Американскиот државен секретар Марко Рубио престојува во четиридневна посета на Индија, каде во Њу Делхи оствари средба со индискиот премиер Нарендра Моди. Во фокусот на разговорите биле енергетската безбедност, трговската соработка, состојбата на Блискиот Исток и идните односи меѓу двете земји. Според американски претставници, Рубио му упатил покана на Моди за посета на Белата куќа, додека индискиот премиер соопштил дека разговарале за ...

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, во изјава за медиумите се осврна и на најавената реконструкција на Владата, која според најавите на премиерот Христијан Мицкоски треба да се реализира кон средината на јуни. Дурмиши изјави дека ќе се направи анализа на работата на сите функционери, како во коалицијата ВЛЕН, така и кај владините партнери, при што најави можни промени таму каде што ќе се утврди потреба. „Коалициските партнери, а ...

На 22.05.2026 околу 22:25 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријави дека околу 21:00 часот во семејниот дом во скопско, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот 39-годишен сопруг. На 22.05.2026 во 16:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.И.(50) од скопско, постапувајќи по претходна пријава од неговата 46-годишна сопруга дека околу 08:00 часот во семејниот дом, по претходна ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција истакна дека, според неговите оценки, државата изгубила значителен дел од европските средства поради, како што рече, недоволна реализација на реформската агенда и забавена работа на институциите. Тој посочи дека доколку биле исполнети предвидените реформски обврски во утврдените рокови, државата можела да добие околу 200 милиони евра, наместо помал износ. Филипче додаде дека ...

Судија на претходна постапка доцна синоќа му одредил мерка притвор на возачот осомничен за тешката сообраќајна несреќа што се случи на скопската обиколница, во која животот го загубија четири лица. Одлуката е донесена по барање на надлежното јавно обвинителство, по спроведен распит во судот, со образложение дека постојат околности за опасност од бегство, како и можност за повторување на кривичното дело, соопштија од Судот. Во трагичната ...

Папата Лав ги осуди компаниите што остваруваат „вртоглави“ профити на сметка на загадување на животната средина, за време на посетата на област во Италија позната како жариште за нелегално фрлање токсичен отпад. За време на посетата на Ачерa, околу 220 километри јужно од Рим, првиот американски папа ги повика луѓето во светот да ги „отфрлат искушенијата на моќ и збогатување поврзани со практики што ја загадуваат земјата, водата, воздухот и ...

Сокот од зеленчук станува сè попопуларен поради наводните здравствени придобивки, почнувајќи од слабеење до подобрување на дигестивното здравје. Зелениот сок најчесто се подготвува од зелени овошја и зеленчуци како целер, спанаќ, магдонос, краставица, но и со додавање на овошје како јаболка, киви, грозје и круши, кои се користат за да се заслади напитокот и да се зголеми неговата нутритивна вредност. 1. Богат со хранливи материи Иако зелениот ...

Во емисијата „Бизнис 21“ синоќа на ТВ21 со Горан Рафајловски се отворија повеќе економски теми поврзани со платите на функционерите, корупцијата и управувањето со јавните ресурси. Рафајловски изјави дека смета оти платите на министрите треба да бидат значително повисоки, со цел, како што рече, да се стави крај на јавните дебати за висината на нивните примања и да се намали просторот за злоупотреби. „Мора да се сопре со тоа колкави се платите ...

Резервоар во јужна Калифорнија содржи околу 22.700 до 26.500 литри метил метакрилат, многу нестабилна и запалива супстанција што се користи во производство на пластика, јави BBC. Пожарната служба на округот Оринџ (OCFA) издаде првични наредби за евакуација за подрачјето околу објектот во Гардeн Гроув, по пријави за зголемување на температурата во резервоарот. Зоната за евакуација е проширена, а причината за истекувањето се истражува. Од OCFA ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно, со услови за нестабилност во попладневните часови на повеќе места низ земјава. Се очекуваат пороен дожд, грмежи и засилен ветер со брзина над 50 km/h. Локално процесите може да бидат поинтензивни и да преминат во невреме, проследено со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер над 60 km/h, како и можност за изолирана појава на град. Максималната температура ќе се движи во интервал од 20 ...

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 18 возачи за безобѕирно управување возило, 12 возеле без дозвола, од кои пет малолетници, четворица под дејство на алкохол и двајца возеле без дозвола и под дејство на алкохол. Во Скопје две малолетни лица управувале возило без возачка дозвола, шестмина во Кичево (тројца малолетници), двајца во Велес и по еден во Струга и Прилеп. По ...

Метеоролошката служба „Severe Weather Europe“ предупреди дека над поголемиот дел од Европа се развива „купола на топлина“, која носи рекордно високи температури за овој период од годината. Според прогнозите, во многу региони температурите се очекува да бидат и до 15 степени Целзиусови над сезонскиот просек. Најпогодени ќе бидат Шпанија и Португалија, каде живата во термометарот може да се искачи од 35 до 39 степени Целзиусови. Топлата ...

Експлозија се случила во петок околу 19:30 часот по локално време во рудникот Лиушенју во округот Чинјуан, објави државната новинска агенција „Синхуа“. Во моментот на несреќата под земја имало 247 работници. Бројот на загинати во текот на саботата нагло се зголемил, а спасувачките екипи и понатаму трагаат по исчезнатите. Си Џинпинг бара „максимални напори“ Кинескиот претседател Си Џинпинг ги повика итните служби да ги засилат спасувачките ...

Руска нафтена постројка беше зафатена од пожар во градот Новоросијск на Црното Море, по новите напади со дронови што Украина ги изврши во текот на ноќта, соопштија властите на 23 мај. Делови од соборен дрон паднале во просторот на терминал за гориво, предизвикувајќи пожари во неколку технички и административни објекти, соопшти регионалниот оперативен штаб на Краснодар. Според информациите, две лица се повредени. Според очевидци кои објавиле ...

Нов документ на американскиот Стејт департмент го претставува Западен Балкан како регион од директно значење за безбедноста и економските интереси на САД. Во документот се наведува дека стабилноста на регионот и унапредувањето на американските економски интереси таму ги прават САД „побезбедни, посилни и попросперитетни“. Документот неодамна е објавен на официјалната страница на американскиот Стејт департмент под наслов „Политика на ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова упати честитка до припадниците на влашката заедница по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите, истакнувајќи го нивниот историски, културен и општествен придонес во државата. Во честитката, Сиљановска-Давкова наведува дека Власите припаѓаат на древна духовна лоза на балкански народи, чиј опстанок низ историјата бил зачуван преку јазикот, традицијата и свеста за сопствениот идентитет. „Во влашкиот ...

Министерството за финансии одзеде дозвола за работа на едно од поголемите финансиски друштва на пазарот, откако со вонреден надзор спроведен по пријава од граѓанин беа утврдени сериозни повреди на законски обврски. Надзорот утврди грубо прекршување на законските прописи, постапување спротивно на правилата за заштита на корисниците и практики со кои директно биле доведени во ризик граѓаните – корисници на финансиски услуги. Поради тежината на ...

Во рамки на процесот на дигитализација и модернизација на институционалната работа, советниците на Советот на Општина Чаир беа опремени со службени лаптопи, со цел олеснување на пристапот до работните материјали, користење на електронска документација и намалување на употребата на хартија за време на седниците на Советот. Седницата на Советот, предводена од претседателот на Советот на Општина Чаир, Мухамед Муртези, се одвиваше со разгледување ...

Украинскиот претседател Володомир Зеленски на социјалната мрежа „Икс“ напиша дека имал разговори со Кир Стармер, Емануел Макрон и Фридрих Мерц и дека сите забележале дека позицијата на Украина е значително посилна. „Разговарав со Кир Стармер, Емануел Макрон и Фридрих Мерц во форматот Е3–Украина. Главниот фокус беше како да се обезбеди повторно заживување на дипломатијата за мир и Европа да биде дел од неа. Сите партнери забележуваат дека ...

Зборувајќи за продуктивноста, Горан Рафајловски во Бизнис 21 рече дека во Македонија е најниска во Европа. Рафајловски зборуваше и за јавната администрација, и кажа дека и таму има луѓе кои работат, и покрај тоа што генерална е сликата дека не се работи. „Македонија има најслаба продуктивност во Европа. Соодветно на тоа може да бидат и платите најниски. Тоа се бројките. Цело време се критикува администрацијата. И таму има луѓе што работат. ...

Горан Рафајловски во Бизнис 21 рече дека е против мерката на Владата за горивата, односно против намалување на ДДВ-то и акцизата на горивата. Рафајловски рече дека е против тие мерки, туку дека државата треба да набавува нафта, па дури и сега кога е поскапо од претходно. „Не ми се допаѓа мерка, таа е реактивна… Требаше да се набави нафта, можеби и сега, ако гледаме дека оди кон војна. Треба да набавиме нафта па дури и сега… Не може да ...

Горан Рафајловски во Бизнис 21 на ТВ21 вечерва зборуваше за разни економски теми. Сопственикот на „Рафајловски консталтинг“ кажа дека потегот на Владата да подели 250 милиони евра на стопанството, беше одличен потег. „Стопанството стана зависно од државата, толку зависно од тендерите, да луѓето заборавија да работат бизнис. Ако вие размислувате микро, тогаш нема да имате стопанство. Одличен потегот на Владата да подели 250 милиони евра на ...

Вечерва во Бизнис 21 со Горан Рафајловски зборувавме на разни економски теми. Тој кажа дека министерските плати треба да бидат многу повисоки, и со тоа да се сопре со темата колкави се платите на политичарите. „Мора да се сопре со тоа колкави се платите со политичарите. Ако сакате да нема крадење, тогаш треба да се платат. И да има награда ако донесе некоја голема инвестација и да сработи цел проект, да има награда… Па и милијарда евра да ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против косовски државјанин осомничен за – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 76-годишник управувал товарно возилo МАН со прикачена полуприколка со косовски регистарски таблички, по северната обиколница на град Скопје во насока од ...

Вечерва во Бизнис 21 разговараме со стопанственикот Горан Рафајловски. Рафајловски, кој после неколку години се појавува на ТВ екраните, за оваа влада вели дека гледа желба кај премиерот Мицкоски за да „Променета е желбата, но реализацијата е на лошо ниво. А, желбата е променета согласно разговорите кои сум ги имал со премиерот, човекот премиерот сака да помогне на Македонија, но од друга страна тимот кој го има избрано не ја врши работата. ...

Доналд Трамп Џуниор и Бетина Андерсон официјално стапија во брак. Двојката се венчаше тивко пред нивниот раскошен свадбен викенд на Бахамите. Трамп Џуниор и Андерсон ги завериле законските услови во четвртокот. Церемонијата била предводена од Бред Мекферсон, долгогодишен агент за недвижност, кој тесно со работува со семејството Трамп. Според венчалниот документ, Бетина не го земала презимето Трамп. Во меѓувреме Доналд Трамп најави дека нема ...

Шефот на крајно левичарската грчка милитантна група која уби 23 лица – меѓу нив индустријалци, дипломати и началник на станица на ЦИА – е ослободен од затвор со максимална безбедност, соопштија официјални лица во петокот. Одлуката сега ја преиспитува виш обвинител. Александрос Јотопулос, 82-годишниот осуден водач на вооружената група „17 ноември“, беше ослободен во четврток од затвор во Атина. Судски совет го одобри неговото условно ...

Куба претставува „закана за националната безбедност“ за САД и веројатноста за мирен договор „не е голема“, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио. Неговите коментари доаѓаат само еден ден откако САД го обвинија поранешниот кубански претседател Раул Кастро за убиство поради соборувањето на два авиона во 1996 година, што резултираше со убиство на американски државјани. Рубио рече дека претпочитањето на Вашингтон е „дипломатско ...

Националното собрание на Словенија го избра лидерот на Словенечката демократска партија Јанез Јанша за нов премиер со 51 глас за и 36 против. Дури 51 претаник го поддржаа на тајно гласање, што значи дека за него гласал и еден пратеник од опозицијата. „Денес е направен важен чекор кон успешна и слободна Слвоенија. Ви благодарам, и нема откажување“, изјави Јанша. Поддршката за кандидатот за мандат ја објавија пред гласањето претставници на СДС, ...

Делегацијата од Македонија, предводена од претседателот на Собранието, Африм Гаши, престојува во Ватикан и Рим во рамки на традиционалното чествување посветено на Свети Кирил и Методиј. Во рамки на посетата, Гаши оствари средба и со Папата Лав XIV во Светата столица, како и со кардиналот Пјетро Паролин, државниот секретар на Светата столица. Посетата се одвива во духот на традицијата, дијалогот и меѓурелигиската почит. „Односите меѓу двете ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
33%
1014
weather icon

Белград

30ᴼ / 29ᴼ
0.89
46%
1012
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
1.78
46%
1011
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
2.52
40%
1015
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
3.21
35%
1013
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
0.45
49%
1011
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
1.79
44%
1015
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
3.54
40%
1016
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
2.4
38%
1016
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
3.13
44%
1012
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
4.02
48%
1011
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
1.17
65%
1015
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Родиум

257205.97

Бакар

13.01

Рутениум

48965.59

Платина

55170.68

Паладиум

40767.15

Алуминиум

3.54

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Калај

53.60

Сребро

2186.28

Злато

135639.33

Кобалт

45.39