Скопје
2ᴼ /
2ᴼ
Здружението на инфлуенсери и креатори на дигитални содржини ја информира јавноста дека во целост ги отфрла Правилникот и Водичот донесени од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), оценувајќи дека истите се надвор од законските рамки и не се усогласени со реалноста на дигиталниот простор. Според ставот на инфлуенсерите, предложените акти не нудат системско решение за транспарентноста и одговорноста во интернет ...
Соопштение за јавност на СДСМ: -Оваа Влада нема допир со реалноста како живее едно просечно македонско семејство и не чувствува што значи да се преживее месецот со платата што денес ја зема македонскиот работник и одбива да ги покачи платите, рече генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, во емисијата „Мит или вистина” на Слободен печат. Додека власта наоѓа пари за тендери и непродуктивни трошоци, за зголемување на ...
СВР Велес поднесе кривична пријава против 24-годишна жена од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете”. На 01.02.2026, откако се породила во ЈЗУ Општа болница Велес, пријавената доброволно со депониран потпис го напуштила гинеколошкото одделение и притоа го оставила новороденото бебе. СВР Велес поднесе кривична пријава против 24-годишна жена од Велес поради постоење основи на ...
Членката на Државната комисија за спречување на корупцијата Цвета Ристовска денеска до претседателот на Собранието, Африм Гаши, поднесе оставка од функцијата. Во објаснувањето стои дека оставката ја поднесува поради јавните полемики и сомнежи околу нејзината работа во ова тело. „По недели јавни полемики и сомнежи изнесени во прска со мојата работа во Државната комисија за спречување на корупцијата, донесов одлука да поднесам неотповиклива ...
Премиерот на Македонија Христијан Мицкоски на социјалните мрежи објави дека во Минхен се сретнал со делегација на унгарската компанија 4IG. 4IG треба да биде новиот мобилен оператор во Македонија најавувајќи дека во земјава ќе инвестира над 100 милиони евра. Инаку, Мицкоски пред само десетина дена имаше средба со истата компанија, на маргините на Светскиот економски форум во Давос, па се се поставува прашањето што толку се променило за да ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство Штип поднесе кривична пријава против Ј.Н. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,противправно лишување од слобода”, предвидено и казниво по член 140 став 1 од Кривичниот законик. Пријавената Ј.Н., вработена во ПО за БПС Кочани при СВР Штип, на 13.09.2025 на место викано „Суитлак” во Штип, откако се ...
Инспекциските служби на Општина Центар започнаа со расчистување на два напуштени објекти на улиците „Тетовска“ бр. 20 во Ново Маало и „Владимир Полежиновски“ бр. 7, во близина на ТЦ Буњаковец. На првата локација, во близина на гимназијата „Раде Јовчевски –Корчагин“, со асистенција на Министерството за внатрешни работи, се иселени бездомните лица, затекнати во руинираниот објект, по што започна расчистување на сметот во и околу куќата. ...
Американскиот министер за здравство Роберт Кенеди Џуниор во подкаст изјави дека „не се плаши од повраќање“ бидејќи „шмркал кокаин од тоалетните школки“. Американскиот министер за здравство го призна ова за време на подкастот „This past weekend“ на популарниот американски подкастер Тео Вон. Во подкастот, Кенеди и Вон разговараа за нивната историја на злоупотреба на дрога и како заедно присуствувале на состаноци за поддршка пред да бидат ...
Трактори и конвои од цела Грција денес, 13 февруари 2026, се симнуваат во центарот на Атина, со најавен масовен протест пред Хеленскиот парламент. Собирот е планиран на Плоштадот Синтагма: пристигнувањето започнува околу 15:00, главниот митинг е закажан за 16:00, а организаторите најавуваат дека ќе останат во текот на ноќта и ќе се повлечат организирано до пладне во сабота, 14 февруари. Во позадина на демонстрацијата е истата стара сметка ...
Припадници на Министерството за внатрешни работи во Вождовац го уапсиле државјанинот на Северна Македонија, С. Г. (46), под сомнение дека запалил угостителски објект каде што работел од одмазда, а потоа ги заплашил своите поранешни работодавци со бизарни видеа, дознава „Telegraf.rs“. Во белградската населба Вождовац, на 10 февруари се случил инцидент кој само со чиста среќа и смиреност на вработените се извлекол без човечки жртви. По брза ...
Соопштение за јавност на Левица: Левица бара итна оставка од пратеничката од редовите на ДПМНЕ, Дафина Стојаноска од гостиварско, која очигледно и веќе во неколку наврати не ја разбира функцијата која ја обавува и мандатот кој и е доверен од граѓаните. Објавувањето снимка во која се појавуваат малолетните деца на претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија претставува особено тежок морален и институционален пад за носител на јавна ...
Пожар во Будакеши рано наутро во петокот одзеде неколку животи, а десетици беа повредени. Покривот на двокатната зграда – хотелот „Спорт“ на улицата „Зичи Петер“ – беше целосно зафатен од пламен, а пламенот веројатно е предизвикан од експлодирана плинска боца. Пожарникарите евакуираа неколку луѓе и пронајдоа две тела во урнатините утрово, додека спасувањето и потрагата по жртвите сè уште се во тек. Градоначалничката, Отилија Ѓери, објави ...
Во врска со информациите за енормно загадување на водата за пиење и за основни животни потреби на подрачјето на градот Струга, Основното јавно обвинителство Струга оформи предмет за да се испитаат причините и евентуално сторени кривични дела против животната средина и природата. Во координација со МВР – ОВР Струга, издадена e наредба за правосудната полиција да изврши увид на локација во селото Шум, каде се сместени изворите од кои ...
Денешниот ден носи потреба од смиреност, внимателни одлуки и повеќе искреност во односите. Кај многумина ќе се отвори можност за решавање на стари недоразбирања, додека на професионален план ќе биде важно трпението и добрата организација. Ѕвездите советуваат да се избегнуваат импулсивни реакции и да се посвети внимание на личната благосостојба. Овен Љубовниот живот добива нова динамика. Можно е да се отвори разговор кој долго време се ...
Поранешниот претседател на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, беше почесен гостин на промоцијата на Стратегијата за работа на Националниот совет на македонското национално малцинство во Република Србија за периодот 2026–2031 година. На настанот, што се одржа синоќа во Нови Сад, во годината кога се одбележуваат 80 години од доселувањето на Македонците во Војводина, претседателот Иванов имаше пригодно обраќање во кое ја истакна важноста на ...
Услугата за пораки „Ватсап“ (WhatsApp) вчера ги обвини руските власти за обиди за целосно блокирање на апликацијата на територијата на Руската Федерација. „Обидот да се изолираат над 100 милиони луѓе од приватна и безбедна комуникација е чекор назад и може само да доведе до помала безбедност за луѓето во Русија. Продолжуваме да правиме сè што можеме за да ги одржиме корисниците поврзани“, соопшти „Ватсап“, која е во сопственост на „Мета ...
Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: Во 2023 година, Владата предводена од СДС извршила измени на Правилникот за одгледување канабис за медицински цели, кои се косат со важечкиот закон што ја регулира оваа област. Со измените во член 2 од Правилникот е предвидено канабисот да може да се одгледува и на отворен простор (површина или земјиште), иако во законот и во претходната верзија на правилникот беше утврдено дека одгледувањето за медицински ...
Заедничката изјава меѓу Соединетите Американски Држави и Република Северна Македонија за реципрочна, фер и балансирана трговија претставува значаен исчекор во унапредувањето на билатералните економски односи и продлабочувањето на стратешкото партнерство меѓу двете земји, оценува премиерот Христијан Мицкоски. Според него, објавата на Белата куќа е јасен сигнал за зголемена доверба и поддршка од страна на САД, како и основа за идни економски ...
“Кино Балкан” продукција и дистрибуција почна да дистрибуира македонски филмови и филмови од регионот.. Во изминатиов период “Кино Балкан” активно го дистрибуира филмот “Приказна за Силјан” на режисерката Тамара Котевска Филмот имаше проекции во повеќе од 15 градови во Македонија и руши рекорди, како по број на гледачи така и по број на локации каде е прикажан. Она што се издвојува од оваа дистрибуција е активниот пристап и откривањето на ...
Париската полиција уапси десет лица осомничени за организирање масовна измама со билети во музејот Лувр. Меѓу уапсените наводно имало вработени во музејот и туристички водичи кои ги таргетирале кинеските посетители во шема што вклучувала продажба на лажни билети и пребукирање на тури со водичи, објави „Еуроњуз“ . Според францускиот весник „Ле Паризиен“, полицијата ги привела осомничените во вторник откако администрацијата на Лувр пријавила ...
Филозофскиот факултет – Скопје го направи првиот чекор во иднината на високото образование во Македонија! Вчера, 11 февруари 2026 година, официјално се заокружи процесот на креирање на AI инфраструктурата на Филозофскиот факултет – Скопје! Платформата е јавно достапна на: https://aifzf.org/ Со ова, Филозофскиот факултет стана првата високообразовна установа во Македонија што воспостави сопствен AI екосистем со сопствена AI инфраструктура — ...
„Одиме кон креирање на новата партиска програма, во процес на сериозна, многу честа комуникација со членството, којшто процес ќе заврши на почетокот или средината на месец јуни со уште еден програмски конгрес, на којшто ќе ја презентираме новата партиска програма на СДСМ”, најави претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче во „Само интервју” на Канал 5 Телевизија. Филипче потенцираше дека СДСМ не е и нема да биде контролирана опозиција и дека ...
Соединетите Американски Држави и Република Северна Македонија постигнаа согласност за рамка на нов Договор за реципрочна, фер и избалансирана трговија, со кој се очекува значително продлабочување на економската соработка и подобрување на пристапот на компаниите од двете земји до меѓусебните пазари. Според заедничката изјава, договорот има за цел да ја зајакне билатералната трговска размена, да ги поддржи заедничките стратешки интереси и да ...
Астрологијата не открива само карактер и љубовни навики – таа може да ја опише и „вибрацијата“ на секој знак. Ако секој хороскопски знак беше пијалок, изборот би бил изненадувачки точен. Еве како изгледа таа вкусна астролошка мапа: Овен – Виски со мраз Силен, директен и без компромиси. Како вискито – интензивен и самоуверен. Бик – Црвено вино Хедонист што ужива во квалитет и длабочина. Сака вкус што трае и атмосфера што опушта. Близнаци – ...
Лекарка од итната медицинска помош се најде под истрага откако во јавноста се појавија фотографии на кои наводно консумира кокаин. Нејзините претпоставени во Заводот за итна медицинска помош на Загрепската жупанија потврдија дека примиле пријава и дека лекарката ќе биде упатена на вонреден лекарски преглед, објави емисијата „Проверено“. Информацијата дека лекарката консумирала кокаин засега не е официјално потврдена. Покрената постапка ...
Земјотрес со магнитуда од 4,4 степени според Рихтеровата скала беше регистриран вечерва во 20:59 часот на територијата на Албанија. Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран на географска ширина 39,72 и географска должина 20,29, односно на околу 156 километри од Елбасан, во близина на албанско-грчката граница. Хипоцентарот на земјотресот, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓал на длабочина од ...
Редовната физичка активност е клучна за здрав живот, но без правилно закрепнување тешко се постигнуваат резултати. Болките во мускулите и заморот можат да го забават напредокот и да го нарушат ритамот на вежбање. Освен доволен сон и балансирана исхрана, важна улога имаат и одредени витамини кои го поддржуваат процесот на регенерација. Витамин Ц Како силен антиоксиданс, учествува во создавањето колаген – важен за тетивите и сврзното ткиво. ...
14 февруари е вистинска можност да ја изразите љубовта и вниманието кон саканата личност. Иако најважни се искрените чувства, внимателно одбран подарок може дополнително да го направи денот незаборавен. Еве неколку проверени предлози што секогаш оставаат впечаток. Персонализиран подарок со личен печат Гравиран накит, фотографија од заеднички момент во убава рамка или книга со рачно напишана посвета – ваквите подароци имаат посебна вредност. ...
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, по состанокот на министрите за одбрана во Брисел изјави дека Алијансата бележи напредок во зголемувањето на инвестициите во одбраната, оценувајќи дека тоа е клучно за зачувување на безбедноста. Според него, на средбата бил анализиран напредокот во спроведувањето на одлуката од Самитот во Хаг во јуни 2025 година, со која земјите членки се обврзаа постепено да ги зголемат трошоците за одбрана на пет ...
Португалскиот парламент на прво читање го усвои предлог-законот со кој младите од 13 до 16 години ќе можат да отвораат профили на социјалните мрежи само со дозвола од родител или старател. Иницијативата доаѓа од владејачката Социјалдемократска партија, која образложи дека целта е подобра заштита на малолетниците од кибер-насилство, несоодветни содржини и злоупотреби преку интернет. Според предлогот, ќе се воспостави систем преку кој ...