Скопје
23ᴼ /
23ᴼ
Членови на германската бизнис заедница и официјално ќе учествуваат на претстојниот економски форум во Санкт Петербург. „Сакаме, како и сите големи западни земји, да го одржиме економскиот мост кон Русија и да го заштитиме над 100 милијарди евра вредниот германски имот во Русија“, изјави Матијас Шеп, претседател на Германско-руската стопанска комора, за агенцијата ДПА. И покрај западните санкции со кои се таргетирани стотици руски компании, ...
Во соопштението на украинското Министерство за надворешни работи објавено доцна во саботата, остро се осудуваат „неоснованите обвинувања“, додека Киев ги нарече тврдењата „уште една информативна операција“ насочена кон одвлекување на вниманието на меѓународната заедница од контролата на Русија врз централата за време на тековната војна. „Како и секогаш, обвинувањата на Русија немаат логика: не е јасно со која цел Украина би ја нападнала ...
Според францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез, немири се регистрирани во околу 15 градови во Франција и во нив се приведени речиси 400 лица, од кои околу 300 само во главниот град на земјата, Париз Француската полиција привела повеќе од 400 лица кои учестувале во насилни судири во Париз и други градови во земјата што избувнале синоќа додека навивачите на Пари Сен-Жермен (ПСЖ) ја славеле победата над Арсенал во финалето на Лигата ...
Џил Бајден откри дека за време на дебатата на нејзиниот сопруг Џо Бајден со Доналд Трамп, се плашела за неговото здравје. „Не бев ужасната, туку исплашена, бидејќи никогаш не сум го видела Џо ваков ниту порано ниту потоа“, рече Џил Бајден во интервју за Си-Би-Ес пред објавувањето на нејзината книга на 2 јуни. Таа рече дека „не знае што се случило“. „Мислам, кога го гледав, си помислив: „О, Боже, добива мозочен удар“, и тоа ме исплаши до ...
Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, изјави денеска дека Унијата не смее да „падне во руска замка“ со прашањето кој ќе ја претставува Европа на евентуални идни преговори. Таа изјавата ја даде при пристигнувањето на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ во кипарскиот град Лимасол. Калас нагласи дека Русија се обидува да го насочи фокусот кон прашањето „кој зборува ...
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски побара од американскиот претседател Доналд Трамп противвоздушни системи и пресретнувачки ракети, истакнувајќи оти балистичките ракети се „главната предност на Москва на бојното поле“. – Ве молам да помогнете во заштитата на украинското небо од руските ракети. Веќе предложивме Украина да купи одреден број системи Патриот и пресретнувачки ракети што ни се потребни, се наведува во писмото на Зеленски ...
Американскиот трговски претставник, Џејмисон Гриер, синоќа изјави дека администрацијата на претседателот Доналд Трамп планира воведување нови царини за партнерите од договорот за слободна трговија меѓу САД, Мексико и Канада (УСМКА). Гриер наведе дека Вашингтон има сериозни нерешени прашања во трговските односи со Канада и оти е неопходно воведување царини поради големиот трговски дефицит. „Ќе мора да воведеме царини додека го имаме овој ...
Ситуацијата околу нуклеарната централа Запорожје, најголемата во Европа, повторно се вжештува по најновиот инцидент за кој Москва и Киев меѓусебно си ја префрлаат вината. Украина категорично ги отфрли обвинувањата на Русија дека извршила напад со дрон врз централата, кој според руските власти предизвикал оштетување на една од зградите во комплексот. Украинското Министерство за надворешни работи излезе со соопштение во кое остро ги осуди, ...
Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека резултатите од неговиот систематски преглед се „исклучително добри“, наведувајќи дека постигнал максимален резултат од 30 од 30 поени на тестот за когнитивни способности, кој го опиша како индикатор за „екстремна интелигенција“. „Резултатите од мојот преглед, спроведен во Воено-медицинскиот центар „Волтер Рид“, кои се штотуку објавени, се исклучително добри. За разлика од другите американски ...
Крузерот „Хондиус“, на кој избувна епидемијата на хантавирус, доби одобрение од холандските здравствени власти повторно да исплови по операцијата за чистење и дезинфекција, објавија денеска холандските медиуми. „Од гледна точка на јавното здравје, повеќе нема никакви пречки „Хондиус“ повторно да исплови на море“, соопшти Агенцијата за јавно здравје во холандското пристаниште Ротердам, по завршната инспекција. Во соопштението се додава дека ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија само во текот на изминатата недела извршила масовни напади врз Украина со илјадници дронови, ракети и наведувани авионски бомби. Во објава на социјалната мрежа Икс, Зеленски наведе дека руските сили лансирале повеќе од 2.300 ударни дронови, околу 1.560 наведувани авионски бомби и 108 ракети од различни типови. — реклама — „Сите овие напади беа насочени кон цивилна инфраструктура, ...
Даблин во подготовки – Ирска го презема ротирачкото претседателство со Советот на ЕУ на 1 јули 2026 година, со што ќе започне ново трио со Литванија и Грција и ќе ја преземе функцијата од Полска, Данска и Кипар. Во текот на шест месеци, Даблин ќе претседава со преговорите, ќе посредува во компромиси и ќе поставува агенди за прашања што се важни за граѓаните и бизнисот. Ова е шанса да се остави посебен ирски отпечаток во работната програма на ...
Три месеци по заедничките американско-израелски напади врз Иран, односите меѓу Вашингтон и Тел Авив влегуваат во чувствителна фаза. Според анализа на Си-Ен-Ен, она што почнало како заедничка воена кампања сè повеќе се претвора во дипломатски процес во кој Израел има ограничено влијание. Телевизијата наведува дека Нетанјаху зад затворени врати признал оти Израел нема голема моќ да влијае врз американско-иранските разговори за завршување на ...
Пазарот на недвижности во Грција испраќа први сигнали на смирување, но тоа не важи за бугарските купувачи, пишува бугарскиот дневен весник 24 часа. Во 2025 година странските инвестиции во грчки недвижности се намалиле на околу 2,05 милијарди евра, што е за над 20% помалку во споредба со рекордната 2024 година. Спротивно на овој тренд, Бугарите ги зголемуваат своите купувања. Според податоците на Централната банка на Грција, во 2025 година тие ...
Бројот на загинати по пукањето на хемиски резервоар во американската држава Вашингтон се искачи на 11, откако спасувачките екипи ги пронајдоа телата на сите девет лица кои се водеа како исчезнати, соопштија властите вчера. Двајца загинати беа потврдени веднаш по несреќата, кога резервоар што содржел хемиски раствор од натриум-хидроксид и натриум-сулфид што се користи во производството на хартиена пулпа – имплодираше во фабриката на ...
Во изминатите 24 часа, руските сили извршија 976 напади врз 55 населени места во регионот Запорожје, при што две лица загинаа, а седум се повредени во нападите врз регионалниот центар и околните области, објави Укринформ, повикувајќи се на објава на Телеграм од началникот на регионалната воена администрација Иван Федоров. Според него, извршени 35 воздушни напади, 675 напади со беспилотни летала, шест напади со системи за повеќекратни ракетни ...
Јапонскиот министер за одбрана, Шинџиро Коизуми, најостро досега ги отфрли тврдењата на Пекинг дека неговата земја се впушта во „нов милитаризам“, возвраќајќи со жестоки критики за кинеската воена експанзија и недостигот на транспарентност. Говорејќи на последниот ден од безбедносниот самит „Шангри-ла дијалог“ во Сингапур, Коизуми истакна дека токму Кина и нејзиниот „огромен арсенал“ на оружје претставуваат сериозна загриженост за ...
По големата победа на ПСЖ во финалето на Лигата на шампионите, улиците на Париз се претворија во сцени на хаос и насилство. Наместо мирно славје, дел од навивачите предизвикаа сериозни нереди кои траеја до раните утрински часови. Во повеќе делови од градот беа запалени автомобили, фрлани пиротехнички средства и регистрирани судири со полицијата. Според француските власти, низ земјата биле уапсени повеќе од 400 лица, од кои најголемиот број во ...
Компанија поврзана со Иванка Трамп и со нејзиниот сопруг Џаред Кушнер почна со реализација на еден од најголемите туристички проекти во Албанија. Но, отворањето на градилиштето не поминало мирно. Видеоснимките објавени на социјалните мрежи покажуваат турканици и физички пресметки меѓу демонстрантите и обезбедувањето. На едно од видеата се гледа како демонстрант е одвлечен од местото на настанот, додека полицијата не интервенира. Проектот го ...
Во текот на изминатата ноќ, украинската војска изврши масовен напад со беспилотни летала врз рафинеријата за нафта во рускиот град Саратов, јавуваат руските медиумски канали на платформата Телеграм. Нападот, кој според извештаите на „Киев Индепендент“ траел во текот на целата ноќ со повеќе бранови дронови, предизвика големи пожари во индустрискиот комплекс. Фотографиите и видеоснимките споделени од локалното население на социјалните мрежи ...
Се наведува дека документите пронајдени кај загинатите укажуваат на нивната припадност. „Група странски платеници беше убиена во шумски појас во Запорожјето. Според документите, тие биле Германци и Британци“, соопштија безбедносните сили. Меѓу загинатите, како што е наведено, се Џејсон Ларган Џејси, роден во 2003 година, и Летерман Филип Максимилијан, роден во 2000 година. Според безбедносните сили, некои од загинатите биле војници од 113-та ...
Колумбијците денеска избираат нов претседател, во услови на длабока политичка поларизација меѓу поддржувачите на продолжување на политиките на левичарската влада и оние кои се залагаат за премин кон поголема безбедност и економски раст. Кандидатот на левичарската коалиција Историски пакт, Иван Сепеда води на анкетите по ветувањата за продолжување на социјалните програми на колумбискиот претседател Густаво Петро и продолжување на мировните ...
Без сомнение, Христо Ботев се вбројува меѓу имињата на најистакнатите бугарски борци за слобода. Често, меѓутоа, забораваме дека покрај револуционер, тој е и еден од најгенијалните поети што светот ги видел. „Тој што ќе падне во борба за слобода, тој не умира“ одамна не е само стих, туку мото што ја симболизира бугарската волја за слобода и стремежот кон бесмртност. На самиот 150-годишен јубилеј од гибелта на Ботев пред камерата на БГНЕС ...
46 години по смртта на диктаторот Тито, светот продолжува да живее со лажниот мит за „хуманиот лик“ на комунистичкиот режим во Југославија, пишува БГНЕС. Филмот на БГНЕС „Тито: Џелатот на XX век“ го руши овој мит. Продукцијата е снимена во сите земји од поранешна Југославија. Филмот, во голема мера, е уникатен за Бугарија, за Балканот и за светот, бидејќи за првпат малку познати настани од историјата се собрани во конзистентен расказ. Пред ...
Чешка веројатно нема да успее да ја исполни целта на НАТО за зголемување на одбранбениот буџет на два отсто од бруто-домашниот производ (БДП) за оваа година, изјави премиерот Андреј Бабиш во интервју објавено денеска. Наследството од претходната влада како пречка Премиерот Бабиш во изјава за „Фајненшл тајмс“ истакна дека неговиот кабинет ќе направи сè што е во нивна моќ за да го исполни даденото ветување, но посочи дека земјата во моментов ...
Јапонската групација SoftBank ќе инвестира 45 милијарди евра во следните пет години во обид да изгради инфраструктура за вештачка интелигенција во Франција, објави компанијата во саботата. SoftBank изјави дека инвестицијата, опишана како најголема од ваков вид досега во Европа, ќе се одржи во северниот регион Hauts-de-France и ќе испорача капацитет од 3,1 GW. Плановите за инвестирање треба официјално да бидат објавени во понеделник на ...
Промената на изгледот на Владимир Путин, претседателот на Русија, и неговата наводна употреба на филери и ботокс низ годините поттикнаа голем број теории на заговор кои сугерираат дека тој користи двојници. Последното видео го доловува моментот кога средбата во Кремљ повторно ги разгоре шпекулациите дека Владимир Путин „не е единствениот“, односно „дека има повеќе“. Вицепремиерот Дмитриј Патрушев, кој добро го познава Путин, неочекувано му се ...
Метеор експлодираше денеска покрај брегот на Масачусетс во САД, предизвикувајќи силен блесок и експлозија што можеше да се чуе низ целата држава, додека НАСА објави дека енергијата ослободена за време на неговото распаѓање е еднаква на експлозијата на околу 300 тони ТНТ. Според прелиминарните извештаи доставени до Американското метеоролошко друштво, десетици луѓе низ североистокот пријавиле дека ја виделе огнената топка околу 14 часот по ...
Чуден инцидент се случи за време на настан на чилеанската морнарица посветен на борбата против трговијата со дрога, кога полициско куче обучено за откривање дрога ненадејно скокна врз вицеадмирал пред присутните гости и припадниците на вооружените сили на јужноамериканската држава, јавија локалните медиуми. Настанот се случил за време на претставување на нови специјално обучени службени кучиња, кои се користат за откривање дрога, оружје и ...
Забраните или ограничувањата на возраста за користење на социјалните медиуми не се доволни сами по себе за да ги заштитат малолетниците од штетните ефекти на платформите, изјавија експертите на ОН, кои велат дека компаниите и нивните алгоритми мора да се соочат и со построги заштитни мерки. „Државите треба да бараат од технолошките компании да ја вградат безбедноста во своите платформи по дизајн, наместо да го префрлаат товарот врз родителите ...