Двајца пензионери од Хрватска изгубиja вкупно 17.700 евра во два одделни случаи на компјутерска измама што се случиле завчера. Измамниците ги намамиле со лажни ветувања за заработка од криптовалути и фиктивни парични награди, соопшти Полициската управа Лика-Сењ. Во средата, 71-годишна жена се јавила во полициската станица во Госпиќ и пријавила дека била измамена. Според извештајот, таа комуницирала со непознато лице кое ја уверило дека ...

Петгодишното девојче Натали денеска исчезнало во Нови Сад, потврдено е за српските медиуми. Според неофицијални информации, девојчето последен пат било видено на Булеварот Ослободување во Нови Сад. Во моментот на исчезнувањето Натали била со својата мајка, а родителите веднаш го пријавиле случајот во полиција откако сфатиле дека ја нема. Полицијата апелира до сите граѓани, доколку имаат какви било информации за исчезнатото девојче или ја ...

Идниот унгарски премиер Петер Маѓар го доби првиот сериозен кадровски тест уште пред официјално да ја преземе владата. Мартон Мелетеи-Барна, предложен за министер за правда во новата влада на партијата Тиса, се повлече од номинацијата по критиките дека неговата семејна врска со Маѓар може да фрли сенка врз најавеното „чистење“ на унгарската политика од партиски и семејни влијанија. Мелетеи-Барна е адвокат, долгогодишен соработник на Маѓар и ...

Гента Тафа Бунго е избрана за нов комесар за заштита од дискриминација на Албанија откако доби поддршка од 83 пратеници во парламентот, додека 25 гласаа против, ќе ја преземе функцијата со мандат насочен кон заштита на човековите права и спречување на дискриминацијата. Изборот беше изгласан на парламентарна седница, а пратениците ја поддржаа нејзината кандидатура со убедливо мнозинство. Од институцијата се очекува во наредниот период да ...

Во пештера во морскиот дел јужно од грчкиот остров Лефкада, вчера попладне рибари пронашле поморски дрон со вклучен мотор, а според грчките медиуми располага со детонатори и најверојатно ќе го преземат надлежни од Министерството за одбрана на Грција за дополнителна истрага, јави дописничката на МИА од Атина. Рибарите откако го пронашле, успеале да го извлечат и закотват на пристаниште. Грчкиот весник „Катимерини“ објави дека станува збор ...

Лажните калуѓерки кои се претставуваат како членови на црковни редови се појавуваат сè повеќе низ цела Грција, особено на места каде што престојуваат голем број туристи. Тие се насекаде во Грција, пишуваат грчките медиуми. Најчесто во болници, цркви и места каде што има многу туристи. Тие „ординираат“ и во одморалишта и на плажи на Халкидики, во солунскиот и олимпискиот регион, на плоштадот Аристотел во Солун и во близина на Белата кула. ...

Нов инвеститор и дополнителни ресурси за блокот „Хан Тервел“ Владата на Република Бугарија одобри делумно префрлање на правата и обврските за истражување на нафта и природен гас во подрачјето „Блок 1-26 Хан Тервел“. Овој блок се наоѓа во ексклузивната економска зона на Бугарија, во длабоките води на Црното Море. Со оваа одлука, компанијата „Shell Exploration and Production (96) B.V.“ префрла 25% од својот удел на романската компанија „OMV ...

На денешен ден во 1980 година, погребот на Јосип Броз Тито беше одржан како еден од најголемите погреби во 20 век, на кој присуствуваа 124 државни делегации, 38 шефови на држави, пет принцови, седум потпретседатели на републики, пет претседатели на парламенти, 10 премиери, тројца потпретседатели на влади, 12 министри за надворешни работи, 20 членови на влади и 21 државен функционер. Како еден од најгледаните и најследените настани на 20 век, ...

Бугарија влегува во нова политичка фаза по формирањето на владата предводена од Румен Радев, што се оценува како еден од најзначајните пресврти во последните децении. По долг период на институционална нестабилност, чести избори и технички влади, новото мнозинство за првпат по речиси три децении обезбедува можност за самостојно управување без коалициски договори. На парламентарните избори одржани на 19 април 2026 година, партијата „Прогресивна ...

Грција е подготвена да донесе значителни уставни промени, особено амандман кој наложува дека вештачката интелигенција мора да му служи на човечкото општество, објави „Индепендент“. Конзервативниот премиер Кирјакос Мицотакис денеска ги претстави предложените ревизии, опишувајќи ги како клучни за заштита на идните генерации во услови на глобална загриженост поради ризиците што вештачката интелигенција ги носи за демократското владеење и за ...

Пишува: ЕВГЕНИЈ ДАЈНОВ / DW.com/bg Превод и обработка: Љубомир Костовски / Глобус На денот на изборите, се препуштив на некои од бугарските таканаречени „мејнстрим“ медиуми, кои инаку ги избегнувам. И до ручек сфатив зошто бугарскиот народ периодично гласа за некој што ќе „го среди тоа“. Година по година, деценија по деценија, голем дел од медиумите создадоа услови ова да биде релативно траен јавен став. Чудо е што потрагата по „спасители“ не ...

Министерот за одбрана на Грција Никос Дендиас ја остави отворена можноста земјата да набави транспортни авиони Ц-390 од Португалија за што разговарал на средбата со неговиот португалски колега Нуно Мело за време на посетата на Лисабон, јави дописничката на МИА од Атина. Дендиас по средбата се осврна на билатералните односи меѓу двете земји кои ги карактеризираше како извонредни. – За време на нашите разговори уште еднаш ги потврдивме овие ...

Бугарскиот парламент треба да ја избере 107-та влада на Бугарија, по што кабинетот на Румен Радев од „Прогресивна Бугарија“ ќе положи заклетва. Новата влада ќе има четири вицепремиери и 18 министри. За надворешни работи е предложена Велислава Петрова-Чамова, а за финансии Галаб Донев. Радев најави стабилност, пониски цени и побрзи исплати од европскиот План за раст. Бугарскиот парламент треба да ја избере 107-та влада на Бугарија, по што ...

Со приближувањето на летната сезона и растот на цените на нафтата на светските пазари, многу возачи кои патуваат кон Грција се обидуваат однапред да откријат каде можат да наточат гориво по најповолна цена. Според податоците за просечни цени на гориво низ Грција, разликите меѓу бензинските пумпи и брендовите се забележливи, па изборот на пумпа може значително да влијае на трошоците за патување. Меѓу најповолните цени за бензин се издвојува ...

Бугарија има нова редовна влада. Парламентот гласаше за составот и структурата на кабинетот „Радев“. „За“ кандидатурата на премиерот и структурата на Министерскиот совет беа 124 пратеници (сите од „Прогресивна Бугарија“), „против“ се изјаснија 70 народни претставници (од ДПС, ПП, ДБ и „Преродба“), а 36 (од ГЕРБ-СДС) беа воздржани. Со два гласа помалку беше изгласан составот на МС. Неколку минути по 11 часот, премиерот, вицепремиерите и ...

Додека кризата на Блискиот Исток го држи глобалниот пазар на енергија во неизвесност, цените на горивата во соседството достигнуваат нови рекорди. Од владини интервенции во Хрватска до драстични најскапо во Црна Гора, проверивме колку ќе ве чини полн резервоар денес во земјите од регионот. Црна Гора Моментално, Црногорците плаќаат најскапо за гориво на Балканот. Eurosuper 98 и 95 чинат 1,65 евра и 1,61 евро за литар. Eurodiesel чини 1,71 ...

Бугарската крипто-компанија Nexo, која пред само неколку години беше исфрлена од американскиот пазар и казнета со десетици милиони долари поради спор со американските регулатори, денес повторно се враќа во САД – овојпат со поддршка и блиски врски со семејството Трамп. Во анализа на EUalive се наведува дека токму контактите со Доналд Трамп Помладиот и променетата политичка клима во Вашингтон ѝ овозможиле на компанијата ново позиционирање на ...

Слетувањето на еден од најголемите транспортни авиони во светот – „Антонов Ан-124 Руслан“, од украинско производство – на меѓународниот аеродром „Адем Јашари“ во близина на косовската престолнина Приштина, предизвика вознемиреност и бројни прашања кај граѓаните на Косово, пишува косовскиот весник „Газета Експрес“. Огромниот авион, долг речиси 70 метри, со распон на крилјата од 73 метри и носивост до 150 тони, бил забележан како слетува на ...

Со месеци се води дијалог за укинување на работните денови и часови, а ќе има поголема мотивација ако го скратиме работното време, а ќе патуваме и ќе живееме многу подобро отколку денес. Тоа нема да се случи. Ќе работиме понапорно, рече претседателот на Србија Александар Вучиќ. – Ќе мора да работиме повеќе, а не помалку. Жал ми е што морам да го кажам ова бидејќи знам колку е непопуларно, но некој мора да им даде до знаење на луѓето. Со ...

Добивај вести на Viber Српскиот премиер, проф. д-р Ѓуро Мацут, изјави дека српската страна е незадоволна од предлогот на MOL во преговорите за купување на Нафтената индустрија на Србија (НИС), дека целосно ги разбира потребите на MOL за постигнување на најдобри можни позиции во својот договор, но дека тоа не може да биде на штета на Србија. „Предлогот поднесен од MOL не е целосно прифатлив за нас. Постојат потреби што треба да се корегираат, ...

Министерот за правда на Србија, Ненад Вујиќ синоќа соопшти дека првата верзија од измените на пакетот судски закони ќе биде испратена денеска до известителите на Венецијанската комисија, по што одредени делови ќе им бидат објаснети за време на онлајн состанок. На втората јавна расправа одржана вчера, за можни решенија за измена на пакетот судски закони во согласност со Уставот, законите и препораките на експертите на Венецијанската комисија, ...

Германската полиција две недели безуспешно го бара Исмет К. (51), бизнисмен од Босна и Херцеговина, кој беше киднапиран од непознати сторители на шумски пат во близина на берлинската населба Вајдманслуст. Оттогаш нема никаква трага од него, поради што полицијата и обвинителството се принудени да побараат помош од јавноста. Како што потврди портпаролот на берлинската обвинителство, државниот обвинител Михаел Пецолд, „на 23 април во 11:15 ...

Полска беше најголемиот купувач на злато во првите два месеци од 2026 година, додавајќи повеќе од 20 тони во своите резерви, според податоците од Светскиот совет за злато. Купувањето е дел од поширок повеќегодишен план на полската централна банка за достигнување на 700 тони, што одразува зголемени безбедносни загрижености на источното крило на НАТО. Други значајни глобални купувачи се Узбекистан и Казахстан, кои постојано ги зголемуваат ...

Грчката одбранбена индустрија прави скок што ги надминува дури и земјите како Иран, а патувањето само што започнува. Кога министерот за национална одбрана Никос Дендиас ја посети 306-та фабрика за телекомуникациска база (306 EBT) во Ахарнес, придружуван од раководството на Генералштабот на грчката национална одбрана и армијата, тоа не беше формална посета. Тоа беше официјална презентација на амбицијата на Грција да изгради домашна одбранбена ...

И за престојната летна сезона, Хрватска не планира привремена суспензија или одложување на примената на новиот систем за влез и излез во земјата (ЕЕС), информираа од тамошното Министерство за внатрешни работи (МВР), пренесуваат регионалните медиуми. Земјата тврди дека е технички подготвена за целосна имплементација на системот за влез и излез во Шенген зоната. Од хрватското МВР велат дека сите патници од трети земји (меѓу кои е и Македонија) ...

Сараево, 7 мај 2026 (МИА) – Централната изборна комисија (ЦИК) на Босна и Херцеговина ги распиша изборите на 4 октомври, на кои гласачите ќе можат да ги изберат хрватските, бошњачките и српските членови на Претседателството на БиХ, претставничките домови на ентитетите и државниот парламент, претседателот и потпретседателите на Република Српска и десетте кантонални собранија во Федерацијата БиХ. Тоа ќе бидат десетти повоени општи избори во ...

Видео снимка од безбедносни камери во месарница во Скопје деновиве се споделува на социјалните мрежи, а на неа се гледа како млада женска личност ја зема кутијата наменета за донации, поставена веднаш до касата. Според снимката, девојката најпрво купува во месарницата, а потоа во момент кога вработените не забележуваат, ја зема кутијата и ја става кај себе. Видеото предизвика бројни реакции и коментари на социјалните мрежи, особено поради ...

Словенците не се најбогати во Европската Унија, но според најновите податоци на словенечкиот Завод за статистика и Евростат се меѓу најзадоволните од животот: жителите над 16 години во Словенија го оцениле својот живот со просечни 7,7 од 10, што ја става земјата веднаш зад Финска и рамо до рамо со Романија. Оваа бројка е важна затоа што ја руши едноставната претпоставка дека среќата во Европа се мери само со богатство. Словенечкиот БДП по ...

Денеска се навршуваат 27 години откако НАТО фрли касетни бомби во Ниш, пишува РТС. Пред 27 години, на 7 мај во 11.20 часот, со касетни бомби беа засипани центарот на Ниш, улицата Шуматовачка, тврдинскиот пазар, автобуската станица, како и дел од нишкиот Клинички центар. Загинаа 16, а потешко беа повредени 18 цивили. Во нападот настрада и жена во седмиот месец од бременоста. Делови од касетните бомби експлодираа покрај зградата на Патологија ...

Атина, 7 мај 2026 (МИА) – Предвремена отплата на долг во висина од 6,9 милијарди евра од првиот меморандум, односно од првиот заем од европските земји на почетокот на економската криза, најави министерот за национална економија и финансии на Грција Кирјакос Пиеракакис во изјава за „Ројтерс“, јави дописничката на МИА од Атина. Според Пиеракакис предвремената отплата на долгот е планирана следниот месец, а со тоа и дополнително ќе се намали ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
2.21
30%
1013
weather icon

Белград

30ᴼ / 30ᴼ
3.85
44%
1010
weather icon

Загреб

31ᴼ / 31ᴼ
0.45
42%
1009
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
2.51
35%
1013
weather icon

Сараево

32ᴼ / 32ᴼ
3.41
33%
1012
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
2.24
56%
1009
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
4.47
47%
1014
weather icon

Тирана

27ᴼ / 27ᴼ
3.74
44%
1015
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
3.22
38%
1015
weather icon

Букурешт

29ᴼ / 27ᴼ
2.68
38%
1011
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 17ᴼ
2.68
78%
1011
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 22ᴼ
1.21
57%
1014
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Калај

53.60

Алуминиум

3.54

Сребро

2186.28

Платина

55170.68

Паладиум

40767.15

Рутениум

48965.59

Цинк

0.00

Бакар

13.01

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Родиум

257205.97

Злато

135639.33