Скопје
15ᴼ /
15ᴼ
Конвенцијата, усвоена од Комитетот на министри на Советот на Европа во мај 2024 година, претставува прв обврзувачки меѓународен инструмент кој воспоставува принципи и стандарди за безбедна, етичка и одговорна употреба на вештачката интелигенција. Со нејзиното потпишување, нашата држава се приклучува кон меѓународните напори за воспоставување јасни правила и стандарди за развој и употреба на вештачката интелигенција, во согласност со ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со висока делегација од Европската служба за надворешно дејствување (ЕЕАС), во рамки на Партнерството за безбедност и одбрана меѓу Европската Унија и Северна Македонија. На средбата беше поздравен редовниот политички дијалог воспоставен во рамки на Партнерството за безбедност и одбрана, потпишано во 2024 година. Вториот состанок во рамки на ова ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска изјави дека укинувањето на балансерот било неопходно поради коруптивните ризици што ги создавал, посочувајќи истовремено дека прашањата за нерезидентно државјанството, односите со Бугарија и енергетските политики се комплексни и мора да се решаваат преку уставни принципи, јавна дебата и почитување на човековите и еколошките стандарди. Во изјава за медиуми по отворањето на „Генералка Викенд“, ...
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против лицата Н.И., Б.Г. во својство на управители на правни лица, против две правни лица, како и против пет лица вработени во Агенција за управување со одземен имот Ф.А., Г.А., П.К., Ф.Ј. и А.Б., поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело “Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или ...
Општина Аеродром и оваа година активно се приклучи кон „Генералка викенд 2026“ – најголемата еколошка акција во државата и регионот, која се реализира на повеќе од 500 локации во 80 општини. Во континуитет Општина Аеродром спроведува еколошки иницијативи во соработка со компании, организации и колективни постапувачи, создавајќи систем што дава конкретни и мерливи резултати. Токму резултатите ја позиционираат Општина Аеродром како една од ...
Пратеникот во Собранието, Оливер Спасовски, преку објава на социјалните мрежи информираше дека и оваа година се приклучил на „Генералка викенд“ – најголемата национална волонтерска еколошка акција во државата. Според Спасовски, иницијативата започнала во 2021 година како десетгодишна национална акција чија цел е подигнување на јавната свест за заштита на животната средина и одговорно управување со отпадот. Тој посочи дека во изминатите ...
Во основното училиште „Стив Наумов“ во Битола, за време на наставата ќе има постојано присуство и мониторинг од полициски службеници во цивилна облека. Мерката е воведена по барање на Училишниот одбор, кој одржа вонредна седница поради случај со ученик од седмо одделение. Според информациите, ученикот објавил недолични и заканувачки пораки на социјалните мрежи упатени кон соученици и нивните родители, што предизвикало вознемиреност кај дел од ...
На 07.05.2026 во 18:00 часот во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишиле од слобода Д.С.(65) од Кичево. При претреси во неговиот дом и помошни простории во Кичево и во с.Попоец, кичевско, извршени со судска наредба, биле пронајдени и одземени две пушки и куршуми различен калибар. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. На 07.05.2026 ...
Институтот за јавно здравје извести дека ја следи состојбата поврзана со пријавениот мултинационален кластер на случаи на инфекција со хантавирус поврзан со патување на крузерот MV Hondius во регионот на јужниот Атлантски Океан. „Според информациите објавени од Светската здравствена организација (WHO), Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC) и националните здравствени власти на засегнатите земји, досега се регистрирани 8 ...
Денес официјално започна најголемата регионална еко-акција „GENERALKA WEEKEND”, која годинава обединува десетици илјади волонтери од 80 општини, над 600 организации, јавни институции, приватни компании и повеќе од 250 државни институции ширум Македонија. На централниот настан во Скопје присуствуваа претседателката на Република Македонија Гордана Силјановска-Давкова, госпоѓа Рози Мицкоска, амбасадорот на Австрија Мартин Памер, министерот за ...
По долго боледување, на 53-годишна возраст почина новинарката на МИА Ирена Радовановиќ, една од препознатливите фигури во македонското новинарство, особено во областа на внатрешната политика. Новинарската кариера ја започна во неделникот „Фокус“ во 1991 година каде работела до 2001 година, по што продолжува во „Вечер“ како новинар во внатрешно-политичката рубрика. Во 2024 станува дел од редакцијата на „Нова Македонија“, а од 2006 и 2007 на ...
Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска оствари средба со генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, при што беше потврдена силната и континуирана соработка меѓу Северна Македонија и Советот на Европа во областа на владеењето на правото, демократијата и човековите права. Министерот Сали го поздрави затворањето на пост-мониторинг дијалогот на Парламентарното собрание на Советот на ...
Со растечкиот број на корисници на велосипеди и електрични тротинети како превозни средства, потребата од поголема свест и внимателност во сообраќајот е сè поизразена. Користењето на овие превозни средства во сообраќајот, особено во урбаните средини, носи многу придобивки, отвара многу алтернативи за надминување на проблемот со сообраќајниот метеж, гужвата и бучавата во сообраќајот, континуираниот недостаток на паркинг места, загаденоста, ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, еден ден пред традиционалните прослави по повод Денот на победата во Москва, ги предупреди официјалните претставници на државите сојузнички на Русија да не патуваат во руската престолнина на годишната парада на 9 мај, со која се одбележува победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија, пренесе ДПА. Во своето вечерно видеообраќање, Зеленски изјави дека Украина добила прашања од држави блиски ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека три разурнувачи на американската морнарица биле под оган додека минувале низ Ормуската Теснина. Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“ (Truth Social) наведе дека разурнувачите не претрпеле штета, но дека им биле нанесени „сериозни загуби на иранските напаѓачи“. „Три американски разорувачи од светска класа штотуку транзитираа, многу успешно, од Ормуската Теснина, под оган. Немаше штета ...
Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески денес ќе оствари средба со претседателката на Европската асоцијација за обезбедување квалитет во високото образование (ЕНКА), проф. д-р. Кристина Гицулика. На средбата ќе се дискутира за вклученоста на бизнис заедницата во системот на високото образование, а фокусот посебно ќе биде ставен на учеството на бизнис зедницата во креирање на студиските програми, соработката во реализацијата на ...
На Плоштадот „Македонија“ во Скопје денеска свечено ќе бидат отворени „Плазма – Спортските игри за млади“ на кои ќе учествуваат над 27.000 деца од целата држава. Игрите опфаќаат разни спортски дисциплини и ќе се реализираат преку натпревари на локално, регионално и државно ниво. Најуспешните млади спортисти ќе обезбедат пласман на меѓународното финале во Сплит, каде што е се натпреваруваат со врсници од регионот. Со тоа, како што нагласуваат ...
Бугарскиот Парламент се очекува денеска да го изгласа предлог-кабинетот на кандидатот за премиер Румен Радев, номиниран од партијата „Прогресивна Бугарија“. Претседателката Илијана Јотова вчера му го врачи првиот мандат за состав на влада на Радев, како претставник на најголемата пратеничка група во 52. Народно собрание, кој веднаш го врати мандатот како исполнет. Предложената владина структура предвидува четворица вицепремиери и 18 ...
Соопштение за јавност на Левица – Аеродром: Државна изборна комисија (ДИК) со мнозинството од ДПМНЕ донесе скандалозен правилник, со кој на општините во Скопје им се наложува да ја исплатат целосната сума за дневници на одборниците за локалните избори, наместо како досега дел од трошоците да ги покрива и Град Скопје. Оваа одлука директно ќе го оптовари буџетот на Општина Аеродром со сума од над 16 милиони денари, односно околу 260.000 евра, ...
Соопштение за јавност на Левица: Реџеп Исмаил, пратеник од Левица, преку социјалните мрежи обвинува дека суштинските проблеми на изборниот систем намерно се игнорираат, иако формално се водат процеси на „инклузивен дијалог” околу измените на Изборниот законик. Исмаил информира дека како член на Работната група при Министерството за правда за измени на Изборниот законик присуствувал на настан организиран од ИФЕС, на кој бил презентиран ...
Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека телефонски разговарал со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, и додаде дека на Европската Унија ѝ дал рок до 4 јули да го исполни својот дел од трговскиот договор со САД, во спротивно американските царини за европскиот блок ќе достигнат значително повисоки нивоа. Трамп разговорот со Фон дер Лајен го оцени како „одличен“ и посочи дека разговарале за повеќе прашања, ...
Соопштение за јавност на ВЛЕН: Кога се создаде ВЛЕН, не сите веруваа дека ова патување ќе стигне до тука. Имаше такви што очекуваа поделби, замор и неуспех. Имаше и други што отворено работеа ова обединување никогаш да не се случи. Но утре одговорот ќе се даде пред очите на сите. На 9 Мај, Денот на Европа, на Конгресот на обединувањето, пет политички субјекти ќе донесат една од најважните одлуки во рамките на албанскиот политички блок во ...
Метео анализа на Славчо Попоски: Под влијание на влажна и на нестабилна воздушна маса од Медитеранот на ден 8 Мај 2026 Петок во Македонија времето ќе биде облачно со врнежи од дожд кои повремено и локално ќе бидат пообилни и очекувам да наврнат над 15 литри на метар квадратен дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југоисточен правец. Локално пак ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи, силен ветер и со услови ...
Шпанската полиција заплени рекордни 30 тони кокаин што биле транспортирани со товарен брод во близина на бреговите на Африка, соопштија вчера судските власти, јави ДПА. Шпанските власти нагласија дека ова е најголемата поединечна пратка наркотици запленета некогаш во светот. Операцијата за пресретнување на бродот е спроведена во соработка со американските власти и со холандската полиција. Вредноста на запленетата дрога изнесува над 812 ...
Делови од населбите Бутел, Радишани и Кучевишка Бара изутринава е можно да останат без водоснабдување или да имаат намален притисок на вода, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје. Можниот прекин е поради изведување технички зафати во трафостаница во ПС Бутел од страна на ЕВН, кои ќе започнат во 05:00 часот и ќе траат до нивното завршување. Делови од населбите Бутел, Радишани и Кучевишка Бара изутринава е можно да останат без ...
Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, краткотрајно во форма на невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 16 до 21 степени. Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а во делови од котлината ќе има услови за појава на грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а ...
Светска здравствена организација официјално соопшти дека случаите на хантавирус регистрирани на еден крузер не претставуваат најава за нова глобална пандемија, нагласувајќи дека начинот на ширење на вирусот е значително различен од коронавирусот. Генералниот директор на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус, појасни дека хантавирусот не се пренесува лесно преку воздухот како респираторните вируси. Според него, пренос од човек на човек е можен само ...
Поранешниот вицепремиер за економски прашања и актуелен пратеник, Фатмир Битиќи, преку објава на Фејсбук остро реагираше на растот на цените на храната и животните трошоци, оценувајќи дека граѓаните секојдневно се соочуваат со сè потешка економска реалност. „Поскапувањето на храната е најсуровиот економски показател, затоа што зборува за цените на лебот, млекото, маслото, јајцата, зеленчукот – за основните животни продукти без кои нема ...
Лидерот на опозицискиот СДСМ, Венко Филипче, оцени дека одложувањето на примената на новиот Закон за внатрешни работи и измените во Законот за полиција претставува победа за професионалната и чесна полиција, но и за сите граѓани во државата. Во објава на социјалната мрежа Икс, Филипче порача дека со ова се спречува, како што наведе, партизација на Министерството за внатрешни работи и воспоставување политичка контрола врз полицијата. Според ...
Руското Министерство за одбрана денес објави прекин на огнот со Украина од полноќ на 8 мај до 10 мај, по повод годишнината од поразот на нацистичка Германија во Втората светска војна. „За време на прославата на 81-годишнината од Денот на победата, од полноќ на 8 мај до 10 мај, руската страна прогласува прекин на огнот“, соопшти министерството на Телеграм. Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека ограниченото примирје на ...