Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Бендот Саутпарк направи онлајн промоција на новите песна и видео запис. Лани Саутпарк ја објавија „Можеби“, подарувајќи ѝ на македонската музичка сцена нумера со совршен баланс помеѓу меланхолија и енергичност, модерен призвук и носталгија. Аудио микс и мастеринг на песната направи Дамир Пух од ГринРум саунд студио (GreenRoom Sound Studio). Видеото го изработија во целост Дарја Николовска и Никола Спасеноски. Песната со видео е достапна на ...
Речиси 1.300 ретки грамофонски плочи на „Битлс“ од збирката на обожавател одат на продажба преку мултинационалната компанија „Дискогс“ (Discogs). Платформата за колекционери на грамофонски плочи „Дискогс“ и независната продавница за плочи „Блек пластик рекордс“ (Black Plastic Records) од германскиот град Дортмунд ја продаваат колекцијата. За самиот колекционер – обожавател на „Битлси“ кој ја собирал збирката со десетлетија се знае многу ...
Пред најголемиот концертен спектакл досега на двата најголеми оперски гласа што Македонија му ги подари на светот – Ана и Игор Дурловски, брачната двојка не запира! Напротив, подготовките за музичката вечер за паметење се во полн ек, а публиката ја очекува вистинско уживање во моќта на нивните гласови и раскошот на симфонискиот звук. На 6 декември 2026 година, во СЦ „Јане Сандански“, Ана и Игор Дурловски ќе го исполнат својот „Завет“, заедно ...
Првостепениот суд во Рим осуди на доживотен затвор американски државјанин, откако го прогласи за виновен за убиството на неговата партнерка и нивната 11-месечна ќерка, извршени во јуни 2025 година. Станува збор за Френсис Кауфман (47), роден во Калифорнија, кој ја убил својата партнерка Анастасија Трофимова, руска државјанка, а потоа и нивната ќерка Андромеда. Покрај доживотната казна, нему му се изречени и три години дневна изолација. ...
Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека руските сили погодиле товарен брод во пристаништето на украинскиот црноморски град Одеса. Според руското Министерство, бродот превезувал товар со двојна намена, наменет и за потребите на украинската армија. „Во пристаништето во Одеса е погоден товарен брод што доставувал товар со двојна намена за Украина“, се наведува во соопштението на руското Министерство за одбрана објавено на Телеграм. ...
Пратениците на опозицијата во Албанија ја прекинаа денешната парламентарна седница палејќи димни бомби по неколкунеделните насилни антивладини протести свикани од студентите, кои бараат оставка од премиерот Еди Рама. Членовите на опозициската Демократска партија на Албанија исто така го блокираа пристапот до подиумот додека се гласаше за законот за централната банка. – Овие (пратениците од владејачката партија) се криминалци и заслужуваат ...
Во падот на италијански хеликоптер во близина на Брчко, загинаа по двајца припадници на вооружените сили на Италија и на италијанскиот воен Црвен крст, додека 11 лица се повредени, соопшти ЕУФОР. „Двајца од повредените се префрлени во медицинска установа во Тузла на понатамошно лекување, додека деветмина се лекуваат во Брчко. Сите повредени во овој инцидент во моментов се во стабилна состојба“, се наведува во соопштението. ЕУФОР потврди дека ...
Генералниот директор на Радио-телевизија Војводина (РТВ), Горан Караџиќ, денеска поднесе оставка од функцијата, објави РТВ. Неговата оставка следува по низата повлекувања на раководни луѓе во медиумот. Во вторникот оставка поднесе главниот и одговорен уредник на РТВ, Ненад Чачиќ, како и вршителката на должноста директорка на Првата радиопрограма, Верица Батиќ, и уредничката на веб-редакцијата на јавниот сервис, Весна Искрин. Караџиќ ја ...
Во текот на вчерашниот ден во североисточниот, централниот и југоисточниот дел на Егејското Море, биле регистрирани 15 прекршувања на правилата за воздушен сообраќај во FIR Атина и 13 нарушувања на грчкиот воздушен простор од турски воени авиони, а сите биле пресретнати согласно меѓународните правила и праксата, јави дописничката на МИА од Атина. Според податоците, биле забележани вкупно девет летала: еден формациски состав од два борбени ...
Доста земји-членки веќе се под надзор на Европската комисија и принудени се да воведат мерки за штедење. Ова, за жал, е болна, а понекогаш и експлозивна комбинација, што за жал, во повеќе европски престолнини, предизвикува инциденти, па дури и вандализми. Тоа се сцени што веројатно некои би сакале да ги видат и во нашата земја, но повторно погрешија, бидејќи Грција се движи по поинаков пат, посочи грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на ...
Мирисот на свадбарски купус, домашните специјалитети и шаренилото на есенските плодови утре ќе создадат вистинска селска атмосфера во Ново Село, Кумановско. Во недела, 25 октомври, од 10:30 до 15:00 часот, во Туршијара „Суперкиз“ ќе се одржи „Есенско пазарче 2026“, настан кој ги обединува традиционалната храна, локалните производи, народните обичаи и грижата за природата. Во организација на здружението „Рурал Ума Сто“ од Умин Дол, пазарчето ...
На 19 октомври 2025 година, по втор пат ми ја дадовте вашата доверба да ја водам Општина Ново Село. Таа доверба за мене претставува голема чест, но пред сè, обврска и одговорност да продолжам посветено да работам за доброто на нашата општина и за подобар живот на сите наши сограѓани, истакна денеска Ѓорѓе Божинов, градоначалник на општина Ново Село. Деновиве навршува една година од почетокот на мојот втор мандат – година исполнета со бројни ...
Општина Кисела Вода ја финализираше изградбата на новиот крак од фекалната канализација на улицата „Саса“ во населбата Пинтија. Со овој инфраструктурен проект се надминува повеќегодишниот проблем на жителите од овој дел на општината, кои конечно добиваат соодветно и стандардизирано одведување на отпадните води. Изведена е нова фекална канализација во должина од 320 метри, при што се поставени 15 нови ревизиони шахти. Новата мрежа е директно ...
Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, преку социјалните медиуми, сподели фотографии од синоќешното чествувањето на Св. Петка во манастирот во населеното место Требичино, каде што лично присуствуваше. „Се помолив за здравје, мир и благосостојба на сите. Нека ни е за многу години празникот! Да сте ми живи и здрави! Бог нека нè чува и нека ни дарува здравје и мир на сите“, стои во неговата објава од традиционалното одбележување на ...
Во Штип се во тек систематските прегледи на учениците, кои се спроведуваат според распоредот на Здравствениот дом „Панче Караѓозов“. Целта е навремено откривање на евентуални здравствени проблеми кај децата преку проверки на растот, видот, говорот и физичкиот развој. Директорот на здравствениот дом, Горан Андонов, информира дека прегледите ги вршат специјалисти педијатри, а опфатени се и психолошки и логопедски процени, мерење на висината и ...
Советот за безбедност на ОН на седницата закажана за петок ќе расправа за состојбата во Босна и Херцеговина, а во најновиот извештај на Канцеларијата на високиот претставник (ОХР) повторно се предупредува на постапките на властите во Република Српска, чија крајна цел, според оценката во документот, е отцепување на тој ентитет. Советот за безбедност на ОН треба да одлучи и за продолжување на мандатот на воената мисија на Европската Унија во ...
Локалната власта во Валандово предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со реализација на политиките насочени кон рамномерен локален развој, подобрување на инфраструктурата и создавање поквалитетни услови за живот на граѓаните. -И покрај наследените финансиски обврски од над 60 милиони денари, општината презема активности за финансиска консолидација, истовремено реализирајќи проекти што носат конкретни придобивки за граѓаните, од реконструкција на ...
Во недела, 01.11.2026 година, во населеното место Градошорци, општина Василево, во дворот на црквата Св. Никола, ќе се одржи традиционалната манифестација Ден на празот-Празијада. Почетокот на Манифестацијата е во 12:00 часот. Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, најавувајќи ја манифестацијата преку социјалните медиуми, информира дека за забавниот дел се ангажирани Санде Митев и Алегро бенд и баба Ружа и внуците. Дворот на ...
Денес сме овде да ја кажеме реалната слика и вистина за Македонска Каменица. Да видиме што е ветено, а што реализирано во првата година локална власт на СДС во Македонска Каменица. Граѓаните прашуваат и сакаат да знаат: До каде е правилникот за улично осветлување и ослободување од плаќање на таксата? Дали ја продолживте канализацијата во Тачовско маало? До каде е изградбата на улица Карпошова? И дали се реконструирани улиците Валевичарска, 14 ...
Вложувањата во спортот и спортската инфраструктура во општина Василево се една од активностите кои општината ги прави во континуитет и плански. На работната агенда на општина Василево, последна активност во оваа област е уредувањето на теренот на фудбалското игралиште во населеното место Пиперево, чиј фудбалски клуб „Единство“, се натпреварува во Општинската фудбалска лига – Струмица. Од активностите од лице место, градоначалникот на општина ...
Кавадарци добива биопазар, современ и сертифициран простор за локалните земјоделци, органските производители и малите семејни бизниси. Инвестицијата изнесува 32 милиони денари. Ова е само еден од значајните проекти што се реализираат во кавадаречката општина, а на кои денеска се осврна градоначалникот Митко Јанчев, давајќи отчет за едногодишното работење. Тој истакна дека за една година работа направени се големи чекори за Кавадарци. – Во ...
Од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев денеска информираа дека сите земјоделци, производители на храна и локални производи може да се пријават на објавениот јавен повик за учество на биопазарот во Кавадарци. – Право на учество имаат физички и правни лица, кои ги исполнуваат пропишаните услови и произведуваат или продаваат свежо овошје и зеленчук, мед, традиционални прехранбени производи, вино, ракија, органски производи и ...
Општина Пробиштип и општинските установи (основните и средното училиште, детската градинка и јавните установи), како и ОО на Црвениот крст потпишаа меморандум за соработка со Здружението на социјални работници на Македонија, со цел воспоставување заеднички пристап и координирано делување во областа на социјалната работа, социјалната политика, зелената социјална работа, детската и социјалната заштита и други области од заеднички интерес. – ...
Деновиве во сиднејската “Опера Хаус“ концерт одржа рускиот црковен хор “Ромка“ во чест на десет годишнината на формирањето, а како гости настапи хорот на православната црква “Св. Петка“ од Рокдаел Сиднеј кој се претстави со своја програма. Уште настапија и хорот на српската православна црква ерменската и руската. За “Ромка“ научивме дека е многу познат и успешен имаат настапувано во многу земји во светот составен од околу 20-тина мажи.Салата ...
По децении, започнавме со изведување на градежни работи за реконструкција со рехабилитација на главната и најфреквентна улица Маршал Тито во Неготино. Комплетно ќе се реконструира оваа улица на потегот од Градската библиотека се до новиот кружен тек на излезот од Неготино кон Кавадарци. Вредноста на проектот изнесува 16.000.000 денари обезбедени од Владата на Република Македонија преку аплицирање на општина Неготино со проект од вториот јавен ...
Преставата “Печалбари“ беше одиграна во театарска сала во населбата Касула во Сиднеј и во режија на нашиот писател и режисер Омер Зафировски од Битола кој живее и работи во Сиднеј. ЗАфировски е филмски режисер дипломирал на скопскиот универзитет за филмска и драмска уметност во класот на професорот Столе Попов уште од 15 годишна возраст режира театарска престава и досега има режирано 20 театарски престави. После долги 15 години пауза ...
Во рамки на MOVEMBER 2026 – месецот посветен на подигнување на свеста за машкото здравје, денеска во просториите на Општина Карпош се одржа панел-дискусија на тема „Од превенција до отворен разговор“, со една важна порака: грижата за здравјето треба да започне пред појавата на првите симптоми. Настанот се реализираше во рамки на Годишната програма за еднакви можности на жените и мажите на Општина Карпош, со цел да се поттикне поголема ...
Македонскиот репрезентативец, Теодор Симиќ има нов предизвик во кариерата и го гледаме во американската колеџ-кошарка каде има одличен почеток на приказната со Тексас Арлингтон Маверикс, па по квалитетното издание против Норт Тексас Далас тој одигра уште подобро против Портланд во НЦАА лигата. Во соочувањето на турнирот „Аутригер Рејнбоу Класик“ во Хаваи нашиот ас блескаше и одигра клучна улога во славјето над Портланд од 89:85. Центарот доби ...
WhatsApp од 8 септември 2026 година повеќе не поддржува телефони кои користат Android 5.0 или Android 5.1. Новиот минимум за апликацијата е Android 6.0 или понова верзија. Промената ги засега само уредите кои не можат да се надградат на понова верзија на Android. Ако вашиот телефон има Android 6 или понов систем, нема потреба од никаква промена. WhatsApp ја прекинува поддршката за старите верзии поради безбедноста и техничките ограничувања. ...
Корисниците од ул. „Димо Хаџи Димов“ во општина Кисела Вода, лоцирани на потегот од крстосницата со ул. „Марко Орешковиќ“ до крајот на ул. „Димо Хаџи Димов“, денеска од 8:30 до 12:30 часот ќе немаат електрична енергија. Регионалниот центар за управување со кризи, по известување добиено од ЕВН Македонија АД, соопшти дека од 8.30 до 14.30 часот струја ќе немаат и дел од корисниците од улиците „Благоја Стефковски“, „Разлошка“, „Валандовска“ и ...