание на фестивалот Макфест во Штип на 31 октомври. Музиката и аранжманот се на Лазар Цветкоски, а текстот го напишаа Теа Трајковска и Магдалена Цветкоска. Спотот е реализиран во соработка со Никола Наумовски, со кого пејачката работела и претходно. Во видеото учествуваат и балерините од танцовата група „Фјужн“, кои настапија со Трајковска и на сцената на ...
Холивудската актерка Деми Мур повторно е во центарот на вниманието по појавувањето на гала-вечерта на Музејот на Академијата во Холивуд. Нејзиното елегантно издание привлече бројни погледи, но на социјалните мрежи најмногу се коментираше нејзината фигура. Актерката се појави во впечатлива црно-виолетова креација, која ја надополни со елегантна фризура, внимателно избрана шминка и дијамантски накит. Со насмевка позираше пред фотографите, но ...
Кобила која се ождреби на улица во Скопје утрово беше повод за реакција на градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, кој побара институциите итно да преземат мерки за заштита и згрижување на животните. Ѓорѓиевски информираше дека екипите на ЗОО – Скопје веднаш реагирале и дека кобилата и ждребето се преземени и сместени на безбедно место, каде што ќе добијат соодветна нега и стручен третман. – Раѓањето нов живот треба да биде убава вест. ...
ЈОРМ извести дека на обвинетата, Ива Михајлова, по предлог на јавен обвинител уште од 09.10.2025 година и беа одземени две патни исправи (македонска и бугарска), и беше изречена забрана за преминување државна граница со лична карта, забрана за напуштање на Кочани и обврска да се јавува кај службено лице. Надлежниот јавен обвинител ги презеде сите чекори во негова надлежност за обезбедување на лицето, а ризикот од бегство беше една од клучните ...
text size Мора да им се признае на компаниите што се занимаваат со вештачка интелигенција: нивната инвестициска понуда е оригинална. Во извештај од септември, „Антропик“ наведе дека ВИ би можела да ја зголеми стапката на невработеност во САД на речиси 12 отсто. Истиот месец, научник вработен во компанијата изјави дека неконтролиран ВИ агент би можел да доведе до истребување на човечкиот вид. Според извештаите, и самиот проспект на компанијата ...
Добивај вести на Viber А1 Македонија ја носи „А1 кинотека“ на Скопскиот филмски фестивал. Што ѝ носи оваа иницијатива на домашната публика? „А1 кинотека“ е вреден проект на нашите колеги од А1 Србија, реализиран во соработка со Југословенската кинотека, посветен на дигиталната реставрација на филмското наследство. Ние го носиме пред македонската публика, со желба овие филмови повторно да се доживеат на големото платно. За некого тоа ќе биде ...
Викендот од 6 до 8 ноември носи дерби во Мадрид, дуел на Манчестер јунајтед со Астон вила и гостување на Јувентус во Фиренца. Дуелот Атлетико Мадрид – Барселона во недела е меѓу најпривлечните натпревари во фудбалската програма викендов. Во петте најсилни европски лиги внимание привлекуваат и Валенсија – Реал Мадрид, Фиорентина – Јувентус и Манчестер јунајтед – Астон вила. Програмата почнува вечерва, а сабота и недела носат натпревари од ...
Драган Мијалковски ќе настапи со Битолскиот дувачки оркестар на 29 ноември од 20 часот во Центарот за култура во Битола, во рамките на 18. издание на Фестивалот на музика од светот. Концертот е најавен под насловот „Биг бенд едишн“, а Мијалковски ќе ги испее своите најголеми хитови. Кариерата на Мијалковски започна во 1969 година на аудицијата „Бараме млади таленти“. Најголема популарност стекна во 1970-тите и 1980-тите, кога настапуваше на ...
По повод 50-годишнината од формирањето на Општина Карпош, во Младинскиот центар – Карпош се одржа презентација на еколошки проекти и младинско учество, посветена на улогата на младите во креирањето поодржлива и поинклузивна заедница. Луна Китановска, од иницијативата „ECOSOCIAL VOICES: Youth Voices“, зборуваше за важноста на младинскиот глас, активното учество и ангажманот на младите во општествените и еколошките прашања. За значењето на ...
Играта „AION 2” (во верзија наречена “Global“) ќе излезе на 5 октомври во Америка, Европа и Јапонија во своја глобална верзија на англиски јазик, иако веќе околу десет месеци се игра во Кореја и Тајван со својата оригинална азиска верзија со која се нудат доста нови информации што е добро да се знаат, кои ќе бидат вклучени како готови измени од стартот на играта. „AION 2“ е видеоигра на фирмата „NCSoft“ чиј успех кулминираше со првата верзија ...