Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Претседателот на ССМ изјави дека на утрешната блокада ќе учествуваат и раководството и членството на УПОЗ, синдикатот на вработените во управата, правосудството и граѓанскиот сектор, кој неодамна, заедно со КСС, постигна договор со Владата за зголемување на платните додатоци за 40 проценти до 2028 година. Според Слободан Трендафилов, целта на блокадата е да се испрати јасна порака до пратениците поради, како што рече, повеќе од една година ...
Шведската влада најави значително заострување на условите за добивање државјанство. Според новите правила, странските државјани ќе треба да имаат најмалку осум години престој во земјата, стабилни примања и успешно да поминат тест за познавање на шведскиот јазик и општествениот систем. Централно-десничарската власт наведува дека мерките се дел од пошироката стратегија за построга миграциска политика, која се применува од мигрантската криза во ...
Кружниот тек кај Поштата во Струмица утре, 10 февруари, од 13 часот ќе биде местото каде екоактивистите од граѓанската иницијатива „Здрава котлина“ ќе ја започнат новата блокада, како израз на револт поради состојбите со аерозагадувањето во градот. Од организацијата прашуваат дали надлежните институции имаат одговор за густиот чад што деновиве беше забележан над Струмица, посочувајќи дека станува збор за појава која, според нив, не може да ...
Прехранбени производи во вредност од околу 70.000 евра, кои според документацијата биле евидентирани во владините бифеа, не биле затекнати на лице место. По наодите од извештајот на Државниот завод за ревизија, директорот на Службата за општи и заеднички работи при Владата, Ивица Томовски, денеска соопшти дека за случајот е покрената соодветна постапка. – Има некакви разлики,тоа е точно. Не би сакал понатаму да навлегувам, затоа што има ...
Во првите 100 дена од мандатот на битолскиот градоначалник, како што тој истакна, фокусот ќе биде на инфраструктура, образование, спорт, култура и енергетска транзиција. Во овој период беше отворена новата градинка „Пчеличка“ со капацитет за 76 деца, адаптирана од поранешниот „Дом за доенчиња и мали деца“. Во рамките на инфраструктурните проекти, се асфалтираа делови од улицата „16-та“, се поплочуваат тротоари на новата улица СРУ 5, а се ...
Полковникот на МУП Милан Миловиќ, кој повеќе од три децении работи на обезбедување на високи државни функционери, смета дека случајот со киднапирањето на пејачот Даниел Кајмакоски најверојатно не бил внимателно испланиран, туку станува збор за импровизиран и ситуациски криминален обид. Според Миловиќ, осомничените веројатно знаеле дека Кајмакоски настапува и претпоставиле дека по концертот носи поголема сума пари со себе, очекувајќи брза ...
Авион на Wizz Air што летал од Лондон до Тел Авив бил пресретнат од израелски борбени авиони и испратен до аеродромот во Тел Авив поради наводно заканувачка порака на телефон. Инцидентот се случил во неделата попладне. Според извештаите, алармот го предизвикало дете кое го променило името на hotspot мрежата во арапскиот збор за „терорист“ на телефонот на своите родители. Според извештаите, родителите на детето, кое тајно го преименувало ...
Во простории на Казнено-поправната установа Затвор-Скопје биле пронајдени и одземени мобилни телефони и други предмети, информираат од Министерството за внатрешни работи. Како што соопштија од МВР, на 07.02.2026 година во 13:30 часот, во СВР Скопје било пријавено од страна на затворската установа дека при извршен преглед во една од просториите биле откриени недозволени предмети. За случајот бил известен јавен обвинител, а полициски ...
Собраниската седница утре ќе се одржи паралелно со протестот на ССМ. Иако влезовите за возила ќе бидат блокирани, претседателот на Собранието, Африм Гаши, очекува пратениците да најдат начин за да дојдат на работа. „Се договоривме дека треба да продолжиме да работиме, а исто така ќе го почитуваме правото на протест. Не верувам дека некој пратеник нема да дојде пеш“, изјави Гаши. Тој нагласи дека нема да има дополнително обезбедување на ...
Грчката полиција спроведе обемна операција во неколку региони на земјата и разби организирана криминална група вмешана во нелегално производство и трговија со тутунски производи. Во акцијата биле уапсени 26 лица, додека против уште 13 се поднесени пријави, меѓу нив и еден полициски службеник. Операцијата се одвивала во Аттика, Магнисија, централна Грција и на островот Евија, при што биле откриени три целосно опремени нелегални фабрики за ...
Општина Центар објави Јавен повик за финансиска поддршка на проекти и програмски активности од областа на спортот. Градоначалникот Горан Герасимовски ги повикува сите заинтересирани да аплицираат за поддршка на спортските активности и афирмација на младите спортисти. „Спортот е основа за здрав живот на сите генерации, но најмногу за правилен развој на нашата младина. Фокусот го ставаме токму на тоа, на поддршка и градење на тимскиот дух кај ...
Соопштение на СДСМ: Додека работниците едвај врзуваат крај со крај, додека минималната плата не ги покрива ниту основните трошоци за живот, Владата мисли на купување авион за Мицкоски. За туристички патувања, како она во Давос. Очигледно затоа одбива да им ги покачи платите на работниците. Одбива да се откаже од лукзуот и вели нема пари за минимална плата од 600 евра. За покачување на минималната плата и за поддршка на приватните компании се ...
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека аферата околу американскиот сексуален престапник Џефри Епстин е „пред сè прашање на надлежност на Соединетите Американски Држави“ и дека американскиот судски систем мора да си ја врши работата независно. За време на посетата на Саемот за вино во Париз, Макрон изјави дека случајот Епстин „првенствено ги засега Соединетите Американски Држави“, пренесува „Фигаро“. „Во тој случај, тамошното ...
Полковникот на МВР Милан Миловиќ, се осврна на случајот со киднапирањето на пејачот Даниел Кајмакоски и напомена дека верува дека станува збор за непланиран и брзоплет криминален чин. ,,Тоа е буквално ситуациско киднапирање. Тие двајца непотврдени странски државјани знаеле дека тој пее таму, дека настапува, очекувале дека има пари со себе или дека може да се јави некому, дека во рок од половина час, еден час – да му ги донесе парите и дека ќе ...
Соопштение на Левица: На утрешната собраниска седница, на дневен ред е предлог-законот на Левица, преку кој се воведува заштита од отказ на бремените работнички, што во минатото претставуваше најбрутален удар врз идните мајки. Во Македонија, и покрај тоа што формално постои забрана за отказ поради бременост, реалноста покажува дека бремените жени – особено оние вработени на определено време – се меѓу најнезаштитените работнички. Работодавците ...
Директорот за комуникации на британскиот премиер Кир Стармер, Тим Ален, поднесе оставка, задавајќи нов удар врз раководството на лабуристичката влада во Лондон, поради скандалот околу врската меѓу Џефри Епстин и поранешниот британски амбасадор во САД, Питер Манделсон, објавија светските агенции. Во исто време, портпаролот на Стармер посочи дека премиерот нема намера да поднесе оставка од својата функција и е посветен на својата работа за ...
Во врска со неодамнешниот случај на заболени професионални војници од инфективната болест шуга (scabies), од Министерството за одбрана информираат дека болеста не потекнува од касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес, како што тоа се пласира во јавноста. Министерството воедно апелира да не се злоупотребува поединечен случај, за кој се наведува дека не е заразен во касарната, за манипулирање на јавноста, со што се нанесува и директна ...
Директорот на Службата за општи и заеднички рабoти Ивица Томовски денеска на брифинг со новинарите изјави дека откако ја презел институцијата отпочнале постапка за легализација на имотот кој е во сопственост на државата. Станува збор за претседателските и премиерските вили во Скопје и во Охрид – државни објекти што ги одржува СОЗР. – Можам да кажам откако ние ја превземавме институцијата што сме направиле, тоа е отпочнување на постапка за ...
Полицијата приведе четворица кумановци кои на фудбалски натпревар нападнале вработен во фудбалски клуб. На 08.02.2026 полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода Л.Б. (23), М.Р. (22), А.С. (19) и К.К. (23) сите од Куманово, затоа што на стадион во с. Доброшане, кумановско, на фудбалски натпревар помеѓу клубовите Башкими и Куманово, со тврд предмет го нападнале Ф.Б., вработен во фудбалскиот клуб Башкими. По целосно документирање ...
Руската разузнавачка служба ФСБ тврди дека обидот за атентат врз генералот Владимир Алексеев во петокот го нарачала украинската Служба за безбедност. ФСБ исто така наведува дека во регрутирањето на напаѓачот учествувала и полската разузнавачка служба, пренесува новинската агенција Интерфакс. За овие тврдења не се доставени никакви докази. Украина демантираше каква било вмешаност, додека Полска сè уште не се изјаснила за обвинувањата. Во ...
Во организирана операција во неколку региони, грчката полиција разбила голема криминална организација, активна во нелегално производство и трговија со тутунски производи, при што биле уапсени 26 лица, откриени три целосно опремени нелегални производствени единици и шест магацини, запленети над 14 милиони парчиња цигари, а избегнатите даноци и такси изнесуваат над седум милиони евра, јави дописничката на МИА од Атина. Акцијата била спроведена ...
На 08.02.2026 во 16:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на локалниот пат с.Зајас-Теќе маало, 14-годишник од с.Горно Строгомиште, кичевско, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот. Во несреќата со повреди се здобил возачот и неговиот 14-годишен сопатник од с.Зајас, кичевско, констатирани во Медицинскиот центар Кичево и Комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа од ...
Најновото објавување на милиони документи од страна на Министерството за правда на САД, поврзани со осудениот сексуален престапник Џефри Епштајн, повторно ја отвори јавната дебата за неговите контакти со влијателни личности од политиката, бизнисот и особено од американската технолошка индустрија. Иако во изминатиот период најголемо внимание привлекоа имињата на Илон Маск и Бил Гејтс, кои јавно негираа каква било поврзаност со злосторствата на ...
По есенските и зимските врнежи, нивото на водата во Дојранското Езеро бележи пораст од околу 50 сантиметри, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Сепак, на езерото сè уште му недостасуваат околу 70 сантиметри за да ја достигне минималната договорена кота од 146,13 метри надморска височина. Од крајот на октомври до првата половина на февруари, според податоците на УХМР, е регистриран постепен пораст на ...
СВР Битола во координација со Одделот за криминалистичка полиција, РЦГР Запад и РЦГР Југ до ОЈО Битола поднесе кривична пријава против В.П.(40) од с. Стење, ресенско, а со престој во Битола и против непознато лице, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело по чл. 247 ст.1 од КЗ „измама “. На 05.02.2026 околу 11:30 часот во Битола, пријавените со цел за себе да прибават противправна имотна корист, довеле во заблуда ...
Конфликтот во Украина веќе ќе беше завршен доколку Европејците не се спротивставеа на мировните аспирации на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави синоќа шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто. „Доколку Европејците не ги попречеа напорите на американскиот претседател Трамп, убеден сум дека мирот во Украина ќе беше постигнат за малку повеќе од една година. Од самиот почеток, Европејците ја сметаа оваа војна за своја. Тие ...
Меѓународниот балкански универзитет го именуваше доц. проф. д-р Билал Суџубаши за нов претседател на Управниот одбор, со што започнува нова фаза во развојот на институцијата, насочена кон унапредување на квалитетот на образованието и зајакнување на меѓународната соработка. Одлуката беше донесена на годишниот состанок на Одборот на доверители на Фондацијата „ÜSKÜP“ и Управниот одбор, кој се одржа на 7 февруари 2026 година во Истанбул. Со цел ...
На 08.02.2026 во 23:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, И.Ф.(40) од Р.Косово, управувајќи автобус со косовски национални ознаки, удрил во кабина. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што на И.Ф. не му е дозволен излез од државата, односно му биле одземени документите за понатамошна постапка. На 08.02.2026 во 23:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот ...
Драматична и несекојдневна сцена се одвивала утрово на автопатот 613 во јужна Италија, на делницата меѓу Лече и Бриндизи, каде група вооружени и маскирани лица извршиле организиран напад врз оклопно возило за транспорт на вредности, предизвикувајќи целосен прекин на сообраќајот. Според информациите на италијанските медиуми, напаѓачите најпрво го пресретнале возилото кое припаѓало на безбедносната компанија Battistolli (BTV), користејќи ...
На 08.02.2026 во 16:20 часот во ОВР Гостивар, В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна Река, под карпа покрај реката, пронашол четири експлозивни направи. Стручна екипа од МВР ги подигнала четирите гранати од кинеско производство за понатамошно вештачење и расчистување на случајот. На 08.02.2026 во 16:20 часот во ОВР Гостивар, В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна Река, под ...