Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
Централната команда на САД (Centcom) официјално потврди дека извршила нови воздушни напади врз цели во Иран. Официјалната изјава на Пентагон дојде само неколку минути откако Кувајт објави дека е нападнат, што предизвика воздушни напади и предупредувања за беспилотни летала. BREAKING: US says it attacked Iranian military sites in Goruk city, Qeshm Island#US #Iran #Qeshm #Goruk #CENTCOM #Strike #SelfDefense #StraitOfHormuz #Breaking ...
Американската војска потврди дека извршила нови воздушни напади врз цели во Иран, кои ги опиша како чин на „самоодбрана“ по неодамнешното соборување американско беспилотно летало. Според Централната команда на САД (CENTCOM), цел на нападите биле ирански радарски системи, како и командни и контролни центри за управување со беспилотни летала во местото Горук и на островот Кешм, што се наоѓа во стратешки важната Ормуска Теснина. Американската ...
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска повика на брз договор меѓу Вашингтон и Техеран, велејќи дека „ништо не ја оправдува актуелната ескалација во јужен Либан“. Макрон напиша на Икс дека имал телефонски разговори со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, султанот на Оман, Хајтам бин Тарик, претседателот на Обединетите Арапски Емирати, Мохамед бин Зајед и египетскиот претседател, Абдел Фатах ел-Сиси, за ситуацијата на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно се огласи преку својата социјална мрежа, тврдејќи дека Иран е заинтересиран за постигнување договор со САД, истовремено упатувајќи остри критики кон своите политички противници. „Зарем демократите и некои таканаречени непатриотски републиканци не разбираат дека ми е многу потешко да ја работам својата работа и да преговарам кога постојано ме напаѓаат и коментираат што треба да направам? Само ...
Цените на нафтата во мај забележаа најголем месечен пад во последните шест години, бидејќи инвеститорите сè повеќе веруваат дека САД и Иран се приближуваат кон договор кој би можел да доведе до повторно отворање на Ормутскиот Теснец за меѓународниот танкерски сообраќај. На лондонската берза, цената на суровата нафта од типот Брент во текот на мај падна за повеќе од 19 проценти, што претставува најголем месечен пад од март 2020 година, кога ...
Тензиите на Блискиот Исток повторно ескалираа откако Централна команда на САД официјално потврди дека извршила нови воздушни напади врз цели во Иран. Соопштението од американската војска беше објавено само неколку минути откако во Кувајт беа активирани сирени за воздушна опасност поради закана од ракети и беспилотни летала. Според иранските медиуми, Исламска револуционерна гарда соопштила дека нападнала американска воздухопловна база која, ...
Мексиканската претседателка Клаудија Шајнбаум ги обвини САД за мешање во внатрешните работи на нејзината земја, јави ДПА. „Ние не прифаќаме мешање. Ние сме слободна, независна и суверена земја“, им рече Шајнбаум на поддржувачите синоќа на митинг во Мексико Сити по повод втората годишнина од нејзината изборна победа. Претседателката рече дека агенција на Министерството за правда на САД побарала апсење на 10 Мексиканци заради нивна ...
Мнозинството Германци не веруваат дека конзервативците на канцеларот Фридрих Мерц би постигнале подобри резултати во анкетите на јавното мислење доколку тој биде заменет со друг лидер од неговата партија, покажа денеска објавената анкета на агенцијата „Форса“ за потребите на радиодифузерот РТЛ и списанието „Штерн“. Анкетата, пренесува ДПА, покажа дека 53 отсто од испитаниците не мислат дека конзервативниот блок, составен од Христијанските ...
Финска денеска спроведува национален тест на сирените за итно предупредување како дел од проверката на подготвеноста на системот за цивилна заштита. Властите најавија дека во иднина сирените ќе се користат и за предупредување од непријателски или неидентификувани дронови. Покрај звучните сигнали, граѓаните ќе добиваат известувања и преку мобилната апликација „112 Суоми“. Одлуката доаѓа по серија инциденти во северна Европа, вклучително и ...
За време на масовниот руски воздушен напад врз Киев на 23 и 24 мај, погоден беше и мал град во Киевската област со специфично оружје: Русија употреби ракета „Орешник“ против Била Церква. Сè уште не е јасно која била целта на нападот во Била Церква, иако во градот се наоѓа важен воен аеродром. Украинските медиуми објавија снимки од оштетувањата на гаражен комплекс, тврдејќи дека ракетата „Орешник“ погодила исклучиво цивилна цел. Сепак, ...
Американскиот претседател Доналд Трамп побара измени во неколку клучни точки во предлогот за прекин на конфликтот на Блискиот Исток, објави АФП. Конечен договор меѓу страните сè уште не е постигнат. Трамп инсистираше на заострување на условите на нацрт-договорот, а ревидираната рамка веќе е испратена до иранската страна на разгледување. Информациите се однесуваат на службеници запознаени со преговорите. Детали за конкретните промени не беа ...
Пролетниот саем на книгата во Софија започнува на 1 јуни и ќе трае до крајот на неделата. Повеќе од 150 бугарски издавачки куќи ќе ги претстават своите најнови изданија и ќе овозможат средби на читателите со најактуелните автори во моментов. Штандовите се поставени на просторот пред Националниот дворец на културата во бугарскиот главен град, соопшти за БНР Петја Господинова, претседателка на асоцијацијата „Бугарска книга“, организатор на ...
Извршниот директор на Lamborghini, Стефан Винкелман, вчера изјави дека одлуката на компанијата да се откаже од развојот на целосно електрични возила на батерии (BEV) била правилна. Винкелман изјави за CNBC дека Lamborghini донел правилна одлука кога го отфрлил целосно електричниот модел Lanzador и електричната верзија на теренецот Urus за да се фокусира на плаг-ин хибриди (PHEV). Тој додаде дека иновациите не треба да им се наметнуваат на ...
Службеници во администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп извршија притисок врз владината канцеларија задолжена за печатење пари да дизајнира банкнота од 250 долари со ликот на Трамп. Според „Вашингтон пост“, ова би бил прв пат по повеќе од 150 години личност која е сè уште жива да биде прикажана на американската валута. Извори велат дека, почнувајќи од минатата година, двајца службеници на Министерството за финансии – ...
Бугарија го заврши 42. Европско првенство во ритмичка гимнастика во Варна со четири златни и четири сребрени медали, освојувајќи го првото место на табелата по освоени одличја, јавуваат бугарските медиуми. Националните селекции во индивидуална конкуренција и женски ансамбл, како и јуниорската индивидуална репрезентација, донесоа вкупно осум медали за бугарската гимнастика. Во првите два дена од шампионатот, јуниорките Деа Емилова, Сијана ...
Qualcomm вчера ја објави новата платформа за процесори Snapdragon C за лаптопи од почетно ниво, дизајнирана за студенти, семејства и мали бизниси. Меѓу другото, процесорите Snapdragon C се одликуваат со енергетска ефикасност за исклучително долго траење на батеријата кај ладни и тивки лаптопи и обезбедуваат секојдневни перформанси за прелистување на веб, видео стриминг, продуктивност и видео повици. „Snapdragon C е нов процесор од почетно ...
Побарувачката за литиум се зголеми во последните години, бидејќи литиум-јонските батерии напојуваат сè поголем дел од нашиот свет. Сепак, дури и кога места како САД, Европа и Австралија имаат изобилство на ресурси на литиум во своите граници, Кина доминира во глобалното рафинирање на литиум. Најголемата пречка за искористување на американскиот и австралискиот литиум е неговата екстракција од минерали од тврди карпи во форма што е корисна. ...
Гризволд „Гриз“ Чепмен, американски актер најпознат по улогата во популарната комична серија „30 Rock“ (30 карпа), почина на 52-годишна возраст. Како што потврди неговиот долгогодишен агент Саиде Браун за Ти-ем-зет, Чепмен починал вчера. Зад себе ги остави сопругата и двете деца. Иако причината за смртта не е соопштена на почетокот, познато е дека актерот со години се бореше со сериозни здравствени проблеми. Во 2010 година, беше подложен на ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ѝ нареди на војската да се движи подлабоко во Либан во борбата против милитантната група Хезболах, поддржана од Иран. Ова Нетанјаху го изјави покрај прекинот на огнот објавен пред повеќе од шест недели, пренесува Ројтерс. Примирјето меѓу Израел и групата Хезболах, поддржана од Иран, која од САД се смета за терористичка организација, официјално стапи на сила на 17 април, но во голема мера не се ...
Во Европа, сопствен нуклеарен арсенал поседуваат Русија, Франција и Велика Британија. Покрај нив, американско нуклеарно оружје е распоредено во уште пет европски држави како дел од НАТО договорот за споделување јадрено вооружување. Созадавњето нуклерен воен потенцијал во нови држави е под строга и силна контрола на големите воени сили и, како пример, тоа е причината и за израелско-американската воена инвазија врз Иран за да не стане нова ...
Дронот кој во ноќта меѓу 28 и 29 мај удри во станбена зграда во романскиот град Галати, во близина на украинската граница, е од руско потекло и станува збор за моделот „Геран-2“. Ова официјално го соопшти романскиот претседател Никушор Дан, повикувајќи се на конечниот технички извештај на државните експерти. Ова е првпат од почетокот на руската инвазија врз Украина во февруари 2022 година, руски дрон да погоди станбен објект надвор од ...
Свеченото подигнување на шпанското знаме не се одвивало според планот. Додека знамето се искачувало на јарболот за време на воената парада по повод Денот на вооружените сили, механизмот откажал и знамето паднало на земја. Инцидентот се случил пред очите на шпанскиот крал Фелипе Шести. Според извештаите, проблемот бил предизвикан од ненадеен дефект на јажето и системот со макари на врвот од јарболот. Брза реакција на гардата Воените лица ...
Здравствените власти во Бразил внимателно следат два случаи на можна зараза со ебола во Сао Паоло и Рио де Жанеиро, што предизвика зголемено внимание поради стравувањата од ширење на вирусот надвор од Африка. Доколку сомнежите се потврдат, тоа би биле првите регистрирани случаи надвор од африканскиот континент од почетокот на актуелната епидемија во Демократска Република Конго. Резултатите од лабораториските тестирања се очекуваат во текот на ...
Според извештаите на иранските државни медиуми, операциите биле извршени од копнените сили на ИРГЦ. Не е прецизирано кои вооружени групи биле цел или каде биле извршени нападите, објави Ал Џезира. Претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Багер Калибаф, изјави претходно денес дека Иран е во „нова фаза на војна“, бидејќи противниците се обидуваат да предизвикаат внатрешни поделби по „воениот неуспех“. Извор: Б92 Според извештаите на ...
Поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан ја одржа својата моќ со помош на медиуми кои ја ширеа неговата пропаганда. Откако дојде на власт, Орбан ги стави под своја контрола повеќето медиуми во Унгарија и на тој начин успеа да уништи некои од најзначајните весници во земјата. По победата на „Тиса“ на парламентарните избори во април, „медиумите на Орбан“ се соочуваат со сè посериозни тешкотии. Анализата на унгарскиот портал 444.hu се базира на ...
Ден Грини, еден од долгогодишните сценаристи на култната анимирана серија „Симпсонови“, ја објави својата кандидатура за претседател на Соединетите Американски Држави. Грини е познат по својата улога во создавањето на епизодата од 2000 година што ја прикажува иднината во која Доналд Трамп станува претседател на Соединетите Американски Држави, поради што многумина го сметаат за еден вид „пророк“ на американската политика. Во кампањата, тој се ...
Претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Багер Калибаф, денес изјави дека Техеран нема да прифати никаков договор со своите противници сè додека не биде сигурен дека се обезбедени правата на иранскиот народ, нагласувајќи дека иранските преговарачи не им веруваат на ветувањата на своите противници и ќе прифатат само конкретни резултати како мерило. – Војниците на дипломатскиот фронт не им веруваат на зборовите и ветувањата на ...
Портпаролот на иранската војска, Мохамед Акрамини, и портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, ја истакнаа тесната координација помеѓу воените капацитети на Иран и дипломатските инструменти, опишувајќи ги како комплементарни столбови во заштитата на националните интереси, безбедноста и достоинството на земјата. – Денес, дипломатијата и бојното поле работат поблиску и во поголема координација од кога било ...
Данската премиерка Мете Фредериксен оцени дека европските земји сè уште не се подготвени за евентуален воен конфликт со Русија, иако, како што изјави, во последните години станале посвесни за безбедносните ризици. – Ситуацијата е подобра отколку што беше пред неколку години и подобро разбираме што е во прашање. Но, дали сме подготвени? Не мислам така, изјави Фредериксен во интервју за полскиот весник „Газета Виборча“. Според неа, Русија се ...
Музејот во Стразбур денеска пријави во полиција кражба на банана, која е клучен дел од повеќемилионското уметничко дело на познатиот италијански визуелен уметник Маурицио Кателан. Исчезнувањето на овошјето, кое со обична леплива лента е залепено на ѕид и ја сочинува провокативната инсталација наречена „Комедијант“, било забележано во саботата, пренесува „Франс 24“. Падна кривична пријава, но бананата веднаш е заменета со нова Управата на ...