Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска изјави дека укинувањето на балансерот било неопходно поради коруптивните ризици што ги создавал посочувајќи истовремено дека прашањата за нерезидентното државјанство, односите со Бугарија и енергетските политики се комплексни и мора да се решаваат преку уставни принципи, јавна дебата и почитување на човековите и еколошките стандарди. Во изјава за медиуми по отворањето на „Генералка викенд“, ...
Конвенцијата, усвоена од Комитетот на министри на Советот на Европа во мај 2024 година, претставува прв обврзувачки меѓународен инструмент кој воспоставува принципи и стандарди за безбедна, етичка и одговорна употреба на вештачката интелигенција. Со нејзиното потпишување, нашата држава се приклучува кон меѓународните напори за воспоставување јасни правила и стандарди за развој и употреба на вештачката интелигенција, во согласност со ...
Тензиите во Реал Мадрид ескалираа откако стана јасно дека неколку играчи во тимот го навредувале главниот тренер Алваро Арбелоа, објавува OK Diario. Според информациите, играчите му го дале прекарот на 43-годишниот шпански специјалист „Конус“, сталки кои се ставаат за забрана на проаѓање. Откако Арбелоа дознал за ова, тој престанал да им дозволува на дотичните играчи да играат на натпревари. Овие настани се случуваат во услови на општа ...
Скандалозното однесување на богатата наследничка на светската музичка ѕвезда Бијонсе, го привлече вниманието на сите. Мет Гала 2026 се одржа, традиционално, првиот понеделник во мај, а темата оваа година беше „Модата е уметност“, што им даде на многу уметници практично одврзани раце да си играат со своите изданија. Сепак, покрај бројните јавни и многу влијателни личности, на црвениот тепих се појави и ќерката на музичката дива Бијонсе и ...
Институтот за јавно здравје ја следи состојбата поврзана со пријавениот мултинационален кластер на случаи на инфекција со хантавирус поврзан со патување на крузерот MV Hondius во регионот на јужниот Атлантски Океан. Според информациите објавени од Светската здравствена организација (WHO), Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC) и националните здравствени власти на засегнатите земји, досега се регистрирани 8 потврдени ...
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави дека денеска ја започнуваат најмасовната еко-акција на Балканот, „Генералка Викенд“, која годинава ќе мобилизира десетици илјади волонтери од 80 општини, повеќе од 600 организации, јавни институции, приватни компании и над 250 државни институции. На настанот присуствуваат претседателката на Република Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, сопругата на премиерот Рози Мицкоска, ...
Швајцарските гласачи се длабоко поделени околу референдумскиот предлог со кој бројот на жители во земјата би се ограничил на најмногу 10 милиони, покажуваат најновите анкети објавени во петокот. Иницијативата, предводена од десничарската Швајцарска народна партија (СВП), предвидува строга контрола на демографскиот раст до 2050 година и раскинување на договорот со Европската Унија за слободно движење на луѓе. Истражувањето на агенцијата „ГфС ...
Бугарија има нова редовна влада. Парламентот гласаше за составот и структурата на кабинетот „Радев“. „За“ кандидатурата на премиерот и структурата на Министерскиот совет беа 124 пратеници (сите од „Прогресивна Бугарија“), „против“ се изјаснија 70 народни претставници (од ДПС, ПП, ДБ и „Преродба“), а 36 (од ГЕРБ-СДС) беа воздржани. Со два гласа помалку беше изгласан составот на МС. Неколку минути по 11 часот, премиерот, вицепремиерите и ...
По долго боледување, на 53-годишна возраст почина новинарката на МИА Ирена Радовановиќ, една од препознатливите фигури во македонското новинарство, особено во областа на внатрешната политика. Новинарската кариера ја започна во неделникот „Фокус“ во 1991 година каде работела до 2001 година, по што продолжува во „Вечер“ како новинар во внатрешно-политичката рубрика. Во 2024 станува дел од редакцијата на „Нова Македонија“, а од 2006 и 2007 на ...
Зборот „Победа“ доминира на плоштадот на џиновските црвени транспаренти и екрани, известува Розенберг, но реалноста на терен сугерира нешто сосема друго. Додека војниците вежбаат за маршот на 9 мај, парадата е драстично намалена оваа година. Розенберг истакнува дека за прв пат по речиси две децении, на Црвениот плоштад нема да има тешка воена опрема - нема тенкови, нема балистички ракети, само воени единици. За него, ова е јасен доказ дека ...
Стејт департментот соопшти дека мерката може да влијае на родителите кои должат повеќе од 2.500 долари за издршка на деца, со фокус на оние со значителни неплатени долгови. Министерството вели дека користи разумни алатки за поддршка на американските семејства и зајакнување на почитувањето на американскиот закон, и дека станува збор за исполнување на законските и моралните обврски на родителите кон нивните деца. На граѓаните со вакви долгови ...
Легендарната велшка пејачка e итно оперирана во Португалија, откако кон крајот на минатиот месец била пренесена во болница поради перфорација на цревата. На Бони Тајлер вчера ѝ се влошила здравствената состојба, по што e ставена во индуцирана кома. Таа е префрлена на одделот за интензивна нега и приклучена на респиратор. Пејачката била подложена на операција на цревата, по што настанале компликации. Локалните медиуми вчера објавија дека ...
Американскиот Центар за контрола и превенција на болести (CDC) ги активираше своите центри за итни операции, класифицирајќи ја актуелната состојба со хантавирусот како „ниво 3“. Како што пренесуваат американските медиуми, ова претставува најнизок степен на активација во вонредни ситуации, што е вообичаена процедура во оваа фаза. Надлежните служби смируваат дека ваквата класификација укажува на фактот дека ризикот за пошироката јавност и ...
Тимот на тренерот Микел Артета е во трка за двојната круна на крајот од сезоната – титулата шампион на Англија и Лигата на шампионите. Доколку успеат да ги освојат двата трофеи, играчите на Арсенал ќе добијат милиони во бонуси. Откако го елиминираа Атлетико Мадрид, „топџиите“ стигнаа до финалето на Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен, кое ќе се игра на 30 мај во Будимпешта, а се исто така блиску до освојување на Премиер лигата, нивна ...
СДС и Филипче продолжуваат со политики спротивни на македонските национални интереси. СДС и Венко Филипче повторно покажуваат дека за нив најважно е враќањето на власт, дури и по цена на нови отстапки на штета на македонскиот народ и државните интереси, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. Во текстот се додава: „Лицемерието на СДС и Венко Филипче нема крај, додека зборуваат за европскиот пат на државата ги кочат и не ги поддржуваат ...
Федералниот суд во САД ги прогласи за нелегални царините од 10 отсто на претседателот Доналд Трамп за сите стоки, што е втор голем удар врз неговите клучни економски политики оваа година, пишува Си-ен-ен. Судии на Американскиот суд за меѓународна трговија вчера со гласови од два наспрема еден пресудиле дека администрацијата на Трамп нема законско оправдување за воведување на царините. Во пресудата се наведува дека администрацијата се ...
Владејачката Лабуристичка партија на британскиот премиер Кир Стармер се соочи со сериозни загуби на почетокот на локалните избори во Англија, додека најголем раст забележа антиимиграциската партија „Реформа“, предводена од Најџел Фараж, пренесува Ројтерс. Првичните резултати покажуваат дека лабуристите ја губат поддршката во своите традиционални упоришта во централна и северна Англија, како и во одредени делови на Лондон. Спротивно на нивниот ...
Грчката влада започнува голема уставна реформа со која се предлагаат измени на околу 30 членови од Уставот, а во центарот на вниманието се вештачката интелигенција (АИ), судството, даночниот систем и државната администрација. Пратениците од владејачката Нова демократија веќе ги добиле предлозите, а премиерот Кирјакос Мицотакис нагласува дека целта е државата институционално да се прилагоди на современите технолошки и општествени предизвици. ...
Врховната команда на иранската војска ги обвини САД за напад врз ирански танкер и уште едно пловило близу Ормускиот Теснец, како и за воздушни напади врз неколку крајбрежни области. Во исто време, САД кажаа дека во самоодбрана одговориле на ирански напад врз американски разурнувачи. „Иран се поигруваше со нас, но ги разнесовме“, кажа Трамп. Тој вчера најави дека договор со Иран е блиску, додека иранското министерство за надворешни работи ...
Реал Мадрид ќе преземе сериозни санкции по незапаметениот инцидент на своите фудбалери Федерико Валверде и Орелиен Чуамени. Според информациите од Шпанија, Реал Мадрид ќе покрене дисциплинска постапка против играчите и има намера да изрече максимална можна казна. Според клупските прописи, „сериозно недолично однесување“ може да резултира со суспензија и одземање на плата за период од 3 до 10 натпревари, додека „многу сериозно недолично ...
Шафранот е познат како еден од најскапите зачини во светот, препознатлив е по својата интензивна црвена боја и препознатливиот, малку сладок и земјен вкус. Се добива од цветот Crocus sativus, при што деликатните нишки (стигми) се берат рачно и се сушат - процес што ја објаснува неговата висока цена. Иако се користи со векови во готвењето, медицината, па дури и како природна боја, денес сè повеќе привлекува внимание поради неговите ...
Висок американски функционер потврди дека имало американски воен напад врз иранските пристаништа Кешм и Бандар Абас, но додаде дека ова не е продолжение на војната или крај на прекинот на огнот, пренесе Индекс. Американците извршија напади врз иранските пристаништа, експлозии и над Техеран Американските функционери изјавија дека Саудиска Арабија и Кувајт, кои нагло ја прекинаа дозволата на САД да ги користат нивните бази и воздушен простор ...
Денеска воениот суд ги осуди Веи Фенгхе и Ли Шангфу на смрт со двегодишно одложување, пишува Би-Би-Си. Оваа пресуда значи дека по две години нивната смртна казна ќе биде променети во доживотен затвор, без можност за намалување на казната или предвремено ослободување, објавува Синхуа. Двајцата беа прогласени за виновни за примање мито, а целиот нивен личен имот беше конфискуван. Објавата следи по неодамнешното отпуштање на неколку високи ...
Откако се спуштиле речиси 18 метри низ гранитната „база“ на градот, девојчето истрчало низ тунел до огромното игралиште Леикилуола и исчезнало во лавиринт со шумска тематика. 45-годишниот татко на четири деца вели дека и самиот го обожава подземното игралиште, додавајќи дека е идеално за најмалите да се дружат и да им дадат чувство на авантура. Не е само детско игралиште Сепак, вистинската намена на овој подземен простор е многу посериозна. ...
Директорите на компаниите и аналитичарите не очекуваат значајни случувања на средбата меѓу Трамп и Си Џинпинг, иако се можни мали успеси, како што е продолжувањето на трговското примирје договорено во октомври минатата година. Посетата, која ќе се одржи на 14 и 15 мај, е првата посета на американски лидер на Кина по речиси десет години, пишува Ројтерс. Соја, говедско месо и Боинг Пред изборите за Конгресот во ноември, Трамп сигурно ќе бара ...
Европа вечерва и официјално ги доби финалните двојки во уште две европски натпреварувања, покрај она во Лигата на шампионите. Во второто по ранг европско натпреварување, Астон Вила го прегази Нотингем Форест во реванш дуелот од англиската пресметка со високи 4:0 и по минималниот пораз на првиот натпревар, момците на Унаи Емери на 20 мај патуваат за Истанбул, каде ќе се сретнат со Фрајбург во битката за европскиот трофеј. Оли Воткинс го ...
Овој угостителски објект се наоѓа во близина на ледникот Рона и некогаш бил една од омилените дестинации на богатите и славните, кои доаѓале да уживаат во природната убавина на Алпите. Сепак, хотелот Белведере, кој бил на врвот на својата слава пред неколку децении, денес стои празен. Причината за неговото затворање се, пред сè, климатските промени, кои го промениле изгледот на околината и главната атракција на хотелот. Имено, ледникот Рона, ...
Иако ги намали очекувањата на ловците на НЛО, тој сè уште се надева дека постои живот надвор од Земјата. Изјава што ја започна лавината Приказната започна во февруари, кога Обама, во подкастот „Без лаги“, кога беше прашан дали вонземјаните се вистински, наместо очекуваниот дипломатски одговор, лежерно рече: „Па, тие се вистински, но јас не сум ги видел“. Тој дополнително ја заинтригира јавноста тврдејќи дека тие не се кријат во познатата ...
Врсничко насилство имало и во Штип, каде девојче јадело ќотек од другарките. Адвокатката Маја Ристова на својот Фејсбук профил објави видео снимка на која се гледа насилство врз дете. Таа посочи дека станува збор за врсничко насилство во Штип. „Ова е врсничко насилство во Штип од пред неколку месеци. За кривичното дело ‘Насилство врз дете’ обвинителот предложи воспитна мерка ‘Засилен надзор од страна на ЦСР’, судот процени дека мерката е ...
Дали би јаделе вариво што се готви една година? Не мислиме на супа од конзерва, туку на чинија вариво од тенџере што непрекинато крчка веќе 365 дена. Токму тоа го прави креаторот на содржини „Zaq Makes“, кој го подготвува своето „вечно вариво“ повеќе од една година и со тоа започна вирален тренд, но и го отвори клучното прашање за безбедноста на ваквото јадење. Иако станува збор за кулинарска традиција стара со векови, многумина ги загрижува ...