Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
СДСМ индиректно призна дека златната виза на Венко Филипче е автентична. Им требаа девет дена да смислат каков таков одговор за скандалот со Емиратите и да смислат нова закана до Алфа ТВ, бараат да се каже дали документите се оригинал или не, иако во секој случај ќе поднеле кривична пријава против Алфа ТВ. Доколку документите не беа вистински, зошто би ја правеле целата драма, нека тужат веднаш за објавување наводен фалсификат. Но, бидејќи ...
Висок ирански функционер изјави дека Иран нема да им дозволи на САД повторно да го отворат Ормутскиот теснец со „нереален план“, а потоа да излезат од војната без да платат надомест „за целата штета нанесена на Иран“, објави иранската државна телевизија Прес ТВ. Мохсен Резаи, долгогодишен советник на покојниот врховен лидер Али Хамнеи, зборуваше за предлогот на САД од 14 точки што Вашингтон му го достави на Иран преку посредници. САД се ...
Денес, канцеларијата на француското обвинителство започна истрага против сопственикот на платформата X, Илон Маск, поради можни злоупотреби и ширење на детска порнографија преку таа мрежа. Како што пренесува „Фигаро“, обвинителството има намера да утврди дали Илон Маск бил соучесник во ширењето детска порнографија. Маск претходно не се одзва на поканата на францускиот суд за неформален разговор. „Истрагата покажа дека постојат причини за ...
Иранската влада основаше агенција за проверка и оданочување на бродовите кои сакаат да поминат низ Ормускиот Теснец, соопшти денеска американската фирма за податоци во превозот „Лојдс Лист Интелиџенс“ (Lloyd’s List Intelligence). Агенцијата, наречена Управа за Персискиот Заливски Теснец, се позиционира како единствен важечки орган кој може да даде дозвола на бродовите што поминуваат низ теснецот, соопшти „Лојдс“ на онлајн брифинг. Обидот на ...
Научниците тестираат прототип на мал нуклеарен реактор монтиран на возило, способен да обезбеди долгорочна енергетска стабилност за центри за вештачка интелигенција и специфични индустриски потреби. Во Кина започна тестирањето на прототип на мал нуклеарен реактор што може да се транспортира со камион, што претставува значаен чекор напред во развојот на мобилни енергетски единици. Ву Јикан, главен научен советник во Институтот за технологија ...
Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски денеска остварил средба со градоначалникот на Есенлер Мехмед Тевфик Ѓоксу, на која меѓудругото разговарале неодамна потпишаниот Протокол за соработка, кој се однесува на имплементација на проектот за декоративно и архитектонско осветлување на Камениот мост. - Денес остварив пријателска и конструктивна средба со градоначалникот на Есенлер од Република Турција, Мехмед Тевфик Ѓоксу. На средбата уште ...
Јасно е дека топ – тема во светот на фудбалот денеска е ПСЖ и успехот на овој тим, кој втора сезона во низа ќе игра во финалето во ЛШ со шанса да го освои вториот трофеј. Претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи е горд и јасно е дека не штедеше пофалби за Луис Енрике по новиот пласман на Парижаните во финалето на Лигата на шампионите. Првиот човек на францускиот гигант, го означи шпанскиот стратег како најдобар тренер во светот и призна дека ...
Враќањето на четири жени и девет деца од кампот Ал Рој во североисточна Сирија веднаш предизвика силна реакција на јавноста, додека австралиските власти истовремено покренаа кривични постапки против неколку од повратниците. Три жени се уапсени веднаш по слетувањето во Мелбурн и Сиднеј, а Австралиската федерална полиција (АФП) ги обвини за сериозни кривични дела поврзани со тероризам и злосторства против човештвото. Според АБЦ, групата ...
Литијата е сведоштво дека му припаѓаме на Христа и дека со радост ја носиме и ја покажуваме нашата вера. Оваа возобновена традиција нека зема се поголем замав, а светиот Великомаченик Георгиј нека ве закрилува, нека се моли за вас и нека ве укрепува во секое добро дело, порача архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во проповедта по вечерната литургија на традиционалната Струшка литија со моштите на „Свети Георгиј Победоносец“ и ...
Манчестер Сити ја доби првата битка за титулата со Арсенал во Англија. Тимот на Манчестер стана шампион во женска конкуренција откако Арсенал одигра нерешено 1-1 со Брајтон. Сити победи на 17 од своите 21 лигашки натпревари во првата сезона под водство на Андре Јеглерц, кој беше назначен за постојан наследник на Гарет Тејлор во летото 2025 година. Со ова „небесно – сините“ ја прекинаа серијата на Челзи од шест последователни лигашки титули. ...
Главниот украински преговарач Рустем Умеров денеска ќе се сретне во Мајами со специјалниот претставник на САД, Стив Виткоф, и зетот на Трамп, Џаред Кушнер, за да се обидат да ги оживеат напорите за завршување на војната во Украина, кои беа заобиколени поради конфликтот во Иран. Веста за состаноците ја потврди и украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина денес ќе одржи ...
Доверлива анализа на американското разузнавање, која штотуку стигна на бирото на Белата куќа, фрли сенка врз оптимизмот на Доналд Трамп за крајот на војната. Според „Вашингтон пост“, ЦИА заклучила дека Иран може да ја преживее поморската блокада на САД најмалку уште три до четири месеци пред да биде погоден од вистински економски колапс. Оваа проценка на разузнавачката заедница, чии тајни извештаи за Иран редовно се многу поразбирливи, но и ...
Ученик во седмо одделение на друштвената мрежа Тик-Ток обајвил листа со име и презиме на свои соученици и се заканил дека ќе ги ликвидира. Во објавата е наведен и точниот датум. Директорот на основното училиште Стив Наумов од Битола во разговор за 4news.mk вели дека е одржан родителски состанок и дека известени се МВР и Центарот за социјални работи. Потврдува дека инцидентот се случил надвор од училишните клупи. „Во рамките на нашите ...
Стјуардесата е во изолација со благи симптоми и моментално се тестира за вирусот, објави NL Times. Починатата патничка починала во болница во Јоханесбург на 26 април, еден ден откако накратко се качила на летот на KLM од каде подоцна била отстранета поради болест. Авионот потоа полетал од Јоханесбург за Амстердам на 25 април, а стјуардесата била член на екипажот на тој лет. Холандската здравствена служба GGD ги контактира патниците на летот ...
Неопходна е поопсежна анализа на законите поради несовпаѓањето на висината на казните со тежината на последиците во случаите со смртен исход, истакна денеска јавната обвинителка Адела Бојчевиќ, по изрекувањето на првата неправосилна пресуда за Стојанче Јовановски во траење од 12 години затвор за три кривични дела поврзани со континуирано семејно насилство кое резултираше со трагична смрт на неговата сопруга и нивната малолетна ќерка, ...
Министерот за јавна администрација Горан Минчев денес се обрати на состанокот на Секторската работна група за реформи во јавната администрација, нагласувајќи ја клучната улога на реформите во унапредувањето на институционалната ефикасност и напредокот на европската интеграција на државата. Тој посочи дека позитивниот фидбек од Европска комисија претставува значајно признание за досегашните напори и дополнителен поттик за засилување на ...
Во Македонија постои двонационална ралност, албанска и македонска реалност и затоа ние бараме бараме институциите да функционираат на два јазика, вели Зијадин Села во интервју за локалниот медиум на албански јазик Полог њуз. – Албанците не можат да бидат третирани како малцинство, тие се автохтон народ, кој учествува со повеќе од една третина во вкупното население. Албанците имаат капацитети да водат војна, или да ја дестабилизираат ...
Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, отишол во болница со капитенот Федерико Валверде по тепачката со Орелиен Чуамени. Претходно беше објавено дека играчите се степале за време на тренингот на тимот, по што Уругваецот бил испратен во болница. Соиграчите се карале уште од вчерашната сесија. Клубот одржа итен состанок веднаш по тепачката. Според „Ас“, сè започнало кога Валверде одбил да се ракува со Чуамени во соблекувалната. Овој гест ...
Неговиот татко претходно потврди дека Азам е ранет, но смртта подоцна ја потврдија извори од болницата Ал-Шифа и функционерот на Хамас, Басим Наим, пишува Ал Џезира. Четвртиот син на лидерот на Хамас убиен Азам е четврто од седумте деца на Калил ал-Хаја кои беа убиени во израелските напади. Сам ал-Хаја, висок функционер на Хамас во егзил, преживеа повеќе обиди за атентат. Dozens of mourners take part in the funeral procession of Azzam Khalil ...
Реториката што ја користат СДСМ и Венко Филипче не е повик за правда, туку обид да се избрише колективното паметење на граѓаните и да се наметне една нова, удобна „вистина“. Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, како одговорна државотворна сила, нема да дозволи вистината да биде извитоперена, а правдата злоупотребена за дневнополитички цели. Сведоци сме на уште еден обид за груба политичка манипулација од страна на СДСМ. СДСМ денес зборува за ...
Актерката имаше само 21 година во филмот, што ја направи позната низ целиот свет, кога ја доби главната улога на Роуз покрај Леонардо Дикаприо. Во интервју за „Лос Анџелес Тајмс“, таа подоцна призна дека снимањето не е само убаво сеќавање. „Имаше моменти кога искрено се плашев од него“, рече таа за режисерот Џејмс Камерон. Снимањето на филмот беше исклучително напорно бидејќи многу сцени беа снимани во вистинска вода, а работните денови ...
Во изјава за француската телевизиска станица RTL, Баро отфрли каква било можност за ублажување на санкциите во сегашните околности, пишува Ал Џезира. „Ние самите воведовме значителни санкции врз Иран. Сепак, секоја можност за укинување на какви било санкции е исклучена сè додека Ормутскиот теснец е блокиран“, рече Баро и ја нагласи стратешката важност на теснецот. „Не смее да биде блокиран, не смее да се наплаќа за премин, ниту пак смее да ...
Првиот човек на Ц.Звезда, Звездан Терзиќ и тоа како внимава што говори, што изјавува. Сепак понекогаш знае да каже нешто што за многумина е насфатливо, а за некои е и смешно. Па така е и најновата негова изјава кога прави паралели меѓу Кристијано Роналдо и фудбалерот на неговиот клуб, Немања Радоњиќ кој е суспендиран токму од него и кој летово ќе си оди од “Маракана“, Ова за некои е и изјава на деценијата, дадена за српски “Курир“: „Срцето ...
Акцијата имаше за цел сузбивање на нелегалната онлајн продажба на лекови, пишува Euronews. Меѓу запленетите стоки беа лекови за еректилна дисфункција, седативи, аналгетици, антибиотици и помагала за откажување од пушење. Генералниот секретар на Интерпол, Валдеси Уркиза, рече дека лажните лекови „не се само измама“, туку претставуваат и закана по животот. „Криминалците ги искористуваат пропустите преку онлајн продавниците и неофицијалните ...
Конвојот на Рубио пристигна во Ватикан кратко по 11 часот наутро. Тоа беше првата средба меѓу првиот американски папа и функционер во администрацијата на Доналд Трамп. Се очекува средбата зад затворени врати меѓу Лав и американскиот државен секретар, кој е и советник за национална безбедност на Трамп, да трае околу половина час. Потоа Рубио ќе се сретне со својот колега од Ватикан, италијанскиот кардинал Пјетро Паролин. Критики кон Трамп ...
Тедрос Гебрејесус им изјави на новинарите дека се пријавени осум случаи на вирусот, од кои пет се потврдени, а три се сомнителни. Андскиот сој на хантавирус - кој ја предизвикува епидемијата - најверојатно се пренесува помеѓу членовите на домаќинството, интимните партнери и здравствените работници, рече тој. Ниеден од преостанатите патници или членови на екипажот што моментално се наоѓаат на бродот MV Hondius не покажува симптоми. Сепак, ...
Брановите паника почнаа да се шират во средата, 6 мај, по објавувањето на информациите за ситуацијата на крузерот MV Hondius, каде што се потврдени повеќе случаи на инфекција со хантавирус од сојот Andes. Покрај самата сериозност на болеста, која дотогаш погоди осум патници ‒ од кои тројца починаа ‒ дополнителна загриженост предизвика и комплицираното и хаотично движење на овој експедициски брод со околу 150 патници, што им го отежна на ...
ПСЖ и дефинитивно, на дело, покажа дека е најдобриот тим во Европа. Лани во финалето во ЛШ го декласира Интер со 5:0, а на 31 мај во Будимпешта тимот на Луис Енрике има шанса против Арсенал да дојде до својата втора титула во низа. Сите се сложуваат дека за ова заслуга имаат играчите, ама најголема заслуга има тренерот Луис Енрике. Тој е без сомнение најдобриот тренер во светот. Она што Шпанецот го прави со ПСЖ е навистина неверојатно и тој ...
Едно саботно утро во Хелсинки, Ласи Куркијарви и неговата четиригодишна ќерка влегле во лифт во близина на пазарот Хаканиеми. По спуштање од речиси 18 метри низ гранитната „подлога“ на градот, девојчето потрчало низ тунелот кон огромното игралиште Леикилуола и исчезнало во лавиринтот со шумски мотиви. Четириесет и петгодишниот татко на четири деца вели дека и самиот го сака подземното игралиште, додавајќи дека тоа е идеално за дружење на ...
Во центарот на Линц, пред еден ресторан, се случило двојно убиство и последователно самоубиство, јавуваат австриските медиуми. Според наводите, сторителот најверојатно е таткото и сопругот на жртвите. Како што пренесува весникот „Kronen Zeitung“, постар маж (90) пред ресторанот „Лифтнер“ во Линц наводно ги застрелал својата сопруга и ќерка, по што извршил самоубиство. Полицијата соопшти дека не постои понатамошна опасност за населението. ...