Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Основниот суд во Штип денеска изрече доживотна казна затвор за Стојанче Зарков, кој беше прогласен за виновен за убиството на својата 84-годишна мајка Марија, извршено во август минатата година. Судечкиот совет ги прифати доказите презентирани од обвинителството, според кои обвинетиот, во алкохолизирана состојба, го извршил убиството. Како клучни докази беа посочени вештачењето на ножот, како и ДНК анализата на трагите од крв и отисоците, ...
Општина Илинден потпиша меморандум за соработка со Здружението за обезбедување на третман, застапување и унапредување на правата на лицата со попреченост „МЕГАЛОГОМЕД ГЛАС – Скопје“. Со потпишувањето на овој меморандум ќе се овозможи воспоставување нова социјална услуга во заедницата, која ќе опфати индивидуални логопедски и дефектолошки третмани за деца со развојни потешкотии и деца со попреченост. Оваа услуга ќе биде насочена кон рано ...
Обвинителите за воени злосторства во судот во Хаг денеска изјавија дека поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи, ги контролирал етничките албански герилци и дека тој треба да биде осуден за воени злосторства и да добие 45 години затвор. Тачи и тројца други поранешни команданти на Ослободителната војска на Косово (ОВК) се обвинети за прогон, убиства, тортура и присилни исчезнувања за време и кратко по востанието од 1998-1999 година, кое ...
Општина Кисела Вода, преку Јавното комунално претпријатие „Кисела Вода 2022-Скопје“, започнува со самостојно и континуирано собирање на пријавен кабаст отпад на целата територија на општината. До сега, според општината, оваа услуга се реализираше неколку пати годишно, во соработка со службите на Град Скопје, но од сега услугата ќе биде достапна континуирано, секогаш кога граѓаните ќе имаат потреба. „Пријавувањето за подигнување на кабаст ...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.М.(43) од Охрид и против правен субјект со седиште во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на правата од работен однос”. Пријавениот С.М. во својство на сопственик и управител во правниот субјект, свесно не се придржувал кон одредбите од Законот за засновање на работен однос и во правното лице, уредно не го пријавил и не извршил работничко осигурување на сега ...
Прес-конференција на Валентин Манасиевски, ВМРО-ДПМНЕ: Сведоштвата на поранешната обвинителка во СЈО, Лејла Кадриу, ги потврдува сомнежите и тезите на ВМРО-ДПМНЕ кој уште пред приближно 10-тина години, говореше за партизација на СЈО предводено од Катица Јанева, од страна на СДС, Зоран Заев и неговите пајташи. Згаснатото СЈО, кое сите паметиме како заврши, со пресуда за предводничката на СЈО Катица Јанева од 7 години за земање мито. За жал, ...
Во рамките на опсежната акција што се спроведува изминатиот период, а во која до сега се запленети над 40 тони марихуана од повеќе правни лица на територијата на државата, обвинителството ја информира јавноста дека континуирано презема активности во соработка со Министерството за внатрешни работи и Комисијата за одобрување на одгледување на канабис за медицински цели, во рамките на Министерството за здравство. Постапувањето се одвива во ...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против С.М.(43) од Охрид и против правен субјект со седиште во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на правата од работен однос”. Пријавениот С.М. во својство на сопственик и управител во правниот субјект, свесно не се придржувал кон одредбите од Законот за засновање на работен однос и во правното лице, уредно не го пријавил и не извршил работничко осигурување на сега ...
Прес конференција на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ – генерален секретар СДСМ веќе со денови предупредува на последните настани поврзани со најголемата заплена на марихуана во регионот: 5 тони дрога во соседна Србија, која потекнува од Македонија. Ова е скандал од огромни размери кој го открива длабокиот криминал на актуелната власт предводена од ВМРО и Христијан Мицкоски. Според неофицијални информации од медиумите во Србија, ...
На 09.02.2026 во 04:15 часот на автопатот ,,Пријателство“, во правец од Скопје кон Куманово, полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Сопот го лишија од слобода Н.С.(40) од Куманово. При вршење на мотопатролна дејност, полициските службеници запреле патничко возило „фиат браво“ со кумановски регистарски ознаки, кое тој го управувал и при извршен преглед во возилото, било констатирано дека превезувал 4 лица-мигранти, ...
Со сослушување вешти лица од Словенија, кои ги работеле медицинските вештачења за Обвинителството, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжи судењето против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, кој заедно со уште двајца онколози е обвинет за несовесно лекување пациенти. Вештото лице Маја Радник од Медицинскиот факултет Марибор, Словенија, која го изработила медицинското вештачење, заедно со асистент Јасмина ...
Француската морнарица заплени 1,4 тони кокаин на Атлантикот, а проценетата улична вредност на таа количина дрога е 41 милион евра, соопшти денеска француската Атлантска поморска префектура. Во соопштението се наведува дека кокаинот е запленет на 1 февруари на рибарски брод кој доаѓал од Јужна Америка, додека осомничените им се предадени на бразилските правосудни органи, пренесе „Фигаро“. Се истакнува дека заплената е извршена на барање на ...
Во периодот од 02.02.2026 до 08.02.2026 од страна на системот „Безбеден град“ на подрачјата на градовите и Коридорите каде се поставени камери, регистрирани се вкупно 4991 прекршок, од кои 641 мерка за сторен прекршок од страна на возачи кои управувале возило со странски регистарски ознаки. Од вкупниот број на регистрирани прекршоци најголемиот број се за управување на возило со брзина поголема од дозволената 4674, потоа за минување на ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, присуствуваше на почетокот на градежните активности за реконструкција и пренамена на улицата „Мирослав Крлежа” во пешачка и резиденцијална зона. „Станува збор за проект што се реализира на барање и по мерка на жителите. Ова е зафат што долго време беше најавуван и ветуван, но денес конечно се реализира на терен. Овој дел од Дебар Маало, добива нов лик, уреден, безбеден и функционален ...
Во рамките на опсежната акција што се спроведува изминатиот период, а во која до сега се запленети над 40 тони марихуана од повеќе правни лица на територијата на државата, обвинителството ја информира јавноста дека континуирано презема активности во соработка со Министерството за внатрешни работи и Комисијата за одобрување на одгледување на канабис за медицински цели, во рамките на Министерството за здравство. Постапувањето се одвива во ...
Делегација на Владата во состав: заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски; министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков и градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќира, денес и утре престојува во дводневна работна посета ...
Бројот на жртви од уривањето на станбена зграда во Триполи, северен Либан, се искачи на 13, додека спасувачките екипи продолжуваат да бараат луѓе заробени под урнатините, објавија денеска либанските медиуми. Претходно беше објавено дека најмалку девет лица, меѓу кои жена и дете, загинале кога се урнала зграда во Триполи вчера. Спасувачите пронајдоа девет преживеани во населбата Баб ал-Табане, додека продолжуваат напорите за пребарување и ...
„Заштедите на домаќинствата во домашниот банкарски систем се покажаа како стабилна и отпорна база дури и во услови на зголемена неизвесност и повеќекратни економски шокови во последните години”. Ова го истакна советничката на гувернерот на Народната банка, Милица Арнаудова-Стојановска во интервју за емисијата „Бизнис објектив”, на ТВ „Телма”, при што посочи дека во изминатиот период се бележи засилен раст на денарските и на долгорочните ...
НАТО, Европската унија и ОБСЕ стануваат застарени, а светот покажува сè поголем интерес за создавање единствена евроазиска безбедносна архитектура, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Лавров истакна дека сите тие организации стануваат застарени – НАТО, кој според него не ги исполнил ветувањата кон Советскиот Сојуз дека нема да се шири на исток, како и ЕУ, која ја „уништила целокупната соработка со Русија“, а ...
НАТО, Европската унија и ОБСЕ стануваат застарени, а светот покажува сè поголем интерес за создавање единствена евроазиска безбедносна архитектура, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Лавров истакна дека сите тие организации стануваат застарени – НАТО, кој според него не ги исполнил ветувањата кон Советскиот Сојуз дека нема да се шири на исток, како и ЕУ, која ја „уништила целокупната соработка со Русија“, а ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го критикуваше шоуто на полувремето на Суперболот, нарекувајќи го „шлаканица во лицето“ за земјата. На платформата за социјални медиуми „TruthSocial“, тој изјави дека настапот бил „ужасен и бесмислен“. Оваа година, порториканскиот рапер Бед Бани беше главен во традиционалното шоу на полувремето на Супербоулот одржан синоќа во Санта Клара. За време на неговиот настап, тој користеше посебна фудбалска топка ...
ЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од 02.02 до 08.02.2026 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 101 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно и ...
На Зимските олимписките игри во Милано и Кортина досега се поделени 13 комплети медали. Најмногу златни одличја има Норвешка, додека домашните натпреварувачи, Италијаните имаат освено најмногу медали. Вкупно 15 држави имаа свој претставник на победничкиот подиум. Листа на медалисти на ЗОИ 2026: 1. Норвешка 3+1+2 (златни+сребрени+бронзени) 2. САД 2+0+0 3. Италија 1+2+6 4. Јапонија 1+2+1 5. Австрија 1+2+0 6. Германија 1+1+1 7. Франција 1+1+0 ...
Преку објава на Фејсбук Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) повика на протест со блокада пред Собранието утре, 10 февруари 2026 (вторник) од 9 часот. „Сојузот на Синдикатите на Македонија (ССМ) врз основа на заедничката Одлука на Претседателството на ССМ и Советот на ССМ, а согласно Законот за јавни собири организира протест со блокада на ден 10.02.2026 година (вторник), кој ќе се одржи пред Собранието на Република Македонија со почеток ...
Јужнокорејски воен хеликоптер AH-1S Кобра се урна за време на тренинг лет во северната област Гапјеонг, при што загинаа двајцата членови на екипажот, соопшти војската. Хеликоптерот се урна кратко по 11 часот по локално време, а причината за падот сè уште не е позната, се вели во соопштението. Двајцата членови на екипажот беа однесени во блиските болници, но подоцна беа прогласени за мртви. Војската ги приземји сите летови на хеликоптерите ...
Од денеска до недела српското МВР ќе врши зголемена сообраќајна контрола насочена кон возачите на камиони и на автобуси. Како што е најавено, сообраќајната полиција пред се ќе контролира почитување на прописите за должина на возење, паузите на возачот и техничката состојба на возилото, како и други прекршоци што можат да ја загрозат безбедноста во сообраќајот. Посебен фокус ќе биде на патиштата со најинтензивен сообраќај на камиони и ...
Денот носи мешавина од емоционални и практични предизвици. Повеќето знаци ќе се соочат со потреба да направат баланс меѓу личните желби и обврските. Комуникацијата ќе игра клучна улога – она што ќе се каже денес може да има подолгорочно влијание, затоа внимателно избирајте ги зборовите. Овен Денес ќе бидете исполнети со енергија и желба за акција, но важно е да не брзате со одлуките. На работното место можно е да добиете нова задача која на ...
Нашата олимпијка Милијана Рељиќ го освои третото место и се закити со нов бронзен медал на еден од најстарите таеквондо натпревари во Европа – Австрија Г-1 Опен во Инсбрук, Австрија. Во категорија – 62 кг таа ја покажа својата врвната форма откако минатиот викенд, исто така, се закити со бронза на натпреварот во Фуџарија Г-2 Опен во Обединетите Арапски Емирати. Во првата борба Рељиќ два пати ја победи репрезентативката на Сенегал, Фатима ...
Соопштение на СДСМ: После цела недела од објавувањето на картелскиот скандал со заплена на 5 тони дрога од Македонија во Србија нема одговор на клучното прашање: како 5 тони дрога поминала преку македонската граница? Станува збор за огромна количина на дрога. Пет, десет, можеби и повеќе шлепери со дрога ја поминале границата а нема приведени, нема осомничени, нема информација кој се е замешан. Како е можно од самиот центар на Скопје да ...
Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ: Ништо ново на политичката сцена кога е СДС во прашање, само информации за трошење пари на граѓаните, расипништво, непочитување на законите и Уставот. Што е деновиве актуелно од расипништвото на СДС на кое сведочеа деновиве граѓаните? Згаснатото СЈО работеше на раб на законот, најчести гости биле Зоран Заев, Радмила Шекеринска, советници на Оливер Спасовски, главна обвинителска двојка биле Ленче Ристоска и Гаврил ...