Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Уништена од ситуацијата, таа откри дека планира никогаш повеќе да не зборува со својот сопруг или сестра. На социјалните мрежи една целосно скршена невеста сподели како дознала за аферата на нејзиниот сопруг и зошто е многу потешко да се побегне од таа ситуација . Таа на Редит рече: „ Во брак сум еден месец и мојот сопруг има афера со сестра ми . Бев во шок откако дознав. Имаше афера со сестра ми уште пред да се вериме во ноември. ...
Тимот на „Светот на Биби“ почнува нов детски музички и едукативен серијал „ЈЕЕЈ!“, во кој популарните анимирани ликови Биби и Боби ќе оживеат во реалниот свет. Првата епизода ќе биде премиерно прикажана на јутјуб каналот на „Светот на Биби“ на 26 септември од 19 часот. Во улогата на Биби е Надиа Кирковска, Боби го игра Максим Апостоловски, а дел од екипата се и Марта Конеска и Христијана Матеска. Актерите беа избрани по кастинг на кој за ...
На почетокот на секоја врска вниманието, убавите зборови и романтичните гестови можат лесно да создадат чувство на сигурност и блискост. Сепак, понекогаш зад таквото однесување може да се крие и поинаква мотивација – желба за лична корист, финансиска сигурност, внимание или други придобивки. Љубовта често нè тера да ги гледаме работите низ „розови очила“ и да наоѓаме оправдувања за постапките на партнерот, дури и кога во себе чувствуваме дека ...
Споделете со пријателите! Дали куркумата наоѓа примена во вашата кујна? К Во традиционалната кинеска медицина, куркумата се користела за да помогне во варењето на храната, да ја подобри функцијата на црниот дроб, да ја намали болката од артритис и да ја регулира менструацијата. Куркумата, исто така, се применувала за третирање на егзема и рани. Денеска овој зачин може да се најде во различни форми и како додаток во различни производи во ...
Забраната за увоз на месо од Бразил во Европската Унија може да ги зголеми цените на месото и месните преработки. Последиците може да ги почувствува и Македонија, која е зависна од увоз на месо, додека домашните компании предупредуваат дека во моментов тешко може да се најде снабдувач кој ценовно може да му конкурира на Бразил. Џемаил Даути: Прекинот на увозот може да ги зголеми цените На ризикот од поскапување предупредува и бизнисменот ...
Тоа што некој е поканет да гостува на национална телевизија, во емисија за анализа и коментирање на тековните социо-политички настани, и тоа во ударен термин, па меѓу другите глупости што со години наназад ги пласира во јавноста, сега заговара и надзор на мажот врз жената, не е само прашање на личните ставови на гостинот. Тоа би рекол е повеќе прашање на уредничката политика, кадровските критериуми и одговорноста на оние што раководат со ...
Масните наслаги на стомакот не се само естетски проблем, туку и здравствен. Наталожените маснотии во ова подрачје можат да доведат до зголемен ризик од кардиоваскуларни болести. Пронајдовме напивка што ќе ви помогне во симнувањето килограми од овој дел од телото. Со редовна физичка активност, многу брзо ќе ги забележите првите резултати. Правилото гласи: пијте ја секоја вечер пред спиење, бидејќи така ќе биде најделотворна. Веројатно сé што ...
text size Домашните миленици сè повеќе влијаат врз навиките на потрошувачите, а парите што сопствениците ги трошат за нивната храна, нега, здравје и разни услуги стануваат сè поважна ставка во буџетот на домаќинствата. Податоците од САД, цитирани од „Блумберг“, покажуваат колку е сериозен пазарот: според Американската асоцијација за производи за домашни миленици (APPA), вредноста на оваа индустрија ќе достигне 158 милијарди долари во 2025 ...
Антонио Бандерас му се придружи на Николас Кејџ во петтата сезона на „Вистински детектив“. Дуото ќе го предводи следниот дел од антологиската серија на Ејч-Би-О, чија продукција треба да започне догодина. Четвртата сезона беше сместена во Алјаска, а во главните улоги беа Џоди Фостер и Кали Реис. Петтата сезона ќе се одвива во заливот Јамајка, Њујорк. Малку детали за ликовите се познати, но Бандерас ќе го игра Раи Гарсија, додека Кејџ ќе ја ...
Маргита Маги Стефановиќ е родена на 1 април 1959 година во Белград. Била исклучително талентирана класична пијанистка. Средното музичко училиште го завршила заедно со Иво Погорелиќ и, заедно со него, била најзабележителна во класата, а важела и за една од најталентираните ученички во својата генерација. Иако добила покана да го продолжи школувањето во Москва, на престижниот конзерваториум, нејзината мајка не ѝ дозволила, па наместо тоа се ...
Добивај вести на Viber Пред пет години Ист Гејт Мол ги отвори своите врати со амбиција да донесе ново ниво на шопинг, забава и животен стил во Скопје. Денес, тој е многу повеќе од најголемиот трговски центар во земјата, тој е урбана дестинација што ги обединува светските брендови, современите искуства и секојдневниот живот на илјадници посетители. Како дел од најголемиот мултифункционален комплекс во државата, со вкупна површина од 500.000 ...
Инфлацијата во еврозоната во септември достигна 3,8 проценти, наспроти 3,2 проценти во август, покажува прелиминарната проценка на Евростат. Тоа е највисоко ниво од септември 2023 година. Главниот двигател на растот се енергетските цени, кои во септември биле за 18,8 проценти повисоки од истиот месец минатата година. Во август нивниот годишен раст изнесувал 14,3 проценти. Поскапување има и кај храната. Инфлацијата кај храната, алкохолот и ...
Кина сè поактивно ја проширува својата глобална улога, промовирајќи мултиполарен светски поредок и економска соработка со земјите во развој. Какво е значењето на кинеската стратегија за Балканот, какви можности отвора за Македонија и дали Пекинг може да стане нов центар на глобална стабилност? На овие прашања во интервју за Антропол одговара Дарко Тодоровски, истражувач и докторант на Руската претседателска академија за национална економија ...
Американскиот професор по психологија Џејмс Бедфорд бил првиот човек чие тело било крионски зачувано со надеж дека еден ден медицината ќе може да го врати во живот. Речиси шест децении подоцна, неговото тело сè уште се чува во течен азот, но науката сè уште нема докажано дека ваквото враќање е можно. Кога Џејмс Бедфорд починал на 12 јануари 1967 година, на 73-годишна возраст, зад себе оставил необична последна желба. Соочен со неизлечив рак, ...
ОВЕН Ноември ви носи можност да ги покажете своите способности и да направите значаен напредок на професионален план. Ќе бидете ефикасни, организирани и подготвени да преземете иницијатива во ситуации кои бараат брзи и мудри одлуки. Вашите идеи можат да остават силен позитивен впечаток кај околината, но обидете се да не ја наметнувате својата волја по секоја цена. Во втората половина од месецот ќе имате можност да разрешите некои ...
Играта бинго, популарните мечиња „Кер берс“ (Care Bears), колекционерските картички со Покемон (Pokémon Trading Card Game) и лизгалката од детските игралишта се најдоа меѓу четирите нови членови на Националната куќа на славните играчки во САД. Тие им се придружија на добро познатите играчки и игри како господинот Компирко (Mr. Potato Head) и Џи-Ај Џо (G.I. Joe), објави „Асошиејтед прес“. Четирите победници беа избрани во четвртокот, односно ...
Често може да се слушне тврдењето дека луѓето кои не се во брак живеат подолго и имаат посреќен живот. Но, научните истражувања покажуваат дека одговорот не е толку едноставен. Иако самостојното живеење може да донесе повеќе слобода, време за лични интереси и помалку секојдневни обврски, стабилните партнерски односи во многу случаи се поврзуваат со подобро здравје и подолг животен век. Клучен фактор, според истражувачите, не е само дали некој ...
Ми кажа дека има пензија од 1.300 евра и „мерцедес“, што ми одговараше, ќе излезам некаде, сама – откри таа. Рамо и Сенија од Босна и Херцеговина ја имаат најневеројатната приказна. Се започнало со запознавање преку социјалната мрежа „Фејсбук“, а потоа поради љубов ги оставил седумте деца и се вселил кај неа. Првиот контакт се случил откако Сенија го видела Рама, ѝ се допаднале фотографиите бидејќи личел на Џеј и потоа му испратила ...
Во Музејот на современата уметност во Скопје, вториот ден на Fashion Weekend Skopje ги поврза дизајнот, уметноста и одговорноста кон иднината Што останува зад една колекција кога ќе заврши ревијата? Авторска идеја, знаење, материјал што може да добие нов живот, соработка што допрва ќе се развива. Вториот ден на 33. Fashion Weekend Skopje powered by UNIBank го насочи вниманието токму кон тие прашања. Од модна аукција со кауза до меѓународни ...
Македнија одигра моќни 30 минути во кои целосно го скрши отпорото на Луксембург и на одмор замина со убедливи 20-10, како најава за стартната победа во квалификациите за ЕП 2028. Нашите ракометари имаат максимално сериозен пристап во мечот, одиграа стопроцентно фокусирано во првиот дел, што им донесе дури и двоцифрена предност по само дваесетина минути игра. Десното крило Петковски го реализираше првиот напад на натпреварот, како најава за ...
Инди-рок бендот на Рајан Гослинг, „Dead Man’s Bones“, ќе објави нова музика, 17 години по неговиот единствен албум. „Тој го исполни своето ветување кон мене“, кажа сопругата на Гослинг, актерката Ева Мендес. Дуото, кое го сочинуваат Гослинг и музичарот Зак Шилдс, го издаде својот истоимен деби албум во 2009 преку издавачката куќа „Анти-рекордс“. Опишан како морничав од музичката веб-страница „Пичфорк“, албумот првично бил замислен како ...
Понекогаш песните што ќе останат засекогаш не се оние од кои најмногу очекуваме. Таква е приказната за „Еден бакнеж“, песната од која Нина Спирова не била воодушевена, а станала нејзин заштитен знак. Но, за да се разбере приказната за „Еден бакнеж“, треба да се врати приказната малку поназад – во Прилеп, каде што се родила љубовта на Нина кон музиката. „И на музиката ѝ требаат години, а јас ѝ ги дадов сите што ги имам. За разлика од многу ...
Автор: Н.Е. Џианг Сјаоjан, амбасадор на НР Кина во Република Македонија Откако пред една година ја презедов функцијата амбасадор во Северна Македонија, ги запознав сите делови на оваа прекрасна земја. Остварив официјални посети на речиси 30 општини, со наша помош повеќе од 200 претставници од сите општествени сектори учествуваа во различни програми за обука во Кина. Од Скопје, градот на културата, Битола, градот на конзулите, па до малото ...
Добивај вести на Viber Брзината со која Македонците се договараат и ги завршуваат работите може да биде нивна значајна предност во меѓународниот бизнис. Вакво искуство стекнал холандскиот професор Сандер Шреверс, кој во интервју за Фактор зборува за она што го изненадило во македонската деловна култура, но и за пречките што го отежнуваат развојот на домашните компании и задржувањето на младите. Професорот Сандер Шреверс од ...
text size Додека Азаде Моавени ја пишуваше книгата „Источното крило“ (The East Wing), нејзина историја на американските први дами и нивните соработници, уривањето на местото каде што тие жени со децении работеа поттикна поширока дебата за историјата и културното наследство. Во она што таа го нарекува „паралелна женска историја“, Моавени покажува како првите дами влијаеле врз политиката дома и во светот, додека нивната улога се менувала заедно ...
Ристо Самарџиев се врати на сцената на Макфест во Штип, на 41. издание на фестивалот, по долги години пауза. Тој се пошегува дека е последниот мохиканец на фестивалот, потсетувајќи се на своите настапи низ годините. „Макфест влезе во петтата деценија. Имам настапувано во првата, втората и третата деценија, четвртата ја прескокнав како пејач, бев присутен само како автор, а сега се вратив во петтата. Изгледа јас сум последниот мохиканец на ...
Модата и сликарството одат рака под рака, покажа синоќа македонската модна дизајнерка Силвија Михајловска и креаторка на препознатливиот бренд „Алшар“ во новата колекција „Living Canvas“ која беше прикажана на втората вечер на Моден викенд Скопје кој се одржа во Музејот на совремана уметност (МСУ). Втората вечер на Модниот викенд Скопје ја заокружи Михајловска со „Алшар“ и колекцијата „Living Canvas“, инспирирана од модерната уметност, ...
Европа се соочува со нов бран социјални немири, откако во изминатите денови илјадници граѓани излегоа на улиците во повеќе земји, барајќи подобри животни услови, поквалитетни јавни услуги и решенија за растечките економски проблеми. Протестите во дел од градовите прераснаа во насилни судири со полицијата, палење објекти, вандализам и ограбување продавници. Најсериозна е ситуацијата во Франција и Италија, каде што властите се соочуваат со ...
Менопаузата е дел од животот на секоја жена, но промените што ги носи овој период често отвораат многу прашања и дилеми. Нередовниот менструален циклус и топлите бранови, промените во расположението и интимното здравје, се симптоми кои се различни кај секоја жена, затоа е важно оние кои се наоѓаат во овој период да се информираат за тоа што ги очекува и како полесно да се справат со истите. По повод 18 октомври, Светскиот ден на менопаузата, ...
Во новото издание на „Chamber Talks“, проект инициран од претседателот на Комората, Бранко Азески, темата е извозот преку акцент на извозна инфраструктура во Комората, кои мерки се потребни за поддршка на компаниите, какви механизми за поддршка на извозот се потребни, како до подобри извозни перформанси, важноста на извозната диверзификација и индустриска ре-индустријализација, улогата и важноста на државата во креирање на извозната политика, ...