Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Во градот Триполи на северот на Либан, петкатна станбена зграда се урна во неделата, при што непознат број луѓе останале заробени под урнатините, јавува Ројтерс, повикувајќи се на безбедносни извори. Според извештај на Националната новинска агенција на Либан, досега спасувачите и локалните жители извлекле три лица живи од урнатините на зградата во населбата Баб ал-Табане. Се уште нема информации дали има жртви, а локалните власти најавуваат ...
Руските сили изведоа напад со балистички проектили врз Киев, соопшти 4news.mk, а во главниот град и во повеќе региони е прогласена воздушна тревога, пренесува „Украинска правда“. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, потврди дека се случуваат експлозии и ги повика жителите да останат во засолништа: „Експлозии во главниот град. Киев е под балистички напад. Силите на противвоздушната одбрана се активни. Останете во засолништа!“, порача ...
Норвежанецот Сандер Ејтрем постави олимписки рекорд и освои злато на 5.000 метри брзо лизгање. Дваесет и тригодишниот лизгач постигна време од 6:03,95, со што постави нов олимписки рекорд. Чехот Методеј Јилеку го освои среброто, завршувајќи 2,53 секунди зад водечкиот. Италијанецот Рикардо Лорело го освои бронзениот медал (+5,27 секунди). За Норвешка ова е трето злато на Олимпијадата во Италија и е лидер на табелата медалисти. ...
Некои видови чаеви, кога се консумираат без шеќер, можат природно да придонесат за намалување на шеќерот во крвта благодарение на нивните антиоксидантни својства. Поради тоа, тие често се препорачуваат на лица со дијабетес или на оние кои се изложени на поголем ризик од неговата појава. Еве преглед на чаеви чија ефикасност е потврдена со научни истражувања: Зелен чај Зелениот чај, кој зафаќа околу 38% од пазарот на чај, е богат со катехини. ...
Поднесе оставка шефот на кабинетот на британскиот премиер Кир Стармер, Морган МекСвини. Ова се случува во услови на зголемен притисок врз Стармер поради неговата одлука да го назначи Питер Манделсон за амбасадор во Соединетите Американски Држави. Стармер се соочува со она што многумина го сметаат за негова најголема криза откако дојде на власт пред 18 месеци поради неговата одлука да го испрати Манделсон во Вашингтон во 2024 година, откако ...
Истрага на грчките безбедносни служби, детално опишана од весникот „Катимерини“, открива на кој начин бил разоткриен 54-годишен полковник од воздухопловните сили, осомничен дека пренесувал доверливи воени информации на кинески државни структури. Апсењето следело по повеќемесечна истрага, откако западна разузнавачка служба испратила предупредување до грчката Национална разузнавачка служба за активен припадник на армијата кој наводно споделувал ...
Премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање како од државава излегле 5 тона марихуана и дали и останатите запленети 40 тона биле наменети за шверц, рече дека немал информации дека запленетата марихуана во Србија била излезена од Македонија и ја повика новинарката доколку има такви информации да даде исказ во Обвинителството. Марихуаната, шишињата произведено масло од канабис (полупроизвод) и биомасата запленети вчера во акција на ...
Албанскиот премиер Еди Рама за првпат јавно се осврна на одлуката на Уставниот суд поврзана со суспензијата на вицепремиерката и министерка за инфраструктура Белинда Балуку, оценувајќи ја како сериозен и невиден преседан во една демократска држава. Тој најави дека владата нема да се повлече и дека ќе продолжи со, како што рече, „битката за правдата и уставниот поредок“. Во обраќањето во поткастот „Фласим“, Рама истакна дека одлуката на ...
Така наречениот договор којшто денеска е постигнат со УПОЗ е потврда дека Владата на Мицкоски не сака да ја покачи минималната плата на работниците на 600 евра. Овој договор се однесува на само мал број административни службеници, околу 10.000 не земајќи ги во предвид сите јавни службеници како на пример вработените во државните акционерски друштва и останатите работници. После две години без реален раст на платите, над 200 илјади работници ...
Српската полицијата трага по две лица осомничени за киднапирање на македонскиот пејач Даниел Кајмакоски, нагласувајќи дека пејачот е згрижен. Како што е наведено, по полициска потера, возилото во кое се наоѓале двете непознати лица, било запрено на територијата на општина Рума. Киднапираниот бил затекнат во возилото со врзани раце, додека киднаперите успеале да го напуштат возилото и да побегнат во непознат правец. Двајцата претходно со нож ...
Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека во Дубаи е уапсен маж осомничен за вооружениот напад врз високиот руски воен разузнавач Владимир Алексеев, кој неодамна беше тешко ранет во Москва. Како што пренесуваат британските медиуми, осомничениот веќе е екстрадиран во Русија, каде што ќе се соочи со истрага. Станува збор за рускиот државјанин Љубомир Корба, кој, според ФСБ, се сомничи дека директно го извршил нападот. ...
Шеесет и петгодишен жител на Свети Николе бил лишен од слобода откако во својот дом упатувал сериозни закани кон своите синови и физички нападнал едно од нив. Според полициските информации, инцидентот се случил на 7 февруари 2026 година околу 21:30 часот, а полициски службеници од ОВР Свети Николе интервенирале и го привеле мажот во 22:45 часот. При интервенцијата било утврдено дека тој користел остар предмет при заканите кон двајцата ...
АА-Села: Министерот за правда да поднесе оставка, правосудниот испит да се одржи на албански јазик Премиерот Христијан Мицкоски денес потврди два неоспорни факти што многу негови подредени се обидоа да ги негираат или манипулираат. 📌 Младите албански правници имаат право да го полагаат испитот по правосудство на албански јазик, додека за досегашното одбивање и кршењето на ова право, министерот за правда треба да биде разрешен бидејќи ги ...
Полициски службеници од СВР Струмица, односно ОВР Гевгелија, денеска го лишија од слобода 21-годишниот Б.С. од Република Албанија. Интервенцијата се случила околу 01:55 часот, на излезот од Гевгелија кон автопатот А1, кога полицијата запрела патничко возило марка „мерцедес“ со албански регистарски таблички, кое го управувал приведениот. При извршената контрола било констатирано дека во возилото се превезувале пет лица мигранти – четворица ...
Од УХМР велат дека ќе има промена на времето од утре, со променлива облачност и врнежи од дожд во поголем дел од земјата. Посебно предупредување е упатено за југозападните делови, каде се очекува да паднат над 15 литри на метар квадратен. На повисоките места, дождот ќе премине во снег, а во котлините се очекува појава на магла, што дополнително ќе ја намали видливоста. Поради најавениот умерен до засилен ветер, се препорачува зголемена ...
На 07.02.2026 во 12:30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода О.В.(38) од Струмица. Тој се сомничи дека на 06.02. и 07.02.2025 година во два наврати учествувал во извршување на кривични дела измами, каде оштетени се 84-годишна и 68-годишна жителка на Струмица, а во еден случај во обид да биде измамена 77-годишна жителка на Струмица. Имено, откако едно лице им се јавувало на фиксни телефонски броеви на ...
Денеска, во кафе бар Синдикат, се одржа слушачка промоција на новиот албум „Ентропија” на Никола Бочваров Квартет, со што официјално беше означен почетокот на неговиот живот пред публиката. „Ентропија” е второ издание под името Никола Бочваров Квартет и претставува 51 минута современ џез, изведен од квартет во состав: Иван Петровски (гитара), Александар Ванчовски (тапани), Филип Димишковски (клавијатури) и Никола Бочваров (бас). Албумот е ...
Полициски службеници од ОКР Центар и Бит Пазар ноќеска спровеле акциска контрола во угостителски објекти во централното градско подрачје на Скопје, со цел санкционирање на присуство на малолетници по полноќ и точење алкохол на лица под 18 години. Контролата била реализирана во периодот од 19:00 до 03:00 часот на 7 кон 8 февруари 2026 година, при што во угостителски објект на подрачјето на Центар биле затекнати малолетници кои консумирале ...
Би сакам да се приклучам кон информацијата којашто и Трпе и Благоја од името на УПОЗ и САДУ ја пренесоа до медиумите и до јавноста и до вработените во администрацијата, но и до вработените во судовите и обвинителствата така што ова е еден поширок пакет каде ќе бидат опфатени заедно со вработените во судовите и обвинителствата некаде околу 11.000 вработени и со ова целосно, Владата како најголем работодавач, практично со своите колеги ...
На 07.02.2026 во 02:55 часот, на улицата „Борис Кидрич” во Кичево, од слобода е лишен Ф.В.(21) од Кичево. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „мерцедес” со кичевски регистарски ознаки, при што било утврдено дека го управувал возилото без положен возачки испит. По насоки на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. ...
Италијанската премиерка Џорџија Мелони ги осуди антиолимписките демонстранти како „непријатели на Италија“ по насилството на протестот во Милано синоќа и саботажните напади врз националната железничка мрежа. Инцидентите се случија на првиот целосен ден од натпреварите на Зимските олимписки игри, чиј домаќин е Милано, италијанската финансиска престолнина, заедно со алпскиот град Кортина д’Ампецо. Мелони ги пофали илјадниците Италијанци кои, ...
Министерот за транспорт Александар Николовски преку објава на социјалните мрежи информираше дека институциите ќе започнат постапка за конфискација на нелегално изградениот објект на спортскиот аеродром Стенковец. Како што наведува Николовски, Министерството за транспорт, како надлежна институција за објекти од прва категорија – меѓу кои аеродроми, болници, објекти за високо образование, спортски сали и други инфраструктурни објекти од ...
Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски синоќа бил киднапиран во Белград по настап во познат ноќен клуб, а неговиот тим преку официјалната Фејсбук страница потврди дека инцидентот навистина се случил. Според соопштението на ПР тимот, пејачот е во добра здравствена состојба и по неколкучасовен престој во полиција се вратил дома. Како што се наведува, по настапот во близина на Бетон Хол, Кајмакоски бил пресретнат од две лица, за кои се ...
Прес конференција на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ – генерален секретар Почитувани, Помина цела недела од објавата на картелскиот скандал со 5 тони дрога од Македонија која била запленета во соседна Србија. Со денови нема одговор на најважното прашање: како 5 тони дрога поминале преку македонската граница и кој ќе одговара? Нема приведени, нема осомничени. Има само дефокус. Од јавно објавените фотографии може да се види дека запленетата ...
Довербата е ретка валута, а уште поретки се луѓето на кои можеме да им ја дадеме без двоумење. Некои луѓе природно зрачат со дискреција, стабилност и тишина што не крие осуда, туку сигурност. Меѓу хороскопските знаци , некои се издвојуваат токму поради оваа исклучителна способност – тие знаат како да ги чуваат туѓите тајни како да се свои, без да бараат ништо за возврат. Рак Раковите се исклучително емотивно приврзани кон луѓето за кои се ...
Авион на авиокомпанијата Wizz Air кој утрово полетал од Скопје кон Париз прогласил вонредна состојба околу два часа по полетувањето, додека се наоѓал над Луксембург, пренесуваат специјализирани сервиси за следење на летови. Станува збор за летот W64719, управуван од авион „Airbus A321neo“. Според достапните информации, екипажот одлучил да го прекине летот и да го пренасочи кон аеродромот Брисел–Шарлроа, каде што леталото безбедно слетало ...
Скопјанката Сања преку објава на социјалните мрежи сподели вознемирувачко сведоштво за напад од глутница кучиња кој, како што наведува, се случил рано наутро на скопскиот кеј. Според нејзиниот фејсбук статус, инцидентот се случил во вторникот, на 3 февруари, околу 4:30 часот, додека излегла да трча пред работа. Таа раскажува дека на дел од кејот, во близина на Палас, најпрво ѝ се приближиле неколку кучиња кои почнале да лаат, а набрзо им се ...
Белград и Срем синоќа биле сцена на драматичен инцидент каков што ретко се случува, а според пишувањата на српските медиуми, македонскиот пејач Даниел Кајмакоски бил киднапиран под закана со оружје во центарот на главниот град. Според неофицијалните информации, драмата започнала околу 00:50 часот, откако Кајмакоски го напуштил ноќниот клуб „Лафајет“ во Бетон Хол, каде што претходно имал настап. Кога влегол во своето бело возило „Волво XC60“, ...
Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: Олицетворението на криминалот, главата на октоподот во корупцијата и лидерот на СДС од сенка, Зоран Заев се јави во одбрана на својот криминал кој изминативе денови се запленува во форма на дрога од неговата му родна Струмица. Негови први пријатели на кои им даваше тој заедно со Венко Филипче лиценци за одгледување на марихуана за медицински цели, гледаме деновиве дека тие за тоа не го користеле канабисот ...
Соопштение за јавност на СДСМ: Христијан Мицкоски направи уште еден авторитарен чекор во ВМРО. Ги отстрани сите потпретседатели. Муцунски, Николовски, Мисајловски, Кочовска, сите се отстранети. Мицкоски си воспостави бизнис модел сам да си владее со партијата. Исто како што сака да си владее со Македонија. Се е поставено. Наместо реформи ВМРО денеска функционира како приватна фирма на еден газда каде сè е приватен бизнис и заштита на тој ...