Денеска наутро по локално време, тој слета во источниот град Калкута, а неговиот зафатен распоред вклучува посети на Делхи, Џајпур и Агра, како и средба со индискиот премиер Нарендра Моди, каде што енергијата веројатно ќе биде главна тема, пишува Би-Би-Си. Снабдувањето со енергија преку Ормутскиот теснец, клучен морски пат кој стана жариште на конфликт откако Израел и САД го нападнаа Иран во февруари 2026 година, е речиси целосно прекинато. ...

Фиорентина и Аталанта одиграа нерешено 1:1 во Фиренца во натпреварот од последното коло на италијанската Серија А. Аталанта така остана непоразена за прв пат во последните четири гостувања на „Артемио Франки“. Во поголемиот дел од првото полувреме, гостите беа поопасни, а српскиот репрезентативец Лазар Самарџиќ и Муса имаа шанси, но голманот Кристенсен успешно интервенираше. Фиорентина поведе во 39-тата минута, кога Роберто Пиколи шутираше, а ...

Израелската војска соопшти дека целите биле членови на милитантната група Хезболах и нивната инфраструктура и дека презела чекори за ублажување на потенцијалната штета врз цивилите, објави Ал Џезира. Либанското Министерство за здравство објави видео за кое вели дека е снимено во градот Деир Канун Ен-Нар. Видеото прикажува двајца мажи во жолти елеци како му помагаат на трето лице покрај патот. Кога пристигнува амбулантно возило, има блесок ...

На играчите на Црвена Звезда им беше врачен шампионскиот пехар за сезоната 2025/26, ова беше направено пред натпреварот од последното коло на Српската Супер лига со ОФК Белград, вечерва на “Маракана“. Прославата на титулата е пред никогаш помалку луѓе за натпревари од ваков карактер во тековната шампионска серија на Црвена Звезда, а за да не биде доделена пред тотално мал број луѓе на трибините, почетокот на церемонијата и натпреварот беа ...

Државната новинска агенција Ксинхуа соопшти дека несреќата се случила во рудникот Лиушенју во покраината Шанкси, во сопственост на групацијата Тонгџоу. „Новинарите на местото на експлозијата на гас во рудникот за јаглен Лиушенју дознаа дека 82 лица загинале во несреќата“, објави Ксинхуа. Експлозијата се случила во петок во 19:29 часот по локално време, односно во 11:29 часот по средноевропско време. Во времето на несреќата, 247 рудари ...

Според медиумските извештаи, затворските службеници се обидувале да вметнат интравенска линија повеќе од еден час откако го донеле Карутерс во затворот со максимална безбедност во Нешвил, пред да се откажат и да го вратат во неговата ќелија. Локалните власти соопштија дека примарната интравенска линија била успешно вметната, но дека „резервната вена“ што ја бара протоколот за смртоносна инјекција не успеала, објави Ројтерс. Републиканскиот ...

И официјално австрискиот дефанзивец Давид Алаба ќе го напушти Реал Мадрид на крајот од тековната сезона. По пет години, 131 натпревар и 11 освоени трофеи, клубот и играчот ја прекинуваат соработката, објави Реал. Алаба и Реал Мадрид ќе тргнат по свои различни патишта. Клубот издаде посебно соопштение во кое му изрази благодарност на Алаба за неговата посветеност и професионализам низ годините. Привлечен како слободен агент, Австриецот брзо ...

Покраината Алберта ќе одржи референдум на 19 октомври за тоа дали да остане во Канада или да продолжи процесот кон уште едно обврзувачко гласање за отцепување, што се смета за прв сериозен тест за единството на земјата по децении, објави премиерката на Алберта, Даниел Смит. „Дали Алберта треба да остане покраина на Канада или владата на Алберта ќе го иницира правниот процес предвиден во Уставот на Канада за одржување обврзувачки покраински ...

Американскиот државен секретар и министер за надворешни работи, Марко Рубио, изјави дека мировните преговори за завршување на војната во Украина во моментов не се во тек, иако Вашингтон останува подготвен да помогне во олеснивањето на разговорите доколку се променат условите. Зборувајќи со новинарите на маргините на самитот на министрите за надворешни работи на НАТО во Шведска, Рубио рече дека САД се директно вклучени во дипломатските напори ...

Поради инцидентот со солзавецот концертот на Рики Мартин за момент морало да биде прекинат. На социјалните мрежи беше објавено видео од граѓани како бегаат од плоштадот откако е фрлен солзавец. - Луѓето плачеа и бегаа од настапот на Рики Мартин. Фрлен е солзавец. Многумина мислеа дека е бомба. Настапот дури сега продолжи - изјави изворот за Telegraf.rs. Рики Мартин набрзо се врати на сцената и со насмевка им рече на публиката: - Ништо нема да ...

Жозе Мурињо е пред промоција на “Бернабеу“ а вистинска бомба доаѓа од Мадрид. Реал Мадрид тргна по своето прво засилување, а тоа треба да биде аргентинскиот играч за врска Енцо Фернандез. Бројни имиња се поврзуваат со Реал. Сепак, засега, најблиску до доаѓање во Мадрид е Аргентинецот од Челзи. „Реал Мадрид го бара играчот за врска на Челзи, Енцо Фернандез. Постои голема веројатност натпреварот против Сандерленд овој викенд да биде неговиот ...

Но, сето ова станува малку чудно кога туѓите животи се следат преку објави на реални тинејџери на социјалните мрежи. Сезоната на матурски прослави повторно ги отвори расправиите на Интернет кои често ги преминуваат границите на добриот вкус. Матурските прослави станаа онлајн спектакл Купувањето фустани, спремањето и фотографирањето со придружба кај многумина буди носталгија. Тоа е прилика да се сетиме на сопствената матура, да се пожалиме на ...

Откако во изминатото коло тимот на Јувентус загуби од Фиорентина со 0:2, нештата во Торино се ислучително проблематични. Местото на тимот во Лигата на Шампионите е под голем знак прашалник, и виновници секако дека ќе има. Душан Влаховиќ и Мануел Локатели се казнети со по 40.000 евра од страна на клубот, затоа што на мечот со Фиорентина имале вербална расправија на терен која воопшто не изгледала убаво. Напротив, само ја потврдува лошата ...

Во своето вечерно обраќање, Зеленски додаде дека очекува предлози од Соединетите Американски Држави за нови формати на дипломатија, нагласувајќи дека ситуацијата на фронтот е поволна за Украина, објави Ројтерс. Тој, исто така, истакна дека украинските трупи ослободиле 590 квадратни километри територија во 2026 година. Државниот секретар на САД, Марко Рубио, претходно изјави дека преговорите со учество на Вашингтон за завршување на војната во ...

Неговата потврда на сослушувањето во Сенатот дојде само неколку дена откако претседателот Доналд Трамп се покажа неодлучен во врска со продажбата по средбите со кинескиот лидер Си Џинпинг, објави Би-Би-Си. Потврда од врвот на морнарицата Кабинетот на тајванскиот претседател денеска им соопшти на новинарите дека не добиле никакви информации за „прилагодувањата на продажбата на оружје од страна на САД“. Продажбата на американско оружје на ...

Габард го информирала Трамп за својата намера да се повлече за време на состанокот во Овалната соба во петокот. Нејзината оставка ќе стапи на сила на 30 јуни. Неименуван извор запознаен со ова прашање за „Ројтерс“ изјавил дека Белата куќа ја принудила Габард да поднесе оставка. „Заминувам поради болест на сопругот“ Во писмото за оставка, кое „Фокс њуз диџитал“ доби ексклузивен увид, Габард навела дека ја напушта функцијата од семејни причини. ...

Пеп Гвардиола ќе добие статуа пред стадионот „Етихад“, додека северната трибина на Манчестер Сити ќе биде преименувана во негова чест, објави англискиот клуб. Гвардиола потврди дека ќе го напушти Манчестер Сити на крајот од сезоната по десет години во кои освои 20 трофеи. Клубот изјави дека статуата на легендарниот тренер ќе биде поставена на влезот на новоименуваната „трибина на Пеп Гвардиола“. Северната трибина на стадионот „Етихад“, која ...

Би било грешка да се потцени ризикот што го претставува епидемијата на ебола, изјави денес за Ројтерс регионалниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) за Африка, предупредувајќи дека само еден случај на инфекција би можел да го прошири вирусот надвор од Демократска Република Конго и Уганда. „Би било голема грешка ако го потцениме, особено со сојот на вирусот бундибугио, за кој немаме вакцина“, рече Мохамед Јакуб Џанаби во ...

Министерството за одбрана на САД денес објави втора серија претходно класифицирани досиеја за наводни видувања на неидентификувани летачки објекти, вклучувајќи извештаи од луѓе кои виделе необјаснети летачки објекти во облик на зелен диск или огнена топка, објави Си-Би-Ес. По наредба на претседателот Трамп, првата серија беше објавена на 8 мај. Тој е последниот претседател на САД кој објави владини извештаи за неидентификувани летачки ...

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД ќе испратат дополнителни 5.000 војници во Полска, само една недела откако Пентагон го откажа планираното распоредување на 4.000 војници во таа земја. Трамп вчера напиша на својата социјална мрежа Truth Social дека одлуката се темели на добрите односи на САД со полскиот претседател Карол Навроцки, кого го поддржа на минатогодишните претседателски избори. Позитивни реакции од Варшава и НАТО ...

Провладините протести, кои започнаа рано утрово на брегот на Хавана, доаѓаат во време кога кубанските власти му ја даваат својата поддршка на поранешниот претседател и револуционерен херој. Куба тврди дека обвинението за убиство против Раул Кастро во среда е засновано на „лажни“ обвиненија, осмислени како изговор за инвазија на нацијата во услови на напорите на администрацијата на Трамп да ја собори владата на островот. Сегашниот кубански ...

Огромна бура во јавноста на Островот предизвика конечниот список на селекторот на Англија, Томас Тухел, на играчи кои ќе ги поведе на Мундијалот во САД, Мексико и Канада следното лето. На него нема огромни звезди како Тренд Александер Арнолд, Хери Мехваер, Фил Фоден…. Наместо нив според Тухел повикани се играчи кои според него ќе создадат хомогена средина односно тим кој ќе биде подготвен за највисок дострел. „Уште од првиот момент бевме ...

По една деценија на клупата на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола потврди дека заминува. Легендарниот менаџер откри дека му е потребна пауза и дека добил посебна порака од Сер Алекс Фергусон по неговата емотивна одлука. На прашањето што му носи иднината, Гвардиола беше емпатичен: „Сега – пауза. Немам планови да тренирам некое време. Инаку ќе останев тука. Морам да направам чекор назад.“ Гвардиола откри дека им ја кажал својата одлука на своите ...

Иранската Револуционерна гарда објави дека десетици бродови минуваат низ теснецот со нивна дозвола, додека висок функционер на Обединетите Арапски Емирати предупреди на сериозните последици од можната иранска контрола врз овој клучен воден пат, јавуваат светските агенции. Смртоносен напад во јужен Либан Шест лица, меѓу кои двајца болничари и едно девојче, беа потврдени како мртви во израелски напад во јужнолибанскиот град Деир Канун ал-Нар, ...

Легендарниот шпански репрезентативец и интернационалец, Андрес Иниеста ја започнува неговата тренерска кариера. Според последните информации, Иниеста започнува од Блискиот исток, односно од тимот на Гулф Јунајтед од Дубаи во Обединетите Арапски Емирати. Интересно е да се напомене дека Иниеста токму во ОАЕ ја заврши неговата богата играчка кариера, откако по легендарниот престој во Барселона, кратко беше дел и од тимот на Осака во Јапонија. ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио им порача на сојузниците од НАТО дека алијансата ќе мора да одговори на загриженоста на претседателот Доналд Трамп. Во врска со реакциите на европските партнери кон операциите на САД и Израел на Блискиот исток.. Рубио пораката ја даде на состанокот на министри за надворешни работи на НАТО во Шведска, каде што посочи дека жешката тема ќе биде ставена на маса на јулскиот самит во Анкара.. Како една од ...

Ако сме инвалиди, и ние сме живи луѓе! Со оваа порака, со трепет, но и горделивост во гласот новинарот, писател и театарски критичар Борче Грозданов пред камерата на Канал 5 започна да ни раскажува за, како што вели неправдата со која се соочуваат луѓето како него и како неговата мајка, оние кои не можат самостојно да се движат или да се грижат за себе и неопходни им се асистенти и негуватели. Тој има асистент, но вели, наместо 80 часа ...

Еден од најголемите фудбалери на сите времиња, бразилецот Пеле, доби 9.5 метарска статуа пред стадионот во мексиканскиот град Гвадалахара. Пеле токму во Мексико во 1970 година го осви својот последен Мундијал со репрезентацијата на Бразил. Мексико може да се пофали дека до сега два пати бил домаќин на Мундијалоте, токму во споменатата 1970 односно 1986 година. Па така, Бразил и Пеле, токму на овој стадион во таа седумдеста година од минатиот ...

Републиканците во четврток се мачеа да најдат гласови за да го отфрлат законот што би го принудил претседателот Доналд Трамп да се повлече од војната со Иран, одложувајќи го планираното гласање за ова прашање до јуни. Гласањето беше закажано за доцна во четврток попладне, непосредно пред пратениците да го напуштат Вашингтон за паузата за Денот на сеќавањето, но бидејќи стана јасно дека републиканците нема да имаат доволно гласови за да го ...

Маурицио Сари е многу блиску до назначување за нов тренер на Аталанта, додека Винченцо Италијано би можел да го преземе кормилото на Наполи. Според новинарот Николо Скира, преговорите меѓу Сари и клубот од Бергамо се во завршна фаза. Се очекува 67-годишниот Италијанец, кој моментално работи во Лацио, да потпише договор до летото 2029 година, со плата од 3,5 милиони евра годишно. Наполи, од кој заминува Антонио Конте, е заинтересиран да го ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
2.13
71%
1020
weather icon

Белград

17ᴼ / 14ᴼ
3.13
74%
1017
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
0.95
85%
1016
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
1.15
77%
1019
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
3.26
76%
1017
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 14ᴼ
1.14
82%
1017
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
1.79
56%
1016
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.86
68%
1018
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
3.42
62%
1019
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
0.45
77%
1015
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 17ᴼ
1.79
75%
1014
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 15ᴼ
1.66
100%
1016
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Цинк

0.00

Платина

55170.68

Калај

53.60

Злато

135639.33

Рутениум

48965.59

Иридиум

253540.09

Бакар

13.01

Алуминиум

3.54

Родиум

257205.97

Кобалт

45.39

Сребро

2186.28

Паладиум

40767.15