Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Вкупнато количество на превезена стока во товарниот патен превоз во четвртиот кварат од 2025 година е за 66, 7 проценти зголемена во споредба со истиот период 2024 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Државната статистика забележува и зголемување на карго превозот преку авиосообраќајот и тоа за 23, 7 проценти во четвриот квартал од 2025 година во споредба со истиот период 2024 година. Единствено се забележува ...
Директорот на македонската Развојна банка, Кире Наумов, е разрешен од функцијата, објави банката на Македонска берза. На негово место за вршител на должноста е назначена Ефимија Димовска, која во јануари годинава беше именувана за член на Надзорниот одбор. Според соопштението објавено на Берзата, Наумов е разрешен од страна на Надзорниот одбор на Развојна банка на 23.02.2026 година, една година пред истекот на неговиот мандат. Ефимија ...
Бројот на невработени лица во четвртото тримесечје од 2025 година е намален за 3,6% споредено со истиот период од 2024 година и сега изнесува 91.388 лица, објави Државниот завод за статистика. Според овие податоци, бројот на невработени во последниот квартал лани споредено со третиот квартал е намален за 0,4%. Од вкупниот број на невработените лица, невработени мажи се 57,9 %, а жени 42,1 %. Бројот на вработени лица во последниот квартал ...
Веста за доаѓањето на еден од најпознатите светски актери предизвика големо внимание во грчките медиуми и на социјалните мрежи. По пристигнувањето во Грција, Бред Пит го привлече вниманието на јавноста и медиумите како и секогаш со својот стајлинг. Во текот на својата кариера, мегапопуларниот актер постојано покажуваше подготвеност да експериментира со модата, и иако неговиот приватен живот со години е во центарот на вниманието на јавноста, ...
На листата се наоѓаат следните музички уметници и групи: Мараја Кери, Фил Колинс, Били Ајдол, Мелиса Етериџ, „Блек кроус“, Џеф Бакли, Лорен Хил, „Инксес“, „Ајрон мејден“, „Џој дивижн / Њу ордер“, „Њу едишн“, „Оејзис“, Пинк, Шаде, „Ву-танг клан“, Шакира и Лутер Вандрос. Бројот номинирани е поголем од минатата година, кога имаше 14, што значи дека овој пат конкуренцијата е дополнително проширена. Годинешниот избор е пристрасен кон уметниците ...
Американскиот федерален судија Ричард Леон го одби барањето на група за зачувување на културното наследство за привремено запирање на изградбата на сала за бал вреден 400 милиони долари, откако администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го урна источното крило на Белата куќа. Судијата Леон оцени дека Националниот фонд за зачувување на културното наследство веројатно нема да успее во тужбата, истакнувајќи дека групата го ...
Портпаролот на синдикатот „Верди“ за ДПА изјави дека штрајковите кај најголемиот германски локален транспортен оператор, Berliner Verkehrsbetriebe (BVG), почнале во 3 часот наутро. Синдикатот повика на прекини на работата во речиси сите германски сојузни држави. Во многу градови, услугите што ги вршат општинските транспортни претпријатија треба да бидат прекинати во поголемиот дел од денот. Предвидено е штрајковите да почнат во раните часови ...
И покрај опаѓањето на пушењето тутун, младите Европјани се поттикнати сè повеќе да користат електронски цигари и нови ароматизирани производи со никотин, предупреди Одделот на Светската здравствена организација (СЗО) за Европскиот регион, пренесе Јуроњуз. Според новиот извештај, 53 земји во Европа и Централна Азија до 2030 година ќе останат дел од светот со најголема потрошувачка на тутун. - Употребата на тутун веќе предизвикува повеќе од ...
- Првата транша од околу 1,5 милијарди долари ќе пристигне во Украина во блиска иднина. Средствата ќе ги искористиме за финансирање на буџетскиот дефицит и поддршка на макрофинансиската стабилност – рече Свириденко, пренесува Укринформ. Според неа, програмата поддржана од ММФ е дел од пошироката фискална рамка осмислена да го покрие проектираниот дефицит на државниот буџет од 136,5 милијарди долари во текот на четири години и вклучува ...
Автобиографското дело беше издадено на 17 февруари и за само една седмица се продаде во над 60.000 примероци, објавија тамошните медиуми. Книгата, објавена од издавачката куќа „Фламарион“, се најде на првото место на листите за најпродавани книги во земјата. Делото е напишано од Пелико и новинарката Жудит Перињон. Нејзиниот почетен тираж беше 150.000 примероци, од коишто 63.574 се продадени во првата седмица. Автобиографијата беше ...
Две децении барем позади нас покажуваат дека се остварува сонот на феудалниот општествен систем: некој од страна да управува со потчинетото мнозинство - со мислите, навиките и потребите на луѓето. Да им наметнува свои стандарди и систем на вредноисти со само една цел: да станат зависни следбеници и активни купувачи на нивните корпорации оддалечувајќи ги од другите луѓе, од семејството, од нацијата од оптеството воопшто. Да немаат свој став и ...
Хили задолжи службеници да пребаруваат во евиденцијата на Министерството за одбрана и да ѝ ги предадат на полицијата сите дневници за летови поврзани со починатиот финансиер и педофил. Ова доаѓа откако поранешниот премиер Гордон Браун им пиша на шест полициски сили барајќи истрага за тоа дали поранешниот британски принц Ендру Маунтбатен-Виндзор користел авиони, финансирани од даночните обврзници, и бази на Кралските воздухопловни сили за ...
Во интервју за „Вашингтон Пост“, Венс рече дека претседателот на САД, Доналд Трамп, ги разгледува опциите – од воени напади за да се спречи Иран да дојде до нуклеарно оружје, до дипломатско решение, но дека САД нема да влезат во повеќегодишен конфликт. - Идејата дека со години ќе бидеме во блискоисточна војна без крај на повидок – нема шанси тоа да се случи – рече Венс. Тој себеси се опиша како „скептик кон странските воени интервенции“, ...
- Денеска повеќепати разговарав со (секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина) Рустем Умеров, (членот на преговарачкиот тим на Украина) Давид Арахамија и претставниците на претседателот на САД, Стив Виткоф и Џаред Кушнер, по нивните денешни состаноци – рече синоќа Зеленски. Тој истакна дека сега постои поголема подготвеност за следниот трилатерален формат. - Најверојатно следниот состанок ќе биде во Емиратите, во ...
Бродот застана во американската поморска база за снабдување, објави „Тајмс оф Израел“. Американската морнарица ги негираше медиумските извештаи за наводна криза во водните системи на бродот. Официјални претставници наведуваат дека системите работат во рамките на очекуваните параметри, и покрај повремените блокади кои брзо ги надмина обучен персонал. „На брод со оваа големина, со повеќе од 4.000 членови на екипажот, повремено се случуваат ...
Централата е под руска контрола од почетокот на војната. Моментално таа не произведува електрична енергија и се потпира на надворешни извори на енергија за да го одржува своето нуклеарно гориво ладно и да спречи сериозен инцидент. Локален режим на прекин на огнот стапи во сила утрово во 7 часот по московско време во областа на нуклеарната централа Запорожје во Украина, изјави генералниот директор на корпорацијата Росатом, Алексеј Лихачев. ...
Во објавата се наведува дека е можно без претходна најава Амбасадата на САД да воведе нови ограничувања за движење на американските претставници во состав на мисијата и нивните семејства, а мерките ќе важат за посети на некои области на Израел, Стариот град Ерусалим и Западниот Брег. На сите граѓани на САД им се советува да го напуштат Израел додека сè уште има летови. Во објавата се наведува дека е можно без претходна најава Амбасадата ...
Пакистан нападна неколку авганистански локации во текот на ноќта, вклучувајќи ги и големите градови Кабул и Кандахар, во она што пакистанскиот министер за внатрешни работи Мохсин Накви го нарече соодветен одговор на авганистанскиот напад претходниот ден. - Нашето трпение е исцрпено. Сега е отворена војна меѓу нас и вас, рече пакистанскиот министер за одбрана Хаваџа Асиф, додавајќи дека нивните војници ги имаат сите потребни капацитети да ги ...
Поранешниот грчки министер Јанис Варуфакис, самопрогласен „недоследен марксист“, ќе биде суден по обвинение за поттикнување злоупотреба на дрога. Акцијата на обвинителот следеше откако Варуфакис јавно призна дека конзумирал таблета екстази пред речиси четири децении, објави неговата партија. Професорот по економија, кој ги разбесни своите колеги од еврозоната со упорното отфрлање на условите од пакетот за помош во замена за реформите што се ...
Првиот товарен воз помина низ новата железница Белград-Будимпешта, а оваа делница беше официјално отворена за сообраќај. Прв се движеше товарен воз од MAV Railtours, предводен од локомотива Siemens Vectron, кој пристигна како дел од програмата за реновирање на локомотивите на железничката компанија. Како што беше најавено, ќе бидат потребни два часа и 40 минути за да се стигне од српската престолнина до унгарската престолнина. Патувањето со ...
Родители чии деца учат во основното училиште „Киро Глигоров“ во општина Центар, изминатиов период живеат во страв и неизвесност. Дел од нив ја контактираа редакцијата на КУРИР да пријават низа на случувања кои довеле до состојбата да чувствуваат дека децата не им се безбедни на училиште. Последниот случај ја “прели“ чашата на трпението кое го имаа по низа други случувања. Дете од четврто одделение извадило нож од училишниот ранец, во ...
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, на денешната прес-конференција упати серија обвинувања кон СДСМ, тврдејќи дека владее „молк и паника“ во редовите на партијата во врска со случајот во кој се споменува името на поранешниот вицепремиер Артан Груби. Петрушевски истакна дека, според него, изостануваат пратенички прашања од страна на СДСМ упатени до членовите на Владата поврзани со наводите за Груби. Тој оцени дека јавноста има право ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) најостро реагира на изјавата на Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, дека локалната самоуправа нема никаква законска надлежност да постапува во справувањето со проблемот со говедата кои лутаат низ градот и нанесуваат штета и на земјоделските поседи и во околните села. „Го потсетуваме Митовски дека неодговорно е кон сопствените граѓани и жители на паленечките села тој да се иззема ...
Македонија се обврза да му исплати 11.295 евра отштета на затвореникот Фитим Муслиу кој ја тужеше државата пред Европскиот суд за човекови права жалејќи се дека бил тепан од полицаец во затворот „Идризово“. Судот во Стразбур пресече во корист на Муслиу, информираа Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и Хелсиншкиот комитет за човекови права. Се работи за настан од 3 август 2020 година пред затворската кантина во „Идризово“. Муслиу ...
По сесијата зад затворени врати пред Надзорниот одбор на Претставничкиот дом на САД, Хилари Клинтон изјави дека „одговорила на секое нивно прашање колку што можела поцелосно врз основа на она што го знаела“. Поранешната државна секретарка рече дека таа веќе го споделила она што го знаела во нејзината писмена воведна изјава, пренесе ДПА. - Не знам колку пати морав да кажам: Не го познавав Џефри Епстин – им рече таа на новинарите во Чапаква, ...
Денеска во 12 часот во Нион ќе се одржи ждрепката за осминафиналето во Лигата на Шампионите. Оние осум екипи кои директно се пласираа во оваа фаза како носители ќе ги дочекаат оние осум екипи кои преку плеј – офот се најдоа 1/8 финалето. И веднаш да кажеме дека е можен мега – двомеч меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити, додека европскиот првак, ПСЖ ќе се падне со Барселона или Челзи, со оглед на тоа дека “костурот“ е веќе направен. Ова се ...
. Иако многумина во некој период од животот доживуваат тензија во овој однос, за некои „проблемите со таткото“ стануваат пречка за поврзување со другите лица, но и со себеси. Понекогаш овие модели несвесно се користат како изговор за избегнување одговорност и соочување со раните. Дополнителен проблем е што луѓето често не се свесни за нив. Сепак, постојат знаци што укажуваат дека некој ги трпи последиците од таквиот однос, пишува YourTango. ...
Сонот и кариерата пред страста Според анкета спроведена од EduBirdie на 2.000 испитаници, дури 67% од припадниците на Генерацијата Z, би избрале мирен сон наместо секс, објавува New York Post. Но, тоа не е сè. Анкетата, исто така, покажала дека 64% од младите луѓе даваат приоритет на одржувањето стабилна работа, 59% од испитаниците биле фокусирани на личниот успех, половина од нив се залагале за здрави пријателства, додека 46% попрво би ...
Пакистан синоќа го бомбардираше авганистанскиот главен град Кабул и две други провинции, неколку часа откако Авганистанците го извршија прекуграничниот напад. Ова е најновата ескалација на насилството меѓу соседите кои минатата година потпишаа прекин на огнот со посредство на Катар. Авганистанските сили синоќа ги нападнаа пакистанските гранични трупи во она што талибанската влада го опиша како одмазда за претходните смртоносни воздушни ...
Дневникот на Американецот Роберт Луис, еден од пилотите на бомбардерот „Енола Геј“ што ја фрли атомската бомба врз јапонскиот град Хирошима, е понуден на продажба во Калифорнија за 950.000 долари, пишува „Вашингтон пост“ (WP). Ракописот, со димензии приближно 25 на 20 сантиметри, на корицата го носи натписот „Имот на Роберт А. Луис... Бомбардирање на Хирошима, 6 август 1945 година“, а го содржи и познатиот натпис „Боже мој, што направивме?“, ...