Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Регулаторна комисија за енергетика донесе одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати во просек се зголемуваат за 0,46 проценти во однос на претходната одлука од 18 мај. Според одлуката, од ноќеска на полноќ, бензините и екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за 0,50 денари по литар, додека цената на дизелот останува непроменета. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на Екстра лесното ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека збогатениот ураниум на Иран ќе биде испратен во САД за уништување или уништен на друго место, додека продолжуваат разговорите за рамковен договор за завршување на војната со Иран. Збогатениот ураниум или ќе биде „веднаш“ предаден на САД и уништен таму, или ќе биде уништен на лице место или на друга прифатлива локација во координација со Техеран, напиша Трамп на својата платформа Truth Social. ...
Неколку лица загинаа во тешка несреќа во Бугенхаут, Белгија, откако воз и училишен минибус се судрија на железнички премин, објавија локалните медиуми. Според белгиската телевизија VRT, во чилишниот автобус се превезувале седум деца, придружник и возачот. Несреќата се случила на патен премин во градот Бугенхаут. Според федералниот министер за мобилност Жан-Лук Крук, во несреќата загинале четири лица. „Станува збор за две деца, возачот на ...
Цените на нафтата скокнаа на почетокот на азиските берзи во вторникот, откако американската војска започна напади врз цели во јужен Иран, повторно разгорувајќи ги стравувањата од воена акција само еден ден откако цените драматично паднаа поради ветувањата за мировен договор. Утрово фјучерсите за Брент се искачија на 98,39 долари за барел, што е зголемување од 2,34% на сесијата откако паднаа за 7% во понеделник, а исто така се искачија и ...
Македонскиот премиер Христијан Мицкоски, денеска во Охрид го пречека неговиот хрватски колега Андреј Пленковиќ, кој престојува во официјална посета на Македонија. Мицкоски изрази задоволство од средбата, и кажа дека таа е потврда на добрите односи и пријателството помеѓу Македонија и Хрватска. „Денес имав чест и задоволство да го пречекам претседателот на Владата на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ. Оваа средба претставува потврда за ...
Осум лица, меѓу кои и еден малолетник, се приведени по физички напад што се случил во Прилеп, а според пријавата инцидентот започнал на пат кон крушевското село Саждево и продолжил во просториите на Итната медицинска помош. Од СВР Битола информираат дека на 25 мај во 22:15 часот, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Џ,У. (31), Џ.У. (52), Е.У. (35), А.У. (58), Е.У. (36) и 17-годишен малолетник, сите од село Пресил, ...
Во стилот на европските музички промоции! Згодната поп-пејачка Марија Спасовска, неодамна, во присуство на медиумите, соработници, колеги, новинари и многу гости го промовираше својот деби албум „Седатив“ на настан што се одржа во стилот на европските музички промоции, а кој предизвика интерес. Пред присутните беа претставени четири песни од албумот, при што носечката нумера „Седатив“ беше воедно промовирана со официјален видеоспот. ...
Близок извор до таборот на италијанскиот калчо гигант Милан откри дека неколку европски гиганти дале негативен одговор на понудата да потпишат договор до португалскиот интернационалец Рафел Леао. Истиот извор додава дека крилниот напаѓач бил понуден на Манчестер Јунајтед, Барселона и на Арсенал, но сите три клуба испратиле јасна порака дека не се заинтересирани. ИЗДВОЕНИ Пеколен крај на мај во Европа: И Балканот влегува во многу жежок период ...
Денеска беа срушени повеќе од 300 температурни рекорди за мај во Франција, а највисоката температура е забележана во Коп-Осегор, каде што беа измерени 36,9 степени Целзиусови, што е изедначување на рекордот од 1996 година, објави BFM TV. Меѓу најзначајните случаи е Роморантин во департманот Лоара-е-Шер, каде што беа измерени 33,8 степени, што е највисоката мајска температура во последните 105 години мерења. Кап де ла Гот забележа рекорд од ...
Двајцата италијански хуманитарни работници кои слетаа на аеродромот Малпенса по враќањето од Уганда и завршија во болницата Сако во Милано поради висока температура и други симптоми, се негативни на вирусот ебола, објави доцна синоќа италијанското Министерство за здравство, пренесе Malpensa24.it. Како што објави Министерството, пациентите биле подложени на специјалистичка клиничка проценка како мерка на претпазливост, како дел од следењето на ...
Според EA Sports, компанијата зад популарната фудбалска видео игра FIFA, титулата светски шампион во Северна Америка ќе ја освои – Португалија! Ова предвидување веднаш предизвика огромна возбуда кај навивачите бидејќи EA Sports има импресивна серија предвидени шампиони. Нивните симулации претходно правилно ги предвидоа титулите на Шпанија во 2010 година, Германија во 2014 година, Франција во 2018 година, како и Аргентина на последното Светско ...
Старо-новиот шампион на Шпанија, тимот на Барселона доби сериозна конкуренција во големиот ривал Атлетико (М) кога е во прашање потписот на португалскиот интернационалец од редовите на Манчестер Сити, Бернардо Силва. Искусниот играч за врска за неколку недели ќе има статус на слободен фудбалер, а од новиот клуб очекува да му понуди 3-годишен договор и плата од околу 8 мил. евра. ИЗДВОЕНИ „Ако морате да трчате 42 километри некаде на овој свет, ...
Безвременската оперска класика „Травијата“ од Џузепе Верди, ремек-дело кое плени со својата страст, драматургија и незаборавна музика, ќе биде изведена на сцената на Националната опера и балет на 27 мај со почеток во 20.00 часот, во рамките на 54. издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“. Инспирирана од романот „Дамата со камелии“, оваа опера раскажува длабоко човечка приказна за љубовта, жртвата и судирот со општествените норми. ...
Американски и израелски авиони нападнаа ирански бродови јужно од иранскиот остров Ларак во Ормутскиот теснец, при што загинаа „неколку ирански граѓани“, соопшти во понеделник полуофицијалната иранска новинска агенција Фарс, објави Анадолу. Иако агенцијата не го потврди точниот број на жртви, некои медиуми објавија дека четири лица се убиени во нападите. Војската на Соединетите Американски Држави објави дека извршила напади во јужен Иран, ...
Почина поранешниот министер, амбасадор и новинар Мартин Треневски, соопшти неговото семејство. Треневски беше роден во 1949 во Скопје и во текот на својата богата професионална кариера остави значаен белег во новинарството, државните институции, дипломатијата и врските со македонското иселеништво. Треневски дипломирал на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, на групата англиски јазик и литература. ...
Европа е погодена од еден од најраните и најинтензивните топлотни бранови во последните децении, а метеоролозите предупредуваат дека крајот на мај би можел да донесе температури што нормално се очекуваат во средината на јули. Моќна „топлотна купола“ се формира над западните и централните делови на континентот, огромен атмосферски блок што го заробува топлиот воздух над Европа и ги зголемува температурите до 16 степени над просекот за ова ...
Финскиот претседател Александер Стуб би можел да ја претставува Европа во мировните преговори за Украина доколку биде побарано од него, изјави тој за финскиот радиодифузер Yle на 24 мај, како што објави Kyiv Independent. „Ако ве прашаат дали сакате да ја претставувате Европа, тоа е веројатно нешто на кое не можете негативно да одговорите“, рече Стуб во интервјуто. Во последните денови, се зголемуваат шпекулациите дека Европа би можела да ...
Понеделникот донесе голема паника во цела Аргентина, а главната причина е секако кој друг ако не големиот Лионел Меси. Имено, Меси беше дел од натпреварот против Филаделфија, но најголемата ѕвезда во дресот на Интер Мајами мораше поради повреда да го напушти зелениот терен во 73-тата минута. Прво, Меси се фати за задниот дел од левата нога, а потоа побара да биде заменет и отиде директно во соблекувалната. Нешто порано, околу 70-тата минута, ...
Унгарскиот премиер Петер Маѓар беше снимен на аеродромот „Лист Ференц“ во Будимпешта за време на викендот, чекајќи ја својата партнерка Илона Сабо со букет цвеќе, а видеото брзо стана вирално на социјалните мрежи. Снимката, која е направена во неделата во зоната за пристигнувања на аеродромот во Будимпешта, е снимена од патник и објавена на TikTok. На неа се гледа како премиерот трпеливо стои со цвеќе во рацете, додека граѓаните му приоѓаат ...
Словачка ја поддржува интеграцијата на Западен Балкан во Европската Унија, но се спротивставува на забрзаниот пристап на Украина, изјави вчера словачкиот претседател Петер Пелегрини, оценувајќи дека балканските земји кои постигнале понатамошен напредок во реформите треба да имаат предност пред Киев. Пелегрини, како што пренесува Спутник, изјави дека на Украина не треба да ѝ се дава предност во процесот на европска интеграција во однос на ...
Германската влада подготвува сеопфатен план за зајакнување на цивилната заштита и одбрана, со кој сака подобро да ја подготви земјата за можни кризи и напади. По години занемарување во оваа област, сојузниот министер за внатрешни работи Александар Добриндт најави низа конкретни мерки што треба да ја зголемат отпорноста на земјата. „Ги засилуваме напорите во цивилната заштита и одбраната“, изјави Добриндт за германскиот Билд, потсетувајќи дека ...
САД размислуваат за две централни прашања во преговорите со Иран – механизам за одмрзнување на иранските средства и обемот на прекин на огнот во Либан, објави Ал Џезира, повикувајќи се на неименуван ирански извор. Според изворот, иако нацрт-договорот вклучува рамка за прекин на огнот во Либан, Израел наводно врши притисок врз Вашингтон да вклучи клаузула што му дозволува на Израел да продолжи да спроведува воени операции во Либан, под изговор ...
Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, денеска изјави дека брзото ширење на епидемијата на ебола во ДР Конго и Уганда ги надминува напорите за одговор и оти претпоставените смртни случаи достигнале 220 лица. – Итно ги забрзуваме операциите, но во моментов епидемијата нè престигнува – рече Гебрејесус и додаде дека земјите кои граничат со ДР Конго, каде што е жариштето на заразата, мора ...
Европа сака да ја намали својата зависност од американските гиганти за плаќање Visa и Mastercard, но новиот систем предизвика поделби меѓу Европската централна банка (ЕЦБ) и финансиските фирми кои сакаат да ги заштитат своите приходи, велат неколку извори запознаени со ова прашање. Бумот на безготовинските плаќања по пандемијата ја зголеми зависноста на еврозоната од американските компании кои обработуваат речиси две третини од плаќањата со ...
Цените на нафтата нагло паднаа поради надежите за договор што би можел да ја заврши војната меѓу САД и Израел со Иран. Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека преговарачите имаат „прилично солиден предлог на маса“ и дека договор за завршување на конфликтот може да се постигне уште денес. Цените на нафтата на светските пазари до крајот на вчерашниот ден се намалија за речиси шест проценти, при што меѓународниот референтен бренд ...
Германската владејачка коалиција подготвува големи промени на пазарот на трудот, а главниот дел од реформата се однесува на новиот закон за работно време. Планот предизвикува силни реакции од синдикатите и работничките организации, кои предупредуваат на можно намалување на работничките права и дополнителен товар врз вработените, додека претставниците на работодавачите тврдат дека нема причина за паника. Според плановите на владејачката ...
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, денес во телефонски разговор со американскиот државен секретар Марко Рубио објави дека Москва ќе започне со напади врз „центрите за донесување одлуки“ во Киев. Лавров ги повика САД да „обезбедат евакуација на својот дипломатски персонал“, се вели во соопштението на руското Министерство за надворешни работи, според „Киев Индепендент“. Телефонскиот повик дојде откако руското Министерство за ...
Псилиумот не е обично влакно, туку вистинско решение за здравјето на цревата и моќна четка за цревата. Помага при варењето, и тоа не малку, туку целосно го менува целиот процес. Во контакт со вода, се шири многу пати и отекува како сунѓер, па овозможува длабока детоксикација на цревата каква што никогаш порано не сте ја доживеале. Затоа со право се нарекува најмоќната природна „четка“ за цревата. Делува така што создава густа, мека маса во ...
На прв поглед, овие оброци брзо се претвораат во „шеќерна бомба“ без влакна и протеини и ги нарушуваат хормоните. Во позрела возраст, особено по 40-тата година, жените се соочуваат со суптилни, но важни промени во нивните тела кои не треба да се игнорираат. Хормоналниот дисбаланс, побавниот метаболизам и поголемиот ризик од воспалителни состојби стануваат поизразени, а еден од клучните начини да останете здрави во овој период е – појадокот. ...
За три хороскопски знаци наредните години означуваат време на голема трансформација. Понекогаш, додека чувствувате дека доаѓа нешто големо, иако сè изгледа мирно, тоа е сигнал дека сте на прагот на пресвртни години на моменти кога вашата судбина се менува. Ова се однесува на Бикот, Лавот и Скорпијата. Бик Бик, ова е момент кога повеќе не можете да ја игнорирате стагнацијата. Ако сте биле заглавени во незадоволителна работа или врска со ...