Изградбата на староновиот струмички театар навлегува во 12 година. И покрај настојувањата да се стави во употреба до крајот на 2026, од струмичкиот музеј велат дека театарот нема да биде готов во рокот што лани го предвиде Министерството за култура и туризам. За оваа година имаат дополнителни 196 милиони денари од ресорното министерство и со нив ќе се обидат да продолжат со завршните работи во објектот. Значи тие се предвидени средства за за ...

По повеќе од две децении шпекулации, голема истрага на Ројтерс го откри вистинскиот идентитет на најпознатиот мистериозен уличен уметник во светот. Трагите ги одведоа од воено разорената Украина до апсење во Њујорк пред 26 години… Се чини дека една од најголемите мистерии во уметничкиот свет конечно е решена. Бенкси, уличниот уметник кој стана културен феномен на 21 век и чии дела достигнаа милиони, додека неговиот идентитет остана строго ...

Студентите од Факултетот за музичка уметност од Скопје, утре (16 март) од 20 часот во концертната сала на ФМУ ќе одржат концерт во чест на нивната професорка Сара Пројковска која лани на 16 март загина во пожарот во Кочани. За спомен на професорката Пројковска која пееше придружни вокали на групата „ДНК“ во Кочани, на концертот насловен „За Сара“ ќе настапат студентите по корепетиција и практика. На 26 март во 2025, шеесет бели балони, во ...

Спомен-куќата на Владо Малески во Струга, чиј јужен калкански ѕид и дел од кровот беа урнати лани во октомври, при градежни зафати од инвеститор за изградба на објект на местото на друга куќа лепенка до неа, пет месеци по девастацијата изгледа како да е оставена на доуништување од атмосферските влијанија. Но, од Заводот и музеј- Охрид, велат дека од минатиот месец започнале со мерки за заштита. Според директорот Горан Патчев, куќата е ...

Одлична вест доаѓа за македонската метал сцена. Нашиот метал бенд Conspiracy има можност да се избори за настап на еден од најголемите метал фестивали во светот – Wacken Open Air. Имено, вчера започна гласањето на фановите во рамките на регионалниот натпревар Wacken Metal Battle – Balkan Regions, преку кое еден од пријавените бендови ќе добие директно место на финалната вечер што ќе се одржи на 19 април 2026 година во познатиот клуб Vintage ...

Во форма на повик за трансформација, љубов, слобода, емпатија и повторно раѓање, актерката Енџи Николоска на 8 март во КСП „Центар-Јадро“ со своите соработници го реализираше перформансот „Тело-простор“. Како актерка, новинарка и едукатор, Енџи Николоска е активна на повеќе полиња. Како дел од нејзините иницијативи за личен развој, но и за превенција и потрага по решение за културата на насилство и вознемирување, реализираше перформанс во ...

По една ноќ помината во лабораторија за спиење, вештачката интелигенција може да го процени ризикот од повеќе од 130 болести – од Паркинсонова болест до рак на дојка Вештачката интелигенција може да процени ризик за повеќе од 130 болести – од Паркинсонова болест до срцев удар – врз основа на податоци од само една ноќ помината во лабораторија за спиење. Ова откритие, објавено во престижното списание Nature Medicine, отвора нови можности за ...

Во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје, пред повеќе од 200 гости на 5 март беше промовирано македонското издание на книгата „60 икони на Мајката Божја“ од француската авторка Аријан де Сен-Марк. Делото претставува внимателно селектирана и богато анализирана збирка иконографски претстави на Богородица од VII до XV век. Книгата ги опфаќа најзначајните иконографски типови на Богородица, нивниот теолошки, историски и ...

Скопје, 14 март 2026 (МИА) – Поетесата Марга Велеска својата нова стихозбирка „Судбината без тебе нека е проклета“, во издание на „Ирис принт“-Струга, ќе ја промовира денеска од 18 часот во Галерија „КО-РА“ во Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје. -Оваа збирка е емотивно патување низ сенките на разделбата и светлината на надежта. Поезијата на Марга Велеска допира таму каде што срцето шепоти, а душата памети. Секој стих е исповед, секоја ...

96-та церемонија на доделување на „Оскарите“, најпосакуваната награда за филмскиот свет, ќе се додели вечерва на полноќ. Меѓу фаворитите за најдобар филм се „Грешници“ на Рајан Куглер со рекордни 16 номинации и „Една битка по друга“ на Пол Томас Андерсон – со 13 можности за најпрестижната златна статуетка. И двата наслови комбинираат силна критика за социјалните прашања и содржат извонредна глума. Иако „Една битка по друга“ изгледаше како ...

„Млада сум на 64 години и многу сакам да танцувам“, рече хрватската поп-ѕвезда Дорис Драговиќ вчера (14 март) на заедничкиот концерт со Петар Грашо во салата „Борис Трајковски“ во Скопје. Елегантна, непосредна и весела, сплитската пејачка речиси два часа играше на високи потпетици со истиот жар и непроменет глас како пред 40 години, кога на Евровизија во Норвешка во 1986 ја претставуваше поранешна Југославија со „Желбо моја“ (Жељо моја). „Не ...

Живко Јаневски е роден на 1 август 1940 година во Градско. Тој беше познат македонски новински фоторепортер. Живко Јаневски бил прогласен за мајстор на фотографија на Југославија во 1974 година, а во наредната година во Берн го добил највисокото меѓународно признание за уметничка фотографија ЕФИАП. Со фотографија почнал како член на белградските фото-клубови „Електромашинац” и „Београд” (1957 /1968), а професионално по враќањето во Скопје ...

Скопје, 14 март 2026 (МИА) - Симфонискиот концерт за деца насловен „Магичната флејта на Вулфи“ ќе се одржи денеска со почеток во 12 часот во Македонската филхармонија. Авторка на приказната, која ќе биде и нараторка на концертот е Тина Иванова, додека, како актер ќе настапи Мартин Јордановски. Диригент е маестро Иван Еминовиќ, а оркестарот ќе изведе дел од богатиот опус на Волфганг Амадеус Моцарт. „Магичната флејта на Вулфи“ е детска книга ...

Ева Скендеровска е родена на 15 март 1990 година во Скопје. Таа е наша театарска, филмска и телевизиска актерка. Вработена е во Театар Комедија. Филмографија: 2010 Пилот ТВ-филм 2010-2014 Македонски народни приказни ТВ-серија 2011 Турни ме да Кинисам ТВ-серија 2015 5+ фамилија ТВ-серија 2017 Човекот кој не беше таму ТВ-филм 2017 Ах, љубов моја ТВ-серија 2018 Преспав ТВ-серија 2019 Фамилија Марковски ТВ-серија Среќен роденден Ева, ти посакува ...

Во издание на Здружението за уметност и култура на живеење „Дијалог“ од Скопје, деновиве од печат излезе новата стихозбирка „Пајажина“ од македонскиот поет Раде Силјан, објавена во рамките на едицијата „Современа македонска поезија“. Како што информираат од Здружението, книгата содржи 75 песни, со пролог и епилог, распоредени во осум циклуси: „Секојдневие“, „Облаци“, „Ветерница“, „Ткаеж“, „Бдеење“, „Привилегија“, „Прилежни песни“ и ...

Оскарите отсекогаш биле симбол на гламур, престиж и врв на успех во филмската индустрија. За многу актери, режисери и филмски професионалци, златната статуетка е потврда дека оставиле неизбришлив белег во Холивуд. Сепак, со целиот сјај на црвениот тепих и сјајот на рефлекторите, Академијата за филмски уметности и науки покажа низ годините дека постојат граници што не треба да се преминуваат. Затоа, неколку познати личности останаа без ...

За првпат по повеќе од две децении, Академијата за филмска уметност и наука (АМПАС) ќе доделува Оскар за достигнувања во кастингот, со што првпат ќе им оддаде признание на холивудските директори за кастинг. Категоријата беше одобрена од Управниот одбор на Академијата во 2024 година. Извршниот директор на Академијата, Бил Крејмер, и претседателката Џенет Јанг во заедничка изјава истакнаа дека директорите за кастинг играат клучна улога во ...

КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 324, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (14-15.3.2026), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има: – интервју со Игор Иванов, претседател на ДФРМ: Македонскиот филм отсекогаш бил зависен од политиката, но никогаш не ѝ припаѓал – разговор со Енџи Николоска, актерка, новинарка и едукатор: Зрели општества се оние во кои владее рамноправност – ...

Шест филмови што се натпреваруваат за позлатените статуетки на Оскари на 98-тото доделување на наградите добија поддршка од програмата Креативна Европа – МЕДИА на Европската Унија. Филмот „Сентиментална вредност“, во режија на Јоаким Трир, е номиниран во дури девет категории: за најдобар филм, најдобра режија, најдобра актерка, најдобар спореден актер, две номинации за најдобра споредна актерка, како и за најдобро оригинално сценарио, ...

Националната установа Центар за култура – Битола ја објави својата годишна програма за 2026 година, одобрена од Министерството за култура и туризам со проекти од национален интерес. Од областа на фолклорна дејност поддржани се концерт „Од Македонија во туѓина“ во чест на Васка Илиева, 18. Семинар за традиционална музика и игра и 56. издание на Републичкиот фестивал на песни и игри „Илинденски денови“. Од областа на драмската дејност поддржани ...

Ѓоко Здравески е еден од познатите современи македонски поети и автори, препознатлив по својот специфичен стил и по делата во кои се испреплетуваат личните искуства, урбаната култура и современата општествена реалност. Со своето творештво остави значаен белег во современата македонска книжевност. Тој е автор на повеќе поетски книги и прозни дела, а неговите текстови често се објавуваат во книжевни списанија и антологии. Неговата поезија се ...

Австралиската водителка Мел Шилинг, позната по емисијата „Венчани на прв поглед“, открила дека нејзиниот рак се проширил во мозокот. Таа ја отворила својата душа во објава на Инстаграм. View this post on Instagram A post shared by The CC Mode (@theccmode) „Во декември 2023 година, ми беше дијагностициран рак на дебелото црево откако скенирањето откри тумор со големина на лимон. Тери, како што го нарекував, беше успешно отстранет и првично ми ...

Во киното „Синеплекс“ од 12 март премиерно се прикажува првиот македонски гејмерски филм со наслов „Уште една игра“, кој е реализиран како американско-македонска продукција по сценарио и режија на Ник Јансен, а македонски продуцент е Никола Китановски. Приказната во филмот „Уште една игра“ (One more game) ја следи опсесијата на Мартин, 16-годишник од скопското село Чучер-Сандево, кој има желба да стане ѕвезда како професионален гејмер – ...

Во август 2013 година, во организација на НВО Инфоцентар и Младински образовен форум – МОФ беше организирана кампањата „Слободен си, изрази се“. Една од активностите на кампањата беше „ѕидниот весник“ за јавно изразување на ул. „Македонија“ во центарот на Скопје. Кирил Поп Христов Кили постави повеќе прашања од типот зошто власта сака да заплашува и зошто во земјава нема дебата, туку живее дискфалификацијата и етикетирањето. Зошто некои луѓе ...

Балетската претстава „Оревокршачка“ од Петар Илич Чајковски, под диригентство на Едуард Амбарцумјан (Ерменија), а кореографија и либрето на Саша Евтимова, ќе ја има својата премиера на 28 март во 20 часот на сцената на Националната опера и балет во Скопје. „Оревокршачка“ e балетска фантазија за соништата, спомените и вистините што ги разбираме дури кога ќе пораснеме. Настапуваат: Христина Наќевска Митрашиновиќ (Шеќерна Вила), Франциско ...

На 14 март 2016 година, македонскиот бенд Бернајс Пропаганда го објави еден од најзначајните албуми во поновата музичка историја на Македонија – „Политика“. Албумот, објавен преку Moonlee Records, содржи девет теми, сите отпеани за првпат на македонски јазик. Обвивката на албумот ја изработи Кристина Горовска, која искористи случајно направена фотографија од фанот Љупчо Јовановски, совршено прикажувајќи ја мрачната приказна на македонското ...

Македонската Телевизија ексклузивно ќе го прикажува 98-то доделување на Оскарите, најпрестижните филмски награди во светот, в недела 15 март 2026 г. директно од театарот Долби во Холивуд, Лос Анџелес. Академијата за филмски уметности и науки ќе ги награди најдобрите остварувања во 2025 година. Рекордни 16 номинации има „Грешници“ во режија на Рајан Куглер, 13 номинации освои „Една битка по друга“ на Пол Томас Андерсон, по 9 имаат ...

Мате Грујовски е роден на 18 март 1932 година во Лазарополе, а со народната уметност се задоил уште од најраната младост. По дипломирањето на Уметничката академија во Белград, во 1964 година се вработил во Музичката продукција на тогашното Радио Скопје, најпрвин како музички соработник, за подоцна да биде именуван за уредник и музички продуцент за народна музика, позиција на која беше сè до пензионирањето во 1996 година. Грујовски бил еден од ...

Изложба со дела од Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“ ќе биде отворена од 16 до 25 март во „Gallery Mc“ во Њујорк. Изложбата, како што информира Ефимија Угриновска Кукоска од Meѓународна ликовна Колонија „Вевчански Видувања“, е насловена „Патување низ бои: Духот на Балканот во Њујорк“ и преку современ визуелен израз ја претставува инспирацијата од традицијата, културата и уникатниот дух на Вевчани. – Изложбата обединува дела ...

„Три Марии“ од Оливера Ќорвезироска – „Роман на годината“ за 2025 година Објавена во: 13 Март, 2026 22:12 Романот „Три Марии“ од Оливера Ќорвезироска, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина - публикации“ е добитник на наградата „Роман на годината“ за 2025 година, што ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Ќорвезироска е повеќекратен добитник на значајни награди за ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
76%
1017
weather icon

Белград

9ᴼ / 7ᴼ
3.09
59%
1019
weather icon

Загреб

9ᴼ / 5ᴼ
1.03
54%
1022
weather icon

Софија

6ᴼ / 6ᴼ
1.03
76%
1016
weather icon

Сараево

9ᴼ / 9ᴼ
2.52
86%
1017
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 4ᴼ
1.03
74%
1023
weather icon

Атина

17ᴼ / 13ᴼ
4.92
77%
1012
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
4.12
62%
1014
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
3.09
62%
1017
weather icon

Букурешт

10ᴼ / 8ᴼ
2.57
65%
1017
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 11ᴼ
4.63
40%
1019
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.63
79%
1016
Currency

61.645

Currency

52.6183

Currency

71.0956

Currency

37.6837

Currency

38.5248

Currency

67.1488

Currency

7.70987

Currency

0.70065

Currency

0.32997

Currency

0.52528

Currency

1.1713

Currency

0.56113

Иридиум

253540.09

Родиум

326330.08

Сребро

2508.22

Алуминиум

3.62

Злато

153002.26

Платина

66584.20

Цинк

0.00

Бакар

12.18

Кобалт

45.39

Паладиум

50026.56

Рутениум

53788.20

Калај

51.07