Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање, најави дека СДСМ во наредниот период ќе предложи повеќе законски решенија за помош на граѓаните, меѓу кои ќе има и законско решение за намалување на цените на патарините, како дел од поширок пакет мерки за олеснување на трошоците на граѓаните. „Во следните недели ќе излеземе со предлог на повеќе закони согласно нашите вредносни ...
Каматната стапка на благајничките записи останува на нивото од 4 проценти, одлучи на седница Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка. На аукцијата на благајнички записи, којашто ќе се одржи утре, понудата ќе изнесува 54 милијарди денари, а за наредните аукции ќе се утврдува согласно со проектираната промена на ликвидносната позиција на банкарскиот систем на неделна основа. Просечната стапка на инфлација за ...
Тоа што оваа влада постојано прави е дефокус, а никој од власта не одговара на главното прашање – како пет тона дрога завршиле во Србија, нагласи претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање. Филипче посочи дека власта упорно не дава одговор како таа огромна количина дрога поминала низ државната граница и никој не понесува одговорност. „Нема одговор како таа дрога ја поминала ...
Кавадарчанец во полиција пријавил пукање кон неговиот дом при што бил оштетен ѕидот, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. – Вчера во 12:10 часот во ОВР Кавадарци, Б.Н., 69-годишен кавадарчанец, пријавил дека во периодот од 24.01.2026 до 08.02.2026 било пукано кон неговиот дом во Кавадарци и бил оштетен ѕид, а на терасата биле пронајдени две испукани дијаболи – појаснија од СВР Велес. Се преземаат мерки за расчистување на ...
Објавен е јавниот повик за субвенционирање на граѓаните за чистење на оџаците во своите домаќинства, објави градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски. – Загадениот воздух е еден од најголемите предизвици со кои се соочуваме. Со редовно чистење на оџаците се овозможува подобро согорување на огревното дрво, намалување на штетните честички ПМ10 и ПМ2.5, поголема заштита од пожари и зачувување на животната средина. Висината на ...
Многумина веруваат дека бројот 13 носи несреќа уште од библиските времиња. Корените на ова верување најчесто се поврзуваат со Јуда, кој го предал Исус Христос и се смета дека бил 13-тиот гостин на Тајната вечера. Оттогаш, во многу култури се задржало верувањето дека е лош знак ако на една маса седат точно тринаесет луѓе. Колку овој број се смета за „баксузен“ покажува и практиката во современиот свет. Во многу хотели, авиони и аеродроми често ...
Агенцијата за храна и ветеринарство информира дека, врз основа на информации добиени преку европскиот Систем за брзо предупредување за храна и храна за животни (RASFF), спроведено е превентивно повлекување од пазарот на одредени серии формули за доенчиња од брендот „Аптамил“. Направена е итна инспекциска контрола кај увозникот на производите, од кој АХВ доби и официјално известување дека од пазарот веќе се повлечени производи опфатени со ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на договорот на Владата со синдикатите, изјави: „Па овој договор на Владата со синдикатите значи уште еден историски договор, дека во следните две години и неколку месеци, односно почнувајќи од април 2026 до април 2028, околу единаесет илјади луѓе од администрацијата и од службите во судовите и обвинителствата ќе ...
Владата на денешната седница на предлог на Министерството за правда го утврди Законот за Советот на јавни обвинители. Овој закон претставува значаен чекор кон зајакнување на независноста, отчетноста и транспарентноста на јавнообвинителскиот систем. Клучни измени во Предлог-законот: • Детално уредена постапка за разрешување на претседателот и заменик-претседателот на Советот, која се покренува врз основа на образложено барање од најмалку ...
Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка И после десет дена од објавувањето на овој скандал нема одговори: Како 5 тони дрога, со неколку камиони, ја преминале македонската граница? Кој ќе одговара? Молкот не е случајност туку јасен индикатор дека овој скандал води до врвот на власта и дека некој се обидува да го заташка. Затоа што е јасно, без поддршка и логистика на структури во власта, во МВР, во Царината и во други ...
Прес коференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче Денеска пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и коалицијата повторно ќе го поднесе Законот за измена на Законот за минимална плата, откако минатата недела беше вратен од страна на претседателот на Собранието, Африм Гаши, за некои технички недостатоци наводно. Меѓутоа нема да навлезам во причините за враќањето и насоките за тоа како треба да се средат некои ...
Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода 11 возачи, од кои еден во Штип и еден во Демир Капија поради управување возило под дејство на алкохол, двајца во Битола затоа што управувале возило без да поседуваат возачка дозвола и седум возачи (двајца во Велес и по еден во Тетово, Куманово, Свети Николе, Битола и Ресен) затоа што управувале возило иако имале мерка забрана за управување ...
На 08.02.2026 во 10:15 часот кај место викано „Црници” во атар на село Степанци, општина Чашка, полициски службеници од Полициско одделение Чашка ги лишиле од слобода В.К.(57), И.Т.(51) и Б.Н.(77), сите од Прилеп. При вршење службени дејствија, полициските службеници ги забележале лицата како излегуваат од патничко возило „лада нива” со прилепски регистарски ознаки, а лицето кое го управувало возилото испукало неколку истрели од огнено ...
На 09.02.2026 во 21:30 часот во Полициското одделение Македонска Каменица e пријавено дека околу 20:30 часот, при извршување работни задачи во рудник во Македонска Каменица, со тешки телесни повреди се здобил Б.А.(26) од село Моштица, општина Македонска Каменица, констатирани во Клиничка болница Штип. За настанот е известен јавен обвинител, а увид извршиле увидна екипа од ОВР Делчево и рударски инспектор. На 09.02.2026 во 21:30 часот ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на случајот со запленетата марихуана, дали ќе има некакви одлуки на денешната седница на Владата, изјави: „Па да, јас тоа го најавив дека во периодот којшто следи ќе се направи проверка и во други објекти. Денеска на Влада ќе се донесе тоа задолжение. Јас поради други активности нема да ја водам денешната седница, ќе ...
Денеска (10.02.2026) во официјална посета на Р.С.Македонија ќе присуствува претседателот на Владата на Република Косово, Албин Курти. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје. Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници, велат од МВР. Денеска ...
Фондацијата „Заедно за едно”, основана од Македонската банкарска асоцијација, вчера реализираше значајна донација на современ медицински апарат за длабока транскранијална магнетна стимулација (Deep TMS) на ЈЗУ Општа болница Кочани. Овој апарат ќе биде ставен во функција на рехабилитација и унапредување на менталното здравје и благосостојбата на сите лица кои беа директно и индиректно афектирани од трагичниот пожар во Кочани. Длабоката ...
Најновиот извештај на „Транспаренси Интернешнл“ покажува дека борбата против корупцијата на глобално ниво е во застој. Слабнењето на демократските механизми и притисокот врз медиумите се посочени како главни причини за падот на транспарентноста кај повеќето земји. Состојбата во Македонија Македонија во 2025 година останува со ист резултат од 40 поени (на скала од 0 до 100), што укажува на стагнација во сузбивањето на корупцијата во јавниот ...
На 09.02.2026 во 15:30 часот на ул.„Шуматовска“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода Ј.Џ.(69) од Гостивар. При преглед кај него и во патничкото возило „фолксваген пасат“ со гостиварски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени три пакувања со кафеава прашкаста материја. Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во неговата куќа и помошни простории во Гостивар, при што биле ...
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави во вторник дека нема причина за ентузијазам околу притисокот на американскиот претседател Доналд Трамп врз Европа и Украина, нагласувајќи дека мирот во Украина е сè уште далеку. Неговите коментари дојдоа само неколку дена по разговорите во Абу Даби кои САД, Украина и Русија ги опишаа како тешки, но конструктивни, но сугерираа дека постигнувањето конечен договор би можело да биде ...
Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов од ССМ утрово упати директно обвинување дека пратениците се кријат од сопствениот народ. Според него, многумина од нив дошле на работа уште пред 9 часот само за да не ги погледнат работниците во очи. „Добро утро на сите, освен на пратениците. Зошто освен на нив? Затоа што веќе две години го блокираат предлогот на Сојузот на синдикатите на Македонија за зголемување на работничките плати, за ...
Во сабота, на 14 февруари, Скопје ќе биде центар на една од најочекуваните музички вечери оваа година. Сенидах за првпат ќе одржи солистички концерт во главниот град, и тоа во СЦ „Јане Сандански”, на датум што симболично ги слави љубовта, емоцијата и виното. Вратите на СЦ „Јане Сандански” ќе бидат отворени од 19:30, а концертната програма започнува во 21:00 часот, што на публиката ѝ остава доволно време за пристигнување и за вовед во вечерта ...
Македонскиот нордиски скијач Ставре Јада утрово го имаше првиот настап на Зимските олимписки игри во Милано Кортина. Јада настапи на корс кантри спринтот од 1,6 километри. Тој, патеката ја мина за време од 3.59.56 заостанувајќи за над 52 секунди зад првопласираниот. Јада на крајот го освои 89тото место во конкуренција од 94 тркачи (еден од пријавените тркачи не настапи). Следниот настап на Јада ќе биде на 13 февруари на трката од 10 ...
Сојузот на синдикати на Македонија утрово од 9.00 часот ги блокираше приодите кон Собранието. Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, утрово пред Собранието ги критикуваше пратениците за тоа што две години го блокираат предлогот на синдикатот за зголемување на минималната плата и сите работнички плати за најмалку 6.000 денари. Трендафилов најави мирна блокада на две локации, која ќе трае до почетокот ...
Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: Нема скандал а во тоа да не се замешани кланот Заеви и Венко Филипче. И во последниот случај со заплената на над 40 тони марихуана повторно се вплеткани имињата на Зоран Заев и Филипче. Заев сам ја потврди поврзаноста брзајќи да се оправда и да си ја тргне мувата од капата. Наместо да се извини Заев на граѓаните за целиот криминал, тој индиректно си ја призна вмешаноста обидувајќи се да се одбрани и ...
Во последниот квартал(октомври, ноември и декември) од 2025 година, во Македонија се изградени и регистрирани 1.004 нови станови, што е за 159 повеќе од претходниот квартал, покажува извештајот на Регистарот на цени и закупнини. Во Агенцијата за катастар се запишани и 27.522 листови за предбележување градба, што укажува на дополнителни објекти кои наскоро ќе се најдат на пазарот. Најголема продажна цена на стан по метар квадратен е 182.404 ...
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави денес дека Европа треба да се подготви за понатамошни судири со САД и да го сфати неодамнешниот „момент на Гренланд“ како повик за будење за спроведување на долгоодложуваните економски реформи и зајакнување на глобалната моќ на Европската Унија. Во интервју објавено во неколку европски весници, Макрон рече дека Европа не треба да го менува смирувањето на тензиите со Вашингтон за трајно поместување ...
Соопштение за јавност на СДСМ: Додека над 200 илјади работници едвај врзуваат крај со крај со плати под 30.000 денари, додека минималната плата не ги покрива ниту основните трошоци за живот, Владата на Мицкоски планира купување нов авион. За зголемување на минималната плата и за поддршка на приватните компании се потребни околу 200 милиони евра. Пари во буџетот има само владата треба да се откаже од луксузот и парите да ги пренамени за ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Мали остатоци од снег има на планинскиот превој од ( с.Лисец – Попова Шапка) кои се задржани на коловозот. Врнежи од снег со слаб интензитет има на патниот правец (Крива Паланка – г.п. Деве Баир) кој не се задржува на коловозот и намалена видливост поради појава на магла има на планинските премини Плетвар до 30м, Ѓавато до 100м и планинскиот превој Крушево до ...
На борилиштата во северна Италија вчера заврши третиот натпреварувачки ден на Зимските олимписки игри во Милано Кортина. На листата на најуспешни нации во освоени медали на врвот на Норвешка со три злата, едно сребро и две бронзи. Со исто толку златни, но еден бронзен медал помалку, зад неа е Швајцарија, додека на третото место е Јапонија со две злата. Златни медали имаат освоени уште и САД, Германија, Италија, Холандија, Австрија, Чешка и ...