Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Скелет на новооткриен вид диносаурус – којшто претходно бил погрешно идентификуван како млад тираносаурус, е продаден на наддавање во Њујорк за 47,3 милиони долари (околу 42,42 милиони евра). Скелетот, висок околу три метри и познат под прекарот „Џоди“, беше продаден од аукциската куќа „Сотбис“ (Sotheby’s), една година откако истражувачите потврдија дека тој му припаѓа на посебен род од овие праисториски суштества, пренесува „Би-Би-Си“ (BBC). ...
Одржувањето здраво ниво на холестерол не зависи само од исхраната, туку и од дневните навики. Она што го правиме по последниот оброк може да влијае врз здравјето на срцето и крвните садови, особено ако редовно се спроведуваат здрави навики. Малите промени во вашата вечерна рутина можат да помогнат во регулирањето на мастите во крвта и да придонесат за подобро целокупно здравје. Диететичарката Линдзи ДеСото издвои пет едноставни навики по ...
Според многумина интернет-корисници дрон направи величествени снимки од едно необично село во Општината Феланден, Швајцарија, каде што куќите се распоредени во облик на буквата „Ѕ“ или латинско „С / S“ или „О“. Oколу закривениот ред куќи се наоѓаат патеки, зелени површини, дрвја и грмушки, додека од надворешната страна, секоја куќа има своја сопствена градина. Есента внесе дополнително шаренило од бои во населбата. Покрај зелените дрвја, се ...
Цените што завршуваат на 9, како 99, 599 или 999 денари, со години се користат како трговска стратегија за привлекување купувачи. Иако разликата меѓу 599 и 600 денари е само еден денар, многумина овие две цени не ги доживуваат на ист начин. Причината е таканаречениот ефект на првата цифра одлево. Цената од 599 денари на прв поглед ја доживуваме како „петстотини и нешто“, додека 600 денари веќе ја сместуваме во повисока ценовна категорија. ...
Ватиканските музеи ја претставија изложбата „Векот на папaмобил“, посветена на возилото кое им овозможи на папите да се среќаваат со верниците речиси сто години. Изложбата вклучува осум верзии на „Мерцедес-Бенц“ на папамобилот што го користат папите од 1930 година. Официјално изложбата се отвора за јавноста во четврток, откако денес беше објавено. Папата Лав XIV, кој е опишан како голем љубител на автомобили, се сретна одделно со врвни ...
Некои луѓе со леснотија учат странски јазици, брзо паметат нови зборови и совладуваат граматика, но се соочуваат со сериозни тешкотии кога треба да решат математичка задача. Кај други е сосема спротивно – броевите и пресметките им одат природно, додека учењето странски јазик им претставува вистински предизвик. Научниците објаснуваат дека причината не мора да биде поврзана со интелигенцијата, туку со начинот на кој мозокот обработува различни ...
Практиката на давање човечки имиња на бурите е докажано дека ја зголемува јавната свест и спасува животи, а ригорозниот процес на избор на имиња има долга и интересна историја. Именувањето на бурите е практика што се развила од практични причини, бидејќи луѓето полесно се сеќаваат и комуницираат поефикасно за бурите што имаат лични имиња. Со векови, разорните бури се именувани по светците на чиј ден се случиле или местата што ги погодиле. ...
Кафуле во Лима служи кафе со ликот на папата Лав XIV кој на 11 ноември доаѓа во Перу. Кафулето „Јн Кофи“ од минатиот месец нуди капучино, лате и еспресо со ликот на папата подготвено со какао врз млечната пена, увезени од Амазонија. На гостите им се нудат две верзии- насмеан папа и папа во молитва. Шанкерката Аријана Малма најпрво го лади какаото, а потоа со него го црта ликот на папата врз млечната пена. -Среќна сум што ова допре до толку ...
Поимот „mogging“ – популаризиран на социјалните мрежи, а означува „засенување“ (на некого, првенствено преку сопствениот изглед), е прогласен за „Збор на годината“ за 2026 година од страна на „Колинсовиот речник“ (Collins Dictionary). Се верува новиот збор дека потекнува од кратенката АМОГ („алфа-мажјак во групата – Alpha Male of the Group“), којашто се појави околу 2016 година во културата на бодибилдингот, пред да биде преземен од групите ...
Физичарите од меѓународниот експеримент „LHCb“, кој се спроведува во рамки на Големиот хадронски судирач (LHC) во ЦЕРН, соопштија дека пронашле докази за исклучително редок распад на субатомска честичка, по кој трагаат повеќе од четири децении. Станува збор за распад на мезонот B0, краткоживеечка честичка која содржи b-кварк, на два миона – потешки честички слични на електроните. Според Стандардниот модел на физиката на честичките, овој ...
Советот за проценки при УНЕСКО препорача впишување на јапонскиот краснопис, познат како „шодо“, на листата на светското нематеријално културно наследство. Како што денес соопшти јапонската Влада, официјална одлука се очекува на седницата на Меѓувладиниот комитет на организацијата, којашто ќе се одржи од 30 ноември до 5 декември во Шијамен, Кина. Проценителното тело на УНЕСКО истакна дека калиграфијата „шодо“ сè уште е широко распространета во ...
Раскинувањето на љубовната врска честопати носи силни емоции, преиспитување на минатото и потреба да се најде начин да се чувствуваме подобро што е можно поскоро. Во такви моменти, лесно можеме да донесеме брзи одлуки, постојано да размислуваме за нашиот поранешен партнер или да се обидеме да ја ублажиме тагата со купување. Сепак, постојат поздрави начини да се справиме со болниот период и постепено да продолжиме понатаму, без непотребен ...
Ејакулацијата и оргазмот не се сосема исто, а интензитетот на задоволството е под влијание на многу повеќе од само сексуална возбуда – од мозокот и нервниот систем до стрес, хормони и емоции. Машкиот оргазам често се смета за едноставен крај на сексуалниот однос, но зад неколку секунди интензивно чувство стои многу сложен процес. Вклучува мозок, нервен систем, мускули и хормонски реакции, додека телото поминува низ низа промени. Сексуалната ...
Станува збор за луѓето со крвна група 0. Ова е најчестата крвна група, а експертите велат дека е најстарата во светот – таа група настанала прва и ја имале нашите најстари претци. Луѓето во чии вени тече оваа крвна група, одлични се во логично размислување. Тие многу добро се снаоѓаат во просторот и имаат добро чувство за ориентација. Тие едноставно копнеат по чувство на моќ и се во состојба одлично да се фокусираат на целта која сакаат да ја ...
Кој навистина треба да го има главниот збор во врската – мажот или жената?, прашање кое често се поставува и е дел од многу истражувања. Иако често се подразбира дека мажот треба да биде оној што ги носи одлуките, односот на моќ меѓу партнерите е многу посложен. Истражувањата за партнерските односи покажуваат дека врз задоволството во врската влијаат начинот на кој се носат одлуките, меѓусебното почитување и чувството дека двајцата партнери ...
Многу мажи се прашуваат што навистина ги возбудува жените. Постојат три едноставни правила кои ќе го натераат вашиот партнер да се стопи во вашите раце. Колку пати сте посакале да влезете во главата на една жена за една минута за да откриете што навистина ја возбудува? Постојат едноставни правила кои речиси секогаш функционираат за речиси сите жени. Колку и да сакате што побрзо да ги разбранувате страстите, имајте на ум дека жените се ...
Сувиот воздух предизвикува непријатност во грлото и носот, сува кожа и испукани усни, а им пречи и на растенијата и може да го наруши сонот. Најдоброто и наједноставно решение е навлажнувач на воздухот, но доколку немате таков уред, постојат едноставни начини да ја подобрите состојбата и да го намалите чувството на сувост. Станува збор за секојдневни навики со кои се зголемува количеството влага во воздухот и се ублажува чувството на сувост. ...
Според извештајот на Меѓународната унија за зачувување на природата, (ИУЦН) 96 отсто од 127 корални гребени во плитките води ширум светот се загрозени и во фаза на исчезнување. Станува збор за добро познати шарени корални гребени на длабочина до околу 40 метри. Меѓу загрозените се делови од Големиот корален гребен покрај брегот на Австралија, Коралниот триаголник во западниот дел на Тихиот Океан и во Југоисточна Азија, Мезоамериканскиот ...
Соништата понекогаш можат да нè насмеат, збунат или да нè следат долго откако ќе се разбудиме. Иако сонуваме различни сцени во текот на ноќта, одредени теми се повторуваат кај голем број луѓе. Психолозите често ги поврзуваат со стрес, стравови, потиснати емоции и настани што нè окупираат во текот на денот. Сепак, не постои единствено толкување што важи за сите, бидејќи значењето на сонот зависи од личните искуства и чувства на сонувачот. ...
Роден е во Антиохија. Во младоста добро ја изучи грчката философија, медицината и иконописот. Во времето на делото на Господ Исус на земјата Свети Лука дојде во Ерусалим и таму Го виде Спасителот лице в лице, ја чу Неговата спасоносна наука и стана сведок на Неговите чудесни дела. Откако поверува во Господ, Св. Лука беше вбројан меѓу Седумдесеттемина апостоли и пратен на проповед. Заедно со Клеопа Го виде воскреснат Господ на патот за Емаус ...
Со спој на модата, традицијата и женската моќ, вчеравечер започна 33-тото издание на Модниот викенд во Скопје, отворајќи го настанот со несекојдневна ревија што испрати силна порака за женската солидарност, еднаквите можности и поддршката на женското претприемништво. DMWC ревијата „Во ритамот на македонските традиционални занаети и креации“ ги стави во центарот на вниманието уникатните модни изработки создадени од вредните раце на жени од ...
Има луѓе кои се колнат во една чашка пред спиење, бидејќи сметаат дека така полесно заспиваат, други сакаат да носат грицки во кревет, а има и такви кои не можат да заспијат без вклучен телевизор. Но, постои и посебна категорија љубители на домаќинството – оние кои ги испробуваат сите можни начини нивниот дом секогаш да биде чист и да мириса убаво. Токму тие тврдат дека шишето вотка треба да ви биде при рака поради – чистење! Не станува збор ...
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 19 октомври. Светиот пророк Јоил Втор по ред од малите Пророци, Св. Јоил беше син Ватуилов, од коленото Рувимово. Живееше 800 години пред Христа. Му ја пророкуваше бедата на Израилскиот народ и го предвозвести Вавилонското ропство за гревовите што ги направи Израилот пред Господа. Го повикуваше народот на пост и свештениците на покајни плачни молитви за да се смилостиви Бог. ...
Студените утра веќе го најавуваат крајот на еден пријатен период од годината. Иако сонцето сè уште повремено нè изненадува, наскоро ќе дојде време кога нема да излегуваме од дебели џемпери и палта. Преголемите парчиња (oversize модели) се апсолутен хит секоја постудена сезона, но пониските жени лесно можат да го изгубат обликот на својата фигура во нив. За среќа, тајната на добриот стил лежи во правилната комбинација на пропорции. Со неколку ...
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 22 октомври. Свети Аверкиј Рамноапостолен Во времето на царот Антонин Св. Аверкиј беше епископ во градот Јерапол Фригиски. Во тој град огромното мнозинство беа незнабожци, а Св. Аверкиј управуваше со своето малечко стадо и тагувајќи во срцето заради толкавото мноштво незнабожци и идолопоклоници усрдно Му се молеше на Бога да ги обрати кон светлоста на вистината. Во времето на едно ...
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 23 октомври. Св. апостол Јаков, брат Господов Се нарекува брат Господов затоа што му беше син на праведниот Јосиф, свршеникот на Пресвета Богородица. Кога праведниот Јосиф беше на умирање, па сакаше да Му остави еден дел на Исус, синот на Пресветата Дева Марија, сите браќа се спротивставија на ова, не сметајќи Го за свој брат. Јаков многу Го љубеше Исуса и изјави дека тој ќе го подели ...
На кој датум паѓа Црниот петок во 2026 година? Тој традиционално доаѓа веднаш по Денот на благодарноста во Соединетите Американски Држави. Конкретно, Црниот петок во 2026 година е на 27 ноември, кога се очекуваат големи попусти во продавниците ширум светот. Постојат неколку приказни за тоа зошто токму првиот ден по Денот на благодарноста го добил називот „црн“, а сите тие се поврзани со американската историја. Најраспространетата приказна ...
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 24 октомври. Светиот маченик Арета Овој Свет маченик пострада за Христовата вера со уште над четири илјади христијани, свештеници, монаси и монахињи, граѓани, жени и деца. Арета беше градоуправител во градот Негран во земјата Омиритска (јужна Арабија) и имаше деведесет и пет години кога пострада. Со Омиритската земја тогаш владееше еден Евреин Дунаан, свиреп гонител на христијаните. ...
Американскиот пејач Крис Браун доби условна затворска казна во Лондон поради напад врз продуцент со шише текила во ноќен клуб во Лондон, 2023 година, откако призна вина за својата вмешаност во инцидентот. Пред Кралскиот суд на Саутварк, на Браун (37) му е изречена условна казна од осум месеци за нападот врз Абрахам Дијау во ноќниот клуб „Тејп“ во февруари 2023 година. Ар-енд-би ѕвездата и неговиот гласовен тренер, Омололу Акинлолу (40) во ...
Глумецот Дакс Шепард, се чини, е заштитнички настроен татко – што значи дека и Кристин Бел мора да биде заштитнички насочена сопруга. Американската двојка, која е в брак 13 години и имаат две деца, се појавија заедно во понеделничкото издание на подкастот на Шепард – „Стручњак во фотелја (Armchair Expert)“. Глумицата ја промовираше љубовната приказна „Никој не го сака ова (Nobody Wants This)“, чиишто нови епизоди се објавени неделава, а каде ...