Страшна сообраќајна несреќа на скопската обиколница доцна синоќа заврши со четири жртви, откако камион со косовски регистарски таблички преминал во спротивниот правец и се судрил со патничко возило. По ударот, двете возила биле зафатени од пожар. Несреќата, како што информираат од МВР, била пријавена околу 23 часот и се случила на делницата помеѓу надвозникот кај Визбегово и клучката Мирковци, во близина на Радишани. Според првичните ...

Државните институции изминатиот викенд биле мета на координиран и сериозен сајбер напад, насочен кон владините веб-страници и националниот портал за електронски услуги. Надлежните уверуваат дека безбедносните механизми навреме реагирале и дека нема компромитирани податоци. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ откри дека станувало збор за DDoS напад, при кој преку милиони барања бил ...

Овен Фокусирајте се на вашите креативни проекти и не дозволувајте малите детали да ви го нарушат расположението. Денес имате моќ да ги инспирирате другите, сè додека не го наметнувате вашето мислење премногу агресивно. Вечерта ветува интересни разговори што ќе ги променат вашите планови за викендот. Бик Денот бара внимание на семејните прашања и удобноста во домот. Може да почувствувате внатрешна тензија помеѓу професионалните обврски и ...

На повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични прaзнења, силен ветер (над 60 km/h) и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 19 до 29 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди, во делови од котлината нестабилно со пороен дожд, грмежи ...

Македонската фудбалска репрезентација на 29. мај во Сараево ќе одигра пријателски натпревар против репрезентацијата на Босна и Херцеговина. Фудбалската федерација на Босна и Херцеговина за македонските навивачи обезбеди влезници по цена од 1000 денари за секторите ЈУГ Б4, ЈУГ Б3 и ЈУГ – стоење на стадионот „Асим Ферхатовиќ Хасе“ во Сараево. Навивачите на македонската репрезентација билетите можат да ги купат директно преку веб платформата на ...

Американскиот претседател Доналд Трамп навести можност за интервенција во Куба, во период кога тензиите меѓу двете земји повторно се зголемуваат, објави АП „Други претседатели размислуваа да направат нешто во последните 50-60 години. Изгледа дека јас ќе бидам тој што ќе го направи тоа. И би бил среќен да го направам“, изјавил Трамп во четвртокот, одговарајќи на новинарско прашање за Куба. Тој ја нарече Куба „пропадната држава“, тврдејќи дека ...

Германскиот канцелар Федерик Мерц предложи земјите од Западен Балкан да добијат статус на набљудувачи во ЕУ, додека Украина да добие статус на таканаречена асоцирана членка без право на глас. Во писмото што Мерц им го испратил на лидерите на ЕУ – претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, како и кипарскиот претседател Никос Кристодулидес , чија земја моментално претседава со ...

Словачкиот премиер Роберт Фицо го отфрли предлогот на германскиот канцелар Федерик Мерц, Украина да добие асоциран статус во Европска Унија без право на глас, додека продолжуваат преговорите за полноправно членство. Фицо изјави дека во моментов не постои политичка клима во ЕУ за ваков тип аранжмани. „Или ќе прифатиме некого, или нема“, изјави словачкиот премиер, додавајќи дека Унијата треба да се фокусира и на другите кандидатки како Црна ...

Во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, Лилјана Поповска оцени дека Грција и Бугарија низ годините успеале да обезбедат меѓународни документи и договори кои, според неа, денес претставуваат сериозен товар за Македонија во процесот на евроинтеграција. Поповска истакна дека македонската страна во минатото правела политички и дипломатски грешки, кои подоцна биле искористени од соседните држави. „Грција и Бугарија успеаја да обезбедат документи каде ...

Во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, Лилјана Поповска изјави дека Македонија не е во трка со времето, туку со сериозен демографски проблем, кој, според неа, е директно поврзан со разочарувањето на граѓаните и нивното иселување од државата. „Ние не сме во костец со времето. Ние сме во костец со демографскиот проблем, затоа што разочарувањето од неисполнување на одредени очекувања на граѓаните предизвикува иселувања и барање други патишта кои ќе ...

Во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21, аналитичарот Раби Седрак изјави дека на луѓето кои ги подготвувале договорите со Грција и Бугарија им недостасувало практично и политичко искуство за решавање на чувствителни прашања поврзани со идентитетот и државноста. Според Седрак, Европската Унија функционира како „клуб“ со јасно поставени услови што секоја држава-кандидат треба да ги исполни. „Европската Унија е еден клуб што има услови за да може некој ...

Британскиот претставник на Евровизија 2026, Look Mum No Computer, започна да продава маици со натпис „Look Mum No Points“ по освоеното последно место на годинашниот избор за песна на Евровизија. Музичарот, чие вистинско име е Сем Батл , настапи со песната „Eins, Zwei, Drei“, но освои само еден поен од жирито и нула поени од публиката. И покрај разочарувачкиот резултат, тој реагираше со хумор и спортски дух, честитајќи ѝ на Бугарија за ...

Американскиот државен секретар Marco Rubio изјави дека постојат „неколку добри знаци“ кои би можеле да доведат до договор за ставање крај на тензиите и конфликтот со Iran, иако нагласи дека не сака да биде „премногу оптимистичен“. Рубио рече дека дипломатските разговори напредуваат, додека пакистански претставници се очекува да отпатуваат во Иран за продолжување на преговорите. Сепак, тој истакна дека Вашингтон се соочува со „донекаде поделeн ...

Интензивни дождови го погодија New York City, предизвикувајќи големи поплави и хаос во сообраќајот. За само неколку часа наврнале повеќе од 15 сантиметри дожд, а многу улици се претвориле во вистински реки. Како последица на тоа, десетици возила останале заглавени, додека некои биле однесени од надојдената вода. Поплавите го зафатиле и метро-системот, каде што неколку станици биле исполнети со вода, што довело до прекин на сообраќајот на ...

Брисел го вклучи алармот со пролетната економска прогноза „која предвидува послаба економска активност, бидејќи конфликтот на Блискиот Исток предизвикува нов енергетски шок што повторно ја разгорува инфлацијата и ја нарушува економската доверба“. Предупредувањето доаѓа откако индексот на менаџери за набавки (PMI) во еврозоната, објавен од S&P Global, покажа пад на економската активност со вредност од 47,5 — најниско ниво во последните 31 ...

Русија испорача нуклеарна муниција во теренски складишта во Белорусија како дел од големи нуклеарни вежби, во време на зголемени тензии со европските членки на НАТО предизвикани од упади на дронови во Балтикот. Министерствата за одбрана на Русија и Белорусија во четвртокот соопштија дека Русија доставила нуклеарна муниција во теренски складишта во Белорусија како дел од големите нуклеарни вежби. Тие објавија и, како што го нарекоа, „видео ...

Пратеничката група на СДСМ, се повлекоа од расправата за новото задолжување од 260 милиони евра преку конзорциум од 8 банки. Атмосферата се вжешти откако претседателот на Собранието Африм Гаши назначи друг пратеник да ја води Комисијата за финансирање и буџет наместо претседателката Сања Лукаревска од СДСМ која изминативе денови ја закажа комисијата за веднаш на почетокот да ја прекине. Претседателот на партијата Венко Филипче рече дека овој ...

Македонија го доби правото да ја искористи новата транша од 65,7 милиони евра од Планот за раст на ЕУ. Првиот заменик-претседател на Владата, Беким Сали, соопшти дека во третиот период на известување државата спровела 21 реформски чекор, од кои 16 биле позитивно оценети, а три биле завршени пред рокот. Но, за да ги добие средствата, државата треба да предложи конкретни и временски дефинирани проекти. „Ако зборуваме за точките кои имаат грејс ...

Се наоѓаме во критично време и многу важен момент за членство на земјава и Европската унија и доколку не се качиме на европскиот воз можно е вратите да ни бидат затворени со децении. Ова го порача претседателот на Националниот совет за евроинтеграции Венко Филипче на дискусијата за „Геополитичката димензија на проширувањето на Европската унија и импликации за Западен Балкан“. Филипче со отворен повик до премиерот Мицкоски. „Го повикувам ...

Повеќе од 1.800 здравствени работници ги тужат државните болници и јавните здравствени установи каде што се вработени, барајќи исплата на повеќе од два милиони евра за неисплатени додатоци на плата како прекувремена работа, ноќна работа, работа во смени, работа во недела и за време на државни празници. „Претпоставувам дека бројот е поголем, бидејќи ова се базира на анкета од Фондот, што значи дека меѓу 10 и 20 проценти од вработените водат ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими командантот на Здружената команда на сојузничките сили во Неапол, адмирал Џорџ М. Викоф, кој е во прва посета на државата и на македонската армија по преземањето на функцијата. Сиљановска-Давкова му го честиташе мандатот на адмиралот Викоф, потенцирајќи ја значајната улога што Здружената команда во Неапол ја има за евроатлантската безбедност, регионалната стабилност и меѓународниот ...

Не успеа обидот на властите за затворање на нелегалниот пешачки премин кај мостот на Бит Пазар во Скопје.Додека градските власти се обидуваа да постават дел од оградата за да го затворат преминот, голем број граѓани и дуќанџии се собраа за да се спротивстават. „Обидот за затворање на овој нелегален премин кај Бит Пазар доведе до тоа за неколку минути да биде блокирана оваа улица, бидејќи многу дуќанџии кои работат во близина, но и граѓани, ...

ВЛЕН кажа дека целосно стои зад претседателот на Собранието Африм Гаши, кој според нив постапува во рамки на уставните надлежности и собранискиот деловник со цел да се избегне институционална блокада на државата. ВЛЕН ги обвинува Социјалдемократите, во обид да ја врати изгубената доверба кај граѓаните, секојдневно создава нови политички противници и применува блокирачки пристап кон државните процеси. ВЛЕН додава дека нема да дозволи, како што ...

Во Тетово заврши асфалтирањето на улицата „Мехмет Паша Дерала“, една од најфреквентните улици која поврзува неколку делови од градот и поминува покрај Тетовската болница. Улицата е долга над 1200 метри и има просечна ширина од околу 7 метри. Градоначалникот на Тетово, Билал Касами, изјави дека оваа улица се смета за една од главните артерии на градот и дека со новото асфалтирање се очекува да се олесни сообраќајот во овој дел од Тетово. ...

И покрај тоа што не е постигнат договор со нискобуџетната авиокомпанија „Рајанер“, Владата најавува проширување на летовите и нови дестинации од македонските аеродроми во текот на летната сезона. Министерот за транспорт, Александар Николоски, изјави дека ова лето ќе бидат отворени 5 нови авиолинии од Скопје и Охрид. Според него, од Охрид ќе има директни летови до Виена, Краков и Вроцлав, додека од Скопје ќе се отворат нови линии кон Палермо ...

Не успеа обидот на општинските власти за затворање на нелегалниот пешачки премин во близина на мостот кај Бит Пазар во Скопје. Ова откако голем број граѓани и дуќанџии кои работат во близина излегоа на протест за да се спротивстават на затворањето на преминот. Тие на неколку минути го блокираа и сообраќајот на булеварот „Крсте Мисирков“. Бизнисите во близина бараат лесен пристап и пешачки премин со бели линии, а не затворање на преминот. По ...

Петтата седница на Работната група за реформи во Изборното законодавство се одржа денеска, на која се разгледуваа повеќе прашања поврзани со усогласување на Изборниот законик. „На седницата беа усвоени записникот од претходната седница и повеќе предлози за измени на одредби од Изборниот законик, додека за дел од прашањата беше отворена дополнителна дискусија со цел изнаоѓање поширок консензус меѓу политичките партии и останатите учесници во ...

Од кабинетот на собранискиот спикер Африм Гаши, одговорија на најавите на СДСМ за тужба до претседателот на Собранието. Од СДСМ претходно го обвинија Гаши дека континуирано го крши деловникот откако закажа состанок на Комисијата за финансирање и буџет, комисија која ја води пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, и покрај тоа што таа е отсутна. Од кабинетот на Гаши велат дека собранискиот спикер постапува во согласност со Деловнико на ...

Врховниот лидер на Иран Моџтаба Хамнеи, издаде директива дека ураниумот на земјата, кој е близок до степен на производство на оружје, не треба да се испраќа во странство, соопштија двајца високи ирански извори, со што се зацврстува ставот на Техеран во врска со едно од главните барања на САД на мировните преговори. Наредбата на ајатолахот Хамнеи би можела дополнително да го фрустрира американскиот претседател Доналд Трамп и да ги комплицира ...

Државната компанија ЕСМ поднесе жалба до Вишото јавно обвинителство по одлуката на Обвинителството за организиран криминал и корупција за прекин на истрагата за набавките на мазут за ТЕЦ „Неготино“, барајќи повторно разгледување на случајот и контрола на постапката. Премиерот Христијан Мицкоски ја оцени одлуката како скандалозна и изјави дека очекува Вишото јавно обвинителство да ја разгледа жалбата и фактите на случајот. Според ЕСМ, изјавите ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
33%
1014
weather icon

Белград

30ᴼ / 29ᴼ
0.89
46%
1012
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
1.78
46%
1011
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
2.52
40%
1015
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
3.21
35%
1013
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
0.45
49%
1011
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
1.79
44%
1015
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
3.54
40%
1016
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
2.4
38%
1016
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
3.13
44%
1012
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
4.02
48%
1011
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
1.17
65%
1015
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Рутениум

48965.59

Цинк

0.00

Паладиум

40767.15

Алуминиум

3.54

Бакар

13.01

Сребро

2186.28

Калај

53.60

Платина

55170.68

Родиум

257205.97

Злато

135639.33