Македонија го одбележува 2 Август – националниот празник Илинден, во чест на двата клучни историски настани што ги поставија темелите на македонската државност – Илинденското востание од 1903 година и Првото заседание на АСНОМ во 1944 година. Под мотото „ИЛИНДЕН-непокор,слобода, иднина!“ со свечености во Крушево, Пелинце и Скопје, се одбележуваат 123 години од Илинденското востание и Крушевската Република и 82 години од Првото заседание на ...

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, информираше дека е завршен уште еден значаен инфраструктурен проект во населбата Дижон, во рамки на инвестициите за модернизација на комуналната инфраструктура и подобрување на условите за живот на граѓаните. Во рамките на проектот на улицата „Фаик Коница“ целосно е реконструирана водоводната мрежа, изградена е фекалната канализација, а извршено е и асфалтирањето на улицата, со што целосно е ...

Три лица загинаа, а 15 се повредени во експлозија што синоќа избувна во близина на едно кафуле во центарот на Москва, потврди руското Министерство за внатрешни работи. „Московската филијала на МВР работи на местото на инцидентот. Според достапните информации, денеска околу 20:10 часот по локално време се случила експлозија во близина на летна бавча на кафуле, во која три лица загинаа, а 15 се повредени“, изјави синоќа претставник на МВР. ...

За време на операција за гаснење шумски пожар во областа Псата во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во воздух се судрија два хеликоптера кои учествуваа во гаснењето на пожарот, а во тек е акција за спасување на членовите на екипажот. Од противпожарната служба на Грција соопштија дека веднаш беа мобилизирани сили за спроведување операција за пребарување и спасување на членовите на екипажите. Според видеото објавено на ...

По повод 2 Август – Денот на Републиката, Државниот архив претстави избор на архивски документи и фотографии од своите фондови и збирки, посветени на Првото заседание на АСНОМ и создавањето на современата македонска државност. Од Државниот архив потсетуваат дека на 2 август 1944 година, со одржувањето на Првото заседание на АСНОМ во манастирот „Св. Прохор Пчињски“, биле поставени темелите на современата македонска држава и биле донесени ...

На 01.08.2026 во 20:30 часот во ОВР Берово, од Итната медицинска помош Берово било пријавено дека кај нив било донесено четиригодишно девојче од Берово, кое, според пријавеното, во семејниот дом испило дел од капсула за перење алишта. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Берово и се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 01.08.2026 во 20:30 часот во ОВР Берово, од Итната медицинска помош Берово ...

Јужна Кореја ја регистрира својата највисока температура откако почнаа евиденциите во 1904 година. Температурата достигна 42,5 степени во југоисточниот град Јангсан, соопшти метеоролошката агенција на земјата. Мерењето е направено во 13:26 часот по локално време, соопшти агенцијата на својата веб-страница. Градот се наоѓа во близина на главното пристаниште Бусан. Претходната рекордна температура измерена во Јужна Кореја беше 41,4 степени. ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце порача дека секоја генерација има свој Илинден и своја историска задача, а денешната генерација има обврска да ја зачува Македонија силна, праведна и просперитетна, како држава во која младите ќе сакаат да останат и да ја градат својата иднина. Во обраќањето по повод 2 Август – Денот на Републиката, Мицкоски истакна дека оддавањето почит на илинденците и асномците ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска, како дел од владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски, присуствуваше на одбележувањето на 2 Август – Денот на Републиката, при што во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце беше положено свежо цвеќе во чест на илинденците и асномците, кои со својата борба ги поставија темелите на македонската државност. По оддавањето почит во Пелинце, владината делегација, заедно со ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, по повод 2 Август – Денот на Републиката, порача дека Илинден не е само историски датум, туку завет, карактер и симбол на непокорноста на македонскиот народ. Во своето обраќање тој истакна дека слободата не започнува на границите на државата, туку во срцето на народот, нагласувајќи дека токму затоа двата Илиндена – Илинденското востание и Првото заседание на АСНОМ ...

Струмичките пожарникари утринава успешно спасија мајка и дете кои паднале во провалија покрај трим-патеката што води кон манастирот „Св. Илија“. Како што информираат од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Струмица, дојавата за несреќата била примена околу 5:15 часот, по што веднаш на терен бил испратен тим од пожарникари-спасители. Со употреба на специјализирана спасувачка опрема, екипите успеале безбедно да ги извлечат двете лица од ...

По повод 2 Август – Денот на Републиката, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, упати честитка во која порача дека Илинденските идеали се темелат на слобода, еднаквост и соживот, оценувајќи дека земјата денес се оддалечува од тие вредности. Ахмети истакна дека духот на Крушевската Република бил визија за држава во која сите заедници рамноправно ја делат одговорноста и иднината. Според него, наместо поголема инклузивност, во последните години се ...

Нашата должност е да го продолжиме патот на илинденците, а денешната борба е за достоинствен живот, правда, владеење на правото и европска иднина на Македонија, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во обраќањето од Крушево по повод Денот на Републиката. Филипче потсети дека идеалите за кои се бореле илинденците и денес остануваат патоказ за развојот на државата и обврска на сегашните генерации да изградат подобра иднина за сите ...

Министерот за правда Јетон Шасивари беше дел од владината делегација која во Крушево положи свежо цвеќе на Споменикот на бранителите на Крушевската Република и на Споменикот на хероите на месноста „Слива“, во чест на големиот државен празник – Илинден. Со овој чин беше оддадена почит кон илинденците и сите борци кои со својата пожртвуваност и визија ги поставија темелите на државата. Наследството на хероите од Илинден останува трајна обврска ...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се обрати на чествувањето на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, што под нејзино покровителство се одржа пред споменикот на Методија Андонов – Ченто на плоштадот „Македонија“ во Скопје. На свеченоста претседателката ја нагласи важноста на Илинден како ден за потсетување и за одбележување на борбата на многу генерации за самостојна македонска држава. Според неа, имаме долг кон ...

Празникот Илинден денеска се одбележува низ државата со свечености по повод 123 години од Илинденското востание и Крушевската Република и 82 години од Првото заседание на АСНОМ – двата клучни темели на македонската државност. Централната прослава ќе се одржи во Крушево, каде се предвидени чествувања на „Мечкин Камен“ и обраќање на потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски. Свечености ќе има и во Пелинце, каде ќе говори премиерот ...

Министерството за здравство информира дека епидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции. Во текот на 1 август се регистрирани вкупно 57 први прегледи, што е за три помалку во споредба со претходниот ден, кога беа евидентирани 60 прегледи. Нема нови хоспитализации. Заклучно со 1 август, регистрирани се вкупно 1.041 формална пријава за заразна болест и изработени се 734 нови ...

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска во име на вработените во Министерството за одбрана и во негово лично име, упати искрени честитки по повод 2 Август – Илинден. „Нашиот најголем празник и најсветлиот датум во националната историја нè потсетува на највозвишените идеали – слобода, самобитност, патриотизам и љубов кон татковината. Илинден е темелот врз кој е изградена современата македонска држава. Од херојството на илинденците и ...

По повод 2 Август – Денот на Републиката, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, премиерот Христијан Мицкоски и претседателот на Собранието Африм Гаши упатија честитки до граѓаните, нагласувајќи го историското значење на Илинден и АСНОМ и повикувајќи на единство, одговорност и градење посилна држава. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова порача дека Илинден е „најсветиот македонски ден“, симбол на слободата, државноста и ...

По повод одбележувањето на 2 Август – Илинден, Денот на Републиката, претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, д-р Дарко Костадиновски, во свое лично име и во име на Судот, ја упатува следната честитка: Почитувани граѓани, Денес, кога одбележуваме 123 години од Илинденското востание и 82 години од Првото заседание на АСНОМ, со длабока почит се поклонуваме пред визионерството, храброста и жртвата на генерациите кои ги ...

Д47 социјално загрозени семејства во Дебар добија дом. Распределени се 47 социјални станови на семејства и лица кои имаат најголема потреба од институционална поддршка. Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николовски најави нови вакви објекти во повеќе градови низ земјава. „Навистина е еден убав момент кога можеме да видиме 47 среќни семејства кои што од денеска ќе имаат станови кои што ќе можат да ги користат во еден ...

Бројот на жртви во граничната криза меѓу Шпанија и Мароко, во шпанската енклава Сеута, достигна 67, објави шпанската влада во саботата. Според властите, некои од жртвите се удавиле во морето, додека други биле згмечени додека се обидувале да ја преминат граничната бариера. По влегувањето на околу 60.000 мигранти на територијата на Сеута од четврток до петок, Шпанија одлучи да изгради заштитна бариера од 500 метри, која ќе се протега по ...

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека економските показатели за вториот квартал од годината се позитивни, посочувајќи дека е забележано намалување и на државниот и на јавниот долг, како и раст на индустриското производство. Тој оцени дека овие податоци се лоша вест за, како што рече, „опозицијата и оние што се молат и сакаат да не успее оваа држава“. „Имаме намалување и на државниот и на јавниот долг во вториот квартал и сега сме на ниво ...

Силен земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтер го погоди во петокот вечерта поширокото подрачје на Неапол, по што во текот на ноќта и саботното утро беа регистрирани низа последователни потреси. Според италијанските сеизмолози, станува збор за најсилниот земјотрес во овој регион во последните 40 години. Италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија (INGV) соопшти дека епицентарот бил во областа на Флегрејските полиња, ...

Три лица го загубија животот во пожар што утрово избувна во семејна куќа во Свети Криж Зачретје, во Крапинско-загорската жупанија во Хрватска. Според информациите на Полициската управа Крапина-Загорје, пријавата за пожарот била примена околу 7:20 часот, кога било пријавено дека од куќата се издига густ црн чад, а претходно била слушната и експлозија. Пожарникарите пристигнале на местото на настанот само неколку минути подоцна, а пожарот бил ...

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, официјално се откажа од контроверзниот предлог за продажба на удели во комерцијалните права на најголемите натпреварувања на светската куќа на фудбалот, откако планот наиде на силен отпор од фудбалските конфедерации ширум светот. Инфантино призна дека иницијативата предизвикала длабоки поделби и дека нејзиното продолжување повеќе не е во интерес на организацијата. „Откако внимателно ги сослушавме сите ...

Министерството за здравство соопшти дека состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна и дека надлежните здравствени институции продолжуваат внимателно да ја следат ситуацијата. Според последните податоци, на 31 јули се регистрирани вкупно 60 први прегледи. Иако во однос на претходниот ден има мало зголемување, бројот останува значително понизок од пикот на епидемијата на 18 јули, кога биле евидентирани 649 прегледи. Во периодот од 14 до ...

Струмичанец е кривично пријавен за обид за убиство на својата поранешна сопруга, откако, според полицијата, ја нападнал со остар предмет во угостителски објект во Струмица и ѝ нанел тешки телесни повреди. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 31 јули 2026 година, полициски службеници од СВР Струмица извршиле службен разговор со З.П. (37) од Струмица, постапувајќи по пријава дека околу 12:40 часот ја нападнал својата ...

Три лица од Скопје се лишени од слобода поради обид со фалсификувана документација да подигнат кредит во износ од 900.000 денари од банка во Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите од МВР, на 29 јули 2026 година полициски службеници од СВР Скопје – Единицата за економски и компјутерски криминал ги уапсиле И.Т. (45), С.Т. (21) и П.П. (29), сите од Скопје. Тие се сомничат за сторени кривични дела „фалсификување ...

Овен Љубов: Премногу емоционално возбудување има провокативен ефект врз вашиот партнер. Дозирајте ги вашите емоции и страсти во согласност со заедничките аспирации. Работа: Во вашата желба да се докажете, ќе го направите она што другите не можат, вашата амбициозна потреба да ги надминете оние околу вас ќе преовлада. Здравје: Важно е правилно да ја насочите вашата енергија. Бик Љубов: Во друштво на блиска личност, чувствувате потреба да ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
93%
1028
weather icon

Загреб

5ᴼ / 0ᴼ
1.03
79%
1028
weather icon

Софија

-3ᴼ / -3ᴼ
0.51
100%
1031
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
2.83
94%
1031
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
2.06
89%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
65%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
0.0
64%
1025
weather icon

Подгорица

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
81%
1026
weather icon

Букурешт

2ᴼ / 1ᴼ
0.51
74%
1032
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 1ᴼ
1.34
79%
1029
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 6ᴼ
2.57
92%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Родиум

295786.87

Кобалт

33.53

Цинк

3.76

Рутениум

61086.42

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25

Калај

46.54

Бакар

12.58

Злато

130856.75

Сребро

1670.34

Паладиум

32279.35

Иридиум

315077.32