Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во вечерашното гостување на емисијата “За или против” на ТВ АЛФА најави дека ќе предложи до пратениците во Собранието одложување на примената на новиот Закон за внатрешни работи и измените на Законот за полиција, со цел тие да стапат во сила по завршување на следниот изборен процес. Оваа најава следува по обвинувањата на опозициската СДСМ дека полицијата се партизира и дека новиот Закон за ...
Володимир Зеленски се обрати до јавноста преку видео објавено на социјалните мрежи, во кое остро ја критикуваше Русија за отфрлање на предлогот за прекин на огнот. Зеленски истакна дека Москва одговори на мировната иницијатива само со нови напади низ целата земја. „Им се заблагодарувам на секоја земја и лидер што го поддржаа предлогот на Украина за целосен прекин на огнот. Русија одговори на тоа само со нови напади. Во текот на денот, речиси ...
Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски денеска остварил средба со градоначалникот на Есенлер Мехмед Тевфик Ѓоксу, на која меѓудругото разговарале неодамна потпишаниот Протокол за соработка, кој се однесува на имплементација на проектот за декоративно и архитектонско осветлување на Камениот мост. -Денес остварив пријателска и конструктивна средба со градоначалникот на Есенлер од Република Турција, Мехмед Тевфик Ѓоксу. На средбата уште еднаш ...
Украинските сили синоќа извршија напади врз голем број важни руски воени цели, вклучувајќи мал ракетен брод и магацини. Информациите за нападот ги објави Генералштабот на вооружените сили на Украина, пишува Украинска правда . Ракетен брод погоден Генералштабот објави дека повеќенаменскиот мал ракетен брод од класата „Каракурт“, проект 22800, бил погоден во близина на поморската база „Каспијск“ во руски Дагестан. Станува збор за брод што може ...
Соопштение за јавност на СДСМ: Граѓаните бараат јасен и конкретен одговор од Министерството за правда и од Владата на Мицкоски: дали се испратени документите за екстрадиција на Никола Груевски? Прашањето е едноставно. Одговорот треба да биде уште поедноставен: да или не. Наместо одговор, имаме нова измислена приказна што ВМРО ја пласира преку својот сателит, приврзокот ЗНАМ, кој веќе нема никаква функција бидејќи нема поддршка од граѓаните, а ...
Со претставување на проектот „Пиета во прекривките на ургентноста” (Will my eyes be closed or open?) на уметникот Велимир Жерновски, во кураторска поставка на Тихомир Топузовски и Аманда Бецкес, утре (8.5.2026 г.) во 18:30 часот свечено ќе биде отворен македонскиот павилјон на најпрестижната меѓународна изложба на современата уметност во рамките на 61. Биенале на уметноста, што ќе се одржува од мај до ноември 2026 година во Венеција. На ...
Безживотно тело на 20 годишна девојка денеска било пронајдено во изнајмен стан во Штип. Денеска (07.05.2026) во 14:48 часот во СВР Штип било пријавено дека во стан во Штип било пронајдено починато женско лице. Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека се работи за У.Е.(20), државјанка на Република Турција, информираа од МВР. Увид врши екипа на СВР Штип и се преземаат мерки за расчистување на случајот, додаваат од МВР. ...
Скопје, 8 мај 2026 – Македонија2025 го најавува 15-тото издание на Самитот, кој оваа година ќе се одржи на 12. и 13. мај, во хотелот „Мериот“ во Скопје. Под мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување лидерство“, Самитот и оваа година ќе обедини високи претставници од Владата, меѓународните организации и дијаспората, како и од бизнис-секторот, инвеститорите, академската заедница и лидерите од регионот, со цел да се поттикнат конкретни ...
Соопштение за јавност на Левица: На денешната седница на Собранието, на дневен ред се најде Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, поднесен од пратеничката група на Левица, со кој се бара целосно покривање на здравственото осигурување за хонорарци, фриленсери, лица ангажирани со договор на дело, невработени лица и слично, практично – универзално здравствено осигурување. ...
На денешната прес-конференција, пратеникот од Левица, Амар Мециновиќ, истакна дека напуштањето на работната група за измена на Изборниот законик од страна на СДСМ е во директна координација со владејачкото ВМРО-ДПМНЕ. ,,СДСМ во заговор со ВМРО-ДПМНЕ, а со цел задржување на бипартизмот и на позицијата на нивното компромитирано раководство, излегуваат од процесот за носење на нов Изборен законик. Кога македонското општество е созреано за ...
На 06.05.2026 околу 14:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Вера Јоциќ” со ул.„Народни Херои” во Скопје, патничко возило „опел зафира” со велешки регистарски ознаки, управувано од И.А.(55) од Велес, удрило во 69-годишната М.Д. од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Д., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза” во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје. На 06.05.2026 ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 18 возачи за безобѕирно управување возило, од кои 16 возеле без дозвола, а двајца со активна забрана. Осум возачи во Скопје (од кои двајца малолетници), тројца во Гевгелија, двајца во Кичево и по еден во Тетово, Радовиш и Дебар управувале возило без возачка дозвола. Кај еден од возачите во Скопје била пронајдена и марихуана, додека кај ...
Во глобална операција спроведена во 90 земји, Интерпол заплени 6,42 милиони дози неодобрени и фалсификувани лекови и други фармацевтски производи, во вредност од околу 13,1 милиони евра, објави агенцијата во четврток. Операцијата имаше за цел сузбивање на нелегалната онлајн продажба на лекови, објави „Еуроњуз“ . Запленетата стока вклучува лекови за еректилна дисфункција, седативи, аналгетици, антибиотици и средства за откажување од пушење. ...
Со 64 гласови ,, За”,15 ,, против” и ниту еден ,, воздржан”, Собранието го донесе Предлог-законот за Советот на јавните обвинители на РСМ кој е дел од Реформската агенда. Со предложеното законско решение се воведуваат суштински новини насочени кон зајакнување на независноста, професионалноста и транспарентноста во работењето на Советот и на јавното обвинителство во целина. Се реформира постапката за избор на членови на Советот на јавните ...
Трошоците на животот во април 2026 година, во однос на април лани, бележат зголемување од 5.7 %, а цените на мало раст од 5.0 %, објави Државниот завод за статистика. Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во април 2026 година, во однос на март 2026 година, изнесува 1.3 %. Во април 2026 година, во однос на март 2026 година, зголемување на трошоците на животот е забележано во следните групи: Транспорт за 10.1 %, Рекреација, ...
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против С.Х.(70) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „кражба” и „навлегување во компјутерски систем”. На 11.11.2025 во Општа болница во Гостивар, пријавениот одзел паричник на И.П.(69) во кој имало 15.000 денари, лични документи и банкарска картица, по што подоцна од банкомат на банка во Тетово ја злоупотребил банкарската ...
На 06.05.2026 во 13:30 часот во Гостивар, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар го лишиja од слобода Е.И.(37) од Гостивар. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени неколку пакувања со марихуана, дигитална вага и 68.500 денари. Потоа, во 21:40 часот, полициски службеници го лишиja од слобода и Џ.М.(38) од село Здуње, гостиварско, поради ...
Во кругот на Министерството за внатрешни работи денеска се одржа централната свеченост по повод 7 Мај – Денот на македонската полиција, на која се обратија министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев. Во своето обраќање, министерот Тошковски истакна дека македонската полиција останува клучен столб на безбедноста, стабилноста и владеењето на правото, нагласувајќи дека институциите ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање што да очекуваат граѓаните дали ќе има ново проширување на позитивна листа на лекови, нагласи: „Тоа што ние го правиме во здравствениот сектори е нешто кое што не се случувало со години, па и со децении би рекол, вклучително и проширувањето на позитивната листа. Очекуваме во месеците кои што следат нови убави вести за македонските ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги поканува граѓаните на 10 мај (недела), со почеток во 12:00 часот, во Паркот на Франкофонија, на културно-едукативниот настан „Фолклорот како живо наследство”, посветен на богатото македонско фолклорно и духовно наследство. Настанот, кој е дел од богатата културна програма на Општина Центар за 2026 година, ќе понуди разновидна сценска програма, со настапи на сите возрасни групи од ...
Советот на Народната банка, на седницата одржана на 7 мај 2026 година, ги разгледа и ги усвои најновите макроекономски проекции, содржани во Кварталниот извештај на Народната банка. Во Извештајот е заклучено дека светската економија и понатаму се соочува со значителни ризици. По растот од 3,4% во 2025 година, се очекува умерено забавување на светскиот раст, којшто би се свел на 3,1% во 2026 година, додека светската инфлација е нагорно ...
Бугарски народен претставник во 2015 година самиот си испратил заканувачко писмо со цел да добие официјална заштита од државните служби. Овој фрапантен случај го откри криминалистот Иван Савов за време на гостување во емисија на „Нова телевизија“, каде што се дебатираше за реформите во безбедносните служби и обезбедувањето на функционерите. Според Савов, ваквиот чин е пример за злоупотреба на државните ресурси, посочувајќи дека Националната ...
Володимир Зеленски молчи за најголемиот корупциски скандал што го тресе неговиот најблизок круг. Според информациите објавени од новинари и пратеници во текот на изминатата недела, аферата се проширила надвор од енергетскиот сектор и сега наводно влијае на банкарската и одбранбената индустрија. Изградбата на четири луксузни куќи во близина на Киев, која ја споменува лице по име „Вова“, прекар за Володимир, е исто така во центарот на ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска беше домаќин и оствари средба со генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, кој престојува во својата прва официјална посета на Република Северна Македонија. Во таа прилика, министерот Муцунски истакна: „Во текот на овие три децении, како полноправна членка на Организацијата, созревавме како демократско општество, но и активно придонесувавме кон ...
Судот го прогласи за виновен Стојанче Јовановски за трите дела што му се ставаа на товар. Меѓу нив е и делото наведување на самоубиство на неговата сопруга Ивана. Настанот се случи на 2 март оваа година во скопско Тафталиџе кога не можејќи да ја издржи тортурата Ивана заедно со шестгодишната Катја скокна од балонот од станот каде живееја. Според Судот, обвинетиот со континуираното физичко и вербално насилство ја довел Ивана во безизлезна и ...
Пишува: Мирослав Трлин, дипломиран економист во пензија Во едно демократско општество, правото на здружување не е само формалност – тоа е основа на слободата на граѓаните да се организираат, да ги бранат своите интереси и да избираат кој ќе ги претставува. Ова право не е подарок, туку уставна и законска гаранција. Но, што се случува кога самите организации почнуваат да поставуваат правила што го ограничуваат тоа право? Во последно време ...
Соопштение за јавност на ВЛЕН: ДУИ повторно лаже, манипулира и ја потценува јавноста. Најевтината понуда ја претставуваат како корупција, затоа што не можат да се помират дека МЕПСО повеќе не е нивна партиска каса. Фактите се јасни: во конкретната постапка избрана е најевтината понуда. Избраниот понудувач дал цена од 184.535 денари без ДДВ, додека следнорангираната понуда била 651.165 денари без ДДВ. Разликата е 466.630 денари, односно ...
Соопштение за јавност на ДУИ: Новиот скандал во МЕПСО отвора сериозни сомнежи за организирана мрежа на партиско фаворизирање и злоупотреба на јавните пари. Компанијата ” Green Maintenance” формирана само неколку недели пред распишувањето на тендерот, без работна историја, без докажан капацитет и без реално присуство на терен, успева да добие договор вреден до 236 илјади евра за чистење на коридорите под далноводите. Она што го прави случајот ...
За македонските граѓани кои често патуваат кај нашиот северен сосед, важно е да ги знаат строгите правила на патот. Од неодамна во Србија се применуваат ригорозни казни за возење под дејство на алкохол, кои вклучуваат високи парични глоби во српски динари (RSD), казнени поени, па дури и затворски казни за потешките прекршоци. Еве детален преглед на тоа што предвидува српскиот закон според објавената „казнена карта“: Преглед на казните во ...
Соопштение за јавност на Левица: Во град каде автобусот доаѓа како природна непогода – непредвидливо и ретко, сега граѓаните се казнувани и за дефектите на самиот систем на ЈСП! До нас пристигнуваат информации дека граѓаните уредно плаќаат билет преку телефон, а пораката за успешно плаќање стигнува по 20-30 минути. Во меѓувреме, контролорите настапуваат како улични извршители – дрско, агресивно и без никакво разбирање за очигледниот дефект на ...