Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Германскиот весник „Цајт“ (Die Zeit) коментира дека САД во Иран претрпуваат воен, економски и стратешки пораз. Според весникот, американскиот претседљател, Доналд Трамп му покажува на целиот свет како воена кампања може да предизвика огромна штета на сопствената земја. Медимот додава дека САД веќе ефективно ја загубиле војната против Иран 🔹Во воена смисла, САД и Израел веќе го пропуштија својот момент на супериорност и не успеаја да го ...
Со приближувањето на летната туристичка сезона, хотелите на црногорското приморје повторно се соочуваат со истиот проблем – недостиг на работна сила. Во Будва, еден од најважните туристички центри на Јадранот, работодавците веќе почнаа интензивна потрага по сезонски работници, но интересот од домашното население е сè помал, што ги принудува компаниите да бараат кадар во странство. Најголемата хотелска компанија во Црна Гора, хотелската група ...
Германската Влада соопшти дека евентуалната американска војна против Иран „нема никаква врска со НАТО“. Владата предупреди дека проширувањето на борбените операции и вклучувањето на Алијансата би носело големи ризици за партнерите на Блискиот Исток, јавуваат новинските агенции од Бликиот Исток. „Ова не е војна на НАТО и нема никаква врска НАТО бидејќи Алијансата е одбранбен сојуз“, изјави портпаролот на владата Стефан Корнелиус пред ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска од Кочани оддаде почит кон прерано згаснатите млади животи, изразувајќи сочувство до нивните семејства. Тој посочи дека не постојат зборови со кои може да се опише болката и тагата што ја чувствуваат родителите и најблиските на загинатите. „Денеска во Кочани оддаваме длабока почит кон прерано згаснатите млади животи. Не постојат зборови што можат да ја опишат болката и тагата на семејствата кои ги ...
Од утре следува ново поскапување на горивата што дополнително ќе ги зголеми цените на сите производи, особено на прехранбените, се наведува во соопштението на СДСМ. Пред една недела претседателот на СДСМ, Венко Филипче понуди 3 клучни мерки за намалување на цените на горивата и спас на стандардот на граѓаните од поскапувањата. Намалување на стапката на ДДВ од 18 отсто на 5 проценти за горивата, намалување на акцизата за 4 денари, и укинување ...
Политичкиот трилер „Една битка по друга“, со Леонардо Ди Каприо во главната улога, режиран од страна на Пол Томас Андерсон ја доби овогодинешната престижна награда „Оскар“ за најдобар филм. Филмот прикажува паднат револуционер што се обидува да ја спаси ќерка си од поранешен непријател. Андерсон доби награди и за најдобар режисер и најдобро адаптирано сценарио. -Оваа година има толку многу одлични филмови. Навистина се расплакав кога ја добив ...
„Младите денес сѐ порано стануваат корисници на финансиски услуги, поради што финансиската едукација треба да биде системски интегрирана во образовниот процес“, истакна гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, на настан посветен на финансиската едукација во образованието, организиран по повод 15 март – Меѓународниот ден за правата на потрошувачите, од страна на Бирото за развој на образованието. Според податоците на ОЕЦД, повеќе од ...
Една година од трагедијата. Го загубив мојот сопруг, човек кој беше мојата сила, мојата поддршка и мојата најголема љубов, напиша на Фејсбук Анeта Дермеџиева Гоцевска, сопруга на Иле Гоцевски, возачот на Брзата помош од Кочани, кој таа кобна ноќ спаси многу животи, превзувајќи ги повредените во болниците во Кочани и Скопје. Во продолжение нејзиниот пост Болката не поминува, само човек учи да живее со празнината во душата што е создадена. Иле ...
Одговарајќи на прашање за изјавата на претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, Гаши нагласи дека секој носител на функција треба да биде внимателен во давањето изјави. – Како политичар и како раководител на една битна институцијата, како што е Собранието, никогаш не влегувам и се обидувам да не влегувам во конфликт со никоја институција, ниту со политичар ниту носител на јавна функција. Секогаш сум повикувал на внимателност во ...
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски, ги искажа своите очекувања за претстојното учество во плејофот за пласман на Светското првенство 2026. – Треба да излеземе на теренот и да одиграме храбро против еден доста сериозен противник. Данска е фаворит на хартија, но теренот ќе покаже како ќе биде на крајот. Ние нема од што да се плашиме. Психолошкиот притисок да се добие натпреварот е поголем кај Данците. Респект за ...
Двајца кандидати се пријавиле на јавниот оглас за избор на нов претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Според информациите на МИА, на огласот се пријавиле Ацо Ристов, поранешен градоначалник на Радовиш и Шамил Реџепи, вработен во РКЕ. Комисијата за прашања на изборите и именувањата утре на седница ќе ги разгледува пријавите по Одлуката за објавување јавен оглас за ...
Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 8,98 проценти. Согласно Методологијата за формирање на цените, бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), поскапуваат за 7 денари по литар во однос на цените утврдени на 9 март 2026 година. Со ова, новата цена на: ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 86,50 денари за ...
Новиот стратег Гоце Седлоски за првпат го објави составот за баражот против Данска на 26 март. Список на повикани фудбалери на Македонија: Голмани: Столе Димитриевски Дејан Илиев Дамјан Шишковски Одбрана: Езѓан Алиоски Андреј Стојчевски Себастијан Херера Дарко Велковски Ѓоко Зајков Никола Серафимов Висар Муслиу Имран Фетаи Егзон Бејтулаи Среден ред: Ељиф Елмас Енис Барди Бобан Николов Тихо Костадинов Решат Рамадани Исник Алими Љупче Дориев ...
Молитва за упокоените одржа митрополитот на Брегалничката епархија, господин Иларион, во сослужение на свештеници од кочанскиот црковен храм „Св. великомаченик Ѓеорги“, денеска, во Паркот на револуцијата во Кочани. На молитвата присуствуваа семејствата на жртвите, голем број граѓани, како и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и голем број претставници од политичката, академската и ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Украинците сакаат да ја продолжат војната, дека Европа ги поддржува во тоа, како и дека мировните преговори можеа да почнат одамна доколку европските земји не застанаа зад Украина. Орбан рече дека најголемата пречка за мир е тоа што Украина сака да ја продолжи војната, пренесува „Маѓар немзет“. – Сите знаеме дека постојат пречки за мир. Украинците сакаат да ја продолжат војната. Тие имаат ...
Петре Шилегов, најави дека во партијата се подготвува платформа со која ќе се побараат сериозни реформи и одговорност од актуелното раководство. „Жално е тоа што му се случува на СДСМ. Кадровски сериозно е испразнет. Луѓето што можеа да помагаат, а се СДСМ, очигледно е дека не се пожелни. Сите не дочекаа на нож затоа што укажавме дека начинот на раководење со партијата во последните неколку години ја носи на прагот на политичка егзистенција“, ...
– Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ нема да учествува на АТП 1000 турнирот во Мајами. Натпреварувањето ќе се одржи од 17 до 29 март. Триесет и осумгодишниот Ѓоковиќ се откажа поради повреда на десното рамо. Во 2025 година, тој стигна до финалето на Мастерсот, каде што загуби од Чехот Јакуб Меншик. Претходно на турнирот во Индијан Велс, Србинот загуби во четвртото коло од Британецот Џек Дрејпер (6:4, 4:6, 6:7 (5:7)). Ѓоковиќ е 24-кратен шампион ...
Италијанскиот тенисер Јаник Синер го победи Русинот Данил Медведев синоќа во финалниот натпревар на турнирот Индијан Велс. Во меч што траеше 1 час и 58 минути Синер двата сета ги доби на тај-брејк со 7:6 (8-6) и 7:6 (7:4). Дваесет и четиригодишниот Синер (рангиран број 2 во светот) сервираше 10 аса, направи две двојни грешки и не реализираше ниту една од две брејк топки. Триесет годишниот Медведев (рангиран број 11 во светот) сервираше седум ...
Инсајдерот на „ESPN“, Марк Спирс, верува дека Леброн Џејмс ќе ги напушти Лејкерси претстојното лето. – Леброн Џејмс ќе биде слободен агент. Не го гледам во дресот на Лејкерси – никој од Лејкерси не ми го кажал тоа, тоа е само моја претпоставка. И би претпоставил дека Кливленд е неговата опција број еден, а Голден Стејт веројатно втора варијанта. Ова се само гласини, работи што ги слушнав од луѓе, изјави Спирс за радиото „95.7 The Game“. Оваа ...
Пазарот на недвижности во Дубаи претрпе значителен пад, откако иранските ракетни напади низ регионот на Персискиот Залив предизвикаа економска неизвесност по избувнувањето на конфликтот, објави „Прес.рс. Индексот на недвижности на финансискиот пазар во Дубаи (DFMREI) падна за приближно 30 проценти од 28 февруари, од 16.140 на околу 11.500 поени до затворањето на тргувањето во петокот, што е најниско ниво од април 2025 година. Остриот пад на ...
Оваа пролет, космичкиот сообраќаен метеж се расчистува и доаѓаат разни пресврти за поединечните знаци на Зодијакот. Пролетта започнува со мартовската рамноденица на 20 март 2026 година, момент долго поврзан со транзиција, обнова и нови почетоци. Во астрологијата, тој праг е уште поважен во 2026 година бидејќи небото околу него е невообичаено активно: Сатурн се сместил во Овен, Јупитер се врти директно во Рак, Меркур го завршува своето ...
Високото ниво на шеќер во крвта не е секогаш веднаш воочливо, бидејќи симптомите може да варираат од личност до личност. Експертите предупредуваат дека некои знаци честопати остануваат незабележани, но ако се игнорираат, можат да доведат до сериозни здравствени проблеми. Затоа е важно да реагирате навреме и да обрнете внимание на промените што ги испраќа вашето тело. Често мокрење Еден од најчестите знаци е честото мокрење, придружено со ...
Најголемото дерби во македонскиот ракомет му припадна на РК Вардар 22-27. Скопјани носат голема победа од Битола со која се многу блиску до титулата шампион на Македонија. Избраниците на Чупиќ одиграа, храбро, паметно, ја имаа контролата и на крајот дојде до резултат. Носени од голманот Валах и Лазаревски едноставно беа незапирливи. Голема победа пред дуелот во Скопје на почетокот на мај кој можеби се значи и титула. Најголемото дерби во ...
На девизните пазари вредноста на американскиот долар повторно се зголеми во однос на дел од најважните светски валути. Зајакнувањето на доларот се поврзува со очекувањата за економската политика во САД, како и со движењата на каматните стапки и глобалната економска неизвесност. Индексот на доларот, кој ја следи вредноста на американската валута во однос на кошничка од шест водечки светски валути, покажува раст во текот на изминатиот период. ...
Антикорупцискиот тим на СДСМ (АКТ) го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека е дел од бизнис мрежа во енергетиката, која се поврзува со регионални бизнис интереси, офшор компании и влијателни економски проекти во регионот. Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Јон Фрчкоски, истакна дека оваа мрежа започнува од Душан Адамовиќ, кого Мицкоски го назначи за почесен конзул во Србија. „Започнува од едно име за кое Мицкоски не сака да се зборува – ...
Војната во Иран е многу непопуларна кај Американците, а зголемувањето на цените на нафтата ќе значи повисоки цени на долг рок во речиси секоја област. Ова би можело да доведе до изборен пораз на Доналд Трамп, пишува Гардијан во својата анализа. Доналд Трамп е сè уште, пишува анализата, еуфоричен поради апсењето на Николас Мадуро. Лесното заробување на венецуелскиот претседател не само што му даде контрола врз нафтата и клучните минерални ...
Поради тешко воспаление на плуќата, како и со тегоби во бубрезите односно срцето, итно е хоспитализиран трофејниот српски кошаркарски тренер Душко Вујошевиќ. Неговата здравстена состојба била доста проблематична и специфична, што тој морало да биде одведен во болница, и таму да биде под 24 часовен лекарски надзор. Поради тешко воспаление на плуќата, како и со тегоби во бубрезите односно срцето, итно е хоспитализиран трофејниот српски ...
Сточарите очекуваат итна исплата на субвенциите за 2025 година. Сточарите од Карбинци се заканија со протести, информира Тв Стар. Итна исплата на субвенциите за сточарите до 20 март, побараа сточарите во Карбинци. Тие велат дека нерентабилното работење со години наназад и неисплатените субвенции им штетат. Не се доисплатени субвенциите на одгледувачи на овци за 2024 година, а по грло не се исплатени субвенции за 2025 за кравите, овците и ...
Тој ден, на 16 март, добивме повик од Националниот здравствен центар во поглед на расположивоста на кревети за жртви на изгореници, а тоа беа жртвите од пожарот во Кочани. Нашите главни раководители, доктор Атанела Франдиева, која што е главен директор на интензивна нега и нашиот колега од Одделот за пластична хирургија, беа веднаш известени. И јас колку што знам, личната комуникација меѓу клиниката „Мајка Тереза“ веќе беше започната. ...
Еден од повредените во трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, Драган Давитковски, вели дека закрепнувањето е бавно, но дека неговата здравствена состојба постепено се подобрува. „Како се чувствувам… Животот продолжува понатаму. Имам некои повреди, тоа е. Имам изгореници, имав и внатрешни повреди. Одиме во Скопје на ласерски третмани, а пулмолози доаѓаат во Кочани и нѐ прегледуваат во болницата“, изјави Давитковски. Тој посочува дека ...