Скопје
9ᴼ /
9ᴼ
Критичниот систем на атлантски струи се чини дека е значително поверојатно да се сруши отколку што претходно се мислеше, откако ново истражување покажа дека климатските модели што го предвидуваат најголемото забавување се најреални. Научниците го нарекоа новото откритие многу загрижувачкo, бидејќи колапсот би имал катастрофални последици за Европа, Африка и Америка. Атлантската меридијална циркулација со превртување (Амок) е голем дел од ...
Вчера, по речиси десетчасовно рочиште, Врховниот суд на Израел ја одложи одлуката за петициите со кои се бара разрешување на министерот за национална безбедност Итамар Бен-Гвир поради обвинувања дека незаконски се мешал во полициските работи, објавува Анадолу. Израелскиот дневен весник „Једиот Ахронот“ објави дека судот ќе донесе одлука подоцна. Според весникот, судиите предложиле обид за постигнување прелиминарен договор меѓу Бен-Гвир и ...
Филмот за деца „Атлас на вселената“, копродукција на Романија и Бугарија, ќе учествува во 79-тото издание на фестивалот во Кан во секцијата Cannes Écrans Juniors 2026, информираат од Националниот филмски центар (НФЦ) на Бугарија преку својата страница во социјалната мрежа Фејсбук. Оваа година кинофорумот ќе започне на 12 мај и ќе трае до 23 мај, јавува БТА. Филмот ја доби наградата за најдобар тинејџерски филм во рамките на „Софија филм ...
Таа посочи дека Пакистан е единствениот посредник во преговорите, за кои рече дека се „продуктивни и во тек“. Левит ги демантираше медиумските наводи дека Вашингтон побарал продолжување на тековниот прекин на огнот. „Видов извештаи утрово, неточно известување дека формално сме побарале продолжување на прекинот на огнот. Тоа не е точно. Во овој момент сме силно ангажирани во преговорите“, изјави таа. Според неа, американската делегација има ...
Пријава е поднесена против унгарскиот премиер Виктор Орбан поради видео на кое се гледа како вози автомобил без да го држи воланот. Видеото, објавено пред изборите на 12 април, го прикажува Орбан како пее во својот автомобил и во еден момент го пушта воланот, објавува унгарскиот весник „Блик“. Во видеото, објавено пет дена пред изборите, премиерот е снимен како вози од дома до работа. Во снимката, Орбан вели: „Ајде да одиме! Ваква е ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе престојува во работна посета на Република Турција, по повод учеството на петтото издание на Дипломатскиот форум во Анталија, коешто се одржува од 17 до 19 април на тема „Мапирање на иднината, управување со неизвесностите“. Денеска – 16 април, во Истанбул, пред официјалниот почеток на форумот, Сиљановска-Давкова ќе оствари билатерална средба со турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган. Во петок – ...
Висок израелски функционер во изјава за агенцијата вели дека израелскиот кабинет се состанал вчера за да разговара за евентуално примирје во соседен Либан. Исто така и двајца високи либански функционери изјавиле дека биле информирани оти се во тек напори за примирје, но немаат дополнителни детали за тоа колку долго ќе трае или кога ќе биде објавено Oптимизмот дека војната на Блискиот Исток можеби е близу до крајот се зголеми, а пакистанскиот ...
Украинските воздухопловни сили соопштија дека пресретнале 31 руски ракета и 636 дронови во текот на изминатите 24 часа. „Во овој период, непријателот изврши два брана комбинирани напади на територијата на Украина користејќи ракети лансирани од копнени и воздушни лансери, како и ударни дронови“, се вели во соопштението на воздухопловните сили на апликацијата Телеграм. Додадено е дека се откриени вкупно 703 руски воздушни цели. Руското ...
Руските напади убија најмалку 12 лица во Украина, соопштија локалните власти, откако Москва го нападна својот сосед во ноќни напади. Шест лица загинаа во напади со ракети и беспилотни летала врз јужниот пристанишен град Одеса, напиша утрово началникот на воената администрација на градот, Сергеј Лисак, на Телеграм. Нападите врз главниот град Киев убија најмалку четири лица, вклучувајќи едно 12-годишно дете, соопшти државната служба за вонредни ...
Сериозни оперативни проблеми секојденвно со ЕЕС системот. Европската авиоиндустрија бара од Европската комисија да овозможи целосно или делумно суспендирање на новиот Систем за влез/излез до крајот на летото. ЕЕС, кој официјално стартуваше на 10 април во 29 шенген земји, се однесува на патници вон ЕУ кои престојуваат до 90 дена во рамки на 180 дена. Системот ги заменува рачните печати во пасошите со дигитална евиденција за влез и излез, и ...
Претседателот на Ел Салвадор, Најиб Букеље, донесе законски измени со кои се овозможува доживотен затвор за малолетници од 12 години нагоре осудени за тешки кривични дела како убиство, тероризам или силување, пренесе Ројтерс. Мерките стапуваат во сила на 26 април и следуваат по уставниот амандман одобрен во март. Со нив се укинуваат посебните постапки за лица од 12 до 18 години, но останува можноста за периодично преиспитување на казните. ...
Службите за итни случаи во јужен Еквадор објавија дека 11 лица загинале, а најмалку 20 други биле повредени, откако автобус паднал во клисура по што се запалил. Надлежните изјавија дека повредените се евакуирани во Куенка, најблискиот град и таму им е укажана медицинска помош. Властите ги истражуваат причините за несреќата. Сообраќајните несреќи се чести на патиштата во Еквадор. Според официјалните бројки, на почетокот на 2026 година се ...
Американскиот претседател Доналд Трамп предизвика вистинска бура во меѓународната јавност со најавата за историска средба на највисоко ниво помеѓу претставници на Израел и Либан. Во ек на воените дејствија помеѓу Израел и милицијата Хезболах, Трамп преку својата платформа „Трут Соушл“ објави дека лидерите на двете соседни земји, кои немале директни разговори повеќе од три децении, денеска ќе седнат на иста маса. Според неговите зборови, овој ...
Висок воен советник на врховниот лидер на Иран предупреди дека Иран ќе потопи американски бродови во Ормутскиот теснец ако САД почнат да го „контролираат“ стратешкиот воден пат, објави Анадолу. Мохсен Резаи во изјава објавена од иранската државна телевизија рече дека САД немаат никаква улога во контролата на теснецот. – Трамп сака да стане полицаец на Ормутскиот теснец. Дали тоа е навистина ваша работа? Дали тоа е работа на моќна војска ...
Тројца луѓе беа убиени во американски напад врз уште еден чамец за кој се тврди дека бил вклучен во трговија со дрога, што е петти ваков смртоносен напад во исто толку денови, пренесе „Гардијан“. Американската Јужна команда соопшти дека извршила „смртоносен кинетички напад врз пловило управувано од организации означени како терористички“ во источниот Пацифик, без да ја именува наводната група, во објава на „Икс“. „Тројца машки ...
Премиерот Бенјамин Нетанјаху изјави дека израелските сили се на прагот да го освојат стратешкиот град Бинт Џбеил. Израелските сили ги опколија борците на Хезболах во јужниот либански град. Тој, исто така, рече дека САД го информираат Израел за разговорите со Иран и дека тие се подготвени за секаков сценарио, доколку продолжат борбите со Иран. –Нашите американски пријатели постојано нè известуваат за нивните контакти со Иран. Нашите цели и ...
Од кабинетот на либанскиот претседател соопштија дека Либан не е запознаен со какви било најавени контакти со Израел, демантирајќи ги наводите за можен разговор меѓу лидерите на двете земји. Реакцијата следува откако американскиот претседател Доналд Трамп на социјалните мрежи навести ваква можност, што предизвика внимание во Бејрут. Либанските власти посочуваат дека нема потврда за постоење на такви планови или контакти. — реклама — Ова доаѓа ...
Уште еден супертанкер под санкции на САД влезе во Персискиот Залив преку Ормускиот теснец, што е втор ваков инцидент регистриран од податоците за следење на бродови, објавува Ројтерс. Податоците од поморските разузнавачки фирми LSEG и Kpler покажуваат дека празниот супертанкер за сурова нафта (VLCC) RHN влегол во Заливот во среда. Сè уште не е познато каде се упатил танкерот, кој има капацитет од два милиони барели нафта. Истиот ден, среда, ...
Aмериканскиот министер за финансии Скот Бесент предупреди дека САД се подготвуваат да го засилат економскиот притисок врз Иран, велејќи дека републиканската администрација подготвува акција што ќе биде „финансиски еквивалент“ на кампањата за бомбардирање. -Ја објавивме операцијата „Економски бес“ и повеќе од една година вршиме максимален притисок врз Иранците, како во блокирањето на плаќањата во иранската држава, така и во контролата на ...
Иранските власти осудија уште четири лица, вклучувајќи една жена, на смрт за учество во протестите во јануари, соопштија групите за човекови права. Иран веќе егзекутираше седум лица поврзани со протестите, кои беа задушени во бран репресии во кои загинаа илјадници, а десетици илјади беа уапсени. Обвинети за дејствување во име на САД Четворицата осудени се Мохамадреза Маџиди-Асл и неговата сопруга Бита Хемати, како и Курош Заманинеџад и ...
Германија во првите денови од нападот врз Иран одобрила извоз на оружје за Израел во вредност од 6,6 милиони евра. Воените испораки биле реализирани во периодот од почетокот на американско-израелската воена кампања против Иран на 28 февруари, до 27 март. Тоа е релативно мала испорака споредено со војната во Газа, кога по укинувањето на рестрикциите во ноември 2025 година Германија за четири месеци издаде извозни дозволи во вредност од 166,95 ...
Републиканците во американскиот Сенат го блокираа обидот на демократите да се стави крај на војната во Иран што ја започна американскиот претседател Доналд Трамп, објавија американските медиуми. Гласањето заврши со 47 гласови „за“ и 52 „против“, објави Ен-Би-Си Њуз, со проценка дека резултатот од гласањето за резолуцијата што би ги ограничила воените овластувања потврдува дека републиканците сè уште го поддржуваат Трамп и го одобруваат ...
На стрмните патишта на Света Гора се случи несреќа која ја потресе монашката заедница и длабоко го погоди братството. Набргу по завршувањето на литијата со чудотворната икона на Пресвета Богородица „Достојно ест“, додека сè уште се чувствуваше мирисот на темјан и траеше молитвената тишина, еден монах се упатил по планинскиот пат над Кареја, административниот центар на Света Гора. Тој кривулест пат низ суровата, но благословена природа станал ...
Русија започна бран воздушни напади преку ноќ врз украинскиот главен град Киев, при што загинаа најмалку две лица, вклучувајќи едно дете, соопштија денеска локалните власти. Воениот администратор на Киев, Тимур Ткаченко, изјави на Телеграм дека се повредени и 18 лица. Градоначалникот Виталиј Кличко рече дека меѓу жртвите има 12-годишно дете и 35-годишна жена. Новинарите од „Киев Индепендент“ објавија повеќекратни експлозии додека ракетите го ...
Интервјуто со лидерот на партијата „Тиса“, Петер Маѓар, прерасна во вистинско бојно поле на зборови, обвинувања и отворени непријателства. Ова се најтензичните моменти кои го одбележаа неговото гостување: 1. Директна закана за суспендирање на јавниот сервис Еден од најдраматичните моменти беше кога Маѓар отворено најави дека по доаѓањето на власт, веднаш ќе ја прекине работата на јавниот медиумски сервис. Тој го нарече „фабрика за лаги“ и ...
Американски разорувач вчера пресретна ирански товарен брод додека се обидуваше да ја пробие поморската блокада. Бродот под иранско знаме исплови од пристаништето Бандар Абас, помина низ Ормускиот теснец и продолжи да плови по брегот на Иран, но разорувачот со водени ракети USS Spruance (DDG 111) успешно го пренасочи и го принуди да се врати назад, објави Централната команда на САД (Centcom). Yesterday, an Iranian-flagged cargo vessel tried ...
Во среда навечер избувна пожар во една од двете оперативни рафинерии за нафта во Австралија, објавија властите денес, пренесува ДПА. Пожарникарите реагираа на инцидентот во рафинеријата „Вива Енерџи“ во Џилонг, околу 70 километри југозападно од Мелбурн, околу 23:15 часот по локално време синоќа, по пријавите за експлозии и пламен, соопшти противпожарната служба на Викторија. Пожарот оттогаш е изгаснат и ставен под контрола, соопшти ...
Претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Багер Галибаф, изјави дека воспоставувањето прекин на огнот во Либан ќе биде резултат на дејствијата на Хезболах и таканаречената Оска на отпорот. Тој, исто така, испрати пораки до САД, повикувајќи ги да ги почитуваат договорите и да ја напуштат политиката на давање приоритет на Израел. „Завршувањето и консолидацијата на сеопфатниот прекин на огнот во Либан ќе биде резултат на отпорот и ...
Иран ќе спроведе формална проценка за тоа дали да учествува во следната рунда разговори со САД, а одлуката за ова ќе следи по состанок на високо ниво со пакистанската делегација. Средбата со делегацијата предводена од началникот на пакистанската армија, генерал Асим Мунир, е закажана за четврток, објави полуофицијалната иранска новинска агенција Тасним. Агенцијата Тасним цитираше неименуван и добро информиран извор кој изјави дека прекинот ...
Високи американски одбранбени претставници одржаа разговори за производство на оружје и друга воена опрема со раководители од компании, вклучувајќи ги „Џенерал моторс“ и „Форд мотор“, објави вчера „Волстрит журнал“ (WSJ), повикувајќи се на луѓе запознаени со дискусиите. Прелиминарните разговори, кои започнаа пред војната со Иран, доаѓаат во време кога администрацијата на Трамп сака производителите на автомобили и другите американски компании ...