Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Финска аплицираше за 9,55 милиони евра финансирање од Европската комисија за зајакнување на своите капацитети за поправка на подводни кабли, соопшти денеска финското Министерство за транспорт и врски. Балтичкиот регион е во состојба на зголемена готовност по серија прекини на енергетските кабли, гасоводите и телекомуникациските мрежи, додека подводната инфраструктура е дополнително изложена на технички дефекти и инциденти. Проектот е ...
Во глобална операција во која учествуваа 21 земја, со поддршка на Европол е откриена мрежа вмешана во нарачани DDoS кибер напади, соопштени денеска европската полициска агенција. Во рамките на координираната операција наречена PowerOFF, испратени се мејлови и писма со предупредување до 75.000 корисници, а четири лица се уапсени, додека истовремено се отстранети 53 домени и издадени се 25 налози за претрес, се додава во соопштението. Како што ...
Хемиските гиганти од ЕУ губат голем дел од светските пазари од азиските конкуренти, објав „Ројтерс“. Според изданието, до крајот на првиот квартал, се очекува хемиските компании од ЕУ да објават значително послаби резултати, страдајќи од глобалната енергетска криза. Во споредба со другите индустрии, хемискиот сектор е особено силно погоден од наглиот пораст на цените на енергијата, бидејќи главно користи нафта и гас како суровина“, реагираат ...
Владите низ Европа бараат итни решенија за справување со економската криза, додека граѓаните сè уште не го чувствуваат реалното поевтинување на енергенсите. Многу држави воведуваат драстични мерки – од даночни олеснувања до директни бонуси и ограничување на корпоративните профити. Германија и Шпанија со даночни олеснувања По примерот на Шпанија, која минатиот месец го намали ДДВ-то за горивата од 21% на 10%, Германија е на пат да донесе ...
На денешен ден, пред 113 години, потона RMS Titanic – брод што и повеќе од еден век подоцна продолжува да ја интригира светската јавност. Овој британски патнички брод, симбол на технолошкиот напредок на почетокот на 20 век, тргнал на своето прво и воедно последно патување во април 1912 година. Долг 269 метри и со капацитет од над 2.200 патници, „Титаник“ важел за најголем и најлуксузен брод во своето време, а често бил опишуван и како ...
Францускиот претседател Емануел Макрон повика на намалување на времето што младите го поминуваат пред екраните и предложи конкретни мерки, меѓу кои и воведување на „ден без екрани“ еднаш месечно, како и целосна забрана за користење социјални мрежи за деца под 15 години. Во своето обраќање до средношколците, Макрон посочи дека прекумерната употреба на дигиталните уреди има сериозно влијание врз вниманието и развојот на младите. Според него, ...
Унгарскиот претседател Тамаш Суљок денеска го прими на консултации претседателот на Партијата за почитување и слобода (Тиса), Петер Маѓар, чија партија освои најголем број места на парламентарните избори, најавувајќи дека ќе го номинира за премиер. Суљок на социјалните мрежи изјави дека започнал дијалог со лидерите на партиите што влегоа во парламентот по изборите за пратеници, одржани во неделата. „Прво, во палатата Шандор го примив Петер ...
Америка е подготвена да продолжи со борбите доколку Иран не се согласи со мировен договор,. За да има притисок, американската војска ги блокира сите бродови што се обидуваат да влезат или да излезат од Иран. „Иран може да избере светла иднина и се надеваме дека ќе го стори тоа за доброто на својот народ“, рече министерот за одбрана Пит Хегсет на прес-конференција во Пентагон. „Но, доколку Иран донесе погрешна одлука, ќе добие блокада и бомби ...
Состанокот помина добро, повеќето точки беа договорени, но единствената точка што беше навистина важна, нуклеарната, не беше договорена. Ова го објави на својата социјална мрежа Трут Соушл американскиот претседател Доналд Трамп откако не успеаја преговорите за прекин на војната на Блискиот Исток меѓу Соединетите Американски Држави (САД) и Иран во пакистанскиот главен град Исламабад. Иако досега Ормутскиот Теснец, кој е една од најважните ...
Вредноста на биткоинот (BTC) денес во 15:15 часот на најголемата светска берза за криптовалути, Binance, малку се зголеми за 0,65 проценти на 63.569,24 евра. Вкупниот обем на трговија со биткоин во последните 24 часа е 32,12 милијарди евра, значително помалку од вчера. Индексот на страв и алчност за биткоин денес изнесува 23 во категоријата „екстремен страв“, ист како и вчера. Вредноста на биткоинот (BTC) денес во 15:15 часот на најголемата ...
Владејачката партија во Германија, Социјалдемократите, сака да ги обврзе сите да се најавуваат на интернет користејќи дигитален паричник за лична идентификација (EUDI Wallet). Со ваквиот план, Германија покажува како „доброволното“ користење може брзо да се претвори во задолжителен услов. Социјалдемократската партија на Германија предложи „EUDI Wallet“ да стане задолжителен за најавување на социјалните медиуми. Нивниот план предвидува ...
Европската унија разгледува мерки со кои би можела да ја натера компанијата Google да овозможи пристап до дел од податоците од својата пребарувачка платформа за конкуренцијата. Ова произлегува од прелиминарните наоди што Европска комисија ги испрати до компанијата, во рамки на примената на Законот за дигитални пазари. Според предложените мерки, трети страни – вклучително и други пребарувачи – би можеле да добијат пристап до податоци собрани ...
На двајцата лидери на мразот им се придружија играчи од професионалната женска хокеарска лига на Канада, а средбата беше претставена како неформален дел од поширока дипломатска посета што вклучува политички и економски разговори, објави Еуроњуз. Стаб, познат по својот спортски имиџ и претходно учество во триатлони, претходно користел спортски активности на дипломатски средби, вклучително и рунда голф со поранешниот американски претседател ...
Новиот унгарски премиер Петер Маѓар го имаше своето прво, историско гостување на државната телевизија М1, која со години важеше за главна пропагандна машинерија на Виктор Орбан. Неговото интервју се претвори во невидена пресметка во живо, во која тој најави радикални резови, национализација на отуѓениот имот и укинување на информативната програма на телевизијата. Најава за гасење на вестите и пресметка со водителот Маѓар не штедеше зборови ...
Немам проблем со европските земји, би бил луд ако не сакав да соработувам со Италија, Шпанија, Франција, Унгарија, Германија, но имам проблем со администрацијата во Брисел, која самата се избра и одлучува за мене, а дури и не ме прими во Европската Унија. И секако се борам и се спротивставувам на тоа, како и на другите со кои не би соработувал. На крајот на краиштата, дали некој навистина мисли дека ќе влеземе во Европската Унија? Дали ...
Инфлацијата во еврозоната во март се зголеми на 2,6 отсто, од 1,9 отсто во февруари. Во рамки на Европска Унија, годишната инфлација во март достигна 2,8 отсто, во споредба со 2,1 отсто еден месец претходно, соопшти статистичката служба Евростат. Најниска годишна инфлација во март е забележана во Данска (1 отсто), како и во Чешка, Кипар и Шведска (по 1,5 отсто). Највисока стапка на инфлација во ЕУ има Романија – 9 отсто, по што следуваат ...
Сметаме дека за стабилноста, мирот на Балканот, апсолутно неопходен предуслов е влезот на државите од Западен Балкан во Европската Унија, посочи министерот за национална одбрана на Грција Никос Дендиас во неговиот говор пред припадниците на грчкиот контингент на КФОР во Косово, јави дописничката на МИА од Атина. Во неговото обраќање пред припадниците на грчките сили се осврна и на регионот и европската перспектива. – Како што знаете, нашата ...
Нивоата на полен се високи овие денови, а многумина кои страдаат од поленска треска ги чувствуваат симптомите дури и во затворен простор. Фармацевт предупредува дека во вашиот дом може да се кријат два „тајни магнети за полен“ кои ја влошуваат состојбата. Се проценува дека околу 15 милиони луѓе само во Обединетото Кралство страдаат од поленска треска, а главната фармацевтка на аптекарскиот синџир „Бутс“, Клер Невинсон, објасни како дел од ...
Бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва, го критикуваше својот американски колега Доналд Трамп велејќи дека тој „нема право“ да се заканува на други земји, објави АФП. Коментарите на Лула дојдоа откако Трамп овој месец предупреди дека „целата цивилизација ќе умре“ во Иран ако Техеран не го отвори Ормускиот теснец. „Трамп нема право да станува наутро и да се заканува на земја“, изјави бразилскиот лидер за шпанскиот весник „Ел ...
Русија подготвува закон со кој на претседателот Владимир Путин би му се овозможило полесно да испраќа војска во странство под изговор за заштита на руските државјани. Државната Дума веќе го усвои предлог-законот во прво читање, а со него се предвидува значително проширување на овластувањата на претседателот за употреба на руските вооружени сили надвор од границите на државата. Според документот, руската војска би можела да интервенира во ...
Либанскиот претседател Џозеф Аун одби да разговара со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Американскиот претседател Доналд Трамп претходно најави дека лидерите на Израел и Либан денеска ќе разговараат за прекин на конфликтот меѓу Израел и милитантната група Хезболах во Либан, која е поддржана од Иран. Претставник на либанската влада, чие име не е наведено, изјави дека состанокот меѓу Аун и Нетанјаху бил одбиен за време на разговорите ...
По изборниот пораз на Виктор Орбан, Европската Унија останува без својот најпознат „кочничар“, политичар што со години го користеше правото на вето за да блокира клучни одлуки, особено кога станува збор за помошта на Украина, пишува „Политико“. Неговото заминување доаѓа во чувствителен момент за Брисел, кој сè уште во голема мера се потпира на едногласноста за донесување важни одлуки, како што се санкциите и буџетите. Токму затоа ...
Комитетот за заштита на новинарите денеска објави петиција со која ги повикува властите во Кувајт веднаш и безусловно да го ослободат кувајтско-американскиот новинар Ахмед Шихаб-Елдин. Шихаб-Елдин, наградуван новинар кој претходно соработувал со „Њујорк тајмс“, „Пи-Би-Ес“ и „Ал Џезира Инглиш“, не се огласил на интернет ниту е виден во јавноста од 2 март, кога престојувал во Кувајт во посета на семејството. Во деновите пред неговото ...
Канада и европските земји, вклучувајќи ја и Велика Британија, ја разгледуваат можноста за создавање „европско НАТО“ по заканите на американскиот претседател Доналд Трамп дека сериозно ја разгледува можноста ги повлече САД од алијансата, пишува „Волстрит журнал“. Според изданието, Европејците сакаат да го зголемат своето присуство на командните и контролни позиции во НАТО и да ги дополнат американските воени сили со свои. Во моментов, целата ...
Денес, американските вооружени сили официјално го завршија своето воено присуство во Сирија, кое траеше повеќе од 12 години. Последниот конвој ја напушти базата Касрак во североисточниот дел од земјата, а контролата преминува во рацете на сириските вооружени сили. Снимките од платформата X, снимени од агенцијата Норт Прес, покажуваат долги редици камиони и оклопни возила како ја напуштаат најголемата американска база во покраината Хасака по ...
Осуммесечната истрага на американски новинари откри опасен и малку познат систем во транспортната индустрија што би можел да ја загрозува безбедноста на милиони луѓе на патиштата. Во фокусот се таканаречените „камелеонски компании“, транспортни фирми кои го менуваат својот идентитет за да избегнат казни и да продолжат со работа и покрај сериозни прекршоци, пренесува Нова. Истрагата, која опфатила камионски станици на Флорида и извори во ...
Трагедија го стресе светскиот фудбал за веста за загинувањето на поранешниот австриски репрезентативен голман Алекс Манингер. Манингер го загуби животот на 48-годишна возраст откако во неговото возило удрило воз на необезбеден премин во близина на Салцбург. Маинингер играше во мноуг клубови, меѓу кои и Арсенал, Јувенмтус, а беше дел и од Фиорентина, Торино, Болоња, Бреша, Сиена, а во еден дел од кариерата беше и во Ливерпул. За ...
Шпанскиот премиер Педро Санчез планира да покрене меѓународен прогресивен фронт за време на самитот во Барселона на 17 и 18 април, со цел да се спротивстави, како што рече, „на растот на крајната десница и политиките на американскиот претседател Доналд Трамп“. Собирот, наречен „Глобална прогресивна мобилизација“, ќе се одржи во изложбениот комплекс Фира де Барселона, а организаторите очекуваат лидери од повеќе од 15 земји, објавија шпанските ...
Утринските главоболки можат да имаат различни причини – од дехидрација и стрес до посериозни нарушувања како што е апнеја при спиење, предупредуваат експертите. Будењето со главоболка е честа појава што може да има различни причини – од лоши навики до здравствени проблеми. Една од најчестите, но често непрепознаени причини е апнејата при спиење, нарушување на дишењето во текот на ноќта што ги намалува нивоата на кислород и го нарушува ...
Од почетокот на војната во Украина во 2022 година повеќе од 5.000 пациенти се префрлени на лекување во болниците ширум Европа, соопшти денеска Европската комисија. Пациентите се префрлени во болници во 22 европски земји, вклучително и Норвешка, која не е членка на Европска Унија. Евакуациите на пациенти кои страдаат од тешки повреди, хронични болести и сложени состојби ги координира ЕК во соработка со Регионалната канцеларија на Светската ...